Израел Кац Archives - Република https://republika.mk/tema/izrael-kats/ За подобро да се разбереме Thu, 25 Jul 2024 16:39:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Израел Кац Archives - Република https://republika.mk/tema/izrael-kats/ 32 32 Уапсен е џихадист во Франција, Израел предупредува: Иран планира напад за време на ОИ https://republika.mk/vesti/svet/uapsen-e-dhihadist-vo-frantsija-izrael-predupreduva-iran-planira-napad-za-vreme-na-oi/ Thu, 25 Jul 2024 16:39:40 +0000 https://republika.mk/?p=800273

Шефот на израелската дипломатија Израел Кац денеска во дипломатска нота го предупреди француското Министерство за надворешни работи за потенцијалната закана од тероризам и се заблагодари на француската влада за обезбедувањето дополнителна безбедност за заштита на израелските спортисти и туристи.

„Имаме разузнавачки информации кои укажуваат дека ирански оперативци и други терористички групи планираат да нападнат членови на израелската делегација и израелски туристи“, рече Кац.

Предупредувањето дојде откако полицијата во Франција уапси џихадист под сомнение дека планирал терористички напад на Олимпијадата.

18-годишен џихадист е уапсен во регионот Жиронд, департман на крајниот запад на Франција. Уапсен е утрово, а полицијата кај него пронашла докази за џихадистичка идеологија.

Инспекторите потврдија за локалните медиуми дека тој е поврзан со друг маж, исто така 18-годишен, кој бил уапсен во вторникот. Двајцата комуницирале преку шифрирана мрежа за пораки. Тие напишале дека сакале да извршат напад за време на Олимписките игри.

Апсењето на џихадистот го потврди и Жералд Дарманин, францускиот министер за внатрешни работи. Тој не кажа дали цел на нападот бил Париз или некој друг град во кој ќе се одржуваат натпреварите.

„Се уште работиме на случајот, избегнуваме да даваме детали, но има поврзаност“, рече министерот.

Предупредувањето од израелските власти дојде откако Иран го осуди приемот и заштитата на израелските спортисти за време на натпреварот во Париз, барајќи тие да бидат исфрлени од Олимпијадата поради војната во Појасот Газа.

„Да се ​​објави прием и заштита на делегацијата на терористичкиот ционистички режим на апартхејдот е да се даде легитимитет на убијците на деца“, соопшти иранското Министерство за надворешни работи, додавајќи:

„Тие не заслужуваат да бидат на Олимпијадата во Париз поради војната против невиниот народ во Газа.“

Француските власти спречија неколку заговори за извршување напади за време на Олимпијадата, вклучително и апсење на руски заговор за „дестабилизација на Олимпијадата“ која трае до 11 август.

Тој беше обвинет дека извршувал разузнавачка работа по налог на странска земја со цел да предизвика непријателства во Франција. За ова дело е предвидена казна од 30 години затвор.

За време на Олимписките игри во Париз ќе бидат распоредени дури 75.000 полицајци и војници кои ќе се погрижат сѐ да помине без проблеми.

The post Уапсен е џихадист во Франција, Израел предупредува: Иран планира напад за време на ОИ appeared first on Република.

]]>

Шефот на израелската дипломатија Израел Кац денеска во дипломатска нота го предупреди француското Министерство за надворешни работи за потенцијалната закана од тероризам и се заблагодари на француската влада за обезбедувањето дополнителна безбедност за заштита на израелските спортисти и туристи.
„Имаме разузнавачки информации кои укажуваат дека ирански оперативци и други терористички групи планираат да нападнат членови на израелската делегација и израелски туристи“, рече Кац.
Предупредувањето дојде откако полицијата во Франција уапси џихадист под сомнение дека планирал терористички напад на Олимпијадата. 18-годишен џихадист е уапсен во регионот Жиронд, департман на крајниот запад на Франција. Уапсен е утрово, а полицијата кај него пронашла докази за џихадистичка идеологија. Инспекторите потврдија за локалните медиуми дека тој е поврзан со друг маж, исто така 18-годишен, кој бил уапсен во вторникот. Двајцата комуницирале преку шифрирана мрежа за пораки. Тие напишале дека сакале да извршат напад за време на Олимписките игри. Апсењето на џихадистот го потврди и Жералд Дарманин, францускиот министер за внатрешни работи. Тој не кажа дали цел на нападот бил Париз или некој друг град во кој ќе се одржуваат натпреварите.
„Се уште работиме на случајот, избегнуваме да даваме детали, но има поврзаност“, рече министерот.
Предупредувањето од израелските власти дојде откако Иран го осуди приемот и заштитата на израелските спортисти за време на натпреварот во Париз, барајќи тие да бидат исфрлени од Олимпијадата поради војната во Појасот Газа. „Да се ​​објави прием и заштита на делегацијата на терористичкиот ционистички режим на апартхејдот е да се даде легитимитет на убијците на деца“, соопшти иранското Министерство за надворешни работи, додавајќи:
„Тие не заслужуваат да бидат на Олимпијадата во Париз поради војната против невиниот народ во Газа.“
Француските власти спречија неколку заговори за извршување напади за време на Олимпијадата, вклучително и апсење на руски заговор за „дестабилизација на Олимпијадата“ која трае до 11 август. Тој беше обвинет дека извршувал разузнавачка работа по налог на странска земја со цел да предизвика непријателства во Франција. За ова дело е предвидена казна од 30 години затвор. За време на Олимписките игри во Париз ќе бидат распоредени дури 75.000 полицајци и војници кои ќе се погрижат сѐ да помине без проблеми.

The post Уапсен е џихадист во Франција, Израел предупредува: Иран планира напад за време на ОИ appeared first on Република.

]]>
Кац: Ердоган ги жртвуваше интересите на својот народ поради поддршката на Хамас https://republika.mk/vesti/svet/kats-erdogan-gi-zhrtvuvashe-interesite-na-svojot-narod-poradi-poddrshkata-na-hamas/ Tue, 09 Apr 2024 13:05:04 +0000 https://republika.mk/?p=764304

Израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац денеска на својот профил на мрежата „Икс“ објави дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган „уште еднаш ги жртвуваше економските интереси на турскиот народ поради неговата поддршка за Хамас во Газа“.

Во истиот пост, Кац потврди дека контактирал со организации во Америка и побарал од нив да престанат да инвестираат во Турција и да се воздржат од увоз на турски стоки.

Официјалното соопштение на израелскиот министер за надворешни работи дојде еден ден откако турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан го критикуваше Израел за забраната на турските воени товарни авиони да се приклучат на операцијата за доставување хуманитарна помош во Газа.

Тој вети дека Турција ќе одговори со низа мерки против Израел додека израелската Влада не прогласи прекин на огнот во Газа и не дозволи хуманитарната помош без прекин да се доставува во Појасот Газа.

The post Кац: Ердоган ги жртвуваше интересите на својот народ поради поддршката на Хамас appeared first on Република.

]]>

Израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац денеска на својот профил на мрежата „Икс“ објави дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган „уште еднаш ги жртвуваше економските интереси на турскиот народ поради неговата поддршка за Хамас во Газа“. Во истиот пост, Кац потврди дека контактирал со организации во Америка и побарал од нив да престанат да инвестираат во Турција и да се воздржат од увоз на турски стоки. Официјалното соопштение на израелскиот министер за надворешни работи дојде еден ден откако турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан го критикуваше Израел за забраната на турските воени товарни авиони да се приклучат на операцијата за доставување хуманитарна помош во Газа. Тој вети дека Турција ќе одговори со низа мерки против Израел додека израелската Влада не прогласи прекин на огнот во Газа и не дозволи хуманитарната помош без прекин да се доставува во Појасот Газа.

The post Кац: Ердоган ги жртвуваше интересите на својот народ поради поддршката на Хамас appeared first on Република.

]]>