извоз на храна Archives - Република https://republika.mk/tema/izvoz-na-hrana/ За подобро да се разбереме Fri, 04 Nov 2022 08:04:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png извоз на храна Archives - Република https://republika.mk/tema/izvoz-na-hrana/ 32 32 Лавров ги повика ОН да помогнат во извозот на руска храна https://republika.mk/vesti/svet/lavrov-gi-povika-on-da-pomognat-vo-izvozot-na-ruska-hrana/ Fri, 04 Nov 2022 08:04:34 +0000 https://republika.mk/?p=569391

Официјална Москва ги повика Обединетите нации, кои го спонзорираа договорот за обновување на извозот на украинско жито, да помогнат во исполнувањето на делови од договорот кои се однесуваат на олеснување на извозот на руска храна и ѓубрива.

Договорот истекува на 19 ноември и Москва јасно стави до знаење дека не верува дека е направено доволно за да може да ги извезува своите големи резерви на храна и ѓубрива и покрај санкциите на Западот поради војната во Украина.

Русија го прекина учеството во иницијативата поради нападот во Севастопол, но се врати на договорот, обезбедувајќи малку за возврат и ветувајќи дека нема да ги блокира пратките од Украина доколку повторно се повлече.

И натаму не гледаме никакви резултати во однос на вториот аспект: отстранување на пречките за извоз на руско ѓубриво и жито. Уште еднаш го повикавме генералниот секретар на ОН да ги исполни обврските на кои се согласи самоиницијативно, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на прес-конференција во Аман.

Лавров истакна дека ситуацијата треба да се реши „во многу блиска иднина“.

Во блиска иднина треба да се преземат најсериозни чекори за да се одржи договорот, особено во вториот дел, бидејќи количината на ѓубриво и жито што се извезува од Русија е неспоредливо поголема од онаа од Украина, порача Лавров.

The post Лавров ги повика ОН да помогнат во извозот на руска храна appeared first on Република.

]]>

Официјална Москва ги повика Обединетите нации, кои го спонзорираа договорот за обновување на извозот на украинско жито, да помогнат во исполнувањето на делови од договорот кои се однесуваат на олеснување на извозот на руска храна и ѓубрива. Договорот истекува на 19 ноември и Москва јасно стави до знаење дека не верува дека е направено доволно за да може да ги извезува своите големи резерви на храна и ѓубрива и покрај санкциите на Западот поради војната во Украина. Русија го прекина учеството во иницијативата поради нападот во Севастопол, но се врати на договорот, обезбедувајќи малку за возврат и ветувајќи дека нема да ги блокира пратките од Украина доколку повторно се повлече.