извоз на жито Archives - Република https://republika.mk/tema/izvoz-na-zito/ За подобро да се разбереме Thu, 19 Jan 2023 09:58:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png извоз на жито Archives - Република https://republika.mk/tema/izvoz-na-zito/ 32 32 ОН бараат поефикасно минување на бродовите со жито преку Босфорот и Црното Море https://republika.mk/vesti/svet/on-baraat-poefikasno-minuvane-na-brodovite-so-zhito-preku-bosforot-i-tsrnoto-more/ Thu, 19 Jan 2023 09:55:15 +0000 https://republika.mk/?p=598596

Обединетите нации ги повикаа сите потписнички на Договорот за извоз на жито преку Црното Море да ја подобрат ефикасноста на извозот и соопштија дека организацијата не може да биде одговорна за тоа што повеќе од 100 бродови во водите на Турција сè уште чекаат за одобрение за поминување низ Босфорот.

Според договорот кој во јули минатата година го потпишаа Русија, Украина, Турција и ОН, инспекцијата на бродовите се врши во турските води на патот кон и од Украина, а сите четири страни заедно работат на инспекција и одобрување на бродовите да вршат извоз.

ОН ги повикуваат сите страни д а работат на отстранување на пречките и подобрување на оперативната ефикасност“, се вели во соопштението на организацијата.

Амбасадорката на САД во ОН Линда Томас-Гринфилд минатата недела изјави дека Русија „намерно ги забавува инспекциите“ и потсети дека според договорот, треба да се извезуваат пет милиони тони храна месечно.

Во соопштението на ОН се наведува дека во последните две недели „просечното време на чекање на бродовите меѓу регистрацијата и инспекцијата е 21 ден“, како и дека „се мора да се направи со соработка на сите инволвирани страни, а од Организацијата се обидуваат се да оди што побрзо“.

Договорот од јули вклучува олеснување на извозот на храна и ѓубрива од Русија, вклучувајќи и амонијак, а ОН се обидуваат да покренат преговори за испорака на руски амонијак, клучна состојка во нитратното ѓубриво, преку гасовод до украинското пристаниште на Црното Море.

The post ОН бараат поефикасно минување на бродовите со жито преку Босфорот и Црното Море appeared first on Република.

]]>

Обединетите нации ги повикаа сите потписнички на Договорот за извоз на жито преку Црното Море да ја подобрат ефикасноста на извозот и соопштија дека организацијата не може да биде одговорна за тоа што повеќе од 100 бродови во водите на Турција сè уште чекаат за одобрение за поминување низ Босфорот. Според договорот кој во јули минатата година го потпишаа Русија, Украина, Турција и ОН, инспекцијата на бродовите се врши во турските води на патот кон и од Украина, а сите четири страни заедно работат на инспекција и одобрување на бродовите да вршат извоз.
ОН ги повикуваат сите страни д а работат на отстранување на пречките и подобрување на оперативната ефикасност“, се вели во соопштението на организацијата.
Амбасадорката на САД во ОН Линда Томас-Гринфилд минатата недела изјави дека Русија „намерно ги забавува инспекциите“ и потсети дека според договорот, треба да се извезуваат пет милиони тони храна месечно. Во соопштението на ОН се наведува дека во последните две недели „просечното време на чекање на бродовите меѓу регистрацијата и инспекцијата е 21 ден“, како и дека „се мора да се направи со соработка на сите инволвирани страни, а од Организацијата се обидуваат се да оди што побрзо“. Договорот од јули вклучува олеснување на извозот на храна и ѓубрива од Русија, вклучувајќи и амонијак, а ОН се обидуваат да покренат преговори за испорака на руски амонијак, клучна состојка во нитратното ѓубриво, преку гасовод до украинското пристаниште на Црното Море.

The post ОН бараат поефикасно минување на бродовите со жито преку Босфорот и Црното Море appeared first on Република.

]]>
Путин: Москва го задржува правото да се повлече од Договорот за жито https://republika.mk/vesti/svet/putin-moskva-go-zadrzuva-pravoto-da-se-povleche-od-dogovorot-za-zito/ Wed, 02 Nov 2022 16:09:06 +0000 https://republika.mk/?p=568898

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва го задржува правото да се повлече од Договорот за испорака на жито, но оти доколку го стори тоа, тоа нема да влијае врз испораките жито од Украина во Турција.

Путин рече дека во замена за повторно приклучување кон Договорот, Русија добила гаранции дека Украина нема да извршува напади од деловите на Црното Море опфатени со Договорот.

Прес-службата на Кремљ претходно денеска соопшти дека Путин во телефонски разговор со претседателот на Индонезија, Јоко Видодо, ја потврдил подготвеноста на Русија бесплатно да обезбеди значителни количества жито за најсиромашните земји.

Руското Министерство за одбрана претходно денеска соопшти дека Русија ќе продолжи со учеството во Црноморскиот договор за жито, откако ќе ги добие потребните гаранции од Украина.

Русија во саботата соопшти дека го суспендира своето учество во Договорот за жито по нападот во Севастопол врз воените бродови на Црноморската флота и трговските бродови ангажирани за обезбедување на коридорот за жито.

Договорот што го постигнаа Украина и Русија на 22 јули со посредство на Обединетите нации и Турција, резултираше со извоз на неколку милиони тони прехранбени производи од украинските пристаништа на Црното Море.

The post Путин: Москва го задржува правото да се повлече од Договорот за жито appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва го задржува правото да се повлече од Договорот за испорака на жито, но оти доколку го стори тоа, тоа нема да влијае врз испораките жито од Украина во Турција. Путин рече дека во замена за повторно приклучување кон Договорот, Русија добила гаранции дека Украина нема да извршува напади од деловите на Црното Море опфатени со Договорот. Прес-службата на Кремљ претходно денеска соопшти дека Путин во телефонски разговор со претседателот на Индонезија, Јоко Видодо, ја потврдил подготвеноста на Русија бесплатно да обезбеди значителни количества жито за најсиромашните земји. Руското Министерство за одбрана претходно денеска соопшти дека Русија ќе продолжи со учеството во Црноморскиот договор за жито, откако ќе ги добие потребните гаранции од Украина. Русија во саботата соопшти дека го суспендира своето учество во Договорот за жито по нападот во Севастопол врз воените бродови на Црноморската флота и трговските бродови ангажирани за обезбедување на коридорот за жито. Договорот што го постигнаа Украина и Русија на 22 јули со посредство на Обединетите нации и Турција, резултираше со извоз на неколку милиони тони прехранбени производи од украинските пристаништа на Црното Море.

The post Путин: Москва го задржува правото да се повлече од Договорот за жито appeared first on Република.

]]>
Турското Министерство за одбрана преговара со Киев и Москва за извозoт на жито https://republika.mk/vesti/svet/turskoto-ministerstvo-za-odbrana-pregovara-so-kiev-i-moskva-za-izvozot-na-zito/ Sun, 30 Oct 2022 21:25:55 +0000 https://republika.mk/?p=567583

Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар преговара со претставници на Москва и Киев за продолжување на договорот за извоз на жито од украинските пристаништа. Тоа го објави турското Министерство за одбрана.

Во разговорите е потсетено на важноста од продолжување на иницијативата, која има позитивно влијание врз светот и покажува дека сите кризи може да се решат со добра волја и дијалог. Дополнително, важно е да се избегнат какви било провокации кои би можеле да имаат негативно влијание врз понатамошното функционирање на механизмот, се нагласува во соопштението.

Во соопштението, исто така, се наведува дека бродовите што превезуваат храна нема да ги напуштат пристаништата на Украина бидејќи Русија го прекина учеството во договорот за жито.

Рускиот персонал на Заедничкиот координативен центар (ЗКК) во моментов е во ЗКК. Се прецизира и дека денеска и утре ќе продолжи проверката на бродовите натоварени со жито што чекаат на Босфор.

Москва вчера објави дека го замрзнува учеството во договорот по нападот со беспилотни летала врз руската Црноморска флота на Крим.

The post Турското Министерство за одбрана преговара со Киев и Москва за извозoт на жито appeared first on Република.

]]>

Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар преговара со претставници на Москва и Киев за продолжување на договорот за извоз на жито од украинските пристаништа. Тоа го објави турското Министерство за одбрана. Во разговорите е потсетено на важноста од продолжување на иницијативата, која има позитивно влијание врз светот и покажува дека сите кризи може да се решат со добра волја и дијалог. Дополнително, важно е да се избегнат какви било провокации кои би можеле да имаат негативно влијание врз понатамошното функционирање на механизмот, се нагласува во соопштението. Во соопштението, исто така, се наведува дека бродовите што превезуваат храна нема да ги напуштат пристаништата на Украина бидејќи Русија го прекина учеството во договорот за жито. Рускиот персонал на Заедничкиот координативен центар (ЗКК) во моментов е во ЗКК. Се прецизира и дека денеска и утре ќе продолжи проверката на бродовите натоварени со жито што чекаат на Босфор. Москва вчера објави дека го замрзнува учеството во договорот по нападот со беспилотни летала врз руската Црноморска флота на Крим.

The post Турското Министерство за одбрана преговара со Киев и Москва за извозoт на жито appeared first on Република.

]]>
НАТО: Русија итно да го обнови учеството во договорот за жито https://republika.mk/vesti/svet/nato-rusija-itno-da-go-obnovi-uchestvoto-vo-dogovorot-za-zito/ Sun, 30 Oct 2022 21:04:56 +0000 https://republika.mk/?p=567574

НАТО денеска ја повика Русија што поскоро да го обнови учеството во договорот кој со посредство на ОН овозможи извоз на жито од Украина преку Црното Море.

„Ја повикуваме Русија да ја преиспита својата одлука и итно да го обнови своето учество во договорот за да дозволи храната да стигне до оние на кои им е најпотребна“, рече портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску, а пренесе Ројтерс.

Русија вчера објави дека го прекинува учеството во договорот за жито по нападот во Севастопол врз воените бродови на Црноморската флота и трговските бродови кои беа ангажирани за обезбедување на коридорот за жито.

The post НАТО: Русија итно да го обнови учеството во договорот за жито appeared first on Република.

Захарова: Режимот на Зеленски го саботираше договорот за жито https://republika.mk/vesti/svet/zaharova-rezimot-na-zelenski-go-sabotirashe-dogovorot-za-zito/ Sun, 30 Oct 2022 21:01:29 +0000 https://republika.mk/?p=567568

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска оцени дека режимот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој, како што рече, е предводен од Велика Британија, го саботирал договорот за жито за да ја додаде уцената со прехранбени производи на нуклеарната уцена.

Договорот за жито беше спречен од Зеленски и неговите терористи, предводени од британски шпиони, со цел да се додаде уцена со храна на нуклеарната уцена. Немаат доволно пари и оружје. Ним им треба повеќе смрт, рече Захарова коментирајќи ја изјавата на украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, кој рече дека Русија, со суспендирањето на учеството во договорот за жито, ја блокира храната за седум милиони луѓе, пренесе ТАСС.

Русија вчера објави дека го прекинува учеството во договорот за жито по вчерашниот напад во Севастопол врз воените бродови на Црноморската флота и врз трговските бродови кои беа ангажирани за обезбедување на коридорот за жито.

The post Захарова: Режимот на Зеленски го саботираше договорот за жито appeared first on Република.

Русија блокира 218 бродови со украинско жито откако истапи од договорот за извоз на жито https://republika.mk/vesti/svet/rusija-blokira-218-brodovi-so-ukrainsko-zito-otkako-istapi-od-dogovorot-za-izvoz-na-zito/ Sun, 30 Oct 2022 18:20:40 +0000 https://republika.mk/?p=567518

Поради одлуката на Русија да го прекине учеството во договорот за извоз на жито, блокирани се 218 бродови, соопшти денеска украинското Министерство за инфраструктура.

Бидејќи Украина немала дозвола од заедничкиот координативен центар да помине низ безбедниот коридор, 218 пловни објекти биле блокирани на нивните сегашни позиции, објави Министерството на Телеграм.

Министерството наведува дека 95 натоварени бродови што ги напуштиле украинските пристаништа чекаат на проверка за испорака до крајниот потрошувач, а 101 празен брод чекаат на проверка на влезот во украинските пристаништа.

Наведено е и дека 22 брода со земјоделска стока чекаат да ги напуштат украинските пристаништа.

The post Русија блокира 218 бродови со украинско жито откако истапи од договорот за извоз на жито appeared first on Република.

]]>

Поради одлуката на Русија да го прекине учеството во договорот за извоз на жито, блокирани се 218 бродови, соопшти денеска украинското Министерство за инфраструктура. Бидејќи Украина немала дозвола од заедничкиот координативен центар да помине низ безбедниот коридор, 218 пловни објекти биле блокирани на нивните сегашни позиции, објави Министерството на Телеграм. Министерството наведува дека 95 натоварени бродови што ги напуштиле украинските пристаништа чекаат на проверка за испорака до крајниот потрошувач, а 101 празен брод чекаат на проверка на влезот во украинските пристаништа. Наведено е и дека 22 брода со земјоделска стока чекаат да ги напуштат украинските пристаништа.

The post Русија блокира 218 бродови со украинско жито откако истапи од договорот за извоз на жито appeared first on Република.

]]>
Уште четири бродови со жито испловија од Украина https://republika.mk/vesti/svet/ushte-chetiri-brodovi-so-zito-isplovija-od-ukraina/ Wed, 07 Sep 2022 19:55:12 +0000 https://republika.mk/?p=548455

Уште четири брода ги напуштија украинските пристаништа според Договорот за извоз на жито од Истанбул, соопшти денеска турското Министерство за национална одбрана, јави агенцијата Анадолија.

Во соопштението на Министерството, во кое не се откриени точките на поаѓање или дестинациите на бродовите, се вели дека пратките од украинските пристаништа продолжуваат според планираното.

Турција, ОН, Русија и Украина на 22 јули во Истанбул потпишаа договор за продолжување на извозот на жито од три украински пристаништа во Црното Море, кој беше прекинат по почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари.

Во Истанбул беше формиран Заеднички координативен центар со официјални претставници од трите земји и ОН за надгледување на испораките.

Од првиот брод што исплови според договорот на 1 август, досега најмалку 100 брода пренесоа над 2,5 милиони тони земјоделски производи од Украина, информира Анадолија.

The post Уште четири бродови со жито испловија од Украина appeared first on Република.

]]>

Уште четири брода ги напуштија украинските пристаништа според Договорот за извоз на жито од Истанбул, соопшти денеска турското Министерство за национална одбрана, јави агенцијата Анадолија. Во соопштението на Министерството, во кое не се откриени точките на поаѓање или дестинациите на бродовите, се вели дека пратките од украинските пристаништа продолжуваат според планираното. Турција, ОН, Русија и Украина на 22 јули во Истанбул потпишаа договор за продолжување на извозот на жито од три украински пристаништа во Црното Море, кој беше прекинат по почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари. Во Истанбул беше формиран Заеднички координативен центар со официјални претставници од трите земји и ОН за надгледување на испораките. Од првиот брод што исплови според договорот на 1 август, досега најмалку 100 брода пренесоа над 2,5 милиони тони земјоделски производи од Украина, информира Анадолија.

The post Уште четири бродови со жито испловија од Украина appeared first on Република.

]]>
Во Истанбул почна со работа Заедничкиот координативен центар за извоз на жито од Украина https://republika.mk/vesti/svet/vo-istanbul-pochna-so-rabota-zaednichkiot-koordinativen-centar-za-izvoz-na-zito-od-ukraina/ Tue, 26 Jul 2022 15:33:15 +0000 https://republika.mk/?p=533433

Во Истанбул почна со работа заедничкиот координативен центар формиран според договорот за продолжување на извозот на жито од пристаништата во Украина. Свеченото отворање на центарот ќе се одржи утре со обраќање на турскиот министер за одбрана Хулуси Акар.

Заедничкиот координативен центар е формиран според договорите што Русија и Украина ги потпишаа одвоено со Турција и Обединетите нации пред четири дена. Како што се наведува во соопштението, ова ја отвора вратата за извоз на милиони тони украинско жито преку Црното Море, како и руско жито и ѓубриво.

Обединетите нации (ОН) претходно соопштија дека извозот на жито од Украина треба да почне во наредните денови и во исто време го осудија руското гранатирање на Одеса само неколку часа по договорот за обновување на извозот на жито.

Житарки ќе се извезуваат од Одеса, Черноморск и Јужни - најави портпаролот на ОН Фахран Кан и додаде дека ОН сакаат да обезбедат услови за безбедно патување на бродовите.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија не презела никакви обврски при потпишувањето на договорот во Истанбул, што ќе ѝ забранат да ја извршува специјална операција, како и уништување на воена инфраструктура и други воени цели.

Москва соопшти дека ударите на воените инсталации во Одеса не треба да влијаат на договорот за извоз на жито, што е во спротивност со соопштението на Белата куќа, која по осудите изрази сомнеж дека нападот го доведува во прашање договорот за жито меѓу Москва и Киев.

The post Во Истанбул почна со работа Заедничкиот координативен центар за извоз на жито од Украина appeared first on Република.

]]>

Во Истанбул почна со работа заедничкиот координативен центар формиран според договорот за продолжување на извозот на жито од пристаништата во Украина. Свеченото отворање на центарот ќе се одржи утре со обраќање на турскиот министер за одбрана Хулуси Акар. Заедничкиот координативен центар е формиран според договорите што Русија и Украина ги потпишаа одвоено со Турција и Обединетите нации пред четири дена. Како што се наведува во соопштението, ова ја отвора вратата за извоз на милиони тони украинско жито преку Црното Море, како и руско жито и ѓубриво. Обединетите нации (ОН) претходно соопштија дека извозот на жито од Украина треба да почне во наредните денови и во исто време го осудија руското гранатирање на Одеса само неколку часа по договорот за обновување на извозот на жито.
Житарки ќе се извезуваат од Одеса, Черноморск и Јужни - најави портпаролот на ОН Фахран Кан и додаде дека ОН сакаат да обезбедат услови за безбедно патување на бродовите.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Русија не презела никакви обврски при потпишувањето на договорот во Истанбул, што ќе ѝ забранат да ја извршува специјална операција, како и уништување на воена инфраструктура и други воени цели. Москва соопшти дека ударите на воените инсталации во Одеса не треба да влијаат на договорот за извоз на жито, што е во спротивност со соопштението на Белата куќа, која по осудите изрази сомнеж дека нападот го доведува во прашање договорот за жито меѓу Москва и Киев.

The post Во Истанбул почна со работа Заедничкиот координативен центар за извоз на жито од Украина appeared first on Република.

]]>
Путин: Русија не го спречува извозот на украинското жито, Украина има начини за такво нешто https://republika.mk/vesti/svet/putin-rusija-ne-go-sprechuva-izvozot-na-ukrainskoto-zito-ukraina-ima-nachini-za-takvo-neshto/ Fri, 03 Jun 2022 18:35:28 +0000 https://republika.mk/?p=510817

Рускиот претседател Владимир Путин негираше дека Москва го спречува извозот на украинско жито.

Што се однесува до извозот на украинското жито, ние не се мешаме во тоа. А има неколку начини за извоз на жито - порача Путин.

Според него, првиот начин е извоз преку пристаништата кои се под контрола на Украина, пред сè пристаништата во црноморскиот басен, Одеса и блиските пристаништа.

Ние не ги миниравме приодите кон пристаништата. Украина ги минира - изјави Путин

Рускиот претседател го спомена и извозот на жито преку Белорусија како една од извозните можности, нешто што, како што вели Путин, никој не ја спречува Украина да го напарави.

Но, за тоа мора да се укинат санкциите против Белорусија - изјави рускиот претседател.

Според Путин, „кратковидата политика на европските земји довела до криза во енергетскиот сектор“.

Тој истакна дека целокупната ситуација на Запад довела до недоволно инвестирање во енергетскиот сектор, како и дека цените се зголемени.

Исто така гледаме и обиди да се префрли врз Русија одговорноста за она што се случува на пазарот на храна, но овде се работи за замена на тезите - порача Путин.

Според него, санкциите против Москва се „кратковида, глупава и погрешна политика која води во ќорсокак“.

The post Путин: Русија не го спречува извозот на украинското жито, Украина има начини за такво нешто appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин негираше дека Москва го спречува извозот на украинско жито.
Што се однесува до извозот на украинското жито, ние не се мешаме во тоа. А има неколку начини за извоз на жито - порача Путин.
Според него, првиот начин е извоз преку пристаништата кои се под контрола на Украина, пред сè пристаништата во црноморскиот басен, Одеса и блиските пристаништа.
Ние не ги миниравме приодите кон пристаништата. Украина ги минира - изјави Путин
Рускиот претседател го спомена и извозот на жито преку Белорусија како една од извозните можности, нешто што, како што вели Путин, никој не ја спречува Украина да го напарави.
Но, за тоа мора да се укинат санкциите против Белорусија - изјави рускиот претседател.
Според Путин, „кратковидата политика на европските земји довела до криза во енергетскиот сектор“. Тој истакна дека целокупната ситуација на Запад довела до недоволно инвестирање во енергетскиот сектор, како и дека цените се зголемени.