Јана Јузова Archives - Република https://republika.mk/tema/jana-juzova/ За подобро да се разбереме Sat, 09 Jul 2022 19:58:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Јана Јузова Archives - Република https://republika.mk/tema/jana-juzova/ 32 32 Чешкиот експерт кој тврдеше дека другите членки на ЕУ не знаеле за францускиот предлог се повлече од својата изјава https://republika.mk/vesti/makedonija/cheshkiot-ekspert-koj-tvrdeshe-deka-drugite-chlenki-na-eu-ne-znaele-za-francuskiot-predlog-se-povleche-od-svojata-izjava/ Sat, 09 Jul 2022 20:04:29 +0000 https://republika.mk/?p=526407

Јана Јузова од чешкиот Институт „Еуропеум“ попладнево информираше дека нејзините ставови изнесени на вчерашниот форум во организација на Институтот за европска политика не се официјален став на Прага.

– Сакам да разјаснам дека моите коментари беа темелени на моето долгорочно истражување и мислење како аналитичар на политики кој го следи проширувањето на ЕУ и чешката надворешна политика и тие коментари во никој случај не ја претставуваат официјалната политика на Чешка, напиша Јузова на „Твитер“.

Јузова вчера беше онлајн учесник на форумот на ЕПИ, а во своето обраќање рече дека Чешка и земји-членки се вознемирени поради францускиот предлог за почеток на пристапните преговори со Македонија.

– Според она што го слушнавме од чешкото МНР тие се многу вознемирени од Франција и Бугарија, а причината е што за предлогот не биле консултирани други земји-членки. Била консултирана само Бугарија, а останатите земји биле оставени во темнина, рече Јузова.

The post Чешкиот експерт кој тврдеше дека другите членки на ЕУ не знаеле за францускиот предлог се повлече од својата изјава appeared first on Република.

]]>

Јана Јузова од чешкиот Институт „Еуропеум“ попладнево информираше дека нејзините ставови изнесени на вчерашниот форум во организација на Институтот за европска политика не се официјален став на Прага. – Сакам да разјаснам дека моите коментари беа темелени на моето долгорочно истражување и мислење како аналитичар на политики кој го следи проширувањето на ЕУ и чешката надворешна политика и тие коментари во никој случај не ја претставуваат официјалната политика на Чешка, напиша Јузова на „Твитер“. Јузова вчера беше онлајн учесник на форумот на ЕПИ, а во своето обраќање рече дека Чешка и земји-членки се вознемирени поради францускиот предлог за почеток на пристапните преговори со Македонија. – Според она што го слушнавме од чешкото МНР тие се многу вознемирени од Франција и Бугарија, а причината е што за предлогот не биле консултирани други земји-членки. Била консултирана само Бугарија, а останатите земји биле оставени во темнина, рече Јузова.

The post Чешкиот експерт кој тврдеше дека другите членки на ЕУ не знаеле за францускиот предлог се повлече од својата изјава appeared first on Република.

]]>