извод од матична книга на родени Archives - Република https://republika.mk/tema/izvod-od-matichna-kniga-na-rodeni/ За подобро да се разбереме Tue, 08 Aug 2023 16:21:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png извод од матична книга на родени Archives - Република https://republika.mk/tema/izvod-od-matichna-kniga-na-rodeni/ 32 32 Граѓаните без документи добија извод од матична книга на родени https://republika.mk/vesti/makedonija/graganite-bez-dokumenti-dobija-izvod-od-matichna-kniga-na-rodeni/ Tue, 08 Aug 2023 16:21:34 +0000 https://republika.mk/?p=670096

Во Управата за водење на матични книги на околу 112 граѓани без документи денеска им се врши дополнување на документацијата за добивање на извод од матична книга на родени, а на десетина од нив им се врачени изводите. До крајот на годината, сите 540 ќе бидат запишани во матична книга на родени, изјави директорот на Управата за водење на матични книги Емир Сулејмани.

Сулејмани додава дека оваа постапка треба да биде завршена до крајот на 2023 година, со што сите 540 граѓани без документи ќе бидат запишани во редовна матична книга на родени.

Повикувајќи се на деценискиот проблем што го имаат одредена група на граѓани, кои имаат елементарни потреби од социјално, здравствено и други услуги, ние како Управа за водење на матични книги пред одредено време формиравме работна група. Задача на работната група беше на поедноставен и поефикасен начин да им излеземе во пресрет на таргетираната група, луѓето кои не се запишани и немаат извод во матична книга на родени. Работната група се состои од повеќе членови, експерти, вработени во Управата, помал број тука од редакцијата а поголемиот број од регионалните единици. Со текот на времето се отвори и можност да се изврши изменување и дополнување на Законот за матична евиденција, рече денеска Сулејмани.

Како што посочи, со помош на Министерството за правда, невладините организации УНХЦР и ОБСЕ, и Центарот за социјални работи, се изготви изменување и дополнување на Предлог законот, а Собранието ги изгласа предлог измените.

Во Законот предвидени се преодни и завршни одредби кои што определуваат точни рокови како треба да иде целата постапка и динамика. Ние до крајот на 2023 година оваа постапка треба да ја завршиме и сите лица кои ги има во нашите евиденција треба да бидат запишани во редовна матична книга на родени. Денеска ние спроведуваме акциски план со помош на невладини организации, околу 112 лица вршат дополнување на документација, рече Сулејмани.

Тој додаде дека на одреден број од граѓаните, веќе денеска на рака ќе им се издаде извод од матична книга на родени, а во следниот период ќе добијат и граѓаните кои имаат таксативни барања кои се во рамките на законските измени. Позитивно е, како што рече, што во предлог измените на законот тргнати се ДНК и отежувачките околности за добивање на документи.

Доколку странката не поседува ниту свидетелство, ниту пријава од болница, потребни се три изјави изготвени со правилник, кои од вчера официјални се објавени во службеник весник, и секој граѓанин со изјави од двајца сведоци ќе може да го докаже својот идентитет и ќе биде запишан во редовна матична книга на родени“, рече Сулејмани.

Тој упати апел до сите кои претходно се пријавени на јавниот повик, да дојдат во канцелариите на Управата.

Мислам дека до крајот на годината кога ќе ги завршиме сите работи, ќе бидеме прва држава во Европа која ќе нема нерегистрирани лица, додаде тој.

Адвокатката Маја Ристовска Стојановска, полномошник на лицето Селвет Етемовска, изјави дека благодарение на овие законски измени, за првпат денеска Етемовска ќе добие извод од матична книга на родени и ќе може да ја продолжи постапката пред МВР каде ќе може да добие документи за идентификација.

Етемовска е родена пред 24 години и до сега нема утврдено идентитет, односно не е запишана во редовната матична книга на родени. Оваа постапка што е поведена и се применува е многу значајна, затоа што ќе можат да ги решават своите животни прашања. Во конретниот случај, Селвет веќе е соживеана со друго лице и не може да склучи брак. Има деца кои што не може во изводот на матична книга на родени затоа што таа нема идентитет. Со оваа постапка, решенија кои што се нудат, денеска Селвет ќе добие извод од матична книга на родени и за едното детенце. Се дава простор да може да не се раѓаат нови лица со незапишан идентитет, туку едноставно ова решение да биде од траен карактер, рече Стојановска.

Етемовска за МИА изјави дека е многу благодарна за можноста да добие извод, што ќе и помогне во однос на здравствено осигурување, но и да може да работи.

 

The post Граѓаните без документи добија извод од матична книга на родени appeared first on Република.

]]>

Во Управата за водење на матични книги на околу 112 граѓани без документи денеска им се врши дополнување на документацијата за добивање на извод од матична книга на родени, а на десетина од нив им се врачени изводите. До крајот на годината, сите 540 ќе бидат запишани во матична книга на родени, изјави директорот на Управата за водење на матични книги Емир Сулејмани. Сулејмани додава дека оваа постапка треба да биде завршена до крајот на 2023 година, со што сите 540 граѓани без документи ќе бидат запишани во редовна матична книга на родени.
Повикувајќи се на деценискиот проблем што го имаат одредена група на граѓани, кои имаат елементарни потреби од социјално, здравствено и други услуги, ние како Управа за водење на матични книги пред одредено време формиравме работна група. Задача на работната група беше на поедноставен и поефикасен начин да им излеземе во пресрет на таргетираната група, луѓето кои не се запишани и немаат извод во матична книга на родени. Работната група се состои од повеќе членови, експерти, вработени во Управата, помал број тука од редакцијата а поголемиот број од регионалните единици. Со текот на времето се отвори и можност да се изврши изменување и дополнување на Законот за матична евиденција, рече денеска Сулејмани.
Како што посочи, со помош на Министерството за правда, невладините организации УНХЦР и ОБСЕ, и Центарот за социјални работи, се изготви изменување и дополнување на Предлог законот, а Собранието ги изгласа предлог измените.
Во Законот предвидени се преодни и завршни одредби кои што определуваат точни рокови како треба да иде целата постапка и динамика. Ние до крајот на 2023 година оваа постапка треба да ја завршиме и сите лица кои ги има во нашите евиденција треба да бидат запишани во редовна матична книга на родени. Денеска ние спроведуваме акциски план со помош на невладини организации, околу 112 лица вршат дополнување на документација, рече Сулејмани.
Тој додаде дека на одреден број од граѓаните, веќе денеска на рака ќе им се издаде извод од матична книга на родени, а во следниот период ќе добијат и граѓаните кои имаат таксативни барања кои се во рамките на законските измени. Позитивно е, како што рече, што во предлог измените на законот тргнати се ДНК и отежувачките околности за добивање на документи.
Доколку странката не поседува ниту свидетелство, ниту пријава од болница, потребни се три изјави изготвени со правилник, кои од вчера официјални се објавени во службеник весник, и секој граѓанин со изјави од двајца сведоци ќе може да го докаже својот идентитет и ќе биде запишан во редовна матична книга на родени“, рече Сулејмани.
Тој упати апел до сите кои претходно се пријавени на јавниот повик, да дојдат во канцелариите на Управата.
Мислам дека до крајот на годината кога ќе ги завршиме сите работи, ќе бидеме прва држава во Европа која ќе нема нерегистрирани лица, додаде тој.
Адвокатката Маја Ристовска Стојановска, полномошник на лицето Селвет Етемовска, изјави дека благодарение на овие законски измени, за првпат денеска Етемовска ќе добие извод од матична книга на родени и ќе може да ја продолжи постапката пред МВР каде ќе може да добие документи за идентификација.
Етемовска е родена пред 24 години и до сега нема утврдено идентитет, односно не е запишана во редовната матична книга на родени. Оваа постапка што е поведена и се применува е многу значајна, затоа што ќе можат да ги решават своите животни прашања. Во конретниот случај, Селвет веќе е соживеана со друго лице и не може да склучи брак. Има деца кои што не може во изводот на матична книга на родени затоа што таа нема идентитет. Со оваа постапка, решенија кои што се нудат, денеска Селвет ќе добие извод од матична книга на родени и за едното детенце. Се дава простор да може да не се раѓаат нови лица со незапишан идентитет, туку едноставно ова решение да биде од траен карактер, рече Стојановска.
Етемовска за МИА изјави дека е многу благодарна за можноста да добие извод, што ќе и помогне во однос на здравствено осигурување, но и да може да работи.  

The post Граѓаните без документи добија извод од матична книга на родени appeared first on Република.

]]>
Дескоска: Графата за националност во изводот не е законска https://republika.mk/vesti/makedonija/deskoska-grafata-za-natsionalnost-vo-izvodot-ne-e-zakonska/ Tue, 04 Jul 2023 08:19:58 +0000 https://republika.mk/?p=657935

Поранешната министерка за правда и професорката по уставно право и политички систем, Рената Дескоска вели дека одлуката на Уставниот суд да го преиспитува новото Упатство за матични книги во кое има графа за националност, а кое го потпиша новиот министер за правда, Кренар Лога, е добра вест и таа очекува тоа да биде поништено.

Професорката објаснува дека сензитивните податоци за етничката припадност, религијата, политичката припадност, сексуалната ориентација не смеат да се најдат во документ, туку само во матичната книга, затоа што Македонија е потписник на неколку меѓународни документи за заштита на податоците.

Етничката припадност спаѓа во групата на „сензитивни“ податоци кои подлежат на посебна заштита согласно правилата за заштита на лични податоци. Други такви податоци се податоци за религиозна припадност, политичка определба, здравствена состојба, сексуална ориентација и сл. Нашата држава е потписник на Конвенцијата за заштита на лица во однос на автоматска обработка на лични податоци, а јас лично во декември 2019 го потпишав и Протоколот за нејзина измена со кој дополнително се зајакнува заштитата на овие чувствителни податоци. Тој Протокол е ратификуван во Собранието во јуни 2021 и е задолжителен за нас, пишува Дескоска.

Професорката сметка дека според уставните одредби, меѓународните договори што се ратификувани согласно со уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со закон, а уште помалку со упатство.

Значи нашиот устав ги става меѓународните договори под уставот, но над законите. Согласно ова, јас очекував дека надлежното министерство ќе предложи измена на Законот за матична евиденција, заради усогласување со меѓународните обврски, а не измена на упатството за примена на законот. Ова што се случува во моментот е ретрограден процес и непочитување на меѓународните обврски кои сме ги презеле како држава.

Законот за матична евиденција, кој е донесен во 1995 година предвидува во матичната книга да се води податок за националност на родителите. Првото упатство за примена на законот е донесено во 2010 година и со него е предвидено во матичната книга да се води графа за националност, но во образецот за извод од матичната книга не е предвидена оваа графа. Со тоа законот е испочитуван, без да се споделуваат сензитивни податоци пред поширок круг на луѓе, каде ќе се користи изводот. Изгледа дека во 2010, тогашниот министер имал повеќе сенс за меѓународните трендови на заштита на човековите права, од денес во 2023 година. Значи со упатството од 2010 кое е изменето и дополнето во 2015 година, беше предвидено решение, законската одредба да се примени на матичната книга, а со оглед на тоа што законот не предвидува што содржи изводот, во изводот кој е во поширока употреба, да не се споделуваат сензитивни податоци, како што е етничката припадност.

Исто така сакам да потсетам дека ние сме и потписник на Рамковната конвенција за национални малцинства и нашето Собрание ја има ратификувано во 1997 година. Советодавниот комитет за Рамковната конвенција за национални малцинства, го критикува задолжителното назначување на етничката припадност во личните документи, или во внатрешните записи кои ги води администрацијата, вклучувајќи ја полицијата и здравствените власти, како спротивни на правото на самоидентификација и тоа може да се прочита во нивните толкувања на Конвенцијата“, вели таа.

Ова доаѓа откако министерот за правда Кренар Лога на крајот на мај го потпиша упатството за измена на изводите од матичната книга на родени, венчани и починати во кои веќе се наоѓа и изјаснувањето по етничката припадност. Објаснувањето на Лога тогаш беше дека на овој начин Министерството за правда сака да му стави крај на проблемот со лажните декларирања на етничката припадност при вработување и злоупотреба на балансерот за правична етничка застапеност во одредени институции.

The post Дескоска: Графата за националност во изводот не е законска appeared first on Република.

]]>

Поранешната министерка за правда и професорката по уставно право и политички систем, Рената Дескоска вели дека одлуката на Уставниот суд да го преиспитува новото Упатство за матични книги во кое има графа за националност, а кое го потпиша новиот министер за правда, Кренар Лога, е добра вест и таа очекува тоа да биде поништено. Професорката објаснува дека сензитивните податоци за етничката припадност, религијата, политичката припадност, сексуалната ориентација не смеат да се најдат во документ, туку само во матичната книга, затоа што Македонија е потписник на неколку меѓународни документи за заштита на податоците. Етничката припадност спаѓа во групата на „сензитивни“ податоци кои подлежат на посебна заштита согласно правилата за заштита на лични податоци. Други такви податоци се податоци за религиозна припадност, политичка определба, здравствена состојба, сексуална ориентација и сл. Нашата држава е потписник на Конвенцијата за заштита на лица во однос на автоматска обработка на лични податоци, а јас лично во декември 2019 го потпишав и Протоколот за нејзина измена со кој дополнително се зајакнува заштитата на овие чувствителни податоци. Тој Протокол е ратификуван во Собранието во јуни 2021 и е задолжителен за нас, пишува Дескоска. Професорката сметка дека според уставните одредби, меѓународните договори што се ратификувани согласно со уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со закон, а уште помалку со упатство. Значи нашиот устав ги става меѓународните договори под уставот, но над законите. Согласно ова, јас очекував дека надлежното министерство ќе предложи измена на Законот за матична евиденција, заради усогласување со меѓународните обврски, а не измена на упатството за примена на законот. Ова што се случува во моментот е ретрограден процес и непочитување на меѓународните обврски кои сме ги презеле како држава. Законот за матична евиденција, кој е донесен во 1995 година предвидува во матичната книга да се води податок за националност на родителите. Првото упатство за примена на законот е донесено во 2010 година и со него е предвидено во матичната книга да се води графа за националност, но во образецот за извод од матичната книга не е предвидена оваа графа. Со тоа законот е испочитуван, без да се споделуваат сензитивни податоци пред поширок круг на луѓе, каде ќе се користи изводот. Изгледа дека во 2010, тогашниот министер имал повеќе сенс за меѓународните трендови на заштита на човековите права, од денес во 2023 година. Значи со упатството од 2010 кое е изменето и дополнето во 2015 година, беше предвидено решение, законската одредба да се примени на матичната книга, а со оглед на тоа што законот не предвидува што содржи изводот, во изводот кој е во поширока употреба, да не се споделуваат сензитивни податоци, како што е етничката припадност. Исто така сакам да потсетам дека ние сме и потписник на Рамковната конвенција за национални малцинства и нашето Собрание ја има ратификувано во 1997 година. Советодавниот комитет за Рамковната конвенција за национални малцинства, го критикува задолжителното назначување на етничката припадност во личните документи, или во внатрешните записи кои ги води администрацијата, вклучувајќи ја полицијата и здравствените власти, како спротивни на правото на самоидентификација и тоа може да се прочита во нивните толкувања на Конвенцијата“, вели таа. Ова доаѓа откако министерот за правда Кренар Лога на крајот на мај го потпиша упатството за измена на изводите од матичната книга на родени, венчани и починати во кои веќе се наоѓа и изјаснувањето по етничката припадност. Објаснувањето на Лога тогаш беше дека на овој начин Министерството за правда сака да му стави крај на проблемот со лажните декларирања на етничката припадност при вработување и злоупотреба на балансерот за правична етничка застапеност во одредени институции.

The post Дескоска: Графата за националност во изводот не е законска appeared first on Република.

]]>
Министерот за правда на Фејсбук се пофали со новиот двојазичен извод од матичната книга на родени https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-za-pravda-na-fejsbuk-se-pofali-so-noviot-dvojazichen-izvod-od-matichnata-kniga-na-rodeni/ Fri, 30 Jun 2023 19:27:47 +0000 https://republika.mk/?p=657001

Министерот за правда, Кренар Лога на својот Фејсбук профил се пофали со својот извод од матичната книга на родени, издаден на 27 месецов, според новите правила - двојазичен.

На крајот на минатиот месец министерот за правда Кренар Лога го потпиша Упатството за изменување и дополнување на Упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи; издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги; водење постапка и составување на записник за најдено дете; обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матични книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги, каде ќе стои графа за етничка припадност.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-loga-potvrdi-vo-grafata-natsionalnost-ke-stoi-makedonets-i-makedonka/

Ова Упатство ќе стапи на сила по истекот на 8 дена од објавувањето во Служнбен весник за изводите на родените додека за другите изводи поради финансиски импликации, Упатството ќе започне да се применува од 1 јануари 2024 година.

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска пред неколку дена порача дека упатството за водење на матична евиденција е спротивно на Уставот и има одредби кои го кршат Уставот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/upatstvoto-za-vodene-na-matichna-evidentsija-na-masa-na-ustavniot-sud-na-5-juli/

The post Министерот за правда на Фејсбук се пофали со новиот двојазичен извод од матичната книга на родени appeared first on Република.

]]>

Министерот за правда, Кренар Лога на својот Фејсбук профил се пофали со својот извод од матичната книга на родени, издаден на 27 месецов, според новите правила - двојазичен. На крајот на минатиот месец министерот за правда Кренар Лога го потпиша Упатството за изменување и дополнување на Упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи; издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги; водење постапка и составување на записник за најдено дете; обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матични книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги, каде ќе стои графа за етничка припадност. https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-loga-potvrdi-vo-grafata-natsionalnost-ke-stoi-makedonets-i-makedonka/ Ова Упатство ќе стапи на сила по истекот на 8 дена од објавувањето во Служнбен весник за изводите на родените додека за другите изводи поради финансиски импликации, Упатството ќе започне да се применува од 1 јануари 2024 година. Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска пред неколку дена порача дека упатството за водење на матична евиденција е спротивно на Уставот и има одредби кои го кршат Уставот. https://republika.mk/vesti/makedonija/upatstvoto-za-vodene-na-matichna-evidentsija-na-masa-na-ustavniot-sud-na-5-juli/

The post Министерот за правда на Фејсбук се пофали со новиот двојазичен извод од матичната книга на родени appeared first on Република.

]]>
Министерот Лога потврди: Во графата националност ќе стои Македонец и Македонка https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-loga-potvrdi-vo-grafata-natsionalnost-ke-stoi-makedonets-i-makedonka/ Tue, 30 May 2023 10:25:23 +0000 https://republika.mk/?p=646099

Во графата „националност“ ќе стои Македонец/Македонка, Албанец/Албанка и тоа е според Законот за матична евиденција, изјави за „Пресинг ТВ“, министерот за правда Кренар Лога.

Дилемата се јави, откако вчера министерот го потпиша Упатството за изменување и дополнување на Упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи; издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги; водење постапка и составување на записник за најдено дете; обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матични книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги, каде ќе стои графа за етничка припадност.

Во формуларот стои „националност“, што произлегува, според министерот, од постоечките законски одредби, а не етничка припадност.

– Законот за матична евиденција не е изменет и навистина не знам од кои причини до сега не е користена именката Македонец/Македонка,  изјави министерот Лога за Pressing TV.

https://republika.mk/vesti/makedonija/trite-tsrti-zaminuvaat-vo-istorijata-se-vraka-li-makedonetsot-vo-lichnite-dokumenti/

The post Министерот Лога потврди: Во графата националност ќе стои Македонец и Македонка appeared first on Република.

]]>

Во графата „националност“ ќе стои Македонец/Македонка, Албанец/Албанка и тоа е според Законот за матична евиденција, изјави за „Пресинг ТВ“, министерот за правда Кренар Лога. Дилемата се јави, откако вчера министерот го потпиша Упатството за изменување и дополнување на Упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи; издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги; водење постапка и составување на записник за најдено дете; обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матични книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги, каде ќе стои графа за етничка припадност. Во формуларот стои „националност“, што произлегува, според министерот, од постоечките законски одредби, а не етничка припадност.
– Законот за матична евиденција не е изменет и навистина не знам од кои причини до сега не е користена именката Македонец/Македонка,  изјави министерот Лога за Pressing TV.
https://republika.mk/vesti/makedonija/trite-tsrti-zaminuvaat-vo-istorijata-se-vraka-li-makedonetsot-vo-lichnite-dokumenti/

The post Министерот Лога потврди: Во графата националност ќе стои Македонец и Македонка appeared first on Република.

]]>
Лога го потпиша Упатството со кое се предвидува да стои графа за етничка припадност во изводите https://republika.mk/vesti/makedonija/loga-go-potpisha-upatstvoto-so-koe-se-predviduva-da-stoi-grafa-za-etnichka-pripadnost-vo-izvodite/ Mon, 29 May 2023 14:22:51 +0000 https://republika.mk/?p=645811

Министерот за правда Кренар Лога го потпиша Упатството за изменување и дополнување на Упатството   за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи; издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги; водење постапка и составување на записник за најдено дете; обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матични книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги, каде ќе стои графа за етничка припадност.

https://republika.mk/vesti/makedonija/etnichkata-pripadnost-ke-se-najde-na-izvodite-na-rodeni-venchani-i-pochinati-2/
Ова Упатство ќе стапи на сила по истекот на 8 дена од објавувањето во Служнбен весник за изводите на родените додека за другите изводи поради финансиски импликации, Упатството ќе започне да се применува од 1 јануари 2024 година.

The post Лога го потпиша Упатството со кое се предвидува да стои графа за етничка припадност во изводите appeared first on Република.

]]>

Министерот за правда Кренар Лога го потпиша Упатството за изменување и дополнување на Упатството   за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи; издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги; водење постапка и составување на записник за најдено дете; обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матични книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги, каде ќе стои графа за етничка припадност. https://republika.mk/vesti/makedonija/etnichkata-pripadnost-ke-se-najde-na-izvodite-na-rodeni-venchani-i-pochinati-2/ Ова Упатство ќе стапи на сила по истекот на 8 дена од објавувањето во Служнбен весник за изводите на родените додека за другите изводи поради финансиски импликации, Упатството ќе започне да се применува од 1 јануари 2024 година.

The post Лога го потпиша Упатството со кое се предвидува да стои графа за етничка припадност во изводите appeared first on Република.

]]>