јапонски мајстори Archives - Република https://republika.mk/tema/japonski-majstori/ За подобро да се разбереме Fri, 28 Jun 2024 06:54:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јапонски мајстори Archives - Република https://republika.mk/tema/japonski-majstori/ 32 32 Изложба на големите јапонски мајстори за дрворези во КИЦ https://republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-golemite-japonski-majstori-za-drvorezi-vo-kits/ Fri, 28 Jun 2024 06:54:43 +0000 https://republika.mk/?p=791432

Амбасадата на Јапонија и Културно-информативниот центар – Скопје ја организираат изложбата на големите јапонски мајстори за дрворези кои го отсликуваат јапонскиот лебдечки свет УКИЈО-Е од XVII и XVIII век.

Изложбата, како што е најавено, вечерва во 19 часот, ќе ја отворат јапонскиот амбасадор во земјава Оцука Казуја, директорот на Културно-информативниот центар – Скопје Антонио Димитров, Маја Стефкова од „AOTS- Македонија“ и кураторот на изложбата Јасмина Намичева.

По повод 30 години од воспоставувањео на дипломатските односи меѓу двете земји изложбата патуваше со 30 УКИЈО-Е реплики во Велес, Прилеп, Ресен, Охрид, Македонски Брод, Свети Николе, Неготино, Гевгелија и Богданци за да се врати во Скопје со поддршката на Културно-информативниот центар – Скопје.

УКИЈО-Е репликите се донација од Друштвото на македонско-јапонско пријателство и соработка за Музеј на Град Скопје и патуваат благодарение на Горан Антевски, „Раде Кончар ТЕП“ и „AOTS- Македонија“ на инцијатива на Јасмина Намичева и Амбасадата на Јапонија. За време на изложбите во сите градови, „МузеумЛинк“ и „Архифакт“ организираа ликовни работилници за ученици.

Изложбата во Скопје ќе биде отворена до 5 јули годинава.

The post Изложба на големите јапонски мајстори за дрворези во КИЦ appeared first on Република.

]]>

Амбасадата на Јапонија и Културно-информативниот центар – Скопје ја организираат изложбата на големите јапонски мајстори за дрворези кои го отсликуваат јапонскиот лебдечки свет УКИЈО-Е од XVII и XVIII век. Изложбата, како што е најавено, вечерва во 19 часот, ќе ја отворат јапонскиот амбасадор во земјава Оцука Казуја, директорот на Културно-информативниот центар – Скопје Антонио Димитров, Маја Стефкова од „AOTS- Македонија“ и кураторот на изложбата Јасмина Намичева. По повод 30 години од воспоставувањео на дипломатските односи меѓу двете земји изложбата патуваше со 30 УКИЈО-Е реплики во Велес, Прилеп, Ресен, Охрид, Македонски Брод, Свети Николе, Неготино, Гевгелија и Богданци за да се врати во Скопје со поддршката на Културно-информативниот центар – Скопје. УКИЈО-Е репликите се донација од Друштвото на македонско-јапонско пријателство и соработка за Музеј на Град Скопје и патуваат благодарение на Горан Антевски, „Раде Кончар ТЕП“ и „AOTS- Македонија“ на инцијатива на Јасмина Намичева и Амбасадата на Јапонија. За време на изложбите во сите градови, „МузеумЛинк“ и „Архифакт“ организираа ликовни работилници за ученици. Изложбата во Скопје ќе биде отворена до 5 јули годинава.

The post Изложба на големите јапонски мајстори за дрворези во КИЦ appeared first on Република.

]]>