Јаневска Archives - Република https://republika.mk/tema/janevska/ За подобро да се разбереме Thu, 03 Oct 2024 18:54:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јаневска Archives - Република https://republika.mk/tema/janevska/ 32 32 Јаневска: Ако продолжи Владата вака да функционира, очекувам дека бројот на иселувања ќе се намали https://republika.mk/vesti/makedonija/janevska-ako-prodolzhi-vladata-vaka-da-funktsionira-ochekuvam-deka-brojot-na-iseluvana-ke-se-namali/ Thu, 03 Oct 2024 18:54:58 +0000 https://republika.mk/?p=822394

Министерството ќе направи сѐ за да ги задржи студентите. Даваме стипендии, водиме грижа за студентскиот стандард. Во првите сто дена сме на добар пат.

 

Ако продолжи Владата вака да функционира, очекувам дека и бројот на иселувања ќе се намали. Ова вечерва на телевизија „Сител“ го изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.

 

– Имав средба со раководства на универзитети, за да го подобриме квалитетот на образование. Сите сме согласни дека треба да се менува законот за високо образование, критериумите треба да се зајакнат.

Тргнуваме од предлозите на академската заедница, потоа би интервенирало Министерството.

 

Треба трудови со импакт фактори, треба проекти со Европската Унија, со истражувачки центри, вмрежување во европски мрежи на универзитети, верувам дека сето тоа ќе го постигнеме со тек на време.

Но, ќе треба и промени во нашите студиски програми, да им станат поатрактивни на студентите. Да ги подготват за пазарот на трудот, подвлече министерката.

 

Таа најави сериозна анализа на потребите на пазарот на труд.

Притоа, појасни дека квотите за упис ќе се одредуваат според потребите на пазарот на труд, ќе се стипендираат дефицитарните струки со соодветно обврзување, одреден дел од својот работен век да се вложи во сопствената држава.

 

Министерката рече дека определениот број образовни асистенти се влезени во училиштата, функционираат.

– Слушнав од неколку родители дека некаде недостасуваат, ќе распишеме дополнителен конкурс за одреден број, да дополниме, колку што дозволува буџетот.

За следна година ќе определиме повисок процент на средства, рече Јаневска.

Во врска со најавен протест на образовни асистенти, кои не добиле паричен надоместок со месеци, рече дека редовно примаат, но, дека таа не е виновна за она што се случувало пред оваа влада, имало наследено неисплатени обврски.

– Асистентите воопшто да не се вознемируваат, редовно ќе си примаат тоа што им следува, подвлече Јаневска. Таа истакна дека е навистина многу задоволна од начинот на којшто комуницираат со СОНК.

– Јас ги разбирам нивните ставови, па дури и благите закани дека ќе има протести или евентуално, штрајкови, тоа е нивна работа, како што наша работа е пак да се грижиме за буџетот како влада на државата и да го правиме она што е можно со тој буџет, истакна Јаневска.

Притоа, додаде дека имале неколку состаноци со претставници на СОНК, со премиерот, со министерката за финансии, министерот за економија, советникот за социјални партнери.

– Разговаравме неколку можности, како да направиме за да бидат задоволни наставниците.

Мислам дека ќе се најдеме во блиска иднина на една повеќегодишна развојна програма би рекла, каде ние како влада би се обврзале на постојано покачување на платите на наставниците до одредена сума на нето бруто плата, односно, она што тие го бараат во однос на основната или просечната плата.

Сеедно, како и да се договориме, методологијата ќе се изработи. Но, сѐ уште ни треба извесен период за да се доусогласиме и да видиме што ќе се случува и овој месец со буџетот.

Очекувам дека ќе имаме некакви позитивни исходи во блиска иднина, рече министерката.  Јаневска истакна и дека Националната комисија за учебници има многу работа.

– Новиот директор на Педагошката служба ме информираше дека имаат деветстотини заостанати предмети, тоа се авторски тимови, рецензии и така натаму.

Бирото за развој на образованието веќе работи на новите наставни програми за седмо и осмо одделение. Тие беа на јавна расправа, сега ги анализираат забелешките.

Договорени сме во текот на идната недела да имаме средба, ние не се мешаме во стручноста, но, да си размениме информации и продолжуваме со реформите на наставните планови и програми, на спроведување на едносменска и по можност, целодневна настава што е можно во повисоки одделенија, правиме анализи и планови за доградба на училници, изградба на училишта, нагласи Јаневска.

Таа изрази надеж дека општините ќе го искористат повикот за капитални инвестиции за вложување во образовната инфраструктура.

– Оние двесте и педесет милијарди што ќе влезат во општините за доградба на училишта и подобрување на инфраструктурата за образование, ќе градиме и спортски сали, значи големи промени очекуваме.

Но, се разбира, ден за ден, месец за месец, за да стигнеме до целта, подвлече Јаневска.

The post Јаневска: Ако продолжи Владата вака да функционира, очекувам дека бројот на иселувања ќе се намали appeared first on Република.

]]>

Министерството ќе направи сѐ за да ги задржи студентите. Даваме стипендии, водиме грижа за студентскиот стандард. Во првите сто дена сме на добар пат.
  Ако продолжи Владата вака да функционира, очекувам дека и бројот на иселувања ќе се намали. Ова вечерва на телевизија „Сител“ го изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.   – Имав средба со раководства на универзитети, за да го подобриме квалитетот на образование. Сите сме согласни дека треба да се менува законот за високо образование, критериумите треба да се зајакнат. Тргнуваме од предлозите на академската заедница, потоа би интервенирало Министерството.   Треба трудови со импакт фактори, треба проекти со Европската Унија, со истражувачки центри, вмрежување во европски мрежи на универзитети, верувам дека сето тоа ќе го постигнеме со тек на време. Но, ќе треба и промени во нашите студиски програми, да им станат поатрактивни на студентите. Да ги подготват за пазарот на трудот, подвлече министерката.   Таа најави сериозна анализа на потребите на пазарот на труд. Притоа, појасни дека квотите за упис ќе се одредуваат според потребите на пазарот на труд, ќе се стипендираат дефицитарните струки со соодветно обврзување, одреден дел од својот работен век да се вложи во сопствената држава.   Министерката рече дека определениот број образовни асистенти се влезени во училиштата, функционираат. – Слушнав од неколку родители дека некаде недостасуваат, ќе распишеме дополнителен конкурс за одреден број, да дополниме, колку што дозволува буџетот. За следна година ќе определиме повисок процент на средства, рече Јаневска. Во врска со најавен протест на образовни асистенти, кои не добиле паричен надоместок со месеци, рече дека редовно примаат, но, дека таа не е виновна за она што се случувало пред оваа влада, имало наследено неисплатени обврски. – Асистентите воопшто да не се вознемируваат, редовно ќе си примаат тоа што им следува, подвлече Јаневска. Таа истакна дека е навистина многу задоволна од начинот на којшто комуницираат со СОНК. – Јас ги разбирам нивните ставови, па дури и благите закани дека ќе има протести или евентуално, штрајкови, тоа е нивна работа, како што наша работа е пак да се грижиме за буџетот како влада на државата и да го правиме она што е можно со тој буџет, истакна Јаневска. Притоа, додаде дека имале неколку состаноци со претставници на СОНК, со премиерот, со министерката за финансии, министерот за економија, советникот за социјални партнери. – Разговаравме неколку можности, како да направиме за да бидат задоволни наставниците. Мислам дека ќе се најдеме во блиска иднина на една повеќегодишна развојна програма би рекла, каде ние како влада би се обврзале на постојано покачување на платите на наставниците до одредена сума на нето бруто плата, односно, она што тие го бараат во однос на основната или просечната плата. Сеедно, како и да се договориме, методологијата ќе се изработи. Но, сѐ уште ни треба извесен период за да се доусогласиме и да видиме што ќе се случува и овој месец со буџетот. Очекувам дека ќе имаме некакви позитивни исходи во блиска иднина, рече министерката.  Јаневска истакна и дека Националната комисија за учебници има многу работа. – Новиот директор на Педагошката служба ме информираше дека имаат деветстотини заостанати предмети, тоа се авторски тимови, рецензии и така натаму. Бирото за развој на образованието веќе работи на новите наставни програми за седмо и осмо одделение. Тие беа на јавна расправа, сега ги анализираат забелешките. Договорени сме во текот на идната недела да имаме средба, ние не се мешаме во стручноста, но, да си размениме информации и продолжуваме со реформите на наставните планови и програми, на спроведување на едносменска и по можност, целодневна настава што е можно во повисоки одделенија, правиме анализи и планови за доградба на училници, изградба на училишта, нагласи Јаневска. Таа изрази надеж дека општините ќе го искористат повикот за капитални инвестиции за вложување во образовната инфраструктура. – Оние двесте и педесет милијарди што ќе влезат во општините за доградба на училишта и подобрување на инфраструктурата за образование, ќе градиме и спортски сали, значи големи промени очекуваме. Но, се разбира, ден за ден, месец за месец, за да стигнеме до целта, подвлече Јаневска.

The post Јаневска: Ако продолжи Владата вака да функционира, очекувам дека бројот на иселувања ќе се намали appeared first on Република.

]]>
Јаневска: Децата ќе учат нешта кои им се потребни за животот, ќе се прилагодуваат наставните програми во гимназиското образование, а ќе се отворат и три регионални центри за средно стручно образование https://republika.mk/vesti/makedonija/janevska-detsata-ke-uchat-neshta-koi-im-se-potrebni-za-zhivotot-ke-se-prilagoduvaat-nastavnite-programi-vo-gimnaziskoto-obrazovanie-a-ke-se-otvorat-i-tri-regionalni-tsentri-za-sredno-struchno-obrazova/ Sun, 10 Mar 2024 13:38:46 +0000 https://republika.mk/?p=753328

„Децата во новиот систем на образование ќе научат нешта кои им се потребни за животот. Ќе се запознаваат со тоа што е претприемништво, демократија, што е тоа општество, различни култури, ќе почитуваат традиции. Ќе научат како да носат одлуки значајни за нивниот живот, како да решаваат проблеми на мирен и конструктивен начин. Децата ќе научат како да планираат домашен буџет, како да менаџираат со своето време. Ќе им го понудиме се она кое што досега го немале, а го има во ЕУ, каде што ние се стремиме да одиме, односно кој квалитет сакаме да го постигнеме“, истакна Весна Јаневска, претседател на Комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ на денешната дебата „Образовна платформа за иднина“ на тема „Нов концепт за развој на образованието“.

 

Јаневска дополни дека ќе се посвети акцент и на вон наставните активности во зависност од афинитетите на учениците.

„Учениците од прво до четврто ќе имаат целодневна настава, а од петто до деветто тие ќе имаат едносменска настава, за да можат се ова кое што го зборуваме да можат да го остварат во училиштето. Се што треба ќе биде заокружено во тој период. За оние деца кои покажуваат посебни афинитети кон науката и образованието и се истакнуваат со своите таленти ќе направиме напредни програми и тие деца освен базата која што ќе ја стекнуваат како сите други, ќе добиваат ментори со кои ќе ги развиваат своите таленти“, дополни Јаневска.

Таа потенцираше дека ќе се прават и соодветни инфраструктурни инвестиции во зависност од тоа што е неопходно да се направи во одредени училишта.

„За да преминат во средно образование децата ќе добијат советување од страна на наставниците и стручните служби. Стручните служби ќе бидат докомплетирани и тие ќе ја работат својата педагошка и психолошка работа во училиштата. Ова кариерно советување ќе им помогне и на родителите. Во гимназиското образование наставните програми не се променети 20 години и истите ќе бидат променети и прилагодени. Ќе го поддржуваме и средностручното образование и дуалното образование, согласно потребите на пазарот на труд. Ќе отвориме уште три регионални центри за средно стручно образование, за децата да имаат рамноправни можности да пристапат кон образовниот процес и потоа на пазарот на трудот“, истакна Јаневска.

The post Јаневска: Децата ќе учат нешта кои им се потребни за животот, ќе се прилагодуваат наставните програми во гимназиското образование, а ќе се отворат и три регионални центри за средно стручно образование appeared first on Република.

]]>

„Децата во новиот систем на образование ќе научат нешта кои им се потребни за животот. Ќе се запознаваат со тоа што е претприемништво, демократија, што е тоа општество, различни култури, ќе почитуваат традиции. Ќе научат како да носат одлуки значајни за нивниот живот, како да решаваат проблеми на мирен и конструктивен начин. Децата ќе научат како да планираат домашен буџет, како да менаџираат со своето време. Ќе им го понудиме се она кое што досега го немале, а го има во ЕУ, каде што ние се стремиме да одиме, односно кој квалитет сакаме да го постигнеме“, истакна Весна Јаневска, претседател на Комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ на денешната дебата „Образовна платформа за иднина“ на тема „Нов концепт за развој на образованието“.   Јаневска дополни дека ќе се посвети акцент и на вон наставните активности во зависност од афинитетите на учениците. „Учениците од прво до четврто ќе имаат целодневна настава, а од петто до деветто тие ќе имаат едносменска настава, за да можат се ова кое што го зборуваме да можат да го остварат во училиштето. Се што треба ќе биде заокружено во тој период. За оние деца кои покажуваат посебни афинитети кон науката и образованието и се истакнуваат со своите таленти ќе направиме напредни програми и тие деца освен базата која што ќе ја стекнуваат како сите други, ќе добиваат ментори со кои ќе ги развиваат своите таленти“, дополни Јаневска. Таа потенцираше дека ќе се прават и соодветни инфраструктурни инвестиции во зависност од тоа што е неопходно да се направи во одредени училишта. „За да преминат во средно образование децата ќе добијат советување од страна на наставниците и стручните служби. Стручните служби ќе бидат докомплетирани и тие ќе ја работат својата педагошка и психолошка работа во училиштата. Ова кариерно советување ќе им помогне и на родителите. Во гимназиското образование наставните програми не се променети 20 години и истите ќе бидат променети и прилагодени. Ќе го поддржуваме и средностручното образование и дуалното образование, согласно потребите на пазарот на труд. Ќе отвориме уште три регионални центри за средно стручно образование, за децата да имаат рамноправни можности да пристапат кон образовниот процес и потоа на пазарот на трудот“, истакна Јаневска.

The post Јаневска: Децата ќе учат нешта кои им се потребни за животот, ќе се прилагодуваат наставните програми во гимназиското образование, а ќе се отворат и три регионални центри за средно стручно образование appeared first on Република.

]]>
Јаневска: Крахот во образование е резултат на СДСМ и ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ кога ќе дојде на власт ќе обезбеди навремено учебници за секое дете https://republika.mk/vesti/makedonija/janevska-krahot-vo-obrazovanie-e-rezultat-na-sdsm-i-dui-vmro-dpmne-koga-ke-dojde-na-vlast-ke-obezbedi-navremeno-uchebnitsi-za-sekoe-dete/ Wed, 11 Oct 2023 12:49:49 +0000 https://republika.mk/?p=690169

„Би сакала да го честитам на сите граѓани 11-ти Октомври, еден од најзначајните празници во нашата држава. 11-ти Октомври не е само симбол за борба против фашизмот, 11-ти Октомври е симбол за наше национално ослободување. И затоа да е вечен и вековит“, порача Весна Јаневска, претседател на Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ во денешната дебата насловена „Образовни процеси – Мост од историјата кон иднината“, која е дел од кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.

„Огромно е значењето на историјата и на образованието во формирањето и на младите, зрели, корисни личности и за себе и за себе и за општеството и во формирањето и одредувањето на целите на една држава. Јас вообичаено кога се наоѓаме на средби помали велам родителот не е обврзан да знае се, тој е обврзан да го воспита детето, меѓутоа училиштето е тоа кое од него треба да направи лојален граѓанин на државата“, рече Јаневска.

Јаневска додаде дека македонскиот народ не е од вчера и не е од 1945-та. И образованието на македонскиот народ не почнува така како што вели бугарската страна. Туку почнува многу, многу одамна во црковните ќелии уште во Средновековието, кога тие црковни ќелии почнале да го користат народниот јазик. Но, уште тогаш Македонците се собирале за да се разберат на својот јазик и да им ги прераскажат приказните на своите деца на народниот македонски јазик.

„Во времето на преродбата, значи доцниот 17-ти век, почетокот на 18-ти век веќе се јавуваат нашите преродбеници и тогаш се кристализира и почнува да излегува од маглата и јавно да се обзнанува она што тлеело во душата на народот, а тоа е националното осознавање, македонскиот јазик и идејата за формирање на национална држава“, појасни професорката Јаневска.

„Кога некој се обидува да ја преземе туѓата историја, значи ја презема државата и го презема народот. Тие всушност и не велат ја преземаме државата, велат нека ви стои државата ние ви ја признавме, ама не го признаваме народот и не го признаваме јазикот. И замислете која е таа Влада која има право да рече да ние ќе правиме договори во однос на нашата историја и нашиот јазик. Зошто е важна историјата? Историјата е исклучиво значајна затоа што таа се наоѓа во нашата колективна свест, во приказните на нашите баби и дедовци, ние сме тоа што тие не учеле, а сега што училиштето, наставниците и професорите се ред не учат“, појасни Јаневска.

Таа нагласи дека ова што се случуваше во изминатиот период со учебниците и бришењето на историјата е атак на државата и тоа од внатре за жал.

„Дали е тоа направено од незнаење можеби, но дури и од незнаење да е направено, а можеби и не е, не е за оправдување и не е за простување“, рече Јаневска.

Таа нагласи дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт историја ќе се изучува како посебен предмет за да се чуваат и негуваат не само корените туку и дрвото кое расте.

„Образованието не е само историја, образованието опфаќа огромен број на сегменти кои треба да формираат една здрава личност и де факто учителите се оние кои треба да го модулираат мислењето на младите. Што треба да им донесе образованието? И зошто образованието е мост меѓу минатото и иднината? Образованието треба на младите од историски аспект да им покаже од каде потекнуваат, но образованието треба и да им каже кои се, што претставуваат, каде тргнале, каде треба да одат, кои се целите“, рече таа.

Јаневска истакна дека оваа власт и прави штета на нацијата бидејќи забранува учебник. Но, кога ќе дојде ВМРО-ДПМНЕ ќе има учебници за секое дете.

„Овие последни години во образованието се случуваат такви крахови што факт е и самите родители дома забележуваат и наставниците јавно кажуваат, децата не ги постигнуваат потребните знаења, вештини и компетенции“, појасни Јаневска.

Таа нагласи она што се случува во основното и средното образование е резултат е на комплетниот крах што се случи на образованиот систем со владеење на ДУИ и СДСМ.

https://www.youtube.com/watch?v=Rm6SATKLpJs

 

The post Јаневска: Крахот во образование е резултат на СДСМ и ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ кога ќе дојде на власт ќе обезбеди навремено учебници за секое дете appeared first on Република.

]]>

„Би сакала да го честитам на сите граѓани 11-ти Октомври, еден од најзначајните празници во нашата држава. 11-ти Октомври не е само симбол за борба против фашизмот, 11-ти Октомври е симбол за наше национално ослободување. И затоа да е вечен и вековит“, порача Весна Јаневска, претседател на Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ во денешната дебата насловена „Образовни процеси – Мост од историјата кон иднината“, која е дел од кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“. „Огромно е значењето на историјата и на образованието во формирањето и на младите, зрели, корисни личности и за себе и за себе и за општеството и во формирањето и одредувањето на целите на една држава. Јас вообичаено кога се наоѓаме на средби помали велам родителот не е обврзан да знае се, тој е обврзан да го воспита детето, меѓутоа училиштето е тоа кое од него треба да направи лојален граѓанин на државата“, рече Јаневска. Јаневска додаде дека македонскиот народ не е од вчера и не е од 1945-та. И образованието на македонскиот народ не почнува така како што вели бугарската страна. Туку почнува многу, многу одамна во црковните ќелии уште во Средновековието, кога тие црковни ќелии почнале да го користат народниот јазик. Но, уште тогаш Македонците се собирале за да се разберат на својот јазик и да им ги прераскажат приказните на своите деца на народниот македонски јазик. „Во времето на преродбата, значи доцниот 17-ти век, почетокот на 18-ти век веќе се јавуваат нашите преродбеници и тогаш се кристализира и почнува да излегува од маглата и јавно да се обзнанува она што тлеело во душата на народот, а тоа е националното осознавање, македонскиот јазик и идејата за формирање на национална држава“, појасни професорката Јаневска. „Кога некој се обидува да ја преземе туѓата историја, значи ја презема државата и го презема народот. Тие всушност и не велат ја преземаме државата, велат нека ви стои државата ние ви ја признавме, ама не го признаваме народот и не го признаваме јазикот. И замислете која е таа Влада која има право да рече да ние ќе правиме договори во однос на нашата историја и нашиот јазик. Зошто е важна историјата? Историјата е исклучиво значајна затоа што таа се наоѓа во нашата колективна свест, во приказните на нашите баби и дедовци, ние сме тоа што тие не учеле, а сега што училиштето, наставниците и професорите се ред не учат“, појасни Јаневска. Таа нагласи дека ова што се случуваше во изминатиот период со учебниците и бришењето на историјата е атак на државата и тоа од внатре за жал. „Дали е тоа направено од незнаење можеби, но дури и од незнаење да е направено, а можеби и не е, не е за оправдување и не е за простување“, рече Јаневска. Таа нагласи дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт историја ќе се изучува како посебен предмет за да се чуваат и негуваат не само корените туку и дрвото кое расте. „Образованието не е само историја, образованието опфаќа огромен број на сегменти кои треба да формираат една здрава личност и де факто учителите се оние кои треба да го модулираат мислењето на младите. Што треба да им донесе образованието? И зошто образованието е мост меѓу минатото и иднината? Образованието треба на младите од историски аспект да им покаже од каде потекнуваат, но образованието треба и да им каже кои се, што претставуваат, каде тргнале, каде треба да одат, кои се целите“, рече таа. Јаневска истакна дека оваа власт и прави штета на нацијата бидејќи забранува учебник. Но, кога ќе дојде ВМРО-ДПМНЕ ќе има учебници за секое дете. „Овие последни години во образованието се случуваат такви крахови што факт е и самите родители дома забележуваат и наставниците јавно кажуваат, децата не ги постигнуваат потребните знаења, вештини и компетенции“, појасни Јаневска. Таа нагласи она што се случува во основното и средното образование е резултат е на комплетниот крах што се случи на образованиот систем со владеење на ДУИ и СДСМ. https://www.youtube.com/watch?v=Rm6SATKLpJs  

The post Јаневска: Крахот во образование е резултат на СДСМ и ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ кога ќе дојде на власт ќе обезбеди навремено учебници за секое дете appeared first on Република.

]]>
Јаневска: Нема упатства од МОН и писмен протокол од МВР за училиштата за справување со дојавите https://republika.mk/vesti/makedonija/janevska-nema-upatstva-od-mon-i-pismen-protokol-od-mvr-za-uchilishtata-za-spravuvane-so-dojavite/ Mon, 06 Mar 2023 19:21:52 +0000 https://republika.mk/?p=616614

Упатство од МОН како што вети министерот дека денес ќе има, нема, а писмен протокол од МВР исто така нема. Факт е дека во петокот службеници од МВР посетуваа училишта и даваа инструкции на директорите, денес беа повикани директорите на некакви состаноци, но се е тоа усно кажано и МВР смета дека со усни упатства ќе треба да функционира безбедносниот систем. Дали е тоа прифатливо, нека суди јавноста, според мене не е прифатливо, треба посериозно да се сфати обезбедувањето на училиштата, изјави Весна Јаневска претседателка на Комисија за образование на ВМРО-ДПМНЕ, во „Тема на денот“ во дневникот на Сител.

Таа посочи дека тоа што имавме мирен привидно, не значи дали навистина е мирен или се обиди да се намали стравот кај родителите и учениците, додека треба да има конкретни чекори од страна на МВР, наместо упатства да се сменат мејловите.

-Смешна беше онаа препорака дека ако се избришат сите мејлови дека ќе нема дојави, ги сменија мејловите. Откако ги сменија, добија дојави. Треба да се бара начин како навистина да се реши проблемот. Тоа што можеби ќе доаѓа полицаец во текот на денот служи за смирување на учениците и наставниците, но не е реална одбрана од дојавите иако МВР има можност. Ако на гробот на Гоце Делчев можеше да има 2000 полицајци, зошто во 100 училишта не може да има 400 полицајци? – рече Јаневска.

Според неа треба технолошки да се види како функционира во високо развиените земји, но постојат и начини кои сите секојдневно ги користиме како видеокамери, сензори.

Јаневска во врска со објавите дека нападите доаѓаат од одредени земји, посочи дека еднаш рекоа дека доаѓаат од еден дел на светот, сега од друг дел на светот, па постојано хибридна војна, а еднаш не слушнавме да кажат од кого да се браниме и дали некој ќе ни помогне.

-Ако нема, што треба да се преземе за да на крај се одбраниме, како што се бранат напредните земји, нагласи Јаневска.

The post Јаневска: Нема упатства од МОН и писмен протокол од МВР за училиштата за справување со дојавите appeared first on Република.

]]>

Упатство од МОН како што вети министерот дека денес ќе има, нема, а писмен протокол од МВР исто така нема. Факт е дека во петокот службеници од МВР посетуваа училишта и даваа инструкции на директорите, денес беа повикани директорите на некакви состаноци, но се е тоа усно кажано и МВР смета дека со усни упатства ќе треба да функционира безбедносниот систем. Дали е тоа прифатливо, нека суди јавноста, според мене не е прифатливо, треба посериозно да се сфати обезбедувањето на училиштата, изјави Весна Јаневска претседателка на Комисија за образование на ВМРО-ДПМНЕ, во „Тема на денот“ во дневникот на Сител. Таа посочи дека тоа што имавме мирен привидно, не значи дали навистина е мирен или се обиди да се намали стравот кај родителите и учениците, додека треба да има конкретни чекори од страна на МВР, наместо упатства да се сменат мејловите.
-Смешна беше онаа препорака дека ако се избришат сите мејлови дека ќе нема дојави, ги сменија мејловите. Откако ги сменија, добија дојави. Треба да се бара начин како навистина да се реши проблемот. Тоа што можеби ќе доаѓа полицаец во текот на денот служи за смирување на учениците и наставниците, но не е реална одбрана од дојавите иако МВР има можност. Ако на гробот на Гоце Делчев можеше да има 2000 полицајци, зошто во 100 училишта не може да има 400 полицајци? – рече Јаневска. Според неа треба технолошки да се види како функционира во високо развиените земји, но постојат и начини кои сите секојдневно ги користиме како видеокамери, сензори.
Јаневска во врска со објавите дека нападите доаѓаат од одредени земји, посочи дека еднаш рекоа дека доаѓаат од еден дел на светот, сега од друг дел на светот, па постојано хибридна војна, а еднаш не слушнавме да кажат од кого да се браниме и дали некој ќе ни помогне. -Ако нема, што треба да се преземе за да на крај се одбраниме, како што се бранат напредните земји, нагласи Јаневска.

The post Јаневска: Нема упатства од МОН и писмен протокол од МВР за училиштата за справување со дојавите appeared first on Република.

]]>
Јаневска: Доцни исплатата на стипендиите, а на студентите не им се исплатени ни парите за студентски оброк https://republika.mk/vesti/makedonija/janevska-dotsni-isplatata-na-stipendiite-a-na-studentite-ne-im-se-isplateni-ni-parite-za-studentski-obrok/ Mon, 30 Jan 2023 11:45:09 +0000 https://republika.mk/?p=602611

Учениците и студентите останаа без поддршка од државата. Доцни исплатата на ученичките и студентските стипендии. Наместо државата да ги мотивира, но и да им помогне на младите во овие кризни времиња, кога голем дел од семејствата одвај врзуваат крај со крај, тие се оставени да преживуваат како знаат и умеат“, рече на денешната прес-конференција Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.

Учениците кои се стекнале со право на стипендија во оваа учебна година, не добиле ниту денар. Од друга страна, резултатите од конкурсот за студентски стипендии за студиската 2022-2023 година уште не се објавени, а кој знае кога ќе им се исплатат парите на оние кои што ќе се најдат на списоците.

Да се спомене уште една од лагите на министерството и Владата – ветија порамнување на износите на стипендиите на старите и новите корисници, но од тоа нема ништо.

Нема пари ниту за субвенциониран студентски оброк, иако беше ветено дека ќе се исплаќа месец за месец. Министерството за образование и наука не може да го исплати износот од 120 денари, а не пак, како што најави да го зголеми тој износ.

И се ова е малку па натаму додаваме. Учениците запишани во Математичката гимназија цела недела губат часови по математички и информатички предмети. Немало средства да им се исплатат платите на професорите.

Тренерите во Спортските академии исто така не држат настава. Не им се продолжени договорите, а и не им се исплатени плати за неколку месеци.

Дали вака државата се грижи за младите? И дали вака државата треба да се грижи за младите? Дали ова е план можеби за принудно иселување од државата на младите? Кој го крои тој план? Ако ги погледнеме податоците колку ученици ја напуштиле земјава во последните неколку месеци, станува јасно дека во иднина никој тука нема да остане и никој во оваа држава не гледа иднина.

Жално. Време е оваа расипничка власт да си оди. Време е за предвремени избори.

https://www.youtube.com/watch?v=mx8UQw-5lVY

The post Јаневска: Доцни исплатата на стипендиите, а на студентите не им се исплатени ни парите за студентски оброк appeared first on Република.

]]>

Учениците и студентите останаа без поддршка од државата. Доцни исплатата на ученичките и студентските стипендии. Наместо државата да ги мотивира, но и да им помогне на младите во овие кризни времиња, кога голем дел од семејствата одвај врзуваат крај со крај, тие се оставени да преживуваат како знаат и умеат“, рече на денешната прес-конференција Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ.
Учениците кои се стекнале со право на стипендија во оваа учебна година, не добиле ниту денар. Од друга страна, резултатите од конкурсот за студентски стипендии за студиската 2022-2023 година уште не се објавени, а кој знае кога ќе им се исплатат парите на оние кои што ќе се најдат на списоците. Да се спомене уште една од лагите на министерството и Владата – ветија порамнување на износите на стипендиите на старите и новите корисници, но од тоа нема ништо. Нема пари ниту за субвенциониран студентски оброк, иако беше ветено дека ќе се исплаќа месец за месец. Министерството за образование и наука не може да го исплати износот од 120 денари, а не пак, како што најави да го зголеми тој износ. И се ова е малку па натаму додаваме. Учениците запишани во Математичката гимназија цела недела губат часови по математички и информатички предмети. Немало средства да им се исплатат платите на професорите. Тренерите во Спортските академии исто така не држат настава. Не им се продолжени договорите, а и не им се исплатени плати за неколку месеци. Дали вака државата се грижи за младите? И дали вака државата треба да се грижи за младите? Дали ова е план можеби за принудно иселување од државата на младите? Кој го крои тој план? Ако ги погледнеме податоците колку ученици ја напуштиле земјава во последните неколку месеци, станува јасно дека во иднина никој тука нема да остане и никој во оваа држава не гледа иднина. Жално. Време е оваа расипничка власт да си оди. Време е за предвремени избори.
https://www.youtube.com/watch?v=mx8UQw-5lVY

The post Јаневска: Доцни исплатата на стипендиите, а на студентите не им се исплатени ни парите за студентски оброк appeared first on Република.

]]>
Јаневска: Реформите во образование на власта не дадоа никаков успех https://republika.mk/vesti/makedonija/janevska-reformite-vo-obrazovanie-na-vlasta-ne-dadoa-nikakov-uspeh/ Sat, 21 May 2022 20:11:33 +0000 https://republika.mk/?p=505294

Реформите во образование од страна на оваа власт беа набрзина спроведувани, недоволно осмислени, и спроведувани на неподготвен терен без анализа, без научен пристап, без пилот програми и затоа не дадоа никаков успех, изјави Весна Јаневска, претседателка на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ во „Тема на денот“ во дневникот на Сител.

Јаневска истакна дека за таканаречените реформи не беа подготвени ниту наставниците ниту училиштата беа подготвени инфраструктурно и технолошки, посочувајќи дека дури и интернет стабилен се нема и додаде дека, таквиот пристап само придонесува да образовниот систем ни е толку на дното.

Кога треба да се даде вистинска слика за тоа што се случува во образованието , тогаш велам какво ни е општеството, такво ни е образованието. Општеството не ни е добро, особено сега кога ни се случуваат разни притисоци, кога има незадоволно население особено откако по неуспешен референдум се потпиша договорот од Преспа, па притисоците од Бугарија, неинформираноста што се прифаќа, криминалот кој царува во земјата, сиромаштијата. Тоа се само дел од факторите кои влијаат, потенцираше Јаневска.

Таа додаде дека во иднина ќе има сериозна задача да се поправи образовниот систем, но и да се поправи општеството за да ги задржиме младите бидејќи сме една од ретките земји во светот која продуцира високо образовен кадар кој го извезува во богатите земји од Европа за да помага на други држави, наместо да помагаат на својата татковина.

The post Јаневска: Реформите во образование на власта не дадоа никаков успех appeared first on Република.

]]>

Реформите во образование од страна на оваа власт беа набрзина спроведувани, недоволно осмислени, и спроведувани на неподготвен терен без анализа, без научен пристап, без пилот програми и затоа не дадоа никаков успех, изјави Весна Јаневска, претседателка на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ во „Тема на денот“ во дневникот на Сител. Јаневска истакна дека за таканаречените реформи не беа подготвени ниту наставниците ниту училиштата беа подготвени инфраструктурно и технолошки, посочувајќи дека дури и интернет стабилен се нема и додаде дека, таквиот пристап само придонесува да образовниот систем ни е толку на дното.
Кога треба да се даде вистинска слика за тоа што се случува во образованието , тогаш велам какво ни е општеството, такво ни е образованието. Општеството не ни е добро, особено сега кога ни се случуваат разни притисоци, кога има незадоволно население особено откако по неуспешен референдум се потпиша договорот од Преспа, па притисоците од Бугарија, неинформираноста што се прифаќа, криминалот кој царува во земјата, сиромаштијата. Тоа се само дел од факторите кои влијаат, потенцираше Јаневска.
Таа додаде дека во иднина ќе има сериозна задача да се поправи образовниот систем, но и да се поправи општеството за да ги задржиме младите бидејќи сме една од ретките земји во светот која продуцира високо образовен кадар кој го извезува во богатите земји од Европа за да помага на други држави, наместо да помагаат на својата татковина.

The post Јаневска: Реформите во образование на власта не дадоа никаков успех appeared first on Република.

]]>