Извршен комитет на ВМРО ДПМНЕ Archives - Република https://republika.mk/tema/izvrshen-komitet-na-vmro-dpmne/ За подобро да се разбереме Mon, 05 Sep 2022 09:39:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Извршен комитет на ВМРО ДПМНЕ Archives - Република https://republika.mk/tema/izvrshen-komitet-na-vmro-dpmne/ 32 32 Седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се одлучува за референдумот за бугарските барања https://republika.mk/vesti/makedonija/sednica-na-ik-na-vmro-dpmne-kje-se-odluchuva-za-referendumot-za-bugarskite-baranja/ Mon, 05 Sep 2022 09:39:05 +0000 https://republika.mk/?p=547554

На седница на Извршниот комитет поплднево ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе одлука за предлогот за референдумско изјаснување за пакетот услови кој стана дел од преговарачката рамка, а ги отсликува бугарските максималистички барања.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски отвори процес на широки консултации со внатрешните органи на партијата, повеќе професори и експерти по уставно право, со академската јавност и коалициските партии за што доби и поддршка за самата иницијатива.

Она што за ВМРО-ДПМНЕ е пречка е членот 5 од преговарачка рамка, кој се потпира на протоколот.

Овој член ги содржи спорните делови од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Македонија потпишан во 2017 година.

Оттука изворот и коренот на проблемите се наоѓа токму во овој договор кој поставува основа на бугарските позиции. Подоцна од него произлезе и преговарачката рамка и членот 5.

ВМРО-ДПМНЕ не ги спори и ги поддржува аспирациите за интегрирање на Македонија во ЕУ, но она што е неприфатливо се бугарските барања за промена на исоптријата, идентитетот, јазикот и културата.
Токму затоа размислувањата во ВМРО-ДПМНЕ, а за кои ќе се дискутира на вечерашниот Извршен комитет, се на референдум да се побара престанок на важноста на овој договор со кој се поставија фундаментите за бугаризација и обезличување на Македонија. До таквиот рефререндум би се дошло преку собирање на граѓански потписи, а на иницијативата прв потпишани ќе биде раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Откако ќе се собере најмалку 100 потписи, ВМРО-ДПМНЕ ќе пристапи кон собирање на 150 илјади потписи од граѓани. Од партијата апелираат власта да не го попречува процесот.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата остануват гарант дека уставни промени нема да има.

Седницата на Извршниот комитет ќе започне во 18 часот, околу 20 часот се очекува изјави за медиуми.

The post Седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се одлучува за референдумот за бугарските барања appeared first on Република.

]]>

На седница на Извршниот комитет поплднево ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе одлука за предлогот за референдумско изјаснување за пакетот услови кој стана дел од преговарачката рамка, а ги отсликува бугарските максималистички барања. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски отвори процес на широки консултации со внатрешните органи на партијата, повеќе професори и експерти по уставно право, со академската јавност и коалициските партии за што доби и поддршка за самата иницијатива. Она што за ВМРО-ДПМНЕ е пречка е членот 5 од преговарачка рамка, кој се потпира на протоколот. Овој член ги содржи спорните делови од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Македонија потпишан во 2017 година. Оттука изворот и коренот на проблемите се наоѓа токму во овој договор кој поставува основа на бугарските позиции. Подоцна од него произлезе и преговарачката рамка и членот 5. ВМРО-ДПМНЕ не ги спори и ги поддржува аспирациите за интегрирање на Македонија во ЕУ, но она што е неприфатливо се бугарските барања за промена на исоптријата, идентитетот, јазикот и културата. Токму затоа размислувањата во ВМРО-ДПМНЕ, а за кои ќе се дискутира на вечерашниот Извршен комитет, се на референдум да се побара престанок на важноста на овој договор со кој се поставија фундаментите за бугаризација и обезличување на Македонија. До таквиот рефререндум би се дошло преку собирање на граѓански потписи, а на иницијативата прв потпишани ќе биде раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Откако ќе се собере најмалку 100 потписи, ВМРО-ДПМНЕ ќе пристапи кон собирање на 150 илјади потписи од граѓани. Од партијата апелираат власта да не го попречува процесот. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата остануват гарант дека уставни промени нема да има. Седницата на Извршниот комитет ќе започне во 18 часот, околу 20 часот се очекува изјави за медиуми.

The post Седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се одлучува за референдумот за бугарските барања appeared first on Република.

]]>