јапонска актерка Archives - Република https://republika.mk/tema/japonska-akterka/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Feb 2024 08:01:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јапонска актерка Archives - Република https://republika.mk/tema/japonska-akterka/ 32 32 Претстава на јапонската актерка Шоко Ито денеска на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” https://republika.mk/vesti/kultura/pretstava-na-japonskata-akterka-shoko-ito-deneska-na-filoloshkiot-fakultet-blazhe-koneski/ Thu, 15 Feb 2024 07:59:44 +0000 https://republika.mk/?p=744259

На Филолошкиот факултет „Блаже Конески” (Амфитеатар 3) – Скопје, денеска (четврток, 15 февруари) со почеток во 17 часот ќе биде одржана претставата на јапонската актерка Шоко Ито (Театар ИТО-ГУМИ).

Шоко Ито (伊藤組) е јапонска театарска и филмска режисерка, актерка и ликовна уметница со импозантна меѓународна кариера: во текот на 35 г. настапила во 80 земји. Дипломирала на Универзитетот Тама, на Катедрата за јапонско сликарство.

Во 1986 г. го основала театарот ИТО-ГУМИ, во кој се комбинираат повеќе уметнички форми: монодрама, сликарство, видео, јапонска традиционална музика и танц. Актерската игра, според оригинални сценарија на Шоко Ито, која е спој на класично ракуго и модерна манга, е високо оценета низ целиот свет. Меѓу најпознатите нејзини претстави се вбројуваат: „Гејша самурај“, „Нобунага Она“, „Баба самурај“, „Мајсторот Шоко и Маргарита“, „Балекендан“, „Пес и мачка“.

Добитничка е на повеќе награди за театарските претстави, а активна е и на филмската сцена. Во филмот „Цртање на небото“ игра 18 улоги. Кусиот филм „Моментум“, во кој игра Шоко Ито, е награден со 10 меѓународни признанија. Претставата се игра по повод јубилејот 30 г. дипломатски односи меѓу Македонија и Јапонија.

The post Претстава на јапонската актерка Шоко Ито денеска на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” appeared first on Република.

]]>

На Филолошкиот факултет „Блаже Конески” (Амфитеатар 3) – Скопје, денеска (четврток, 15 февруари) со почеток во 17 часот ќе биде одржана претставата на јапонската актерка Шоко Ито (Театар ИТО-ГУМИ). Шоко Ито (伊藤組) е јапонска театарска и филмска режисерка, актерка и ликовна уметница со импозантна меѓународна кариера: во текот на 35 г. настапила во 80 земји. Дипломирала на Универзитетот Тама, на Катедрата за јапонско сликарство. Во 1986 г. го основала театарот ИТО-ГУМИ, во кој се комбинираат повеќе уметнички форми: монодрама, сликарство, видео, јапонска традиционална музика и танц. Актерската игра, според оригинални сценарија на Шоко Ито, која е спој на класично ракуго и модерна манга, е високо оценета низ целиот свет. Меѓу најпознатите нејзини претстави се вбројуваат: „Гејша самурај“, „Нобунага Она“, „Баба самурај“, „Мајсторот Шоко и Маргарита“, „Балекендан“, „Пес и мачка“. Добитничка е на повеќе награди за театарските претстави, а активна е и на филмската сцена. Во филмот „Цртање на небото“ игра 18 улоги. Кусиот филм „Моментум“, во кој игра Шоко Ито, е награден со 10 меѓународни признанија. Претставата се игра по повод јубилејот 30 г. дипломатски односи меѓу Македонија и Јапонија.

The post Претстава на јапонската актерка Шоко Ито денеска на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” appeared first on Република.

]]>