јахти Archives - Република https://republika.mk/tema/jahti/ За подобро да се разбереме Fri, 24 May 2024 13:46:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png јахти Archives - Република https://republika.mk/tema/jahti/ 32 32 Грција светски вицешампион по наградени плажи, марини и јахти https://republika.mk/zivot/patuvanja/grtsija-svetski-vitseshampion-po-nagradeni-plazhi-marini-i-jahti/ Fri, 24 May 2024 13:46:07 +0000 https://republika.mk/?p=781427

Вкупно 625 грчки плажи, 18 марини и девет туристички јахти оваа година ја освоија меѓународната награда за квалитет „Сино знаме“ со што Грција останува на второто место во светот во конкуренција од 52 земји, јави дописничката на МИА од Атина.

Во програмата „Сино знаме“ право на учество имаат организирани плажи, марини и јахти, а за да се добие наградата потребно е да се исполнат строги критериуми што се однесуваат на квалитетот на водата за пливање, безбедноста на посетителите, квалитетот на услуги, заштита на животната средина итн.

Во грчкиот град Каламата, на специјален настан денеска беа соопштени наградените плажи во Грција за 2024 година.

На ниво на региони, Крит е на првата позиција со 146 знамиња, додека, пак, префектурата Халкидики е прва меѓу префектурите во Грција, со 104 знамиња, а на второто место е островот Родос.

Од Грчкото друштво за заштита на природата што воедно и националниот оператор во меѓународната програма соопштија дека во Грција постои нагорен тренд и секоја година се зголемува бројот на наградувани плажи.

Оваа година, Меѓународната комисија додели „Сино знаме“ на 4.252 плажи, 733 марини и 141 туристички јахти ширум светот, прва е Шпанија, втора Грција, а Турција е на трета позиција.

The post Грција светски вицешампион по наградени плажи, марини и јахти appeared first on Република.

]]>

Вкупно 625 грчки плажи, 18 марини и девет туристички јахти оваа година ја освоија меѓународната награда за квалитет „Сино знаме“ со што Грција останува на второто место во светот во конкуренција од 52 земји, јави дописничката на МИА од Атина. Во програмата „Сино знаме“ право на учество имаат организирани плажи, марини и јахти, а за да се добие наградата потребно е да се исполнат строги критериуми што се однесуваат на квалитетот на водата за пливање, безбедноста на посетителите, квалитетот на услуги, заштита на животната средина итн. Во грчкиот град Каламата, на специјален настан денеска беа соопштени наградените плажи во Грција за 2024 година. На ниво на региони, Крит е на првата позиција со 146 знамиња, додека, пак, префектурата Халкидики е прва меѓу префектурите во Грција, со 104 знамиња, а на второто место е островот Родос. Од Грчкото друштво за заштита на природата што воедно и националниот оператор во меѓународната програма соопштија дека во Грција постои нагорен тренд и секоја година се зголемува бројот на наградувани плажи. Оваа година, Меѓународната комисија додели „Сино знаме“ на 4.252 плажи, 733 марини и 141 туристички јахти ширум светот, прва е Шпанија, втора Грција, а Турција е на трета позиција.

The post Грција светски вицешампион по наградени плажи, марини и јахти appeared first on Република.

]]>
Во Шпанија пронајдени 10 авиони, седум јахти и 357 станбени објекти, наводно се поврзуваат со руски бизнисмени https://republika.mk/vesti/svet/vo-shpanija-pronajdeni-10-avioni-sedum-jahti-i-357-stanbeni-objekti-navodno-se-povrzuvaat-so-ruski-biznismeni/ Fri, 23 Feb 2024 09:20:24 +0000 https://republika.mk/?p=747276

Шпанската Цивилна гарда пронашла 357 станбени објекти, седум јахти и 10 авиони на територијата на земјата, кои наводно се поврзани со руски бизнисмени кои станале предмет на европски санкции.

Станува збор за недвижен имот и друг имот во вредност од стотици милиони евра.

Шпанската Цивилна гарда не прецизира колку од случаите резултирале со замрзнување на имотот, но наведува дека процентот на замрзнати средства е многу висок.

The post Во Шпанија пронајдени 10 авиони, седум јахти и 357 станбени објекти, наводно се поврзуваат со руски бизнисмени appeared first on Република.

]]>

Шпанската Цивилна гарда пронашла 357 станбени објекти, седум јахти и 10 авиони на територијата на земјата, кои наводно се поврзани со руски бизнисмени кои станале предмет на европски санкции. Станува збор за недвижен имот и друг имот во вредност од стотици милиони евра. Шпанската Цивилна гарда не прецизира колку од случаите резултирале со замрзнување на имотот, но наведува дека процентот на замрзнати средства е многу висок.

The post Во Шпанија пронајдени 10 авиони, седум јахти и 357 станбени објекти, наводно се поврзуваат со руски бизнисмени appeared first on Република.

]]>
Руси и Срби најчесто ги регистрираат своите јахти под црногорско знаме https://republika.mk/vesti/balkan/rusi-i-srbi-najchesto-gi-registriraat-svoite-jahti-pod-tsrnogorsko-zname/ Thu, 06 Apr 2023 15:30:55 +0000 https://republika.mk/?p=628060

Под црногорско знаме пловат 363 јахти, од кои 42 се во сопственост на црногорски државјани. Најбројни странци кои регистрираат јахти под црногорско знаме се државјани и правни лица од Русија и Србија, објави Владата на Црна Гора на својата веб-страница.

Граѓаните на Русија регистрирале 109 јахти во Црна Гора, а 99 регистрирале граѓани на Србија. Граѓаните на Украина регистрирале 16 јахти во Црна Гора.

Јахти во Црна Гора имаат и државјани на Босна и Херцеговина, САД, Швајцарија, Франција, Германија, Хрватска и Казахстан. Сите јахти подолги од седум метри кои пловат под црногорско знаме се запишани во регистарот на јахти.

За регистрација на јахта во регистарот на Управата за поморска безбедност се плаќа такса од 30 евра по линеарен метар за јахти на мотор или 20 евра по линеарен метар за едрилици.

Данокот за користење на пловни објекти, од друга страна, веќе е многу поголема ставка за сопствениците на јахти. За пловен објект подолг од 20 метри, на пример, по овој основ потребно е да се издвојат 3.000 евра.

Многу скапи се и таксите за пристаништа, осигурување, подигање на јахтата на „сув лежај“ итн. Покрај основниот преглед на јахтата, кој е задолжителен при регистрација, Одделението за регистар на јахти на УПС врши и редовен годишен преглед, редовен преглед за обновување и вонреден преглед.

The post Руси и Срби најчесто ги регистрираат своите јахти под црногорско знаме appeared first on Република.

]]>

Под црногорско знаме пловат 363 јахти, од кои 42 се во сопственост на црногорски државјани. Најбројни странци кои регистрираат јахти под црногорско знаме се државјани и правни лица од Русија и Србија, објави Владата на Црна Гора на својата веб-страница. Граѓаните на Русија регистрирале 109 јахти во Црна Гора, а 99 регистрирале граѓани на Србија. Граѓаните на Украина регистрирале 16 јахти во Црна Гора. Јахти во Црна Гора имаат и државјани на Босна и Херцеговина, САД, Швајцарија, Франција, Германија, Хрватска и Казахстан. Сите јахти подолги од седум метри кои пловат под црногорско знаме се запишани во регистарот на јахти. За регистрација на јахта во регистарот на Управата за поморска безбедност се плаќа такса од 30 евра по линеарен метар за јахти на мотор или 20 евра по линеарен метар за едрилици. Данокот за користење на пловни објекти, од друга страна, веќе е многу поголема ставка за сопствениците на јахти. За пловен објект подолг од 20 метри, на пример, по овој основ потребно е да се издвојат 3.000 евра. Многу скапи се и таксите за пристаништа, осигурување, подигање на јахтата на „сув лежај“ итн. Покрај основниот преглед на јахтата, кој е задолжителен при регистрација, Одделението за регистар на јахти на УПС врши и редовен годишен преглед, редовен преглед за обновување и вонреден преглед.

The post Руси и Срби најчесто ги регистрираат своите јахти под црногорско знаме appeared first on Република.

]]>
Лов на богатсво по луксузните јахти на руските милијардери: Некои избегаа, некои останаа запленети https://republika.mk/vesti/svet/lov-na-bogatsvo-po-luksuznite-jahti-na-ruskite-milijarderi-nekoi-izbegaa-nekoi-ostanaa-zapleneti/ Mon, 14 Mar 2022 09:11:19 +0000 https://republika.mk/?p=472371

По воведувањето на западните санкции против Русија, на голем број од руските милијардери им беше запленет имот во земјите од Западна Европа, но тоа што предизвика најголем интерес во јавноста беше запленувањето на руските суперлуксузни јахти, вредни стотици милиони долари. Јахтите на дел од милијардерите веќе се запленети, но дел се уште успеваат да ја избегнат таквата судбина. Тоа предизвикува „интересна“ игра на криенка и трка со времето и поморските правила во обидот на некои руски олигарси да ги сасат своите „миленици“.

Карактеристични примери на двата краја од оваа „игра“ се милијардерот Андреј Мелниченко кој остана без својата јахта вредна 530 милиони додека, пак, бродот на Роман Абрамовиќ, со навремена промена на локацијата, пристигна на безбедно во Црна Гора.

https://republika.mk/sport/fudbal/abramovikj-si-ja-spasuva-superjahtata-so-toa-shto-ja-isprati-vo-crna-gora/

Ова се јахтите на руските милијардери кои, учествуваат во оваа „игра на криенка“ со западните власти.

Дилбар (Алишер Усманов)

Еден од милијадерите кои останаа без својата мегајахта е Алишер Усманов, поранешниот сопственик на Арсенал. Неговата луксузна јахта Дилбар се проценува на околу 600 милиони долари, а поради реновирање се наоѓала во бродоградилиште во Хамбург, каде што ја запленија германските власти.

https://twitter.com/giacomotognini/status/1499121142459678725?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1499121142459678725%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3889707%2Flov-na-luksuz-ruskih-milijardera-ovo-su-samo-neke-od-maga-jahti-zaplenjene-u-mondensim-likama

На Дилбар се наоѓа еден од најголемите базени некогаш изграден на јахта, има 12 луксузни апартмани, сауна, салон за убавина и теретана. Екипажот на овој брод се состои од дури 92 члена.

SY A (Андреј Мелниченко)

И Андреј Мелниченко се најде на удар на снакциите на Западот, па на 11 март дојде соопштение на италијанската финансиска полиција дека во Трст е запленета јахтата „SY A“ вредна околу 530 милиони евра, со што таа е, веројатно, најскапата на светот.

https://twitter.com/TgLa7/status/1502426332965351435?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1502426332965351435%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3889707%2Flov-na-luksuz-ruskih-milijardera-ovo-su-samo-neke-od-maga-jahti-zaplenjene-u-mondensim-likama

Мелниченко е сопственик на производителот на вештачки ѓубрива „EuroChem Group“ и на компанијата за јаглен „СУЕК“.

Аморе Веро - Игор Сечин

Јахтата Аморе Веро е закотвена во француското летувалиште Ла Чиота, а француските власти ја запленија затоа што го сметаат Игор Сечин, дека е соработник на Путин кој управува со рускиот нафтен гигант Роснефт.

Јахтата била усидрена во ова француско летувалиште од 3 јануари поради поправка која требало да трае до 1 април.

Лејди М - Алексеј Мордашов

Според „Форбс“, Мордашов е вториот најбогат човек во Русија чие богатство се проценува на близу 30 милијарди долари. Тој е на чело на Северстал, најголемата руска железарница, а тој има бизниси и во рударството, телекомуникациите и медиумите.

Во моментот на заплена на оваа јахта, за милијардерот се верува дека бил на Сејшелите, откако со друга јахта испловил од Малдивите.

Соларис - Роман Абрамович

Двете суперјахти на Роман Абрамович минатата недела успеаја да „избегнат“ заплена испловувајќи во морето.

Јахтата Соларис, вредна 600 милиони долари, според податоци за следење на „MarineTraffic.com“ пловела крај италијанскиот брег и запловила во Тиват, во Црна Гора.

Бродот Соларис, кој плови под знаме на Бермудите, го напуштил пристаништето во Барселона во Шпанија, без да наведе дестинација. Суперјахтата во Шпанија била на поправка од крајот на 2021 година.

Еклипс - Роман Абрамович

Друга од јахтите на Абрамович, Еклипс, вредна 700 милиони долари, последен пат била видена како плови покрај брегот на Африка откако ги напуштила Карибите кон крајот на февруари.

Ла Дача - Олег Тинков

Јахтата Ла Дача која плови под руско знаме, последен пат е снимена укотвена во пристаништето Енсенада во Мексико на 5 март. Оваа луксузна јахта му припаѓа на рускиот милијардер Олег Тинков.

Ла Дача е брод кој има способност да разбива мраз додека плови, што го прави погоден да плови практично секаде на светот. Јахтата има две свои сопствени хеликоптери и подморница за три лица.

Олег Тринков е сопственик на дигитална банка чии акции и богатство исто така се на удар по избивањето на руско-украинскиот конфликт.

Галктика Супер Нова (The Galactica Super Nova) - Вагит Алекперов

Јахтата на милијардерот Вагит Алекперов, Галактика Супер Нова, исчезнала од радарот откако почна потерата за заплена на руските јахти.

Бродот на сопственикот на „Лукоил“ мината недела била во Порто Монтенегро во Црна Гора, но според официјални податоци испловил од црногорското пристаниште.

 

The post Лов на богатсво по луксузните јахти на руските милијардери: Некои избегаа, некои останаа запленети appeared first on Република.

]]>

По воведувањето на западните санкции против Русија, на голем број од руските милијардери им беше запленет имот во земјите од Западна Европа, но тоа што предизвика најголем интерес во јавноста беше запленувањето на руските суперлуксузни јахти, вредни стотици милиони долари. Јахтите на дел од милијардерите веќе се запленети, но дел се уште успеваат да ја избегнат таквата судбина. Тоа предизвикува „интересна“ игра на криенка и трка со времето и поморските правила во обидот на некои руски олигарси да ги сасат своите „миленици“. Карактеристични примери на двата краја од оваа „игра“ се милијардерот Андреј Мелниченко кој остана без својата јахта вредна 530 милиони додека, пак, бродот на Роман Абрамовиќ, со навремена промена на локацијата, пристигна на безбедно во Црна Гора. https://republika.mk/sport/fudbal/abramovikj-si-ja-spasuva-superjahtata-so-toa-shto-ja-isprati-vo-crna-gora/ Ова се јахтите на руските милијардери кои, учествуваат во оваа „игра на криенка“ со западните власти. Дилбар (Алишер Усманов) Еден од милијадерите кои останаа без својата мегајахта е Алишер Усманов, поранешниот сопственик на Арсенал. Неговата луксузна јахта Дилбар се проценува на околу 600 милиони долари, а поради реновирање се наоѓала во бродоградилиште во Хамбург, каде што ја запленија германските власти. https://twitter.com/giacomotognini/status/1499121142459678725?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1499121142459678725%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3889707%2Flov-na-luksuz-ruskih-milijardera-ovo-su-samo-neke-od-maga-jahti-zaplenjene-u-mondensim-likama На Дилбар се наоѓа еден од најголемите базени некогаш изграден на јахта, има 12 луксузни апартмани, сауна, салон за убавина и теретана. Екипажот на овој брод се состои од дури 92 члена. SY A (Андреј Мелниченко) И Андреј Мелниченко се најде на удар на снакциите на Западот, па на 11 март дојде соопштение на италијанската финансиска полиција дека во Трст е запленета јахтата „SY A“ вредна околу 530 милиони евра, со што таа е, веројатно, најскапата на светот. https://twitter.com/TgLa7/status/1502426332965351435?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1502426332965351435%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F3889707%2Flov-na-luksuz-ruskih-milijardera-ovo-su-samo-neke-od-maga-jahti-zaplenjene-u-mondensim-likama Мелниченко е сопственик на производителот на вештачки ѓубрива „EuroChem Group“ и на компанијата за јаглен „СУЕК“. Аморе Веро - Игор Сечин Јахтата Аморе Веро е закотвена во француското летувалиште Ла Чиота, а француските власти ја запленија затоа што го сметаат Игор Сечин, дека е соработник на Путин кој управува со рускиот нафтен гигант Роснефт. Јахтата била усидрена во ова француско летувалиште од 3 јануари поради поправка која требало да трае до 1 април. Лејди М - Алексеј Мордашов Според „Форбс“, Мордашов е вториот најбогат човек во Русија чие богатство се проценува на близу 30 милијарди долари. Тој е на чело на Северстал, најголемата руска железарница, а тој има бизниси и во рударството, телекомуникациите и медиумите. Во моментот на заплена на оваа јахта, за милијардерот се верува дека бил на Сејшелите, откако со друга јахта испловил од Малдивите. Соларис - Роман Абрамович Двете суперјахти на Роман Абрамович минатата недела успеаја да „избегнат“ заплена испловувајќи во морето. Јахтата Соларис, вредна 600 милиони долари, според податоци за следење на „MarineTraffic.com“ пловела крај италијанскиот брег и запловила во Тиват, во Црна Гора. Бродот Соларис, кој плови под знаме на Бермудите, го напуштил пристаништето во Барселона во Шпанија, без да наведе дестинација. Суперјахтата во Шпанија била на поправка од крајот на 2021 година. Еклипс - Роман Абрамович Друга од јахтите на Абрамович, Еклипс, вредна 700 милиони долари, последен пат била видена како плови покрај брегот на Африка откако ги напуштила Карибите кон крајот на февруари. Ла Дача - Олег Тинков Јахтата Ла Дача која плови под руско знаме, последен пат е снимена укотвена во пристаништето Енсенада во Мексико на 5 март. Оваа луксузна јахта му припаѓа на рускиот милијардер Олег Тинков. Ла Дача е брод кој има способност да разбива мраз додека плови, што го прави погоден да плови практично секаде на светот. Јахтата има две свои сопствени хеликоптери и подморница за три лица. Олег Тринков е сопственик на дигитална банка чии акции и богатство исто така се на удар по избивањето на руско-украинскиот конфликт. Галктика Супер Нова (The Galactica Super Nova) - Вагит Алекперов Јахтата на милијардерот Вагит Алекперов, Галактика Супер Нова, исчезнала од радарот откако почна потерата за заплена на руските јахти. Бродот на сопственикот на „Лукоил“ мината недела била во Порто Монтенегро во Црна Гора, но според официјални податоци испловил од црногорското пристаниште.  

The post Лов на богатсво по луксузните јахти на руските милијардери: Некои избегаа, некои останаа запленети appeared first on Република.

]]>
Запленетите јахти на руските олигарси во Италија вредат 143 милиони евра https://republika.mk/vesti/svet/zaplenetite-jahti-na-ruskite-oligarsi-vo-italija-vredat-143-milioni-evra/ Sat, 05 Mar 2022 22:55:30 +0000 https://republika.mk/?p=468374

Италијанската финансиска полиција заплени вили, куќи и јахти во вредност од 143 милиони евра (повеќе од 150 милиони американски долари) од пет руски олигарси, соопшти денеска полицијата.

Специјалната единица на Финансиската полиција, во соработка со Единицата за економска и финансиска полициска единица Империја и воздухопловниот оперативен оддел на Џенова, во петокот извршила наредби за замрзнување средства против повеќе руски олигарси, се вели во соопштението.

Наредбите за замрзнување беа извршени против следниве луѓе:

Алексеј Александрович Мордашов: јахта Лејди М, лоцирана во пристаништето Империја, вредна приближно 65 милиони евра (околу 71 милион долари)
Генадиј Николаевич Тимченко: јахта Лена, лоцирана во пристаништето Сан Ремо, вредна приближно 50 милиони евра (околу 55 милиони долари)

Алишер Усманов: недвижен имот – компендиум лоциран во Голфо дел Певеро во Арзачена, вреден приближно 17 милиони евра (околу 18 милиони долари)

Владимир Рудолфович Соловиев: имот лоциран во провинцијата Комо во вредност од приближно 8 милиони евра (околу 8,7 милиони долари)

Олег Савченко: вила од седумнаесеттиот век наречена „Вила Лазаречи“ лоцирана во провинцијата Лука, вредна околу 3 милиони евра (околу 3,3 милиони долари)

Овие рестриктивни мерки доаѓаат откако Советот на ЕУ воведе санкции за неколку лица и субјекти поради руската воена агресија врз Украина

The post Запленетите јахти на руските олигарси во Италија вредат 143 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Италијанската финансиска полиција заплени вили, куќи и јахти во вредност од 143 милиони евра (повеќе од 150 милиони американски долари) од пет руски олигарси, соопшти денеска полицијата. Специјалната единица на Финансиската полиција, во соработка со Единицата за економска и финансиска полициска единица Империја и воздухопловниот оперативен оддел на Џенова, во петокот извршила наредби за замрзнување средства против повеќе руски олигарси, се вели во соопштението. Наредбите за замрзнување беа извршени против следниве луѓе: Алексеј Александрович Мордашов: јахта Лејди М, лоцирана во пристаништето Империја, вредна приближно 65 милиони евра (околу 71 милион долари) Генадиј Николаевич Тимченко: јахта Лена, лоцирана во пристаништето Сан Ремо, вредна приближно 50 милиони евра (околу 55 милиони долари) Алишер Усманов: недвижен имот – компендиум лоциран во Голфо дел Певеро во Арзачена, вреден приближно 17 милиони евра (околу 18 милиони долари) Владимир Рудолфович Соловиев: имот лоциран во провинцијата Комо во вредност од приближно 8 милиони евра (околу 8,7 милиони долари) Олег Савченко: вила од седумнаесеттиот век наречена „Вила Лазаречи“ лоцирана во провинцијата Лука, вредна околу 3 милиони евра (околу 3,3 милиони долари) Овие рестриктивни мерки доаѓаат откако Советот на ЕУ воведе санкции за неколку лица и субјекти поради руската воена агресија врз Украина

The post Запленетите јахти на руските олигарси во Италија вредат 143 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Малдивите и Црна Гора ќе ги вдомат јахтите на руските олигарси https://republika.mk/vesti/svet/maldivite-i-crna-gora-kje-gi-vdomat-jahtite-na-ruskite-oligarsi/ Wed, 02 Mar 2022 08:40:38 +0000 https://republika.mk/?p=466242

Суперјахтите во сопственост на руски милијардери поврзани со претседателот Владимир Путин се во движење додека САД и нивните сојузници подготвуваат дополнителни санкции за нивниот имот по инвазијата на Украина.

Податоците од Марин трафик прегледани од Си-ен-би-си покажуваат дека најмалку четири суперјахти во сопственост на руски бизнис-лидери се движат кон Црна Гора и Малдивите откако во последните денови беа објавени широк спектар санкции.

Вагит Алекперов, претседателот на руски Лукоил, со својата јахта плови кон Црна Гора, соопшти Марин трафик. Се очекува да стигне од Барселона во наредните денови.

Јахтата на Алекперов е позната како „Галактика супернова I“, според страницата Суперјахт фан, која ги следи овие типови пловила, има „базен со стаклено дно од шест метри и водопад. Има и хелиодром, лифт и голем клуб“.

Според Форбс, Алекперов има нето-богатство од нешто помалку од 25 милијарди долари.

Црна Гора е членка на НАТО и кандидат за членство во ЕУ и најави дека ќе се приклучи на санкциите на ЕУ против Русија.

Најмалку три јахти на руски милијардери се приближуваат кон Малдивите.

Оваа островска држава со години е жариште на туристи од Русија, а министерот за туризам на Малдиви изјави дека руската инвазија ќе има големо влијание врз нејзиниот туристички сектор.

Јахтата на милијардерот Олег Дерипаска, позната како „Клио“, ја напушти Шри Ланка пред речиси две недели и се очекува наскоро да пристигне на Малдивите, соопшти Марин трафик.

САД во 2018 година ги санкционираа Дерипаска и компаниите поврзани со него. Тој беше еден од неколкуте милијардери со седиште во Русија што се спротивставија на конфликтот во Украина.

Мирот е приоритет. Преговорите мора да почнат што е можно поскоро“, напиша на Твитер Дерипаска, кој има проценета нето-вредност од околу 4 милијарди долари.

Малдивите немаат договор за екстрадиција со САД.

Според Си-ен-би-си, имотот на погодените руски раководители најверојатно ќе добие нов удар, бидејќи администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден неодамна најави создавање работна група што ќе се занимава со нивните профитабилни средства, вклучувајќи јахти и вили.

Франција составува список на имоти во сопственост на руски олигарси, вклучувајќи автомобили и јахти, кои би можеле да бидат запленети под санкциите на Европската Унија.

Оваа недела ќе почнеме мултилатерална трансатлантска работна група за да ги идентификуваме, пронајдеме и замрзнеме имотите на санкционираните руски компании и олигарси - нивните јахти, нивните вили и сите други незаконски профити што можеме да ги најдеме и да ги замрзнеме“, соопшти неодамна Белата куќа.

Некои од најбогатите во Русија сега ги преместуваат своите јахти и бродови на други локации, надевајќи се дека ќе избегнат нивно одземање.

The post Малдивите и Црна Гора ќе ги вдомат јахтите на руските олигарси appeared first on Република.

]]>

Суперјахтите во сопственост на руски милијардери поврзани со претседателот Владимир Путин се во движење додека САД и нивните сојузници подготвуваат дополнителни санкции за нивниот имот по инвазијата на Украина. Податоците од Марин трафик прегледани од Си-ен-би-си покажуваат дека најмалку четири суперјахти во сопственост на руски бизнис-лидери се движат кон Црна Гора и Малдивите откако во последните денови беа објавени широк спектар санкции. Вагит Алекперов, претседателот на руски Лукоил, со својата јахта плови кон Црна Гора, соопшти Марин трафик. Се очекува да стигне од Барселона во наредните денови. Јахтата на Алекперов е позната како „Галактика супернова I“, според страницата Суперјахт фан, која ги следи овие типови пловила, има „базен со стаклено дно од шест метри и водопад. Има и хелиодром, лифт и голем клуб“. Според Форбс, Алекперов има нето-богатство од нешто помалку од 25 милијарди долари. Црна Гора е членка на НАТО и кандидат за членство во ЕУ и најави дека ќе се приклучи на санкциите на ЕУ против Русија. Најмалку три јахти на руски милијардери се приближуваат кон Малдивите. Оваа островска држава со години е жариште на туристи од Русија, а министерот за туризам на Малдиви изјави дека руската инвазија ќе има големо влијание врз нејзиниот туристички сектор. Јахтата на милијардерот Олег Дерипаска, позната како „Клио“, ја напушти Шри Ланка пред речиси две недели и се очекува наскоро да пристигне на Малдивите, соопшти Марин трафик. САД во 2018 година ги санкционираа Дерипаска и компаниите поврзани со него. Тој беше еден од неколкуте милијардери со седиште во Русија што се спротивставија на конфликтот во Украина.
Мирот е приоритет. Преговорите мора да почнат што е можно поскоро“, напиша на Твитер Дерипаска, кој има проценета нето-вредност од околу 4 милијарди долари.
Малдивите немаат договор за екстрадиција со САД. Според Си-ен-би-си, имотот на погодените руски раководители најверојатно ќе добие нов удар, бидејќи администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден неодамна најави создавање работна група што ќе се занимава со нивните профитабилни средства, вклучувајќи јахти и вили. Франција составува список на имоти во сопственост на руски олигарси, вклучувајќи автомобили и јахти, кои би можеле да бидат запленети под санкциите на Европската Унија.
Оваа недела ќе почнеме мултилатерална трансатлантска работна група за да ги идентификуваме, пронајдеме и замрзнеме имотите на санкционираните руски компании и олигарси - нивните јахти, нивните вили и сите други незаконски профити што можеме да ги најдеме и да ги замрзнеме“, соопшти неодамна Белата куќа.
Некои од најбогатите во Русија сега ги преместуваат своите јахти и бродови на други локации, надевајќи се дека ќе избегнат нивно одземање.

The post Малдивите и Црна Гора ќе ги вдомат јахтите на руските олигарси appeared first on Република.

]]>