изложба на фотографии Archives - Република https://republika.mk/tema/izlozba-na-fotografii/ За подобро да се разбереме Thu, 11 Jul 2024 09:56:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png изложба на фотографии Archives - Република https://republika.mk/tema/izlozba-na-fotografii/ 32 32 Изложба на фотографии на Киро Урдин „Луѓето од долината Омо Валеј“ во Букурешт https://republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-fotografii-na-kiro-urdin-lugeto-od-dolinata-omo-valej-vo-bukuresht/ Thu, 11 Jul 2024 09:56:51 +0000 https://republika.mk/?p=795736

По извонредниот успех постигнат минатата година во главниот град на Романија, со две изложби на слики во познатата галерија „Константин Бранкуши”, во рамките на зградата на Романскиот парламент и во галеријата на Националниот музеј на романската литература, како и учеството на 13. Интернационален фестивал на поезија – нашиот реномиран мултимедијален уметник со светско реноме Киро Урдин, повторно ќе се претставува пред романските љубители на уметноста.

Овојпат, на покана на Музејот на романскиот селанец во Букурешт (музеј кој во 2006 год. е прогласен за најдобар музеј во Европа), ќе се одржува светската премиера на изложбата фотографии насловена „Луѓето од Долината Омо Валеј”, кои Урдин ги направил за време на неговите бројни патувања во Африка, за време на снимањата на неколку негови документарни филмови.

…`Tука се припадниците на `племињата` Мурси, Боди, Квего, Мугон, Ари, Бана, Хамар, Аробе, Каро, Сурма, Диме, Консо…опстојуваат, живеат. Да се видат и доживеат тие прекрасни припадници на овие етнички групи е вистински топол шок за секое срце. Кај некои од нив кожата им е изгравирана, кај други е насликана со бои, а богатата разновидност на пропратни украси помага да се збогати уште повеќе нивната убавина. Природно спонтани луѓе, како срцето да им минало во нивните насмевки…` – ќе напише Киро Урдин во еден негов текст насловен `Омо Валеј`.

Куратор на изложбата е Теа Теохаревска- Иванова, дипломиран филолог по романски јазик и книжевност, а комесар Јане Теохаревски, историчар на уметност. Изложбата ќе трае од 18 јули до 18 август и, е во организација на Амбасадата на Република Македонија во Романија.

The post Изложба на фотографии на Киро Урдин „Луѓето од долината Омо Валеј“ во Букурешт appeared first on Република.

]]>

По извонредниот успех постигнат минатата година во главниот град на Романија, со две изложби на слики во познатата галерија „Константин Бранкуши”, во рамките на зградата на Романскиот парламент и во галеријата на Националниот музеј на романската литература, како и учеството на 13. Интернационален фестивал на поезија – нашиот реномиран мултимедијален уметник со светско реноме Киро Урдин, повторно ќе се претставува пред романските љубители на уметноста. Овојпат, на покана на Музејот на романскиот селанец во Букурешт (музеј кој во 2006 год. е прогласен за најдобар музеј во Европа), ќе се одржува светската премиера на изложбата фотографии насловена „Луѓето од Долината Омо Валеј”, кои Урдин ги направил за време на неговите бројни патувања во Африка, за време на снимањата на неколку негови документарни филмови.
…`Tука се припадниците на `племињата` Мурси, Боди, Квего, Мугон, Ари, Бана, Хамар, Аробе, Каро, Сурма, Диме, Консо…опстојуваат, живеат. Да се видат и доживеат тие прекрасни припадници на овие етнички групи е вистински топол шок за секое срце. Кај некои од нив кожата им е изгравирана, кај други е насликана со бои, а богатата разновидност на пропратни украси помага да се збогати уште повеќе нивната убавина. Природно спонтани луѓе, како срцето да им минало во нивните насмевки…` – ќе напише Киро Урдин во еден негов текст насловен `Омо Валеј`.
Куратор на изложбата е Теа Теохаревска- Иванова, дипломиран филолог по романски јазик и книжевност, а комесар Јане Теохаревски, историчар на уметност. Изложбата ќе трае од 18 јули до 18 август и, е во организација на Амбасадата на Република Македонија во Романија.

The post Изложба на фотографии на Киро Урдин „Луѓето од долината Омо Валеј“ во Букурешт appeared first on Република.

]]>
Изложбата на фотографии на Ивона Кочов, насловена „Монохроматска меланхолија” во Културен и информативен центар – Битола https://republika.mk/vesti/kultura/izlozhbata-na-fotografii-na-ivona-kochov-naslovena-monohromatska-melanholija-vo-kulturen-i-informativen-tsentar-bitola/ Thu, 21 Mar 2024 21:11:13 +0000 https://republika.mk/?p=757164

На 21-ви март (четврток) во 20 часот ќе биде отворена самостојната изложбата на фотографии на Ивона Кочов, насловена „Монохроматска меланхолија” во Културен и информативен центар – Офицерски дом, Битола. Се работи за селекција на најдобрите уметнички фотографии од долгогодишната работа на Ивона Кочов.

Ивона Кочов е родена 1975 година, во Битола. За фотографијата се заинтересирала уште од најраното детство кога често ја посетувала импровизираната лабораторија на нејзиниот татко и стрико, кои ентузијастички се занимавале со развивање филмови и правење фотографии. На почетокот од 90-тите години почнува да фотографира со обичен аналоген фотоапарат кога и се запознава со Атанас Нашоку Саку, признат битолски и македонски фотограф од постарата генерација, кој пријатно изненаден од нејзината желба за фотографирање, ѝ подарува фотоапарат „Зенит“. По неколку години интензивно фотографирање, поради недостиг на средства за развивање на филмовите како и обврските кон факултетот, настапува период на децениска стагнација. Со појавата на дигиталната технологија се враќа и нејзиниот интерес кон фотографијата најпрво преку најобичен компактен фотоапарат (2009 г.), а потоа и со купување на DSLR „Никон“ фотоапарат (2013 г.) започнува со малку посериозен пристап кон уметничката фотографија. Тоа резултира со зачленување во Фото-кино клуб „Битола“ и со многу поинтензивна работа која наредните години ќе ѝ донесе забележителни резултати. Кочов е добитник на голем број на награди, од кои се издвојуваат: Бронзен медал за фотографија на изложбата „Улица“ (2015 г.); Бронзен медал на манифестацијата „Денови на македонската фотографија“ (2015 г.) за поединечна фотографија и за колекција; Прва награда на изложбата „Со љубов од Битола“ (2015 г.); IAAP сребрен медал на меѓународниот натпревар „View Point“ (2015 г.); Бронзен медал на меѓународниот натпревар „Photo Story“ (2016 г); IAAP диплома и НФУМ диплома на меѓународниот натпревар „Play“ (2016 г.); Диплома за поединечна фотографија на „Денови на македонска фотографија“ (2017 г.) и др.

The post Изложбата на фотографии на Ивона Кочов, насловена „Монохроматска меланхолија” во Културен и информативен центар – Битола appeared first on Република.

]]>

На 21-ви март (четврток) во 20 часот ќе биде отворена самостојната изложбата на фотографии на Ивона Кочов, насловена „Монохроматска меланхолија” во Културен и информативен центар – Офицерски дом, Битола. Се работи за селекција на најдобрите уметнички фотографии од долгогодишната работа на Ивона Кочов. Ивона Кочов е родена 1975 година, во Битола. За фотографијата се заинтересирала уште од најраното детство кога често ја посетувала импровизираната лабораторија на нејзиниот татко и стрико, кои ентузијастички се занимавале со развивање филмови и правење фотографии. На почетокот од 90-тите години почнува да фотографира со обичен аналоген фотоапарат кога и се запознава со Атанас Нашоку Саку, признат битолски и македонски фотограф од постарата генерација, кој пријатно изненаден од нејзината желба за фотографирање, ѝ подарува фотоапарат „Зенит“. По неколку години интензивно фотографирање, поради недостиг на средства за развивање на филмовите како и обврските кон факултетот, настапува период на децениска стагнација. Со појавата на дигиталната технологија се враќа и нејзиниот интерес кон фотографијата најпрво преку најобичен компактен фотоапарат (2009 г.), а потоа и со купување на DSLR „Никон“ фотоапарат (2013 г.) започнува со малку посериозен пристап кон уметничката фотографија. Тоа резултира со зачленување во Фото-кино клуб „Битола“ и со многу поинтензивна работа која наредните години ќе ѝ донесе забележителни резултати. Кочов е добитник на голем број на награди, од кои се издвојуваат: Бронзен медал за фотографија на изложбата „Улица“ (2015 г.); Бронзен медал на манифестацијата „Денови на македонската фотографија“ (2015 г.) за поединечна фотографија и за колекција; Прва награда на изложбата „Со љубов од Битола“ (2015 г.); IAAP сребрен медал на меѓународниот натпревар „View Point“ (2015 г.); Бронзен медал на меѓународниот натпревар „Photo Story“ (2016 г); IAAP диплома и НФУМ диплома на меѓународниот натпревар „Play“ (2016 г.); Диплома за поединечна фотографија на „Денови на македонска фотографија“ (2017 г.) и др.

The post Изложбата на фотографии на Ивона Кочов, насловена „Монохроматска меланхолија” во Културен и информативен центар – Битола appeared first on Република.

]]>