изнајмување Archives - Република https://republika.mk/tema/iznajmuvanje/ За подобро да се разбереме Mon, 14 Oct 2024 13:17:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png изнајмување Archives - Република https://republika.mk/tema/iznajmuvanje/ 32 32 Им давала лажни клучеви од становите кои ги „издавала“: 22-годишна жена обвинета за измама https://republika.mk/vesti/crna-hronika/im-davala-lazhni-kluchevi-od-stanovite-koi-gi-izdavala-22-godishna-zhena-obvineta-za-izmama/ Mon, 14 Oct 2024 14:05:43 +0000 https://republika.mk/?p=826672

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 22-годишна жителка на Богданци која во периодот од 15 јули до 29 септември годинава измамила седум лица во Скопје, со намера за себе да прибави противправна имотна корист.

Кривичното дело – Измама согласно член 247 од Кривичниот законик обвинетата го сторила со лажно прикажување на факти дека ќе им изнајми сопствен стан во Скопје на оштетените и со тоа ги навела однапред да и исплатат во готово одреден паричен износ.

По претходно објавени огласи за изнајмување станови преку социјалната мрежа Фејсбук, секој од оштетените телефонски ja контактирал обвинетата и таа лажно им прикажала дека ќе им изнајми стан, барајќи да и исплатат пари како аванс пред да се вселат. По уплатата, на секој од оштетените им давала на рака клучеви како да се од изнајмените станови на различни локации во Скопје. Меѓутоа, клучевите не одговарале на становите што наводно им ги изнајмувала и во нив живееле други луѓе. На овој начин обвинетата од оштетените прибавила пари во вкупен износ од 74.200 денари, објаснува ОЈО.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетата, која и беше определена поради опасност од бегство.

The post Им давала лажни клучеви од становите кои ги „издавала“: 22-годишна жена обвинета за измама appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 22-годишна жителка на Богданци која во периодот од 15 јули до 29 септември годинава измамила седум лица во Скопје, со намера за себе да прибави противправна имотна корист. Кривичното дело – Измама согласно член 247 од Кривичниот законик обвинетата го сторила со лажно прикажување на факти дека ќе им изнајми сопствен стан во Скопје на оштетените и со тоа ги навела однапред да и исплатат во готово одреден паричен износ.
По претходно објавени огласи за изнајмување станови преку социјалната мрежа Фејсбук, секој од оштетените телефонски ja контактирал обвинетата и таа лажно им прикажала дека ќе им изнајми стан, барајќи да и исплатат пари како аванс пред да се вселат. По уплатата, на секој од оштетените им давала на рака клучеви како да се од изнајмените станови на различни локации во Скопје. Меѓутоа, клучевите не одговарале на становите што наводно им ги изнајмувала и во нив живееле други луѓе. На овој начин обвинетата од оштетените прибавила пари во вкупен износ од 74.200 денари, објаснува ОЈО.
Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетата, која и беше определена поради опасност од бегство.

The post Им давала лажни клучеви од становите кои ги „издавала“: 22-годишна жена обвинета за измама appeared first on Република.

]]>
Грција ќе забрани нови дозволи за изнајмувања на станови во центарот на Атина https://republika.mk/vesti/balkan/grtsija-ke-zabrani-novi-dozvoli-za-iznajmuvana-na-stanovi-vo-tsentarot-na-atina/ Mon, 16 Sep 2024 21:05:51 +0000 https://republika.mk/?p=816925

Забраната за издавање нови дозволи за краткорочно изнајмување во три квартови во строгиот центар на Атина ќе остане на сила најмалку една година, објави денеска грчката влада, истовремено зголемувајќи го данокот за изнајмување на такво сместување за одмор.

Како и многу други европски туристички дестинации, Грција се бори да ја балансира профитабилната индустрија управувана од онлајн платформите како што е Airbnb со потребите на локалните жители кои се соочуваат со недостиг на станови.

Недостигот на станови и зголемените трошоци за живот ги натераа властите да објават одлука овој месец за зголемување на даноците за краткорочни изнајмувања, забрана на нови дозволи во центарот на Атина и охрабрување на сопствениците на имот да се префрлат на долгорочни изнајмувања.

Грчката министерка за туризам Олга Кефалојани денеска најави дека забраната за ново краткорочно изнајмување во Атина ќе стапи на сила од 1 јануари 2025 година.

Дневниот данок на краткорочни изнајмувања и помага на земјата да се справи со влијанието на природните катастрофи поврзани со климатските промени. Во периодот од април до октомври ќе се зголеми од 1,5 на 8 евра, изјави министерот за финансии. Во зимските месеци данокот ќе се зголеми од 0,5 на 2 евра.

Министерот Кефалојани рече дека Грција годинава од туризмот очекува приход од 22 милијарди евра, што е уште еден рекорд. Таа во борбата против масовниот туризам најави уште една мерка – такса во висина од 20 евра за посетителите од бродовите за крстарење кои во екот на летната сезона ги посетуваат островите Санторини и Миконос, а ќе стапи на сила следната година.

 

The post Грција ќе забрани нови дозволи за изнајмувања на станови во центарот на Атина appeared first on Република.

]]>

Забраната за издавање нови дозволи за краткорочно изнајмување во три квартови во строгиот центар на Атина ќе остане на сила најмалку една година, објави денеска грчката влада, истовремено зголемувајќи го данокот за изнајмување на такво сместување за одмор. Како и многу други европски туристички дестинации, Грција се бори да ја балансира профитабилната индустрија управувана од онлајн платформите како што е Airbnb со потребите на локалните жители кои се соочуваат со недостиг на станови. Недостигот на станови и зголемените трошоци за живот ги натераа властите да објават одлука овој месец за зголемување на даноците за краткорочни изнајмувања, забрана на нови дозволи во центарот на Атина и охрабрување на сопствениците на имот да се префрлат на долгорочни изнајмувања. Грчката министерка за туризам Олга Кефалојани денеска најави дека забраната за ново краткорочно изнајмување во Атина ќе стапи на сила од 1 јануари 2025 година. Дневниот данок на краткорочни изнајмувања и помага на земјата да се справи со влијанието на природните катастрофи поврзани со климатските промени. Во периодот од април до октомври ќе се зголеми од 1,5 на 8 евра, изјави министерот за финансии. Во зимските месеци данокот ќе се зголеми од 0,5 на 2 евра. Министерот Кефалојани рече дека Грција годинава од туризмот очекува приход од 22 милијарди евра, што е уште еден рекорд. Таа во борбата против масовниот туризам најави уште една мерка – такса во висина од 20 евра за посетителите од бродовите за крстарење кои во екот на летната сезона ги посетуваат островите Санторини и Миконос, а ќе стапи на сила следната година.  

The post Грција ќе забрани нови дозволи за изнајмувања на станови во центарот на Атина appeared first on Република.

]]>
Ќе се изнајмува „Камп Ноу“ и за свадби https://republika.mk/sport/fudbal/kje-se-iznajmuva-kamp-nou-i-za-svadbi/ Sat, 04 Jun 2022 15:39:11 +0000 https://republika.mk/?p=511144

Барселона се наоѓа во сериозна финансиска криза, па бара начин како да го врати долгот кој е над милијарда евра.

Една од можностите е да играте 60-минутен фудбал на „Камп Ноу“, а цената по играч изнесува околу 300 евра.

Исто така, може да се организираат и венчавки, па ценовникот е од 1.600 евра до 13.500 евра во зависност од гостите.

The post Ќе се изнајмува „Камп Ноу“ и за свадби appeared first on Република.

]]>

Барселона се наоѓа во сериозна финансиска криза, па бара начин како да го врати долгот кој е над милијарда евра.
Една од можностите е да играте 60-минутен фудбал на „Камп Ноу“, а цената по играч изнесува околу 300 евра. Исто така, може да се организираат и венчавки, па ценовникот е од 1.600 евра до 13.500 евра во зависност од гостите.

The post Ќе се изнајмува „Камп Ноу“ и за свадби appeared first on Република.

]]>