јавен повик Archives - Република https://republika.mk/tema/javen-povik/ За подобро да се разбереме Fri, 20 Sep 2024 10:56:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јавен повик Archives - Република https://republika.mk/tema/javen-povik/ 32 32 Перински: 80 општини поднесоа 358 предлог проекти, фазата на евалуација ќе трае од седум до десет дена https://republika.mk/vesti/makedonija/perinski-80-opshtini-podnesoa-358-predlog-proekti-fazata-na-evaluatsija-ke-trae-od-sedum-do-deset-dena/ Fri, 20 Sep 2024 10:56:38 +0000 https://republika.mk/?p=818144

Вкупно 80 општини аплицираа на јавниот повик на Владата за добивање средства за реализација на инфраструктурни проекти во општините, поднесени се 358 предлог проекти, наредниот период ќе следува процес на евалуација, соопшти денеска министерот за локална самоуправа, Златко Перински кој со министерот за јавна администрација, Горан Минчев и претставникот од ЗЕЛС и градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски учествуваа на втората јавна дискусија од кампањата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“.

Одговарајќи на новинарски прашања Перински рече дека сите општини имале еднаква можност да се пријават со проекти на повикот кој заврши пред неколку дена. Фазата на евалуација ќе трае помеѓу седум и десет дена.

Веќе сме во фаза на колектирање на проектните документации во рамки на ресорните министерства тој десетдневен период завршува во понеделник и потоа почнува фазата на евалуација којашто ќе се случува повторно во рамки на ресорните министерства. Нашите очекувања се дека фазата на евалуација ќе трае не повеќе од седум до десет дена и веќе очекуваме првата недела во следниот месец предлог проектите за финансирање да бидат доставени од страна на ресорните министерствата на усвојување на владина седница, рече министерот за локална самоуправа.

Тој кажа дека вчера имале и состанок на со координативното тело во кое членуваат и ресорни министерства во однос на потребната документација која требало да ја достават општините.

Вчера имавме состанок на координативното тело во којшто членуваат и ресорните министерства повеќе од 50 проценти од општините коишто ги имаат поднесено апликативен формулар во рамки на министерството за локална самоуправа веќе ги имаат доставено своите предлог проекти, очекуваме уште неколку дена кои остануваат до истек на рокот да ги достават сите локални самоуправи, практично да го заокружиме процесот, изјави министерот Перински.

The post Перински: 80 општини поднесоа 358 предлог проекти, фазата на евалуација ќе трае од седум до десет дена appeared first on Република.

]]>

Вкупно 80 општини аплицираа на јавниот повик на Владата за добивање средства за реализација на инфраструктурни проекти во општините, поднесени се 358 предлог проекти, наредниот период ќе следува процес на евалуација, соопшти денеска министерот за локална самоуправа, Златко Перински кој со министерот за јавна администрација, Горан Минчев и претставникот од ЗЕЛС и градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски учествуваа на втората јавна дискусија од кампањата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“. Одговарајќи на новинарски прашања Перински рече дека сите општини имале еднаква можност да се пријават со проекти на повикот кој заврши пред неколку дена. Фазата на евалуација ќе трае помеѓу седум и десет дена.
Веќе сме во фаза на колектирање на проектните документации во рамки на ресорните министерства тој десетдневен период завршува во понеделник и потоа почнува фазата на евалуација којашто ќе се случува повторно во рамки на ресорните министерства. Нашите очекувања се дека фазата на евалуација ќе трае не повеќе од седум до десет дена и веќе очекуваме првата недела во следниот месец предлог проектите за финансирање да бидат доставени од страна на ресорните министерствата на усвојување на владина седница, рече министерот за локална самоуправа.
Тој кажа дека вчера имале и состанок на со координативното тело во кое членуваат и ресорни министерства во однос на потребната документација која требало да ја достават општините.
Вчера имавме состанок на координативното тело во којшто членуваат и ресорните министерства повеќе од 50 проценти од општините коишто ги имаат поднесено апликативен формулар во рамки на министерството за локална самоуправа веќе ги имаат доставено своите предлог проекти, очекуваме уште неколку дена кои остануваат до истек на рокот да ги достават сите локални самоуправи, практично да го заокружиме процесот, изјави министерот Перински.

The post Перински: 80 општини поднесоа 358 предлог проекти, фазата на евалуација ќе трае од седум до десет дена appeared first on Република.

]]>
80 општини доставија 357 проекти на јавниот повик за капитални инвестиции на Владата https://republika.mk/vesti/ekonomija/80-opshtini-dostavija-357-proekti-na-javniot-povik-za-kapitalni-investitsii-na-vladata/ Sat, 14 Sep 2024 07:44:29 +0000 https://republika.mk/?p=816254

Заврши јавниот повик за прибирање на апликации за проекти за јавниот повик за капитални инвестиции на Владата за општините. Како што соопштуваат од Генералниот секретаријат, 80 општини доставија 357 проекти со кој се решаваат конкретни проблеми на граѓаните.

Ова е историско високо ниво на владини инвестиции важни за локалната самоуправа. Со овие пари ќе се градат водоводи, канализации, училишта, градинки, спортски комплекси. На овој начин се покажува конкретната грижа и поддршка за општините. Високиот интерес покажува дека владината мерка за 250 милиони евра за капитални инвестиции ја има својата оправданост. Во рок од 10 дена, целосната проектна документација, од страна на општината, се доставува до ресорното министерство од областа на проектот, каде што ќе се врши евалуација на истиот. Со ова се реализира уште едно ветување за граѓаните, велат од Владата.

The post 80 општини доставија 357 проекти на јавниот повик за капитални инвестиции на Владата appeared first on Република.

]]>

Заврши јавниот повик за прибирање на апликации за проекти за јавниот повик за капитални инвестиции на Владата за општините. Како што соопштуваат од Генералниот секретаријат, 80 општини доставија 357 проекти со кој се решаваат конкретни проблеми на граѓаните. Ова е историско високо ниво на владини инвестиции важни за локалната самоуправа. Со овие пари ќе се градат водоводи, канализации, училишта, градинки, спортски комплекси. На овој начин се покажува конкретната грижа и поддршка за општините. Високиот интерес покажува дека владината мерка за 250 милиони евра за капитални инвестиции ја има својата оправданост. Во рок од 10 дена, целосната проектна документација, од страна на општината, се доставува до ресорното министерство од областа на проектот, каде што ќе се врши евалуација на истиот. Со ова се реализира уште едно ветување за граѓаните, велат од Владата.

The post 80 општини доставија 357 проекти на јавниот повик за капитални инвестиции на Владата appeared first on Република.

]]>
Перински: Досега 71 општина, со околу 330 предлог проекти аплицирале на повикот за инфраструктурни проекти https://republika.mk/vesti/makedonija/perinski-dosega-71-opshtina-so-okolu-330-predlog-proekti-aplitsirale-na-povikot-za-infrastrukturni-proekti/ Fri, 13 Sep 2024 09:58:28 +0000 https://republika.mk/?p=815980

Вкупно 71 општина, со околу 330 предлог проекти аплицирале досега на јавниот повик за финансирање на проекти од инфраструктурен карактер кој што е наменет за сите единици на локална самоуправа во висина од шест милијарди денари, средства обезбедени согласно ребалансот на Буџетот.

Како што информираше министерот за локална самоуправа, Златко Перински, се чека на апликациите кои биле испратени по пошта, за да може во целост да се затвори јавниот повик.

Морам да изразам огромно задоволство затоа што интересот беше навистина голем. Практично, мислам дека и нема да остане ниту една општина која што нема да аплицира за овие средства и ова само ни ја потврдува политиката на Владата дека навистина на локалните самоуправи им треба помош и интервенции од страна на централниот буџет за да им се постави основата т.е. оние проблеми што ги имаат со инфраструктурата во иднина да се коригираат, да се санираат и навистина да изградиме на еден начин модерни услови за живеење во рамки на целата територија на Република Македонија, рече министерот Пирински во изјава за медиуми пред настанот за нула цврст отпад во Општина Аеродром.

Информираше дека по затворањето на повикот, има десетдневен рок каде што локалните самоуправи треба да ги достават предлог-проектите во целост со пропратната документација како што се одобрение за градба до ресорните министерства и потоа почнува процесот на евалуација за кој ресорните министерства формираат евалуциски комисии.

Перински рече дека основната замисла на јавниот повик не е да се набавуваат основни средства, туку да се интервенира во инфраструктурата

Поентата на овој јавен повик беше онаму каде што самите локални самоуправи немаат доволно средства да инвестираат во подобрување на водоводната, канализационата, патната инфраструктура, во делот на образованието тоа да го направат преку оваа можност која што им ја даваме преку централниот буџет. Тоа е главната и основна замисла на проектот, рече тој.

На прашањето дали имаат добиено некој проект од Град Скопје, министерот одговори дека за тоа треба да се види во процесот на евалуација.

Процесот на евалуација се работи во рамките на ресорните министерства. Градот Скопје ние го гледаме како една од единките на локалните самоуправи, не го издвојуваме затоа што нема ни потреба. Така што, што ќе одлучат евалуциските комисии тоа ќе го дадат како предлог на усвојување до Владата и ќе видиме што ќе се усвои, рече тој.

Во однос на прашањето како го коментира извештајот кој покажува дека загадениот воздух е причина за смртност на бебиња, Перински одговори дека токму ова е еден од проектите со кој се трудат да ја подобрат сликата во делот на подобрување на капацитетите на почиста и поздрава животна средина.

Свесни сме сите, и ние како Влада, и како градоначалници во делот на локалните самоуправи дека проблемот со загадениот воздух не е од вчера, туку континуирано трае низ годините наназад и дека навистина треба по ова прашање да направиме некаков исчекор во периодот што ќе следи, нагласи тој.

За решавањето на проблемот со загаденоста во Скопје одговори дека е тема на која ќе се дискутира на следните седници на Влада.

Би требало да се дискутира како една тема на следните седници на Влада, но ве молам имајте во предвид дека тоа не е во мој ресор. Јас не бегам од одговорност или од можност да придонесам доколку можам согласно моите законски ингеренции. Се надевам дека на една од следните седници на Влада ќе се отвори ова прашање и ќе се разговара во пресрет на зимата која што ни претстои, рече министерот Перински.

The post Перински: Досега 71 општина, со околу 330 предлог проекти аплицирале на повикот за инфраструктурни проекти appeared first on Република.

]]>

Вкупно 71 општина, со околу 330 предлог проекти аплицирале досега на јавниот повик за финансирање на проекти од инфраструктурен карактер кој што е наменет за сите единици на локална самоуправа во висина од шест милијарди денари, средства обезбедени согласно ребалансот на Буџетот. Како што информираше министерот за локална самоуправа, Златко Перински, се чека на апликациите кои биле испратени по пошта, за да може во целост да се затвори јавниот повик.
Морам да изразам огромно задоволство затоа што интересот беше навистина голем. Практично, мислам дека и нема да остане ниту една општина која што нема да аплицира за овие средства и ова само ни ја потврдува политиката на Владата дека навистина на локалните самоуправи им треба помош и интервенции од страна на централниот буџет за да им се постави основата т.е. оние проблеми што ги имаат со инфраструктурата во иднина да се коригираат, да се санираат и навистина да изградиме на еден начин модерни услови за живеење во рамки на целата територија на Република Македонија, рече министерот Пирински во изјава за медиуми пред настанот за нула цврст отпад во Општина Аеродром.
Информираше дека по затворањето на повикот, има десетдневен рок каде што локалните самоуправи треба да ги достават предлог-проектите во целост со пропратната документација како што се одобрение за градба до ресорните министерства и потоа почнува процесот на евалуација за кој ресорните министерства формираат евалуциски комисии. Перински рече дека основната замисла на јавниот повик не е да се набавуваат основни средства, туку да се интервенира во инфраструктурата
Поентата на овој јавен повик беше онаму каде што самите локални самоуправи немаат доволно средства да инвестираат во подобрување на водоводната, канализационата, патната инфраструктура, во делот на образованието тоа да го направат преку оваа можност која што им ја даваме преку централниот буџет. Тоа е главната и основна замисла на проектот, рече тој.
На прашањето дали имаат добиено некој проект од Град Скопје, министерот одговори дека за тоа треба да се види во процесот на евалуација.
Процесот на евалуација се работи во рамките на ресорните министерства. Градот Скопје ние го гледаме како една од единките на локалните самоуправи, не го издвојуваме затоа што нема ни потреба. Така што, што ќе одлучат евалуциските комисии тоа ќе го дадат како предлог на усвојување до Владата и ќе видиме што ќе се усвои, рече тој.
Во однос на прашањето како го коментира извештајот кој покажува дека загадениот воздух е причина за смртност на бебиња, Перински одговори дека токму ова е еден од проектите со кој се трудат да ја подобрат сликата во делот на подобрување на капацитетите на почиста и поздрава животна средина.
Свесни сме сите, и ние како Влада, и како градоначалници во делот на локалните самоуправи дека проблемот со загадениот воздух не е од вчера, туку континуирано трае низ годините наназад и дека навистина треба по ова прашање да направиме некаков исчекор во периодот што ќе следи, нагласи тој.
За решавањето на проблемот со загаденоста во Скопје одговори дека е тема на која ќе се дискутира на следните седници на Влада.
Би требало да се дискутира како една тема на следните седници на Влада, но ве молам имајте во предвид дека тоа не е во мој ресор. Јас не бегам од одговорност или од можност да придонесам доколку можам согласно моите законски ингеренции. Се надевам дека на една од следните седници на Влада ќе се отвори ова прашање и ќе се разговара во пресрет на зимата која што ни претстои, рече министерот Перински.

The post Перински: Досега 71 општина, со околу 330 предлог проекти аплицирале на повикот за инфраструктурни проекти appeared first on Република.

]]>
Објавен е јавниот повик за поддршка на мали дестилерии https://republika.mk/vesti/ekonomija/objaven-e-javniot-povik-za-poddrshka-na-mali-destilerii/ Mon, 29 May 2023 14:34:10 +0000 https://republika.mk/?p=645813

Денеска, на веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопантсво, објавен е јавен повик за финансиска поддршка на мали дестилерии.

Поддршката за малите дестилерии произлегува од Програмата за финансирање на микро земјоделски производители на вино и алкохолни пијалаци, како нова мерка за поддршка, која за прв пат започнува со реализација од оваа година.

Целта на програмата за финансирање на микро земјоделски производители на алкохолни пијалаци е поддршка на земјоделските стопанства во остварување на додадена вредност во примарното производство, развој на производи со традиционални карактеристики и зголемување на конкурентноста, како и развој на семејни бизниси од областа на производство на жестоки алкохолни пијалаци.

Висината на финансиската поддршка изнесува до 300.000 денари по корисник, а средствата можат да бидат искористени за набавка на опрема за производство на жестоки алкохолни пијалаци и ангажирање на стручно лице, технолог за производство на алкохолни пијалаци.

Право на учество на јавниот повик имаат земјоделски стопанства регистрирани во Електронскиот регистар во царинската управа како земјоделци–мали производители на жестоки алкохолни пијалаци, или регистрирани во Електронскиот регистар во царинската управа како мали независни производители на етил акохол и жестоки алкохолни пијалаци за комерцијални цели–мали дестилерии, согласно Правилникот за начинот на оданочување со акциза на алкохол и алкохолни пијалаци и тутунски производи.

Крајниот рок за доставување на барањата за финансирање е 30 дена од денот на објавувањето на јавниот повик.  

Министерот Николовски денеска беше во посета на мaла дестилерија во Неготино од каде го најави повикот и ги повика сите заинтересирани производители на жестоки алкохолни пијалоци да аплицираат и да ја искористат поддршката.

„Преку оваа нова мерка уште еднаш на дело докажуваме дека сме министерство кое го слуша гласот на земјоделецот. Токму оваа нова мерка за поддршка на малите дестилерии доаѓа како барање од земјоделците при нашите теренски средби. Мерка во чие креирање беа вклучени и консултирани земјоделците, малите производители на жестоки алкохолни пијалаци. Денес токму од терен, од малата дестилерија на Влатко Стојанов во Неготино го најавуваме почетокот на јавниот повик за поддршка на малите дестилерии. До сега имаме регистрирани 23 мали дестилерии, но ги бележиме и првите здруженија на мали дестилерии. Токму затоа очекувам  овој јавен повик да предизвика голем интерес кај малите производители на алкохолни пијалаци и максимална искористеност на поддршката која ја ставаме на располагање за набавка на опрема за производство“ изјави министерот Николовски и притоа искажа очекување малите дестилерии да го достигнат успехот на малите винарии.

Ги повикуваме сите заинтереисрани земјоделски стопанства, кои ги исполнуваат условите на овој јавен повик, навремено да аплицираат и да ја искористат оваа можност која министерството ја става на располагање.

Повеќе информации за повикот, на следниов линк:

https://www.mzsv.gov.mk/Events.aspx?IdRoot=1&IdLanguage=1&News=2980

The post Објавен е јавниот повик за поддршка на мали дестилерии appeared first on Република.

Објавен јавен повик за поднесување на барања за поддршка на развојот на земјоделските задруги https://republika.mk/vesti/ekonomija/objaven-javen-povik-za-podnesuvane-na-barana-za-poddrshka-na-razvojot-na-zemjodelskite-zadrugi/ Wed, 17 May 2023 14:26:48 +0000 https://republika.mk/?p=641850

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска го објави јавниот повик од новата Програма  за поддршка на развојот на земјоделските задруги за 2023 година.

Ова е нова програма, која за прв пат е донесена оваа година и со нејзиното спроведување се очекува системско подобрување на работењето на земјоделските задругите и развој на задругарскиот сектор со зголемување на нивната пазарна конкурентност.  Ова ќе придонесе земјоделските задругите да си го најдат своето место во секторот. Ќе се создадат силни задруги кои ќе бидат пример за добра пракса кај нас, а со тоа ќе се поттикне интересот на земјоделците за нивно зачленување во земјоделските задругите.

На јавниот повик право на учество имаат земјоделските задруги кои се запишани во Регистарот на земјоделски задруги во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Висината на финансиската поддршка согласно Програмата за поддршка на развојот на земјоделските задруги за 2023 година изнесува најмногу до 700.000,00 денари по корисник со вклучен ДДВ за трошоци за набавка на механизација и опрема за инвестиции за примарно земјоделско производство и најмногу до 1.500.000,00 денари по корисник со вклучен ДДВ за трошоци за набавка на опрема, маркетинг услуги и услуги за достигнување на стандарди за инвестиции за преработка на земјоделски производи.

Доделувањето на неповратна финансиска поддршка се врши врз основа на следните критериуми кои се бодуваат според број на вработени во земјоделската задруга; број на членови во земјоделската задруга; имот (земјиште) или пчелни семејства кои ги користат членовите на земјоделската задруга; поседување на недвижни и/или подвижни ствари или договор за закуп на недвижни и/или подвижни ствари поврзани со реализација на бараните проектни активности; вкупен приход на земјоделската задруга од Билансот на успех за 2022 година; број на планирани нови работни места утврдени од деловниот план поврзани со потребата од бараните проектни активности; учество на жени и млади земјоделци во вкупниот број на членови на земјоделската задруга; млад земјоделц до 40 години; жена земјоделка и земјоделски задруги со седиште во рурални средини лоцирани во “Планински” области (над 700 м).

Најголем број на бодови што може да ги добие земјоделската задруга изнесува 100 бода.

Еден корисник може да поднесе само едно барање за доделување на финансиска поддршка согласно овој јавен повик и Програмата.

Барањето заедно со документите се доставува во затворен плик преку препорачана пошта на адреса: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ул. Аминта трети број 2, 1000 Скопје или со предавање во писарницата на Министерството секој работен ден од 9.00 до 15.00 часот.

Крајниот рок за поднесување на барањата е заклучно со  17 јуни 2023 година.

За сите детални информации посeтете ја веб страната на министерството на следниов линк:

The post Објавен јавен повик за поднесување на барања за поддршка на развојот на земјоделските задруги appeared first on Република.

Приватни автобуси уште нема, поради „нецелосна документација“ пропадна третиот повик на Град Скопје https://republika.mk/vesti/skopje/privatni-avtobusi-ushte-nema-poradi-netselosna-dokumentatsija-propadna-tretiot-povik-na-grad-skopje/ Mon, 10 Apr 2023 14:21:22 +0000 https://republika.mk/?p=629531

Град Скопје денеска објави нов јавен повик за враќање на приватните превозници во јавниот превоз. На првите два повици немало пријавени, а како што информираат од Градот, третиот повик е пропаднат поради нецелосна документација на подносителите на апликациите.

Подносителите на апликациите имаа нецелосна документација. Постапката е во тек, и се надеваме дека набрзо ќе биде успешно спроведена, за што ќе бидете навремено известени, велат за МИА од Град Скопје.

На веб-страницата на Градот денеска беше објавен нов оглас со идентични услови како и на претходниот. Огласот е отворен до 24 април.

Се бараат превозници за линиите со број 9,11,11А,12,19,20,22,23,45,47А,52,54,55,61,63 и 73. За овиие линии потребни ќе бидат 115 автобуси и 245 возачи.

The post Приватни автобуси уште нема, поради „нецелосна документација“ пропадна третиот повик на Град Скопје appeared first on Република.

]]>

Град Скопје денеска објави нов јавен повик за враќање на приватните превозници во јавниот превоз. На првите два повици немало пријавени, а како што информираат од Градот, третиот повик е пропаднат поради нецелосна документација на подносителите на апликациите. Подносителите на апликациите имаа нецелосна документација. Постапката е во тек, и се надеваме дека набрзо ќе биде успешно спроведена, за што ќе бидете навремено известени, велат за МИА од Град Скопје. На веб-страницата на Градот денеска беше објавен нов оглас со идентични услови како и на претходниот. Огласот е отворен до 24 април. Се бараат превозници за линиите со број 9,11,11А,12,19,20,22,23,45,47А,52,54,55,61,63 и 73. За овиие линии потребни ќе бидат 115 автобуси и 245 возачи.

The post Приватни автобуси уште нема, поради „нецелосна документација“ пропадна третиот повик на Град Скопје appeared first on Република.

]]>
Општина Центар распиша Јавен повик за ангажирање на лични асистенти во проектот „Образование за сите“ https://republika.mk/vesti/skopje/opshtina-tsentar-raspisha-javen-povik-za-angazhirane-na-lichni-asistenti-vo-proektot-obrazovanie-za-site/ Fri, 03 Feb 2023 09:52:54 +0000 https://republika.mk/?p=604209

Општина Центар распиша Јавен повик за ангажирање на лични асистенти во проектот „Образование за сите“ за потребите на ученици со посебни образовни потреби вклучени во образовниот процес во основните училишта на територија на Општина Центар – Скопје, во учебната 2022/2023 година.

Имено, повторниот Јавен повик се распишува заради недоволно пријавени кандидати за лични асистенти на претходниот циклус, а зголемен број на учесници со посебни образовни потреби кои имаат потреба од помош и придружба во текот на наставата.

Заинтересираните лица кои ќе бидат вклучени во Проектот „Образование за сите“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, во период од 4 (четири) месеци, почнувајќи од 15 февруари 2023 година до крајот на учебната 2022/2023 година.

Работните позиции препишани во овој Јавен повик се однесуваат на ангажирање на:

– Лични асистенти со минимум завршено средно образование од било која област, кои имаат претходно искуство во работа со лица со попречености со преднос на кандидатите кои се евидентирани како невработени лица во Агенцијата за вработување на Република Македонија);

кандидати кои имаат завршено образование од областа од одделенска или предметна настава, педагогија, дефектологија, психологија и социјална работа;

кандидати кои имаат претходно искуство во работа како лични/образовни асистенти во претходните циклуси на проекти; како и кандидати кои поседуваат лиценца за личен асистент на лица со попречености издадена од овластена инситуција.

Општина Центар напоменува дека заинтересираните лица кои ќе се пријават за учество во Проектот „Образование за сите“, треба да припаѓаат на една од следните целни групи: долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години), млади лица до 29 години, лица постари од 50 години, самохрани родители, родители на деца со пречки во развојот.

Барањата за учество во Проектот „Образование за сите“ можат да се поднесат во Архивата на Општина Центар – Скопје, барака 6, а на следниот линк https://www.centar.gov.mk/?p=16446 може да се прочита за потребните документи.

Јавниот оглас ќе трае 5 работни дена од денот на објавување на истиот.

The post Општина Центар распиша Јавен повик за ангажирање на лични асистенти во проектот „Образование за сите“ appeared first on Република.

]]>

Општина Центар распиша Јавен повик за ангажирање на лични асистенти во проектот „Образование за сите“ за потребите на ученици со посебни образовни потреби вклучени во образовниот процес во основните училишта на територија на Општина Центар – Скопје, во учебната 2022/2023 година. Имено, повторниот Јавен повик се распишува заради недоволно пријавени кандидати за лични асистенти на претходниот циклус, а зголемен број на учесници со посебни образовни потреби кои имаат потреба од помош и придружба во текот на наставата. Заинтересираните лица кои ќе бидат вклучени во Проектот „Образование за сите“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, во период од 4 (четири) месеци, почнувајќи од 15 февруари 2023 година до крајот на учебната 2022/2023 година. Работните позиции препишани во овој Јавен повик се однесуваат на ангажирање на: – Лични асистенти со минимум завршено средно образование од било која област, кои имаат претходно искуство во работа со лица со попречености со преднос на кандидатите кои се евидентирани како невработени лица во Агенцијата за вработување на Република Македонија); кандидати кои имаат завршено образование од областа од одделенска или предметна настава, педагогија, дефектологија, психологија и социјална работа; кандидати кои имаат претходно искуство во работа како лични/образовни асистенти во претходните циклуси на проекти; како и кандидати кои поседуваат лиценца за личен асистент на лица со попречености издадена од овластена инситуција. Општина Центар напоменува дека заинтересираните лица кои ќе се пријават за учество во Проектот „Образование за сите“, треба да припаѓаат на една од следните целни групи: долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години), млади лица до 29 години, лица постари од 50 години, самохрани родители, родители на деца со пречки во развојот. Барањата за учество во Проектот „Образование за сите“ можат да се поднесат во Архивата на Општина Центар – Скопје, барака 6, а на следниот линк https://www.centar.gov.mk/?p=16446 може да се прочита за потребните документи. Јавниот оглас ќе трае 5 работни дена од денот на објавување на истиот.  

The post Општина Центар распиша Јавен повик за ангажирање на лични асистенти во проектот „Образование за сите“ appeared first on Република.

]]>
Информативна сесија за европски и национални фондови за проекти од културата https://republika.mk/vesti/kultura/informativna-sesija-za-evropski-i-nacionalni-fondovi-za-proekti-od-kulturata/ Fri, 14 Oct 2022 06:42:50 +0000 https://republika.mk/?p=560862

Денеска, на 14 октомври со почеток во 17:30 часот во просториите на Europe House ќе се одржи информативна сесија која има за цел да ја подигне свеста за различните европски и национални финансиски фондови кои финансираат проекти поврзани со културата во Македонија.

Настанот е отворен за уметници, театарџии, музичари, продуценти, културни работници и културни институции…

Настанот ќе го промовира и Балканскиот водич за финансирање на проекти во областа на културата (Mobility Funding Guide for the Balkan Region) кој ќе им овозможи на учесниците да се запознаат со споментатите фондови, начини на аплицирање и можност за соработка со други културни институции од Европа и регионот. Дополнително, настанот ќе понуди можност за разговор и потенцијално вмрежување на претставници од институции поврзани со независната сцена и националните културни институции од земјата кои ќе можат да разменат знаења и пракси.

Настанот ќе го предводи Д-р Филип Петковски кој беше дел од работилницата за развивачи на културна мобилност (cultural mobility developers), поддржана од организациите Motovila (Љубљана) и On The Move (Брисел) која се одржа помеѓу 26 и 28 септември во Љубљана и Крањ, Словенија.

The post Информативна сесија за европски и национални фондови за проекти од културата appeared first on Република.

]]>

Денеска, на 14 октомври со почеток во 17:30 часот во просториите на Europe House ќе се одржи информативна сесија која има за цел да ја подигне свеста за различните европски и национални финансиски фондови кои финансираат проекти поврзани со културата во Македонија. Настанот е отворен за уметници, театарџии, музичари, продуценти, културни работници и културни институции… Настанот ќе го промовира и Балканскиот водич за финансирање на проекти во областа на културата (Mobility Funding Guide for the Balkan Region) кој ќе им овозможи на учесниците да се запознаат со споментатите фондови, начини на аплицирање и можност за соработка со други културни институции од Европа и регионот. Дополнително, настанот ќе понуди можност за разговор и потенцијално вмрежување на претставници од институции поврзани со независната сцена и националните културни институции од земјата кои ќе можат да разменат знаења и пракси. Настанот ќе го предводи Д-р Филип Петковски кој беше дел од работилницата за развивачи на културна мобилност (cultural mobility developers), поддржана од организациите Motovila (Љубљана) и On The Move (Брисел) која се одржа помеѓу 26 и 28 септември во Љубљана и Крањ, Словенија.

The post Информативна сесија за европски и национални фондови за проекти од културата appeared first on Република.

]]>
Објавен повик за одобрување возни редови за автобуски линии https://republika.mk/vesti/makedonija/objaven-povik-za-odobruvanje-vozni-redovi-za-avtobuski-linii/ Tue, 31 May 2022 08:26:47 +0000 https://republika.mk/?p=509094

Министерството за транспорт и врски денеска распиша јавен повик за одобрување возни редови за нови автобуски линии и за промена на одобрени автобуски линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот линиски превоз на патници.

Право да учествуваат на огласот имаат сите заинтересирани превозници – правни лица кои имаат лиценца за вршење на меѓуопштински и/или меѓународен линиски превоз на патници и кои електронски ќе аплицираат во периодот од 09 часот на 31.05.2021 година заклучно со 14 часот на 21.07.2022 година (четврток), соопшти Министерството за транспорт.

Аплицирањето, обработката на податоците, како и целокупната постапка за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на возни редови за одобрени линии се врши преку електронски систем достапен на интернет страницата на Министерството за транспорт и врски: www.liniskiprevoz.gov.mk.

Критериумите кои превозниците – правните лица треба да ги исполнуваат се пропишани во огласот објавен на интернет страната на Министерството за транспорт и врски.

http://mtc.gov.mk/vesti/OGLAS-ZA-ODOBRUVANjE-NA-VOZNI-REDOVI-ZA-NOVI-AVTOBUSKI-LINII-I-ZA-PROMENA-NA-ODOBRENI-AVTOBUSKI-LINII-VO-MEGjUOPShTINSKIOT-I-MEGjUNARODNIOT-LINISKI-PREVOZ-NA-PATNITsI-1

The post Објавен повик за одобрување возни редови за автобуски линии appeared first on Република.

]]>

Министерството за транспорт и врски денеска распиша јавен повик за одобрување возни редови за нови автобуски линии и за промена на одобрени автобуски линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот линиски превоз на патници.
Право да учествуваат на огласот имаат сите заинтересирани превозници – правни лица кои имаат лиценца за вршење на меѓуопштински и/или меѓународен линиски превоз на патници и кои електронски ќе аплицираат во периодот од 09 часот на 31.05.2021 година заклучно со 14 часот на 21.07.2022 година (четврток), соопшти Министерството за транспорт.
Аплицирањето, обработката на податоците, како и целокупната постапка за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на возни редови за одобрени линии се врши преку електронски систем достапен на интернет страницата на Министерството за транспорт и врски: www.liniskiprevoz.gov.mk. Критериумите кои превозниците – правните лица треба да ги исполнуваат се пропишани во огласот објавен на интернет страната на Министерството за транспорт и врски. http://mtc.gov.mk/vesti/OGLAS-ZA-ODOBRUVANjE-NA-VOZNI-REDOVI-ZA-NOVI-AVTOBUSKI-LINII-I-ZA-PROMENA-NA-ODOBRENI-AVTOBUSKI-LINII-VO-MEGjUOPShTINSKIOT-I-MEGjUNARODNIOT-LINISKI-PREVOZ-NA-PATNITsI-1  

The post Објавен повик за одобрување возни редови за автобуски линии appeared first on Република.

]]>
Објавен е јавниот повик за „Рурална жена“: 6000 евра поддршка за земјоделски стопанства чиј носител е жена https://republika.mk/vesti/ekonomija/objaven-e-javniot-povik-za-ruralna-zena-6000-evra-poddrshka-za-zemjodelski-stopanstva-chij-nositel-e-zena/ Wed, 20 Apr 2022 15:26:53 +0000 https://republika.mk/?p=491307

Денеска се објавени пет нови јавни повици од Програмата за рурален развој, за мерките: Мерка 115-попозната како „Рурална жена“, и Мерка 121-Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства со 4 подмерки: набавка на трактори, силоси, инвестиции во мандри и опрема за производство на тутун.

Јавните повици се во рамките на Националниот план за производство на храна кој е креиран како стратешка цел за заштита на домашното земјоделско производство. Финансиската поддршка која е овозможена со овие пет јавни повици, се нови средства кои директно ќе се инвестираат кај земјоделците.

Јавниот повик за мерката наменета специјално за жените носители на земјоделски стопанства попозната како „Рурална жена“ почнува да тече од денеска.

„Оваа мерка првпат ја воведовме во 2019 година како пилот мерка и слободно можеме да кажеме дека со 250 доделени грантови мерката е успешна приказна и токму тоа нѐ мотивираше да оваа година максималниот износ по корисник го зголемиме двојно, односно од досегашните 3.000 на 6.000 евра по корисник, средства кои се наменети за доработка и преработка на примарни земјоделски производи, како и за набавка на опрема за директен маркетинг на фарма. Ефектите кои се постигнаа со оваа мерка, се развиени мали семејни бизниси и нови производи на пазарот за што и самиот се уверувам во моите теренски посети. Од сопственото земјоделско производство жените развија широк спектар на производи со додадена вредност, а само мал дел од нив се маџун, млечни производи, пчеларски производи, мармалади и други“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Вториот јавен повик од мерката за модернизација на земјоделски стопанства се однесува на поддршка за набавка на трактори. На минатиот јавен повик од оваа мерка беа склучени договори со 540 корисници со вкупен износ од 206 милиони денари.

„Овој јавен повик има за цел да ги поттикне производителите на поледелски и индустриски култури да набават соодветни трактори за да ја зголемат продуктивноста на своите посеви. Производителите на пченица, јачмен, пченка, сончоглед и другите житни и индустриски култури треба да ја искористат оваа можност која им ја нуди државата“, потенцираше министерот Николовски.

За прв пат, се објавени јавни повици за силоси, мандри и опрема за тутун.

Овие повици имаат за цел зголемено производство на житни  и индустриски култури (пченица, јачмен, рж, овес, тритикале и пченка), зголемено производството на тутун, и осовременување на производниот процес во овчарството и козарството со изградба на мандри за производство на сирење и кашкавал и силоси до 25 тони капацитет исклучиво наменети за сточарски фарми.

„Новитет од оваа година се мерките за инвестиции во силоси, мандри и опрема за производство и преработка на тутун. Со финансиска поддршка од 50% - 75% од вкупната вредност на инвестицијата ќе бидат поддржани производителите на житни култури кои во својот деловен план ќе предвидат набавка на силоси за складирање на житни и индустриски зрнести култури. Максималната вредност на прифатливи трошоци е 1 милион денари. Со цел стимулирање на преработката на македонското млеко и пласирање на нови производи објавен е и повик за финансиска поддршка за инвестиции во мандри. Оваа поддршка може да ја искористат сите сточари кои имаат минимум 150 овци или минимум 50 кози. Максималната вредност на инвестицијата може да биде 600.000 денари од кои 50% - 75% ќе бидат ко-финансирани од страна на Агенцијата. За оптимизирање на квалитетот на македонскиот тутун, овозможуваме и финансиска поддршка наменета за процесот на производство и преработка на тутунот. Максималната поддршка е во висина од 4 и пол милиони денари кои ќе бидат ко-финансирани од Агенцијата во висина од 50% - 75%“, изјави директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски.

Сите заинтересирани апликанти можат да поднесат барање за финансиска поддршка преку системот за електронско аплицирање во Агенцијата, со прилог деловен план,  понуди со детална техничка спецификација и решение од ЕРЗС системот за евидентирани производни капацитети.

Министерот Николовски потенцираше дека поддршка ќе добие секој еден кој уредно ќе аплицира и ќе ги исполни условите и нема да има систем прв дојден – прв услужен. Рокот за аплицирање ќе трае до 20 мај 2022 година.

The post Објавен е јавниот повик за „Рурална жена“: 6000 евра поддршка за земјоделски стопанства чиј носител е жена appeared first on Република.

]]>

Денеска се објавени пет нови јавни повици од Програмата за рурален развој, за мерките: Мерка 115-попозната како „Рурална жена“, и Мерка 121-Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства со 4 подмерки: набавка на трактори, силоси, инвестиции во мандри и опрема за производство на тутун. Јавните повици се во рамките на Националниот план за производство на храна кој е креиран како стратешка цел за заштита на домашното земјоделско производство. Финансиската поддршка која е овозможена со овие пет јавни повици, се нови средства кои директно ќе се инвестираат кај земјоделците. Јавниот повик за мерката наменета специјално за жените носители на земјоделски стопанства попозната како „Рурална жена“ почнува да тече од денеска.
„Оваа мерка првпат ја воведовме во 2019 година како пилот мерка и слободно можеме да кажеме дека со 250 доделени грантови мерката е успешна приказна и токму тоа нѐ мотивираше да оваа година максималниот износ по корисник го зголемиме двојно, односно од досегашните 3.000 на 6.000 евра по корисник, средства кои се наменети за доработка и преработка на примарни земјоделски производи, како и за набавка на опрема за директен маркетинг на фарма. Ефектите кои се постигнаа со оваа мерка, се развиени мали семејни бизниси и нови производи на пазарот за што и самиот се уверувам во моите теренски посети. Од сопственото земјоделско производство жените развија широк спектар на производи со додадена вредност, а само мал дел од нив се маџун, млечни производи, пчеларски производи, мармалади и други“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Вториот јавен повик од мерката за модернизација на земјоделски стопанства се однесува на поддршка за набавка на трактори. На минатиот јавен повик од оваа мерка беа склучени договори со 540 корисници со вкупен износ од 206 милиони денари.
„Овој јавен повик има за цел да ги поттикне производителите на поледелски и индустриски култури да набават соодветни трактори за да ја зголемат продуктивноста на своите посеви. Производителите на пченица, јачмен, пченка, сончоглед и другите житни и индустриски култури треба да ја искористат оваа можност која им ја нуди државата“, потенцираше министерот Николовски.
За прв пат, се објавени јавни повици за силоси, мандри и опрема за тутун. Овие повици имаат за цел зголемено производство на житни  и индустриски култури (пченица, јачмен, рж, овес, тритикале и пченка), зголемено производството на тутун, и осовременување на производниот процес во овчарството и козарството со изградба на мандри за производство на сирење и кашкавал и силоси до 25 тони капацитет исклучиво наменети за сточарски фарми.
„Новитет од оваа година се мерките за инвестиции во силоси, мандри и опрема за производство и преработка на тутун. Со финансиска поддршка од 50% - 75% од вкупната вредност на инвестицијата ќе бидат поддржани производителите на житни култури кои во својот деловен план ќе предвидат набавка на силоси за складирање на житни и индустриски зрнести култури. Максималната вредност на прифатливи трошоци е 1 милион денари. Со цел стимулирање на преработката на македонското млеко и пласирање на нови производи објавен е и повик за финансиска поддршка за инвестиции во мандри. Оваа поддршка може да ја искористат сите сточари кои имаат минимум 150 овци или минимум 50 кози. Максималната вредност на инвестицијата може да биде 600.000 денари од кои 50% - 75% ќе бидат ко-финансирани од страна на Агенцијата. За оптимизирање на квалитетот на македонскиот тутун, овозможуваме и финансиска поддршка наменета за процесот на производство и преработка на тутунот. Максималната поддршка е во висина од 4 и пол милиони денари кои ќе бидат ко-финансирани од Агенцијата во висина од 50% - 75%“, изјави директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски.
Сите заинтересирани апликанти можат да поднесат барање за финансиска поддршка преку системот за електронско аплицирање во Агенцијата, со прилог деловен план,  понуди со детална техничка спецификација и решение од ЕРЗС системот за евидентирани производни капацитети. Министерот Николовски потенцираше дека поддршка ќе добие секој еден кој уредно ќе аплицира и ќе ги исполни условите и нема да има систем прв дојден – прв услужен. Рокот за аплицирање ќе трае до 20 мај 2022 година.

The post Објавен е јавниот повик за „Рурална жена“: 6000 евра поддршка за земјоделски стопанства чиј носител е жена appeared first on Република.

]]>