Јапонија Archives - Република https://republika.mk/tema/japonija/ За подобро да се разбереме Wed, 13 Nov 2024 15:56:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јапонија Archives - Република https://republika.mk/tema/japonija/ 32 32 Научници во Јапонија успешно искористиле матични клетки за да им го вратат видот на луѓе кои ослепеле https://republika.mk/zivot/tehnologija/nauchnitsi-vo-japonija-uspeshno-iskoristile-matichni-kletki-za-da-im-go-vratat-vidot-na-luge-koi-oslepele/ Wed, 13 Nov 2024 16:31:16 +0000 https://republika.mk/?p=836082

Јапонија: Научниците користат матични клетки за да им го вратат видот на луѓето кои ослепеле

Забележен е неверојатен пробив што го направиле научниците од Универзитетот Осака кои успешно го третирале слепилото предизвикано од недостаток на лимбални матични клетки (LSCD) користејќи репрограмирани матични клетки.

Во нивната студија, тројца пациенти со тешко оштетување на видот доживеале трајно подобрување, додека четвртиот привремено го вратил видот.

Важно е што при истражувањето, ниту еден од пациентите не доживеал сериозни несакани ефекти како што се формирање тумор или отфрлање на имунитетот, дури и две години по третманот.

The post Научници во Јапонија успешно искористиле матични клетки за да им го вратат видот на луѓе кои ослепеле appeared first on Република.

]]>

Јапонија: Научниците користат матични клетки за да им го вратат видот на луѓето кои ослепеле Забележен е неверојатен пробив што го направиле научниците од Универзитетот Осака кои успешно го третирале слепилото предизвикано од недостаток на лимбални матични клетки (LSCD) користејќи репрограмирани матични клетки. Во нивната студија, тројца пациенти со тешко оштетување на видот доживеале трајно подобрување, додека четвртиот привремено го вратил видот. Важно е што при истражувањето, ниту еден од пациентите не доживеал сериозни несакани ефекти како што се формирање тумор или отфрлање на имунитетот, дури и две години по третманот.

The post Научници во Јапонија успешно искористиле матични клетки за да им го вратат видот на луѓе кои ослепеле appeared first on Република.

]]>
Премиерот на Јапонија вети дека ќе ја зајакне јапонската армија, како и сојузот со САД https://republika.mk/vesti/svet/premierot-na-japonija-veti-deka-ke-ja-zajakne-japonskata-armija-kako-i-sojuzot-so-sad/ Sat, 09 Nov 2024 15:11:58 +0000 https://republika.mk/?p=835897

Јапонскиот премиер Шигеру Ишиба денеска го повтори своето ветување дека ќе ја зајакне војската на неговата земја и ќе го продлабочи сојузот со САД за време на мандатот на новоизбраниот претседател Доналд Трамп.

Ишиба, на годишната смотра на јапонските трупи одржана во предградијата на Токио, посочи дека безбедносните услови во Јапонија, како и во целиот свет, значително се влошиле поради ескалацијата на тензиите со Кина, Русија и Северна Кореја.

Тој потсети дека кинески и руски авиони годинава го нарушиле јапонскиот воздушен простор и предупреди дека на овој начин е загрозена безбедноста на Јапонија, што, како што рече, е апсолутно неприфатливо.

Ишиба истакна дека Јапонија се соочува со зголемени закани поради забрзаната воена активност на Кина во близина на јапонските брегови, како и поради повеќекратните лансирања на проектили од Северна Кореја.

Тој вети дека ќе ја зајакне јапонската дипломатија и безбедност, наведувајќи дека јапонско-американската алијанса е клуч за постигнување на таа цел.

Ишиба рече дека се договорил за подобрување на односите со САД за време на краткиот телефонски разговор со Трамп во четвртокот.

Ишиба ја презеде функцијата на 1 октомври, заменувајќи го премиерот Фуми Кишида, но неговата владејачка коалиција претрпе голема загуба на парламентарните избори одржани на 27 март и може да се соочи со тешкотии во спроведувањето на планираните политики и буџет.

The post Премиерот на Јапонија вети дека ќе ја зајакне јапонската армија, како и сојузот со САД appeared first on Република.

]]>

Јапонскиот премиер Шигеру Ишиба денеска го повтори своето ветување дека ќе ја зајакне војската на неговата земја и ќе го продлабочи сојузот со САД за време на мандатот на новоизбраниот претседател Доналд Трамп. Ишиба, на годишната смотра на јапонските трупи одржана во предградијата на Токио, посочи дека безбедносните услови во Јапонија, како и во целиот свет, значително се влошиле поради ескалацијата на тензиите со Кина, Русија и Северна Кореја. Тој потсети дека кинески и руски авиони годинава го нарушиле јапонскиот воздушен простор и предупреди дека на овој начин е загрозена безбедноста на Јапонија, што, како што рече, е апсолутно неприфатливо. Ишиба истакна дека Јапонија се соочува со зголемени закани поради забрзаната воена активност на Кина во близина на јапонските брегови, како и поради повеќекратните лансирања на проектили од Северна Кореја. Тој вети дека ќе ја зајакне јапонската дипломатија и безбедност, наведувајќи дека јапонско-американската алијанса е клуч за постигнување на таа цел. Ишиба рече дека се договорил за подобрување на односите со САД за време на краткиот телефонски разговор со Трамп во четвртокот. Ишиба ја презеде функцијата на 1 октомври, заменувајќи го премиерот Фуми Кишида, но неговата владејачка коалиција претрпе голема загуба на парламентарните избори одржани на 27 март и може да се соочи со тешкотии во спроведувањето на планираните политики и буџет.

The post Премиерот на Јапонија вети дека ќе ја зајакне јапонската армија, како и сојузот со САД appeared first on Република.

]]>
Светска премиера на „Сношти минав” вечерва во Јапонија: Дарија Андовска ја напиша за нашиот тенор Благој Нацоски https://republika.mk/vesti/kultura/svetska-premiera-na-snoshti-minav-vecherva-vo-japonija-darija-andovska-ja-napisha-za-nashiot-tenor-blagoj-natsoski/ Mon, 04 Nov 2024 19:30:39 +0000 https://republika.mk/?p=834171

Светската премиера на „Сношти минав” за тенор, гудачки оркестар и пијано од Дарија Андовска ќе се случи вечерва во Токио. Композицијата е напишана за нашиот светски реномиран тенор, Благој Нацоски, кој ќе ја изведе заедно со Tokyo Vranec Chamber Orchestra, под диригентската палка на нам веќе многу познатиот љубител на македонска музика, Казухиро Котецу, на концертот по повод 30 години дипломатски односи помеѓу Македонија и Јапонија.

Исто така вечерва, во Скопје е светската премиера на „Со маки сум се родила” за сопран, флејта и пијано од Дарија Андовска. Композицијата е напишана за Altus New Breath ансмблот, кој е на релација Франција – Македонија, а ќе ја изведат
Гонца Богоромова-Краповски – сопран, Елена Стојческа – флејта и Маријана Николоска – пијано.

The post Светска премиера на „Сношти минав” вечерва во Јапонија: Дарија Андовска ја напиша за нашиот тенор Благој Нацоски appeared first on Република.

]]>

Светската премиера на „Сношти минав” за тенор, гудачки оркестар и пијано од Дарија Андовска ќе се случи вечерва во Токио. Композицијата е напишана за нашиот светски реномиран тенор, Благој Нацоски, кој ќе ја изведе заедно со Tokyo Vranec Chamber Orchestra, под диригентската палка на нам веќе многу познатиот љубител на македонска музика, Казухиро Котецу, на концертот по повод 30 години дипломатски односи помеѓу Македонија и Јапонија. Исто така вечерва, во Скопје е светската премиера на „Со маки сум се родила” за сопран, флејта и пијано од Дарија Андовска. Композицијата е напишана за Altus New Breath ансмблот, кој е на релација Франција – Македонија, а ќе ја изведат Гонца Богоромова-Краповски – сопран, Елена Стојческа – флејта и Маријана Николоска – пијано.

The post Светска премиера на „Сношти минав” вечерва во Јапонија: Дарија Андовска ја напиша за нашиот тенор Благој Нацоски appeared first on Република.

]]>
Предвремени парламентарни избори во Јапонија https://republika.mk/vesti/svet/predvremeni-parlamentarni-izbori-vo-japonija/ Sun, 27 Oct 2024 08:14:43 +0000 https://republika.mk/?p=831344

Јапонските гласачи денеска на предвремени парламентарни избори одлучуваат за судбината на владата на премиерот Шигеру Ишиба, а аналитичарите сметаат дека гласачите ќе ја казнат владејачката коалиција поради скандалот со јавните финансии и инфлацијата што може да стави крај на децениската доминација на Либерално-демократската партија (ЛДП) на Ишиба.

Според анкетите, ЛДП и нејзиниот долгогодишен партнер Комеито, во време кога Јапонија се бори со зголемените животни трошоци и се позаострените односи со соседна Кина, ќе претрпат тежок пораз на денешните избори и коалицијата би можела да го загуби парламентарното мнозинство.

Губењето на мнозинството во Долниот дом ќе го принуди Ишиба, кој е на власт само еден месец, да преговара за поделба на власта со помалите партии, што би донело неизвесност за некои политички агенди, иако ниту една анкета не предвидува дека ЛДП ќе биде исклучена од власт.

Ако, по изборите, Ишиба биде принуден да избере партнери кои се залагаат за задржување на каматните стапки блиску до нула, политичките превирања би можеле да го потресат пазарот и да претставуваат предизвик за Банката на Јапонија, која сака постепено да ги зголемува каматните стапки, пренесуваат агенциите.

The post Предвремени парламентарни избори во Јапонија appeared first on Република.

]]>

Јапонските гласачи денеска на предвремени парламентарни избори одлучуваат за судбината на владата на премиерот Шигеру Ишиба, а аналитичарите сметаат дека гласачите ќе ја казнат владејачката коалиција поради скандалот со јавните финансии и инфлацијата што може да стави крај на децениската доминација на Либерално-демократската партија (ЛДП) на Ишиба. Според анкетите, ЛДП и нејзиниот долгогодишен партнер Комеито, во време кога Јапонија се бори со зголемените животни трошоци и се позаострените односи со соседна Кина, ќе претрпат тежок пораз на денешните избори и коалицијата би можела да го загуби парламентарното мнозинство. Губењето на мнозинството во Долниот дом ќе го принуди Ишиба, кој е на власт само еден месец, да преговара за поделба на власта со помалите партии, што би донело неизвесност за некои политички агенди, иако ниту една анкета не предвидува дека ЛДП ќе биде исклучена од власт. Ако, по изборите, Ишиба биде принуден да избере партнери кои се залагаат за задржување на каматните стапки блиску до нула, политичките превирања би можеле да го потресат пазарот и да претставуваат предизвик за Банката на Јапонија, која сака постепено да ги зголемува каматните стапки, пренесуваат агенциите.

The post Предвремени парламентарни избори во Јапонија appeared first on Република.

]]>
Фрлени огнени бомби врз премиерот на Јапонија https://republika.mk/vesti/svet/frleni-ogneni-bombi-vrz-premierot-na-japonija/ Sat, 19 Oct 2024 15:20:55 +0000 https://republika.mk/?p=828849

Непознат маж фрли неколку огнени бомби врз седиштето на јапонската владејачка партија и премиерот Шигеру Ишиба во Токио.

Засега не се знае дали има повредени.

Мажот, кој бил уапсен на лице место, со својот автомобил влетал во блиската ограда. Неговиот мотив за нападот не е познат бидејќи полицијата во Токио одби да го коментира инцидентот, велејќи дека предметот е под истрага, а партијата исто така одби да даде изјава.

Владејачката Либерално-демократска партија е сè понепопуларна во јавноста поради финансиските скандали и сомнежите за затајување данок.

Партијата неодамна избра нов лидер, премиерот Шигеру Ишиба, со надеж дека ќе промовира нов имиџ. Сепак, анкетите покажуваат дека неговата популарност се намалува, иако сè уште е нејасно дали тој ќе го загуби мнозинството во Долниот дом на претстојните избори на 27 октомври, со оглед на разбиената опозиција.

 

The post Фрлени огнени бомби врз премиерот на Јапонија appeared first on Република.

]]>

Непознат маж фрли неколку огнени бомби врз седиштето на јапонската владејачка партија и премиерот Шигеру Ишиба во Токио. Засега не се знае дали има повредени. Мажот, кој бил уапсен на лице место, со својот автомобил влетал во блиската ограда. Неговиот мотив за нападот не е познат бидејќи полицијата во Токио одби да го коментира инцидентот, велејќи дека предметот е под истрага, а партијата исто така одби да даде изјава. Владејачката Либерално-демократска партија е сè понепопуларна во јавноста поради финансиските скандали и сомнежите за затајување данок. Партијата неодамна избра нов лидер, премиерот Шигеру Ишиба, со надеж дека ќе промовира нов имиџ. Сепак, анкетите покажуваат дека неговата популарност се намалува, иако сè уште е нејасно дали тој ќе го загуби мнозинството во Долниот дом на претстојните избори на 27 октомври, со оглед на разбиената опозиција.  

The post Фрлени огнени бомби врз премиерот на Јапонија appeared first on Република.

]]>
Седиштето на владејачката партија во Јапонија нападнато со запаливи бомби https://republika.mk/vesti/svet/sedishteto-na-vladejachkata-partija-vo-japonija-napadnato-so-zapalivi-bombi/ Sat, 19 Oct 2024 09:22:30 +0000 https://republika.mk/?p=828728

Едно лице денеска фрлило неколку запаливи бомби на седиштето на јапонската владејачка Либерално-демократска партија во Токио, објавија јавниот сервис НХК и други јапонски медиуми.

Не е соопштено дали има повредени, осомничениот е приведен, а се уште не е познат мотивот за нападот.

Полицијата во Токио не ги коментираше наводите, додавајќи дека истрагата е во тек.

Владејачката Либерално-демократска партија е сè понепопуларна во јавноста поради повеќе скандали, вклучително и даночно затајување и проневера на значителни суми на пари. Од партијата исто така одбија да го коментираат нападот, повикувајќи ги заинтересираните во полиција.

Гласањето за долниот дом на јапонскиот парламент е закажано за 27 октомври. Некои политичари инволвирани во скандали ја загубија официјалната поддршка од владејачката партија, но се кандидираат како независни.

Партијата неодамна избра нов лидер, премиерот Шигеру Ишиба, надевајќи се на нов имиџ. Сепак, анкетите покажуваат дека неговата популарност опаѓа, иако не е јасно дали е на пат да ги загуби изборите, со оглед на распарчената опозиција.

Либерално-демократската партија владее со Јапонија, без прекин, неколку децении.

The post Седиштето на владејачката партија во Јапонија нападнато со запаливи бомби appeared first on Република.

]]>

Едно лице денеска фрлило неколку запаливи бомби на седиштето на јапонската владејачка Либерално-демократска партија во Токио, објавија јавниот сервис НХК и други јапонски медиуми. Не е соопштено дали има повредени, осомничениот е приведен, а се уште не е познат мотивот за нападот. Полицијата во Токио не ги коментираше наводите, додавајќи дека истрагата е во тек. Владејачката Либерално-демократска партија е сè понепопуларна во јавноста поради повеќе скандали, вклучително и даночно затајување и проневера на значителни суми на пари. Од партијата исто така одбија да го коментираат нападот, повикувајќи ги заинтересираните во полиција. Гласањето за долниот дом на јапонскиот парламент е закажано за 27 октомври. Некои политичари инволвирани во скандали ја загубија официјалната поддршка од владејачката партија, но се кандидираат како независни. Партијата неодамна избра нов лидер, премиерот Шигеру Ишиба, надевајќи се на нов имиџ. Сепак, анкетите покажуваат дека неговата популарност опаѓа, иако не е јасно дали е на пат да ги загуби изборите, со оглед на распарчената опозиција. Либерално-демократската партија владее со Јапонија, без прекин, неколку децении.

The post Седиштето на владејачката партија во Јапонија нападнато со запаливи бомби appeared first on Република.

]]>
Јапонија ги охрабрува младите да пијат повеќе алкохол https://republika.mk/vesti/svet/japonija-gi-ohrabruva-mladite-da-pijat-poveke-alkohol/ Sat, 05 Oct 2024 19:30:27 +0000 https://republika.mk/?p=823117

Јапонските власти почнаа национален натпревар, повикувајќи на идеи за поттикнување на помладата генерација, на возраст меѓу 20 и 39 години, да пијат повеќе алкохол. Ваквата иницијатива доаѓа откако промената во ставовите на младите во однос на алкохолот доведе до пад на даночните приходи.

Помладите генерации во Јапонија пијат помалку алкохол од нивните родители, што влијае на производството и ги намалува владините приходи од даноците на пијалоци како што е сакето (алкохолен пијалок направен со ферментирање на ориз).

Државната даночна агенција објави дека потрошувачката на алкохол во Јапонија е намалена од просечни 100 литри по лице годишно во 1995 година на 75 литри во 2020 година.

The post Јапонија ги охрабрува младите да пијат повеќе алкохол appeared first on Република.

]]>

Јапонските власти почнаа национален натпревар, повикувајќи на идеи за поттикнување на помладата генерација, на возраст меѓу 20 и 39 години, да пијат повеќе алкохол. Ваквата иницијатива доаѓа откако промената во ставовите на младите во однос на алкохолот доведе до пад на даночните приходи. Помладите генерации во Јапонија пијат помалку алкохол од нивните родители, што влијае на производството и ги намалува владините приходи од даноците на пијалоци како што е сакето (алкохолен пијалок направен со ферментирање на ориз). Државната даночна агенција објави дека потрошувачката на алкохол во Јапонија е намалена од просечни 100 литри по лице годишно во 1995 година на 75 литри во 2020 година.

The post Јапонија ги охрабрува младите да пијат повеќе алкохол appeared first on Република.

]]>
Јапонија добива нов лидер https://republika.mk/vesti/svet/japonija-dobiva-nov-lider/ Fri, 27 Sep 2024 13:14:34 +0000 https://republika.mk/?p=820302

Пратеникот-ветеран Шигеру Ишиба треба да стане следниот премиер на Јапонија, откако победи во жестока конкуренција во неговата петта и последна кандидатура да ја води владејачката Либерално-демократска партија (ЛДП).

Ишиба го победи националистот Санае Такаичи во вториот круг на гласање, кој се смета за еден од најнепредвидливите лидерски избори во последните децении, со рекордни девет кандидати на теренот.

Лидерот на ЛДП, кој владееше со Јапонија во поголемиот дел од повоената ера, во суштина е уверен во повторното поставување на јапонскиот премиер поради неговото мнозинство во парламентот.

The post Јапонија добива нов лидер appeared first on Република.

]]>

Пратеникот-ветеран Шигеру Ишиба треба да стане следниот премиер на Јапонија, откако победи во жестока конкуренција во неговата петта и последна кандидатура да ја води владејачката Либерално-демократска партија (ЛДП). Ишиба го победи националистот Санае Такаичи во вториот круг на гласање, кој се смета за еден од најнепредвидливите лидерски избори во последните децении, со рекордни девет кандидати на теренот. Лидерот на ЛДП, кој владееше со Јапонија во поголемиот дел од повоената ера, во суштина е уверен во повторното поставување на јапонскиот премиер поради неговото мнозинство во парламентот.

The post Јапонија добива нов лидер appeared first on Република.

]]>
Земјотрес и цунами во Јапонија https://republika.mk/vesti/svet/zemjotres-i-tsunami-vo-japonija/ Tue, 24 Sep 2024 06:07:08 +0000 https://republika.mk/?p=819133

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Јапонија по што цунами висок 50 сантиметри денеска го погоди островот Хачијо јужно од Токио, соопшти Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА).

Според полицијата, засега нема повредени.

Епицентарот на земјотресот бил во водите кај Торишима во архипелагот Изу, на длабочина од околу 10 километри.

Според податоците на ЈМА, цунами високо 50 сантиметри е забележано на островот Хачијо, на околу 180 километри северно од епицентарот на земјотресот, а цунами високо 10 сантиметри е забележано и на островот Мијаке.

JMA потврди дека набрзо по земјотресот било издадено предупредување за цунами за островите Изу и Огасавара, кое било укинато откако било утврдено дека активноста на цунамито доволно стивнала, но се уште е во сила предупредување дека мала промена на нивото на морето може да продолжи околу половина ден.

ЈМА најави цунами бранови до еден метар и ги повика граѓаните да се држат подалеку од крајбрежните области.

The post Земјотрес и цунами во Јапонија appeared first on Република.

]]>

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Јапонија по што цунами висок 50 сантиметри денеска го погоди островот Хачијо јужно од Токио, соопшти Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА). Според полицијата, засега нема повредени. Епицентарот на земјотресот бил во водите кај Торишима во архипелагот Изу, на длабочина од околу 10 километри. Според податоците на ЈМА, цунами високо 50 сантиметри е забележано на островот Хачијо, на околу 180 километри северно од епицентарот на земјотресот, а цунами високо 10 сантиметри е забележано и на островот Мијаке. JMA потврди дека набрзо по земјотресот било издадено предупредување за цунами за островите Изу и Огасавара, кое било укинато откако било утврдено дека активноста на цунамито доволно стивнала, но се уште е во сила предупредување дека мала промена на нивото на морето може да продолжи околу половина ден. ЈМА најави цунами бранови до еден метар и ги повика граѓаните да се држат подалеку од крајбрежните области.

The post Земјотрес и цунами во Јапонија appeared first on Република.

]]>
САД, Австралија, Индија и Јапонија зајакнуваат соработка за поморската безбедност https://republika.mk/vesti/svet/sad-avstralija-indija-i-japonija-zajaknuvaat-sorabotka-za-pomorskata-bezbednost/ Sun, 22 Sep 2024 10:47:12 +0000 https://republika.mk/?p=818683

СAД, Јапонија, Австралија и Индија ќе ја зголемат соработката за поморската безбедност во Индо-пацифичкиот регион, соочени со зголеменото влијание на Кина во регионот.

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа во својот дом ги пречека премиерите Нарендра Моди од Индија, Ентони Албанезе од Австралија и Фумио Кишида од Јапонија. Земјите ја сочинуваат таканаречената Quad Alliance која има за цел да го потисне влијанието на Кина во регионот.

Продолжуваме да ја изразуваме нашата сериозна загриженост за милитаризацијата на спорните карактеристики и присилните и застрашувачки маневри во Јужното Кинеско Море“, се вели во соопштението на лидерите.

Тие ја осудија опасната употреба на бродовите на крајбрежната стража и поморската милиција и зголемената употреба на опасни маневри избегнувајќи какво било директно спомнување на Пекинг.

The post САД, Австралија, Индија и Јапонија зајакнуваат соработка за поморската безбедност appeared first on Република.

]]>

СAД, Јапонија, Австралија и Индија ќе ја зголемат соработката за поморската безбедност во Индо-пацифичкиот регион, соочени со зголеменото влијание на Кина во регионот. Американскиот претседател Џо Бајден синоќа во својот дом ги пречека премиерите Нарендра Моди од Индија, Ентони Албанезе од Австралија и Фумио Кишида од Јапонија. Земјите ја сочинуваат таканаречената Quad Alliance која има за цел да го потисне влијанието на Кина во регионот.
Продолжуваме да ја изразуваме нашата сериозна загриженост за милитаризацијата на спорните карактеристики и присилните и застрашувачки маневри во Јужното Кинеско Море“, се вели во соопштението на лидерите.
Тие ја осудија опасната употреба на бродовите на крајбрежната стража и поморската милиција и зголемената употреба на опасни маневри избегнувајќи какво било директно спомнување на Пекинг.

The post САД, Австралија, Индија и Јапонија зајакнуваат соработка за поморската безбедност appeared first on Република.

]]>
Едно лица загина, десетина се исчезнати: Јапонија нареди евакуација на десетици илјади луѓе поради невремето на полуостровот Ното https://republika.mk/vesti/svet/edno-litsa-zagina-desetina-se-ischeznati-japonija-naredi-evakuatsija-na-desetitsi-iljadi-luge-poradi-nevremeto-na-poluostrovot-noto/ Sat, 21 Sep 2024 12:24:42 +0000 https://republika.mk/?p=818490

Едно лице загина, а повеќе од 10 се водат како исчезнати во невидените дождови што го погодија полуостровот Ното во централна јапонска префектура Ишикава, регионот кој беше погоден од силен земјотрес на 1 јануари.

Наредена е евакуација на десетици илјади луѓе, а повеќе од 6.000 домаќинства се без струја.

Јапонската метеоролошка служба издаде итно предупредување за обилни врнежи од дожд во областа на општина Ваџима на полуостровот Ното.

Повеќе од 120 милиметри дожд утринава паднаа во областа Ваџима за еден час, што се најобилните врнежи некогаш забележани во регионот.

Општинските власти соопштија дека 10 лица се водат за исчезнати во Ваџима, а едно лице загинало во градот Сузу во истиот регион.

Противпожарната служба во северниот дел на погоденото подрачје соопшти дека во надојдените реки се исчезнати три лица.

Илјадници куќи се поплавени, а медиумите јавуваат дека едно лице е живо закопано во свлечиштето.

Надлежните соопштија дека се излеале 16 реки.

Гувернерот на Ишикава, Хироши Хасе, ги повика жителите да дејствуваат „во согласност со очекуваната опасна ситуација“, имајќи предвид дека во некои области структурите се слаби по силниот земјотрес.

 

The post Едно лица загина, десетина се исчезнати: Јапонија нареди евакуација на десетици илјади луѓе поради невремето на полуостровот Ното appeared first on Република.

]]>

Едно лице загина, а повеќе од 10 се водат како исчезнати во невидените дождови што го погодија полуостровот Ното во централна јапонска префектура Ишикава, регионот кој беше погоден од силен земјотрес на 1 јануари. Наредена е евакуација на десетици илјади луѓе, а повеќе од 6.000 домаќинства се без струја. Јапонската метеоролошка служба издаде итно предупредување за обилни врнежи од дожд во областа на општина Ваџима на полуостровот Ното. Повеќе од 120 милиметри дожд утринава паднаа во областа Ваџима за еден час, што се најобилните врнежи некогаш забележани во регионот. Општинските власти соопштија дека 10 лица се водат за исчезнати во Ваџима, а едно лице загинало во градот Сузу во истиот регион. Противпожарната служба во северниот дел на погоденото подрачје соопшти дека во надојдените реки се исчезнати три лица. Илјадници куќи се поплавени, а медиумите јавуваат дека едно лице е живо закопано во свлечиштето. Надлежните соопштија дека се излеале 16 реки. Гувернерот на Ишикава, Хироши Хасе, ги повика жителите да дејствуваат „во согласност со очекуваната опасна ситуација“, имајќи предвид дека во некои области структурите се слаби по силниот земјотрес.  

The post Едно лица загина, десетина се исчезнати: Јапонија нареди евакуација на десетици илјади луѓе поради невремето на полуостровот Ното appeared first on Република.

]]>
Обилните дождови предизвикаа поплави во Јапонија и Јужна Кореја https://republika.mk/vesti/svet/obilnite-dozhdovi-predizvikaa-poplavi-vo-japonija-i-juzhna-koreja/ Sat, 21 Sep 2024 09:51:52 +0000 https://republika.mk/?p=818431

Обилни дождови ги погодија Јапонија и Јужна Кореја, предизвикувајќи поплави и лизгање на земјиштето, поради што беа евакуирани стотици луѓе.

Издадено е предупредување за силен дожд за полуостровот Ното во јапонската префектура Ишикава, регион кој беше погоден од силен земјотрес за време на новогодишните празници, а метеоролошката служба соопшти дека областа сега е погодена од невидени врнежи. Повеќе од 120 милиметри дожд на час се забележани утринава во регионот Ното во централната јапонска префектура.

Надлежните соопштија дека најмалку едно лице се води за исчезнато, додека многу куќи се поплавени во општина Ваџими. Медиумите јавуваат дека едно лице е живо закопано во одронот.

Јапонската метеоролошка агенција исто така предупреди дека атмосферските услови ќе бидат крајно нестабилни во североисточниот регион Тохоку поради навлегувањето на топол и влажен воздух во систем со низок притисок.

Обилните дождови ја погодија и Јужна Кореја, предизвикувајќи лизгање на земјиштето и поплави, принудувајќи повеќе од 500 луѓе да се евакуираат во јужните региони, додека многу патишта и згради се под вода.

Централниот штаб за катастрофи и безбедносни контрамерки објави дека рано утринава се евакуирани 506 лица од 342 домаќинства во провинциите Северен Гјеонгсанг и јужен Чунгчеонг поради обилните врнежи од дожд. Обилните дождови поплавија и 54 делници од јавните патишта.

Министерството за внатрешни работи го подигна нивото на предупредување за обилни дождови на „алармантно“, а премиерот Хан Дук-су итно им нареди на службениците да ги мобилизираат сите расположливи административни ресурси за да се ублажат штетите и да се направат подготовки за понатамошни врнежи што ќе ги донесе тропскиот циклон Пуласан на јужниот брег.

The post Обилните дождови предизвикаа поплави во Јапонија и Јужна Кореја appeared first on Република.

]]>

Обилни дождови ги погодија Јапонија и Јужна Кореја, предизвикувајќи поплави и лизгање на земјиштето, поради што беа евакуирани стотици луѓе. Издадено е предупредување за силен дожд за полуостровот Ното во јапонската префектура Ишикава, регион кој беше погоден од силен земјотрес за време на новогодишните празници, а метеоролошката служба соопшти дека областа сега е погодена од невидени врнежи. Повеќе од 120 милиметри дожд на час се забележани утринава во регионот Ното во централната јапонска префектура. Надлежните соопштија дека најмалку едно лице се води за исчезнато, додека многу куќи се поплавени во општина Ваџими. Медиумите јавуваат дека едно лице е живо закопано во одронот. Јапонската метеоролошка агенција исто така предупреди дека атмосферските услови ќе бидат крајно нестабилни во североисточниот регион Тохоку поради навлегувањето на топол и влажен воздух во систем со низок притисок. Обилните дождови ја погодија и Јужна Кореја, предизвикувајќи лизгање на земјиштето и поплави, принудувајќи повеќе од 500 луѓе да се евакуираат во јужните региони, додека многу патишта и згради се под вода. Централниот штаб за катастрофи и безбедносни контрамерки објави дека рано утринава се евакуирани 506 лица од 342 домаќинства во провинциите Северен Гјеонгсанг и јужен Чунгчеонг поради обилните врнежи од дожд. Обилните дождови поплавија и 54 делници од јавните патишта. Министерството за внатрешни работи го подигна нивото на предупредување за обилни дождови на „алармантно“, а премиерот Хан Дук-су итно им нареди на службениците да ги мобилизираат сите расположливи административни ресурси за да се ублажат штетите и да се направат подготовки за понатамошни врнежи што ќе ги донесе тропскиот циклон Пуласан на јужниот брег.

The post Обилните дождови предизвикаа поплави во Јапонија и Јужна Кореја appeared first on Република.

]]>
САД ќе постави во Јапонија ракетни системи кои ќе може да погодат во Русија, Кина и Cеверна Кореја https://republika.mk/vesti/svet/sad-ke-postavi-vo-japonija-raketni-sistemi-koi-ke-mozhe-da-pogodat-vo-rusija-kina-i-ceverna-koreja/ Tue, 17 Sep 2024 17:52:03 +0000 https://republika.mk/?p=815015

САД ќе распоредат во Јапонија ракетни системи кои претходно беа забранети со договор со Руската Федерација

Станува збор за копнени комплекси со среден дострел „Тајфун“. Претходно, овие системи беа забранети со Руско-американскиот договор за елиминација на ракети со среден и краток дострел.

Распоредувањето на ракетите „Тајфун“ во Јапонија ќе му овозможи на официјален Вашингтон да може да погоди цели во Руската Федерација, Кина и во Cеверна Кореја.

The post САД ќе постави во Јапонија ракетни системи кои ќе може да погодат во Русија, Кина и Cеверна Кореја appeared first on Република.

]]>

САД ќе распоредат во Јапонија ракетни системи кои претходно беа забранети со договор со Руската Федерација Станува збор за копнени комплекси со среден дострел „Тајфун“. Претходно, овие системи беа забранети со Руско-американскиот договор за елиминација на ракети со среден и краток дострел. Распоредувањето на ракетите „Тајфун“ во Јапонија ќе му овозможи на официјален Вашингтон да може да погоди цели во Руската Федерација, Кина и во Cеверна Кореја.

The post САД ќе постави во Јапонија ракетни системи кои ќе може да погодат во Русија, Кина и Cеверна Кореја appeared first on Република.

]]>
Тајфунот во Јапонија уби четири лица, најмалку 96 се повредени https://republika.mk/vesti/svet/tajfunot-vo-japonija-ubi-chetiri-litsa-najmalku-96-se-povredeni/ Fri, 30 Aug 2024 09:33:55 +0000 https://republika.mk/?p=811487

Тајфунот Шаншан продолжува да се движи кон севериостичниот дел на Јапонија и жителите на оваа држава да бидет внимателни, предупредуваат надлежните, бидејќи досега загинаа четворица, а повредени се најмалку 96 луѓе.

Бројот на жртвите го објави јапонската телевизија НХК. Ова е десетти тајфун сезонава во земјава.

Јапонските метеоролошки власти ги повикаа жителите да бидат крајно внимателни поради зголемениот ризик од лизгање на земјиштето и поплави.

The post Тајфунот во Јапонија уби четири лица, најмалку 96 се повредени appeared first on Република.

]]>

Тајфунот Шаншан продолжува да се движи кон севериостичниот дел на Јапонија и жителите на оваа држава да бидет внимателни, предупредуваат надлежните, бидејќи досега загинаа четворица, а повредени се најмалку 96 луѓе. Бројот на жртвите го објави јапонската телевизија НХК. Ова е десетти тајфун сезонава во земјава. Јапонските метеоролошки власти ги повикаа жителите да бидат крајно внимателни поради зголемениот ризик од лизгање на земјиштето и поплави.

The post Тајфунот во Јапонија уби четири лица, најмалку 96 се повредени appeared first on Република.

]]>
Не ја поминал безбедносната проверка: Еден реактор на јапонската нуклеарна централа Цуруга нема да продолжи со работа https://republika.mk/vesti/svet/ne-ja-pominal-bezbednosnata-proverka-eden-reaktor-na-japonskata-nuklearna-tsentrala-tsuruga-nema-da-prodolzhi-so-rabota/ Wed, 28 Aug 2024 07:52:33 +0000 https://republika.mk/?p=810761

Јапонската нуклеарна агенција потврди дека нуклеарниот реактор во префектурата Фукуи не го поминал безбедносниот преглед за да продолжи со работа, што е прв таков случај од формирањето на регулаторното тело по нуклеарната катастрофа во Фукушима во 2011 година.

Реакторот 2 во нуклеарната централа Цуруга во централна Јапонија, управуван од Japan Atomic Power Co. не ги исполни барањата поради откривање на потенцијална пукнатина на тлото под неактивната нуклеарна единица, пренесува јапонска новинска агенција.

Поради честите земјотреси во Јапонија, забрането е поставување на реактори или складирање на радиоактивни уреди директно над активните пукнатини на тлото.

The post Не ја поминал безбедносната проверка: Еден реактор на јапонската нуклеарна централа Цуруга нема да продолжи со работа appeared first on Република.

]]>

Јапонската нуклеарна агенција потврди дека нуклеарниот реактор во префектурата Фукуи не го поминал безбедносниот преглед за да продолжи со работа, што е прв таков случај од формирањето на регулаторното тело по нуклеарната катастрофа во Фукушима во 2011 година. Реакторот 2 во нуклеарната централа Цуруга во централна Јапонија, управуван од Japan Atomic Power Co. не ги исполни барањата поради откривање на потенцијална пукнатина на тлото под неактивната нуклеарна единица, пренесува јапонска новинска агенција. Поради честите земјотреси во Јапонија, забрането е поставување на реактори или складирање на радиоактивни уреди директно над активните пукнатини на тлото.

The post Не ја поминал безбедносната проверка: Еден реактор на јапонската нуклеарна централа Цуруга нема да продолжи со работа appeared first on Република.

]]>
Јапонските власти побараа од граѓаните да не прават големи залихи од храна поради најавите за мегапотрес https://republika.mk/vesti/svet/japonskite-vlasti-pobaraa-od-graganite-da-ne-pravat-golemi-zalihi-od-hrana-poradi-najavite-za-megapotres/ Sat, 10 Aug 2024 10:49:59 +0000 https://republika.mk/?p=805159

Јапонските власти побараа од граѓаните да не складираат „прекумерни залихи“ на стоки за широка потрошувачка откако најавата за можен „мегаземјотрес“ предизвика зголемена побарувачка.

Министерството за земјоделство и рибарство во порака на социјалната мрежа Х го повика населението да избегнува да прави прекумерни резерви на основни добра.

Подгответе резерва за три дена по лице“, советуваат од министерството.

Супермаркети во Токио објавија известувања во кое им се извинуваат на клиентите за недостигот на некои производи кои се припишуваат на медиумските извештаи за земјотресот. Се додава дека има одредени ограничувања за купување и дека флашираната вода веќе е ограничена поради „нестабилноста“ на снабдувањето.

Преносливи тоалети, конзервирана роба и флаширана вода утрово беа меѓу најпребаруваните ставки на веб-страницата на најголемата јапонска компанија за е-трговија Ракутен.

Некои продавници долж брегот на Тихиот Океан, исто така, пријавија голема побарувачка за слични производи поврзани со можната катастрофа, објавија локалните медиуми.

Јапонската метеоролошка агенција издаде предупредување по земјотресот со јачина од 7,1 степени според Рихтер во кој беа повредени 14 лица на југот на земјата дека постои зголемена можност за нов силен земјотрес.

The post Јапонските власти побараа од граѓаните да не прават големи залихи од храна поради најавите за мегапотрес appeared first on Република.

]]>

Јапонските власти побараа од граѓаните да не складираат „прекумерни залихи“ на стоки за широка потрошувачка откако најавата за можен „мегаземјотрес“ предизвика зголемена побарувачка. Министерството за земјоделство и рибарство во порака на социјалната мрежа Х го повика населението да избегнува да прави прекумерни резерви на основни добра.
Подгответе резерва за три дена по лице“, советуваат од министерството.
Супермаркети во Токио објавија известувања во кое им се извинуваат на клиентите за недостигот на некои производи кои се припишуваат на медиумските извештаи за земјотресот. Се додава дека има одредени ограничувања за купување и дека флашираната вода веќе е ограничена поради „нестабилноста“ на снабдувањето. Преносливи тоалети, конзервирана роба и флаширана вода утрово беа меѓу најпребаруваните ставки на веб-страницата на најголемата јапонска компанија за е-трговија Ракутен. Некои продавници долж брегот на Тихиот Океан, исто така, пријавија голема побарувачка за слични производи поврзани со можната катастрофа, објавија локалните медиуми. Јапонската метеоролошка агенција издаде предупредување по земјотресот со јачина од 7,1 степени според Рихтер во кој беа повредени 14 лица на југот на земјата дека постои зголемена можност за нов силен земјотрес.

The post Јапонските власти побараа од граѓаните да не прават големи залихи од храна поради најавите за мегапотрес appeared first on Република.

]]>
Нов силен земјотрес во северниот и североисточниот дел од Јапонија https://republika.mk/vesti/svet/nov-silen-zemjotres-vo-severniot-i-severoistochniot-del-od-japonija/ Sat, 10 Aug 2024 09:54:14 +0000 https://republika.mk/?p=805142

Земјотрес што според прелиминарните мерења, бил со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала ги погоди северниот и североисточниот дел на Јапонија. Засега властите не издадоа предупредување за цунами.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од околу 490 километри под површината на морето. Нема извештаи за жртви или материјална штета.

Земјотрес со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран и во Охотското Море, источно од брегот на рускиот остров Сахалин.

The post Нов силен земјотрес во северниот и североисточниот дел од Јапонија appeared first on Република.

]]>

Земјотрес што според прелиминарните мерења, бил со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала ги погоди северниот и североисточниот дел на Јапонија. Засега властите не издадоа предупредување за цунами. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од околу 490 километри под површината на морето. Нема извештаи за жртви или материјална штета. Земјотрес со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран и во Охотското Море, источно од брегот на рускиот остров Сахалин.

The post Нов силен земјотрес во северниот и североисточниот дел од Јапонија appeared first on Република.

]]>
Јапонскиот премиер го откажа планираното патување поради зголемен ризик од потенцијално силен земјотрес https://republika.mk/vesti/svet/japonskiot-premier-go-otkazha-planiranoto-patuvane-poradi-zgolemen-rizik-od-potentsijalno-silen-zemjotres/ Fri, 09 Aug 2024 08:27:17 +0000 https://republika.mk/?p=804851

Јапонскиот премиер Фумио Кишида го откажа планираното четиридневно патување во Казахстан, Узбекистан и Монголија бидејќи е зголемен ризикот од потенцијално силен земјотрес во голема област на Тихиот Океан во близина на централна Јапонија.

Јапонската метеоролошка агенција го издаде првото такво советување за областите околу коритото Нанкај, неколку часа по земјотресот со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала што вчера го погоди југозападниот дел на земјата.

Откако присуствуваше на мировната церемонија во Нагасаки по повод 79-годишнината од американското атомско бомбардирање, Кишида на прес-конференција во градот рече дека го откажал патувањето во странство за да „се фокусира на одговорот на владата и ширењето на информациите“ за потенцијалниот голем земјотрес.

Како висок функционер задолжен за управување со кризи во земјата, како дополнителна претпазливост морам да останам во Јапонија најмалку околу една недела, рече Кишида. Метеоролошката агенција ја повикува јавноста да се подготви за „такво сценарио“.

Вечерва се очекуваше тој да присуствува на првиот самит на Јапонија со централноазиските држави Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан во Астана, главниот град на Казахстан, и да издаде заедничка декларација.

The post Јапонскиот премиер го откажа планираното патување поради зголемен ризик од потенцијално силен земјотрес appeared first on Република.

]]>

Јапонскиот премиер Фумио Кишида го откажа планираното четиридневно патување во Казахстан, Узбекистан и Монголија бидејќи е зголемен ризикот од потенцијално силен земјотрес во голема област на Тихиот Океан во близина на централна Јапонија. Јапонската метеоролошка агенција го издаде првото такво советување за областите околу коритото Нанкај, неколку часа по земјотресот со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала што вчера го погоди југозападниот дел на земјата. Откако присуствуваше на мировната церемонија во Нагасаки по повод 79-годишнината од американското атомско бомбардирање, Кишида на прес-конференција во градот рече дека го откажал патувањето во странство за да „се фокусира на одговорот на владата и ширењето на информациите“ за потенцијалниот голем земјотрес. Како висок функционер задолжен за управување со кризи во земјата, како дополнителна претпазливост морам да останам во Јапонија најмалку околу една недела, рече Кишида. Метеоролошката агенција ја повикува јавноста да се подготви за „такво сценарио“. Вечерва се очекуваше тој да присуствува на првиот самит на Јапонија со централноазиските држави Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан во Астана, главниот град на Казахстан, и да издаде заедничка декларација.

The post Јапонскиот премиер го откажа планираното патување поради зголемен ризик од потенцијално силен земјотрес appeared first on Република.

]]>
Ова е првпат: Јапонија предупредува на зголемен ризик од „мегаземјотрес“ https://republika.mk/vesti/svet/ova-e-prvpat-japonija-predupreduva-na-zgolemen-rizik-od-megazemjotres/ Fri, 09 Aug 2024 07:25:38 +0000 https://republika.mk/?p=804802

Јапонија за првпат издаде предупредување за зголемен ризик од силен земјотрес во блиска иднина.

Предупредувањето е издадено синоќа и ги повикува луѓето да бидат внимателни, но да не се евакуираат. Исто така, беше истакнато дека предупредувањето не значи дека е неизбежен голем земјотрес, туку дека е поверојатно од вообичаено да се случи.

Предупредувањето е само неколку часа по земјотресот со интензитет од 7,1 степени според Рихтеровата скала што го погоди јужниот остров Кјушу, но не предизвика големи штети.

Но, експертите се во состојба на зголемена готовност поради локацијата на епицентарот, на работ на пукнатината Нанкаи, област на сеизмичка активност што се протега долж јапонскиот брег на Тихиот Океан.

Претходните земјотреси од пукнатината Нанкаи оставија илјадници мртви. Овие „мегаземјотреси“ се забележуваат на секои 90 до 200 години, последниот се случил во 1946 година.

Експертите велат дека има 70 до 80 отсто шанси за земјотрес со јачина од 8 или 9 степени според Рихтеровата скала некаде покрај јазот во следните 30 години, јавија јапонските медиуми

Проценките за најлош случај покажуваат дека повеќе од 200.000 луѓе би можеле да загинат во земјотресот и можното цунами што ќе следи.

Тоа предупредување ќе важи една недела.

Се замолуваат жителите да бидат во состојба на подготвеност во наредните денови. Официјалните лица, исто така, им порачаа на луѓето да бидат претпазливи, но да продолжат со секојдневниот живот. Тие ги советуваа жителите да ги проверат патиштата за евакуација каде што е потребно и да се осигураат дека нивните домаќинства имаат доволно резерви.

The post Ова е првпат: Јапонија предупредува на зголемен ризик од „мегаземјотрес“ appeared first on Република.

]]>

Јапонија за првпат издаде предупредување за зголемен ризик од силен земјотрес во блиска иднина. Предупредувањето е издадено синоќа и ги повикува луѓето да бидат внимателни, но да не се евакуираат. Исто така, беше истакнато дека предупредувањето не значи дека е неизбежен голем земјотрес, туку дека е поверојатно од вообичаено да се случи. Предупредувањето е само неколку часа по земјотресот со интензитет од 7,1 степени според Рихтеровата скала што го погоди јужниот остров Кјушу, но не предизвика големи штети. Но, експертите се во состојба на зголемена готовност поради локацијата на епицентарот, на работ на пукнатината Нанкаи, област на сеизмичка активност што се протега долж јапонскиот брег на Тихиот Океан. Претходните земјотреси од пукнатината Нанкаи оставија илјадници мртви. Овие „мегаземјотреси“ се забележуваат на секои 90 до 200 години, последниот се случил во 1946 година. Експертите велат дека има 70 до 80 отсто шанси за земјотрес со јачина од 8 или 9 степени според Рихтеровата скала некаде покрај јазот во следните 30 години, јавија јапонските медиуми Проценките за најлош случај покажуваат дека повеќе од 200.000 луѓе би можеле да загинат во земјотресот и можното цунами што ќе следи. Тоа предупредување ќе важи една недела. Се замолуваат жителите да бидат во состојба на подготвеност во наредните денови. Официјалните лица, исто така, им порачаа на луѓето да бидат претпазливи, но да продолжат со секојдневниот живот. Тие ги советуваа жителите да ги проверат патиштата за евакуација каде што е потребно и да се осигураат дека нивните домаќинства имаат доволно резерви.

The post Ова е првпат: Јапонија предупредува на зголемен ризик од „мегаземјотрес“ appeared first on Република.

]]>
Втор посилен земјотрес од 7,1 степен по Рихтер ја погоди јужна Јапонија, се очекува цунами на крајбрежјето https://republika.mk/vesti/svet/vtor-posilen-zemjotres-od-7-1-stepen-po-rihter-ja-pogodi-juzhna-japonija-se-ochekuva-tsunami-na-krajbrezhjeto/ Thu, 08 Aug 2024 10:22:06 +0000 https://republika.mk/?p=804530

По земјотресот со јачина од 6,9 степени, уште еден земјотрес со јачина од 7,1 степен според Рихтеровата скала го погоди денеска јужниот дел на Јапонија, соопшти американскиот Геолошки институт, при што локалната метеоролошка агенција предупреди дека огромни бранови цунами ќе ги погодат крајбрежните области.

Цунами до еден метар се очекува да ги погодат или ги погодија некои од крајбрежните области на островите Кјушу и Шикоку, објави телевизијата NHK.

– Бранови цунами постојано ќе има. Ве молиме не влегувајте во морето и не се приближувајте до брегот додека трае предупредувањето, објави Јапонската метеоролошка агенција на Икс.

Засега нема извештаи за било каква штета.

Институтот соопшти дека првиот земјотрес се случил во 16:42 часот (07:42 GMT) на длабочина од 33 километри, околу 29 километри југоисточно од Мијазаки на Кјушу. Вториот земјотрес се случил помалку од една минута подоцна на длабочина од 26 метри и на 20 километри североисточно од Мијазаки.

The post Втор посилен земјотрес од 7,1 степен по Рихтер ја погоди јужна Јапонија, се очекува цунами на крајбрежјето appeared first on Република.

]]>

По земјотресот со јачина од 6,9 степени, уште еден земјотрес со јачина од 7,1 степен според Рихтеровата скала го погоди денеска јужниот дел на Јапонија, соопшти американскиот Геолошки институт, при што локалната метеоролошка агенција предупреди дека огромни бранови цунами ќе ги погодат крајбрежните области. Цунами до еден метар се очекува да ги погодат или ги погодија некои од крајбрежните области на островите Кјушу и Шикоку, објави телевизијата NHK.
– Бранови цунами постојано ќе има. Ве молиме не влегувајте во морето и не се приближувајте до брегот додека трае предупредувањето, објави Јапонската метеоролошка агенција на Икс.
Засега нема извештаи за било каква штета. Институтот соопшти дека првиот земјотрес се случил во 16:42 часот (07:42 GMT) на длабочина од 33 километри, околу 29 километри југоисточно од Мијазаки на Кјушу. Вториот земјотрес се случил помалку од една минута подоцна на длабочина од 26 метри и на 20 километри североисточно од Мијазаки.

The post Втор посилен земјотрес од 7,1 степен по Рихтер ја погоди јужна Јапонија, се очекува цунами на крајбрежјето appeared first on Република.

]]>