Изет Хаџија Archives - Република https://republika.mk/tema/izet-hadzija/ За подобро да се разбереме Fri, 11 Feb 2022 18:06:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Изет Хаџија Archives - Република https://republika.mk/tema/izet-hadzija/ 32 32 Убиецот на Азем Хајдари, симболот на албанската демократија, доби 21 година затвор https://republika.mk/vesti/balkan/ubiecot-na-azem-hajdari-simbolot-na-albanskata-demokratija-dobi-21-godina-zatvor/ Fri, 11 Feb 2022 18:06:18 +0000 https://republika.mk/?p=457311

По повеќе од 24 години од убиството на Азем Хајдари, член на Демократската партија, кој го носи епитетот симбол на демократијата во Албанија, неговиот егзекутор, Изет Хаџија, од судот во Тирана доби казна затвор во траење од 21 година.

Убиството се случи на 12 септември 1998 година, пред седиштето на партијата, кога Хајдари, кој беше пратеник, беше на 35-годишна возраст.

Хаџија во тоа време беше телохранител на партискиот лидер Сали Бериша. По убиството, тој побегна во Турција каде што беше уапсен во 2006 година. И покрај барањето за политички азил со образложение дека постои опасност по неговиот живот, турските власти го екстрадираа во Албанија во мај 2018 година, пренесуваат албанските медиуми.

По пристигнувањето во Тирана, судскиот процес почна од почеток, по негово барање, за да се соочи со сведоците, меѓу кои и Бериша, за да се расветлат, според него, вистините кои дотогаш не биле објавени во јавноста за убиството на Хајдари.

Претходно, судот во Тирана, во отсуство, во 2002 година му изрече казна затвор во траење од 25 години, а по поднесената жалба истата ја намали на 17 години.

Хаџија затворската казна ќе ја издржува во затвор со висок степен на безбедност, а во неа ќе му биде пресметано времето минато во притвор и затвор по екстрадицијата од Турција.

Хајдари беше еден од основачите на Демократската партија, лидер на студентското движење и дел од групата која го урна споменикот на Енвер Хоџа во центарот на Тирана. Неговата ќерка Рудина Хајдари тргна по неговите стапки во политиката и во минатиот парламентарен состав беше пратеник.

The post Убиецот на Азем Хајдари, симболот на албанската демократија, доби 21 година затвор appeared first on Република.

]]>

По повеќе од 24 години од убиството на Азем Хајдари, член на Демократската партија, кој го носи епитетот симбол на демократијата во Албанија, неговиот егзекутор, Изет Хаџија, од судот во Тирана доби казна затвор во траење од 21 година. Убиството се случи на 12 септември 1998 година, пред седиштето на партијата, кога Хајдари, кој беше пратеник, беше на 35-годишна возраст. Хаџија во тоа време беше телохранител на партискиот лидер Сали Бериша. По убиството, тој побегна во Турција каде што беше уапсен во 2006 година. И покрај барањето за политички азил со образложение дека постои опасност по неговиот живот, турските власти го екстрадираа во Албанија во мај 2018 година, пренесуваат албанските медиуми. По пристигнувањето во Тирана, судскиот процес почна од почеток, по негово барање, за да се соочи со сведоците, меѓу кои и Бериша, за да се расветлат, според него, вистините кои дотогаш не биле објавени во јавноста за убиството на Хајдари. Претходно, судот во Тирана, во отсуство, во 2002 година му изрече казна затвор во траење од 25 години, а по поднесената жалба истата ја намали на 17 години. Хаџија затворската казна ќе ја издржува во затвор со висок степен на безбедност, а во неа ќе му биде пресметано времето минато во притвор и затвор по екстрадицијата од Турција. Хајдари беше еден од основачите на Демократската партија, лидер на студентското движење и дел од групата која го урна споменикот на Енвер Хоџа во центарот на Тирана. Неговата ќерка Рудина Хајдари тргна по неговите стапки во политиката и во минатиот парламентарен состав беше пратеник.

The post Убиецот на Азем Хајдари, симболот на албанската демократија, доби 21 година затвор appeared first on Република.

]]>