изгрејсонце Archives - Република https://republika.mk/tema/izgrejsontse/ За подобро да се разбереме Fri, 13 Sep 2024 17:09:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png изгрејсонце Archives - Република https://republika.mk/tema/izgrejsontse/ 32 32 Се организира ноќно искачување на врвот Љуботен и дочекување на изгрејсонце https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/se-organizira-nokno-iskachuvane-na-vrvot-luboten-i-dochekuvane-na-izgrejsontse/ Fri, 13 Sep 2024 17:24:09 +0000 https://republika.mk/?p=816177

Планинарскиот клуб „Јелак“ од Тетово го најавува годинашното традиционално искачување на врвот Љуботен на 2499 метри надморска височина во ноќни услови со цел да се дочека изгрејсонцето. Потфатот почнува на 21 септември, сабота, а освојувањето на врвот е планирано во недела, 22 септември околу 5 часот.

Планот е да се тргне од Тетово во 20:30 часот и да се упатиме кон Старо Село, каде што ќе ги зачекаме учесниците од другите места, и по прибирањето во 21:30 часот ќе тргнеме нагоре накај планинарскиот дом Љуботен (1.650 мнв), која ќе ни биде база за понатамошно качување. Планираното стигнување во планинарски дом Љуботен каде ќе биде поставен базниот камп е околу 23:30 – 24:00 часот. Таму е предвиден поголем одмор, имаме доволно време за вечера и разноразни активности пред понатамошното искачување. Во поход на самиот врв тргнуваме некаде околу 02:30 часот, тоа е веќе недела, 22 септември, па на самиот врв да стигнеме околу 4:30 – 05:00 часот за да бидеме таму и да го дочекаме самото изгрејсонце, информира Владимир Трпковски од ПК „Јелак“.

Од клубот велат дека за искачувањето е потреба стандардната планинарска опрема засилена со челна или рачна ламба, а пожелно е на облеката или опремата да има ознаки од рефлектирачки материјал заради подобро следење на колоната.

Потребни се удобни планинарски чевли или чизми и потопол слој на облека, бидејќи горе на самиот врв ќе се задржиме повеќе од два часа, а утрата на таа висина се секогаш ладни. Пожелно е, кој има да си понесе подлога за седнување, бидејќи седењето на камења не е баш премногу удобно. Не е лошо и да си имате вреќа за спиење, за да ги заштити луѓето додека да го чекаме изгрејсонцето, вели Трпковски.

Од клубот велат дека вода има во доволни количини до планинарски дом Љуботен, но потоа нема до врвот. По искачувањето планот е до 8 часот да се врати групата во базниот камп во планинарскиот дом Љуботен.

The post Се организира ноќно искачување на врвот Љуботен и дочекување на изгрејсонце appeared first on Република.

]]>