јанури Archives - Република https://republika.mk/tema/januri/ За подобро да се разбереме Mon, 27 Feb 2023 12:21:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јанури Archives - Република https://republika.mk/tema/januri/ 32 32 Плата за јануари се уште не зеле 35.939, а за декември 12.692 вработени https://republika.mk/vesti/ekonomija/plata-za-januari-se-ushte-ne-zele-35-939-a-za-dekemvri-12-692-vraboteni/ Mon, 27 Feb 2023 12:21:11 +0000 https://republika.mk/?p=613728

Управата за јавни приходи (УЈП) навреме ги има преземено сите законски надлежности што ги има во делот на присилна наплата – опомени, решенија, блокади, … за работодавачите навреме да им ја исплатат платата на вработените лица, информира денеска директорката на УЈП Сања Лукаревска.

-Обврска за пресметка за плата (МПИН) за јануари 2023 година имале вкупно 69.235 работодавачи за 534.282 вработени лица со законски рок за плаќање до 15 февруари. Од нив, заклучно до 23 февруари МПИН пресметката ја платиле 55.328 работодавачи за 518.443 вработени лица. МПИН пресметката не ја платиле 8.144 работодавачи за 23.965 вработени лица, додека 5.763 работодавачи за 11.974 вработени се уште немаат поднесено пресметка, рече Лукаревска во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

За декември 2022 година, како што кажа, обврска за МПИН имале вкупно 69.418 работодавачи за 555.847 вработени со законски рок на плаќање до 16 јануари 2023 година. Од нив, заклучно со 23 февруари годинава МПИН пресметката ја платиле 61.968 работодавачи за 543.155 вработени, а не ја платиле 2.565 работодавачи за 5.447 вработени, додека 4.885 работодавачи за 7.245 вработени лица се уште немаат поднесено МПИН пресметка за декември.

 

The post Плата за јануари се уште не зеле 35.939, а за декември 12.692 вработени appeared first on Република.

]]>

Управата за јавни приходи (УЈП) навреме ги има преземено сите законски надлежности што ги има во делот на присилна наплата – опомени, решенија, блокади, … за работодавачите навреме да им ја исплатат платата на вработените лица, информира денеска директорката на УЈП Сања Лукаревска. -Обврска за пресметка за плата (МПИН) за јануари 2023 година имале вкупно 69.235 работодавачи за 534.282 вработени лица со законски рок за плаќање до 15 февруари. Од нив, заклучно до 23 февруари МПИН пресметката ја платиле 55.328 работодавачи за 518.443 вработени лица. МПИН пресметката не ја платиле 8.144 работодавачи за 23.965 вработени лица, додека 5.763 работодавачи за 11.974 вработени се уште немаат поднесено пресметка, рече Лукаревска во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција. За декември 2022 година, како што кажа, обврска за МПИН имале вкупно 69.418 работодавачи за 555.847 вработени со законски рок на плаќање до 16 јануари 2023 година. Од нив, заклучно со 23 февруари годинава МПИН пресметката ја платиле 61.968 работодавачи за 543.155 вработени, а не ја платиле 2.565 работодавачи за 5.447 вработени, додека 4.885 работодавачи за 7.245 вработени лица се уште немаат поднесено МПИН пресметка за декември.  

The post Плата за јануари се уште не зеле 35.939, а за декември 12.692 вработени appeared first on Република.

]]>