Ј. Х. Песталоци Archives - Република https://republika.mk/tema/j-h-pestaloci/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Mar 2024 13:32:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ј. Х. Песталоци Archives - Република https://republika.mk/tema/j-h-pestaloci/ 32 32 Ново детско катче од „Спорт Лаиф“ за учениците од „Песталоци“ https://republika.mk/vesti/skopje/novo-detsko-katche-od-sport-laif-za-uchenitsite-od-pestalotsi/ Fri, 15 Mar 2024 12:29:12 +0000 https://republika.mk/?p=755152

„Sport Life” обложувалниците дел од „STH“ холдинг групацијата, ја овозможија реализацијата на новото Детско катче во училишниот двор на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Центар, Скопје.

Донацијата на „Sport Life” овозможи поставување на комплетно нови реквизити за децата, како клацкалки и лулашки и обнова на тревното игралиште за фудбал, по најсовремени стандарди, со нова подлога и мали голови со мрежа.

„Донацијата е дел од нашата визија за спортска нација и за подобрување на условите за развој на спортскиот дух кај децата уште од најрана возраст. Овој пат се работи за обновување на малото игралиште за фудбал, за учениците од основното училиште „Песталоци“ и поставување на ново детско катче. Се надеваме дека оваа донација ќе придонесе за нови успеси и на образовен и на спортски план на училиштето и нивните ученици.“ – изјави Петар Поцков, маркетинг менаџер.

„Sport Life” обложувалниците дел од „STH“ холдинг групацијата, досега имаат реализирано бројни донации како: обнова на спортски игралишта во училиштата, поддршка на спортски клубови и натпревари, набавка на спортска опрема и сл., но и проекти за поддршка на социјално ранливите категории, и на традиционалните културни манифестации во Македонија.

Комерцијален текст

The post Ново детско катче од „Спорт Лаиф“ за учениците од „Песталоци“ appeared first on Република.

]]>

„Sport Life” обложувалниците дел од „STH“ холдинг групацијата, ја овозможија реализацијата на новото Детско катче во училишниот двор на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Центар, Скопје. Донацијата на „Sport Life” овозможи поставување на комплетно нови реквизити за децата, како клацкалки и лулашки и обнова на тревното игралиште за фудбал, по најсовремени стандарди, со нова подлога и мали голови со мрежа. „Донацијата е дел од нашата визија за спортска нација и за подобрување на условите за развој на спортскиот дух кај децата уште од најрана возраст. Овој пат се работи за обновување на малото игралиште за фудбал, за учениците од основното училиште „Песталоци“ и поставување на ново детско катче. Се надеваме дека оваа донација ќе придонесе за нови успеси и на образовен и на спортски план на училиштето и нивните ученици.“ – изјави Петар Поцков, маркетинг менаџер. „Sport Life” обложувалниците дел од „STH“ холдинг групацијата, досега имаат реализирано бројни донации како: обнова на спортски игралишта во училиштата, поддршка на спортски клубови и натпревари, набавка на спортска опрема и сл., но и проекти за поддршка на социјално ранливите категории, и на традиционалните културни манифестации во Македонија. Комерцијален текст

The post Ново детско катче од „Спорт Лаиф“ за учениците од „Песталоци“ appeared first on Република.

]]>
И Ковачевски се потпиша во книгата на жалост поставена во ООУ “Песталоци“ https://republika.mk/vesti/makedonija/i-kovachevski-se-potpisha-vo-knigata-na-zhalost-postavena-vo-oou-pestalotsi/ Mon, 04 Dec 2023 17:07:07 +0000 https://republika.mk/?p=719625

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски попладнево се потпиша во книгата на жалост поставена во основоното училиште „ЈХ Песталоци“, местото акде што кобното утро Вања не пристигнала на првиот час.

Огромна е тагата која нѐ обвива по загубата на Вања. Изразувам најдлабоко сочувство до нејзиното семејство, до сите роднини и пријатели, до нејзините соученици. Почивај во мир Вања, напиша Ковачевски.

Четиринаесетгодишната Вања Ѓорчевска беше пријавена за исчезната на 27 ноември 2023 година, а по преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје вчера нејзиното тело беше пронајдено во околината на Скопје.

Во ООУ „Јохан Хајнрих – Песталоци“ денеска беше отворена книга на жалост за прерано згаснатиот живот на 14-годишната Вања Ѓорчевска.

The post И Ковачевски се потпиша во книгата на жалост поставена во ООУ “Песталоци“ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски попладнево се потпиша во книгата на жалост поставена во основоното училиште „ЈХ Песталоци“, местото акде што кобното утро Вања не пристигнала на првиот час.
Огромна е тагата која нѐ обвива по загубата на Вања. Изразувам најдлабоко сочувство до нејзиното семејство, до сите роднини и пријатели, до нејзините соученици. Почивај во мир Вања, напиша Ковачевски.
Четиринаесетгодишната Вања Ѓорчевска беше пријавена за исчезната на 27 ноември 2023 година, а по преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје вчера нејзиното тело беше пронајдено во околината на Скопје. Во ООУ „Јохан Хајнрих – Песталоци“ денеска беше отворена книга на жалост за прерано згаснатиот живот на 14-годишната Вања Ѓорчевска.

The post И Ковачевски се потпиша во книгата на жалост поставена во ООУ “Песталоци“ appeared first on Република.

]]>
Психолошка поддршка и советување за учениците од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ https://republika.mk/vesti/skopje/psiholoshka-poddrshka-i-sovetuvane-za-uchenitsite-od-oou-johan-hajnrih-pestalotsi/ Mon, 04 Dec 2023 14:55:20 +0000 https://republika.mk/?p=719533

Во овие тешки мигови, кога тагуваме по Вања, сакаме да потенцираме дека училиштето е безбедно место во кое децата можат да добијат психолошка поддршка и советување, велат денеска од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во скопски Центар, каде што учеше ѕверски убиената Вања Ѓорчевска.

Денеска се одржа редовна настава за учениците од прво до петто одделение, додека со учениците од шесто до деветто одделение работеа одделенските раководители со цел да им се даде поддршка и помош во справувањето со болката, тагата, стравот и измешаните емоции.
Децата, родителите и наставниците и во наредниот период ќе можат непосредно да разговараат со психолозите кои се во училиштето за да им дадат поддршка.
Во целиот процес се вклучени и надворешни стручни лица, психолози и психијатри, со цел да им се помогне на учениците, но и на родителите, да се соочат со траумата и да го сочуваат менталното здравје, велат од училиштето.

The post Психолошка поддршка и советување за учениците од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ appeared first on Република.

]]>

Во овие тешки мигови, кога тагуваме по Вања, сакаме да потенцираме дека училиштето е безбедно место во кое децата можат да добијат психолошка поддршка и советување, велат денеска од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во скопски Центар, каде што учеше ѕверски убиената Вања Ѓорчевска.
Денеска се одржа редовна настава за учениците од прво до петто одделение, додека со учениците од шесто до деветто одделение работеа одделенските раководители со цел да им се даде поддршка и помош во справувањето со болката, тагата, стравот и измешаните емоции. Децата, родителите и наставниците и во наредниот период ќе можат непосредно да разговараат со психолозите кои се во училиштето за да им дадат поддршка. Во целиот процес се вклучени и надворешни стручни лица, психолози и психијатри, со цел да им се помогне на учениците, но и на родителите, да се соочат со траумата и да го сочуваат менталното здравје, велат од училиштето.

The post Психолошка поддршка и советување за учениците од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ appeared first on Република.

]]>
ООУ „Ј. Х. Песталоци“ добива сензорна соба за учениците со образовни потешкотии https://republika.mk/vesti/skopje/oou-j-h-pestaloci-dobiva-senzorna-soba-za-uchenicite-so-obrazovni-poteshkotii/ Thu, 01 Dec 2022 13:15:59 +0000 https://republika.mk/?p=580499

Учениците со образовни потешкотии во основното училиште „Ј. Х. Песталоци“ добиваат нова и комплетно опремена сензорна соба. Собата расплага со дидактички материјали, сензорни елементи и рехабилитациско-рекреациска опрема со што наставниот и стручниот кадар имаат на располагање низа алатки за работа со учениците од ова училиште, особено со учениците со интелектуална попреченост, со комбинирани пречки, учениците од аутистичниот спактар, со АДХД и др.

Денес вниманието го насочуваме кон нашето најголемо богатство - децата. Ако ги прашате родителите која им е најголема желба за нивните деца, ќе ви одговорат да бидат среќни. А токму ние како локална самоуправа сме тука за да им помогнеме оваа желба да стане реалност. Инвестирањето во раниот детски развој е најисплатливо во развојот на човечкиот капитал. За нас децата се приоритет број еден и токму затоа Општина Центар веќе години претставува позитивен пример за поддршка на младите во целата држава, изјави Герасимовски.

Квалитетното образование, пред сè, инклузивното образование е предизвик за секоја локална самоуправа и дополнителен мотив е во континуитет да се вложуваат ресурси за децата со пречки во развојот, додава градоначалникот, потенцирајќи дека концептот за инклузивно општество и вклучување на овие ученици во редовната настава се дел од образовната стратегија на oпштината и, во таа насока, сензорната соба што од денес ќе им биде достапна на децата од ООУ „Ј. Х. Песталоци“- Центар е само уште еден чекор кон исполнување на главната цел, а тоа е нивна целосна инклузија.

Важноста од една ваква интервенција е огромна за нашето училиште, особено имајќи на ум дека во нашето училиште учат 21 ученик со попреченост. Од денес со гордост може да кажеме дека нашето училиште е поинклузивно и овозможува високо-квалитетно образование и можност на секое дете да ги оствари своите потенцијали. Се радуваме што во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со попреченост можеме да го споделиме овој исчекор кон обезбедување на еднакви услови за развој и учење на сите ученици и сите заедно уште еднаш да пратиме порака за еднакво општество за сите, истакна директорката на училиштето, Катерина Атанасова.

Опремувањето на оваа сензорна соба е дел од проектот „Биди ИН, биди Инклузивен, биди ИНклудиран“ кој го спроведува Фондацијата „Чекор по чекор“, заедно со своите партнери Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хандимак“, а се реализира вo соработка со Министерството за образование и наука и Општина Центар упатува искрена благодарност до сите нив.

Општина Центар верува дека алатките во сензорната соба ќе придонесат кон полесно совладувањето на наставниот материјал и зголемување на мотивацијата децата повеќе да учат и да истражуваат, а истовремено ќе им помогнат на учениците да го намалат стресот и да ја зголемат својата концентрација. Општина Центар ќе продолжи да гради вакви соработки кои носат бенефит како за помладите така и за повозрасните граѓани во општинат, се вели во соопштението.

The post ООУ „Ј. Х. Песталоци“ добива сензорна соба за учениците со образовни потешкотии appeared first on Република.

]]>

Учениците со образовни потешкотии во основното училиште „Ј. Х. Песталоци“ добиваат нова и комплетно опремена сензорна соба. Собата расплага со дидактички материјали, сензорни елементи и рехабилитациско-рекреациска опрема со што наставниот и стручниот кадар имаат на располагање низа алатки за работа со учениците од ова училиште, особено со учениците со интелектуална попреченост, со комбинирани пречки, учениците од аутистичниот спактар, со АДХД и др.
Денес вниманието го насочуваме кон нашето најголемо богатство - децата. Ако ги прашате родителите која им е најголема желба за нивните деца, ќе ви одговорат да бидат среќни. А токму ние како локална самоуправа сме тука за да им помогнеме оваа желба да стане реалност. Инвестирањето во раниот детски развој е најисплатливо во развојот на човечкиот капитал. За нас децата се приоритет број еден и токму затоа Општина Центар веќе години претставува позитивен пример за поддршка на младите во целата држава, изјави Герасимовски.
Квалитетното образование, пред сè, инклузивното образование е предизвик за секоја локална самоуправа и дополнителен мотив е во континуитет да се вложуваат ресурси за децата со пречки во развојот, додава градоначалникот, потенцирајќи дека концептот за инклузивно општество и вклучување на овие ученици во редовната настава се дел од образовната стратегија на oпштината и, во таа насока, сензорната соба што од денес ќе им биде достапна на децата од ООУ „Ј. Х. Песталоци“- Центар е само уште еден чекор кон исполнување на главната цел, а тоа е нивна целосна инклузија.
Важноста од една ваква интервенција е огромна за нашето училиште, особено имајќи на ум дека во нашето училиште учат 21 ученик со попреченост. Од денес со гордост може да кажеме дека нашето училиште е поинклузивно и овозможува високо-квалитетно образование и можност на секое дете да ги оствари своите потенцијали. Се радуваме што во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со попреченост можеме да го споделиме овој исчекор кон обезбедување на еднакви услови за развој и учење на сите ученици и сите заедно уште еднаш да пратиме порака за еднакво општество за сите, истакна директорката на училиштето, Катерина Атанасова.
Опремувањето на оваа сензорна соба е дел од проектот „Биди ИН, биди Инклузивен, биди ИНклудиран“ кој го спроведува Фондацијата „Чекор по чекор“, заедно со своите партнери Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хандимак“, а се реализира вo соработка со Министерството за образование и наука и Општина Центар упатува искрена благодарност до сите нив. Општина Центар верува дека алатките во сензорната соба ќе придонесат кон полесно совладувањето на наставниот материјал и зголемување на мотивацијата децата повеќе да учат и да истражуваат, а истовремено ќе им помогнат на учениците да го намалат стресот и да ја зголемат својата концентрација. Општина Центар ќе продолжи да гради вакви соработки кои носат бенефит како за помладите така и за повозрасните граѓани во општинат, се вели во соопштението.

The post ООУ „Ј. Х. Песталоци“ добива сензорна соба за учениците со образовни потешкотии appeared first on Република.

]]>