Јасмина Шопова Archives - Република https://republika.mk/tema/jasmina-shopova/ За подобро да се разбереме Sat, 23 Mar 2024 12:33:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јасмина Шопова Archives - Република https://republika.mk/tema/jasmina-shopova/ 32 32 Јасмина Шопова: Луѓето сметаат дека поезијата е прашање на елита, но поезијата не треба да се разбере, таа треба да допре до публиката https://republika.mk/vesti/kultura/jasmina-shopova-lugeto-smetaat-deka-poezijata-e-prashane-na-elita-no-poezijata-ne-treba-da-se-razbere-taa-treba-da-dopre-do-publikata/ Sat, 23 Mar 2024 12:16:09 +0000 https://republika.mk/?p=757753

Односот кон поезијата треба да се гради стратешки, институционално и осмислено. Во денешното технократско време, поезијата е наша насушна потреба. Тоа не е нешто напишано и наменето само за интелектуалци, туку е производ на духот, наменет за широка потрошувачка. Имаме задоволителен квалитет што треба да биде поддржан, за македонската поезија да биде видлива и на европската поетска мапа.

Како што вели во изјава за МИА, ќерката на Ацо Шопов, Јасмина Шопова, која е потпретседателка на Фондацијата „Ацо Шопов - Поезија“, луѓето сметаат дека поезијата е прашање на елита, но, како што потенцира, поезијата не треба да се разбере, таа треба да допре до публиката.

- Многу луѓе ми рекле „Не се разбирам јас во поезија“. Нема што да се разбираш или да не се разбираш во поезија. Поезијата треба да допре до публиката. Самата поезија која што луѓето понекогаш ја сметаат како нешто затворено, нешто неразбирливо кажува толку многу вистини за нашиот живот. Само кога ќе ни дојде нешто тешко, ќе се присетиме на некој стих. Да речеме, често се присетувам на стиховите на татко ми „Ако носиш нешто неизречено, нешто што те притиска и пече, закопај го во длабока тишина, тишината сама ќе го рече“, вели Шопова.

The post Јасмина Шопова: Луѓето сметаат дека поезијата е прашање на елита, но поезијата не треба да се разбере, таа треба да допре до публиката appeared first on Република.

]]>

Односот кон поезијата треба да се гради стратешки, институционално и осмислено. Во денешното технократско време, поезијата е наша насушна потреба. Тоа не е нешто напишано и наменето само за интелектуалци, туку е производ на духот, наменет за широка потрошувачка. Имаме задоволителен квалитет што треба да биде поддржан, за македонската поезија да биде видлива и на европската поетска мапа. Како што вели во изјава за МИА, ќерката на Ацо Шопов, Јасмина Шопова, која е потпретседателка на Фондацијата „Ацо Шопов - Поезија“, луѓето сметаат дека поезијата е прашање на елита, но, како што потенцира, поезијата не треба да се разбере, таа треба да допре до публиката. - Многу луѓе ми рекле „Не се разбирам јас во поезија“. Нема што да се разбираш или да не се разбираш во поезија. Поезијата треба да допре до публиката. Самата поезија која што луѓето понекогаш ја сметаат како нешто затворено, нешто неразбирливо кажува толку многу вистини за нашиот живот. Само кога ќе ни дојде нешто тешко, ќе се присетиме на некој стих. Да речеме, често се присетувам на стиховите на татко ми „Ако носиш нешто неизречено, нешто што те притиска и пече, закопај го во длабока тишина, тишината сама ќе го рече“, вели Шопова.  

The post Јасмина Шопова: Луѓето сметаат дека поезијата е прашање на елита, но поезијата не треба да се разбере, таа треба да допре до публиката appeared first on Република.

]]>
На 20 април се навршуваат 40 години од смртта на Ацо Шопов: МАНУ и Фондацијата на Ацо Шопов поднеле проект до УНЕСКО за финансирање на еднодневен меѓународен колоквиум https://republika.mk/vesti/kultura/na-20-april-se-navrshuvaat-40-godini-od-smrtta-na-aco-shopov-manu-i-fondacijata-na-aco-shopov-podnele-proekt-do-unesko-za-finansiranje-na-ednodneven-megjunaroden-kolokvium/ Thu, 14 Apr 2022 09:52:24 +0000 https://republika.mk/?p=488344

На 20 април се навршуваат 40 години од смртта на Ацо Шопов еден од најголемите македонски поети и втемелувачите на современата македонска поезија, преведувач и дипломат.

Тоа што навистина фрапира што творештвото на Ацо Шопов и денес е многу актуелно. Работам со неговото творештво и во македонските архиви и во странство и можам да видем дека работите што ги кажувал пред 60 или 70 години, неговите текстови во весниците, списанијата или други архивски материјали во МАНУ, имате впечаток дека читате денешен текст. Проблемите се провлекуваат, некои се истите со негација на нашиот идентитет, нашиот јазик, потоа неговите битки да се обезбеди и промовира местото на македонската книжевност во тогашни југословенски рамки. Денес истото важи само во што се работи за југоисточна Европа, или Европа и на светот. Неговата актуелност ја согледувам и во реакцијата на денешните читатели на неговото дело, особено во странство. Така, една релативно млада американска издавачка куќа догогодина ќе изаде книга со поезијата на Ацо Шопов, вели за Утрински брифинг, Јасмина Шопова, ќерка на Шопов и преведувачка.

Шопова соопштува дека освен во САД, идната година, кога е стогодишнината од неговото раѓање ќе бидат издадени книги во Полска и во Керуан, а овој јубилеј ќе влезе во календарот на јубилеи поддржани од УНЕСКО, како што беше стогодишнината од раѓањето на Конески. Исто така, МАНУ заедно со Фондацијата на Ацо Шопов поднеле проект до УНЕСКО за финансирање на еднодневен меѓународен колоквиум кој ќе заврши со културна програма.

Нашите книжевни класици кои ја граделе нашата држава на кулутно поле нема да исчезнат, на нив треба да се повикуваме и да ги претставуваме во светот. Мојот идентитет не го гледам во Александар Македонски и според мене не треба таму да го бараме својот идентите. Нашиот идентитет се градел во последните два века и не сме единствена држава во светот што е добива своја независност по Втората светска војна. Кога татко ми заедно сосвоите колеги поети ги создале Струшките вечери на поезијата имале идеја светот да го донесат тука и Македонија да ја постават на светската културан мапа. Тој многу добро знаел дека мора да се претставиме надвор со нашиот јазик и култура. Затоа и го направив порталот за Ацо Шопов, ако не ги ставаме нашите класици на Интернет на различни јазици за да се шири нивното творештво, ние ќе си останеме затворени во нашата дупка и ќе си ги заборавиме нашите класици, вели Шопова

The post На 20 април се навршуваат 40 години од смртта на Ацо Шопов: МАНУ и Фондацијата на Ацо Шопов поднеле проект до УНЕСКО за финансирање на еднодневен меѓународен колоквиум appeared first on Република.