изиџет Archives - Република https://republika.mk/tema/izidzet/ За подобро да се разбереме Thu, 19 Sep 2024 18:25:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png изиџет Archives - Република https://republika.mk/tema/izidzet/ 32 32 Експлозија и чад на лет Крит – Лондон: Електрична цигара приземји авион на Изиџет https://republika.mk/zivot/patuvanja/eksplozija-i-chad-na-let-krit-london-elektrichna-tsigara-prizemji-avion-na-izidhet/ Thu, 19 Sep 2024 18:40:21 +0000 https://republika.mk/?p=817927

Вистинска драма се случила вчера на лет од грчкиот остров Крит до Лондон, кога електронска цигара експлодирала во текот на патувањето. Инцидентот се случил на летот на EasyJet од Ираклион до Лондон, при што дошло до експлозија на цигарата додека била во полначот, што предизвикало паника меѓу патниците.

Сведоците изјавија дека по експлозијата, кабината на авионот почнала брзо да се полни со густ чад, додека во позадина се слушнал силен тресок. „Слушнавме силна експлозија, потоа видовме чад, нешто црвено светна, а потоа видовме пламен и многу чад“, раскажале патниците за Дејли меил.

Еден од патниците изјавил дека во моментот на експлозијата, се слушнал глас кој викал: „Бомба, бомба, излегувајте брзо“, што дополнително ја влошило паниката. Според истиот сведок, жената која го носела уредот во нејзината торба почнала да мавта со рацете во обид да го спречи ширењето на чадот.

Компанијата EasyJet потврди дека на летот EZY8216 од Ираклион до Лондон дошло до евакуација на патниците, откако пожар избувнал во торбата на еден од патниците за време на качувањето. Според изјавата на авиокомпанијата, ситуацијата била брзо ставена под контрола благодарение на брзата реакција на пожарникарите кои веднаш влегле во авионот.

„Пожарникарите влегоа во леталото, а персоналот ги евакуираше патниците според протоколот“, стои во соопштението на компанијата. За среќа, нема информации за сериозни повреди, а патниците биле пренесени на друг лет откако ситуацијата била решена.

Овој инцидент повторно го отвори прашањето за безбедноста на електронските уреди во авиони, особено оние кои користат батерии кои можат да предизвикаат сериозни инциденти доколку се злоупотребат или не се соодветно ракуваат.

The post Експлозија и чад на лет Крит – Лондон: Електрична цигара приземји авион на Изиџет appeared first on Република.

]]>

Вистинска драма се случила вчера на лет од грчкиот остров Крит до Лондон, кога електронска цигара експлодирала во текот на патувањето. Инцидентот се случил на летот на EasyJet од Ираклион до Лондон, при што дошло до експлозија на цигарата додека била во полначот, што предизвикало паника меѓу патниците. Сведоците изјавија дека по експлозијата, кабината на авионот почнала брзо да се полни со густ чад, додека во позадина се слушнал силен тресок. „Слушнавме силна експлозија, потоа видовме чад, нешто црвено светна, а потоа видовме пламен и многу чад“, раскажале патниците за Дејли меил. Еден од патниците изјавил дека во моментот на експлозијата, се слушнал глас кој викал: „Бомба, бомба, излегувајте брзо“, што дополнително ја влошило паниката. Според истиот сведок, жената која го носела уредот во нејзината торба почнала да мавта со рацете во обид да го спречи ширењето на чадот. Компанијата EasyJet потврди дека на летот EZY8216 од Ираклион до Лондон дошло до евакуација на патниците, откако пожар избувнал во торбата на еден од патниците за време на качувањето. Според изјавата на авиокомпанијата, ситуацијата била брзо ставена под контрола благодарение на брзата реакција на пожарникарите кои веднаш влегле во авионот.
„Пожарникарите влегоа во леталото, а персоналот ги евакуираше патниците според протоколот“, стои во соопштението на компанијата. За среќа, нема информации за сериозни повреди, а патниците биле пренесени на друг лет откако ситуацијата била решена.
Овој инцидент повторно го отвори прашањето за безбедноста на електронските уреди во авиони, особено оние кои користат батерии кои можат да предизвикаат сериозни инциденти доколку се злоупотребат или не се соодветно ракуваат.

The post Експлозија и чад на лет Крит – Лондон: Електрична цигара приземји авион на Изиџет appeared first on Република.

]]>