Изет Цури Archives - Република https://republika.mk/tema/izet-curi/ За подобро да се разбереме Wed, 03 Jul 2024 12:46:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Изет Цури Archives - Република https://republika.mk/tema/izet-curi/ 32 32 Традиционалната годишна ревија на Меѓународниот институт за мода „Изет Цури“ се фокусираше на блиската нераскинлива интеракција помеѓу филмот и модата https://republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/traditsionalnata-godishna-revija-na-megunarodniot-institut-za-moda-izet-tsuri-se-fokusirashe-na-bliskata-neraskinliva-interaktsija-pomegu-filmot-i-modata/ Wed, 03 Jul 2024 12:46:42 +0000 https://republika.mk/?p=793100

Дека една студенска ревија не мора секогаш да го носи предзнакот на само „покажи и кажи“, туку е заедничко образовно искуство кое ги прикажува талентот за дизајн и продукција на настан, покажа традиционалната годишна ревија на Меѓународниот институт за мода „Изет Цури“ која се одржа на 26 јуни во амбиентот на киното „Милениум“.

Пригодно избраниот простор на одржување на ревијата беше во склад на зададената овогодишна тема која гласеше „Модата и филмот“ (фр. „La Mode au Cinéma“) и се фокусираше на блиската нераскинлива интеракција помеѓу филмот и модата.

Беше тоа несекојдневна, необична и посебна презентација на линијата помеѓу модна ревија и своевиден перформанс. Моден спектал кој ги надминува рамките на стандардна студенска ревија, онаков на какви се сеќаваме од златните времиња на модата во Македонија.

Студентите добија задача со своите дизајни да реферираат, од идеја до комплетна изведба, по еден изглед од одреден филм по нивен избор. Различните избори резултираа со разнолики решенија од кои, некои се движеа во рамките на костимографијата, додека други се одлучија за сопствен имагинативен превод со помалку или повеќе видлива референца на филмското остварување.

Од „Breakfast at Tiffany’s“ и „Cleopatra“, преку „Matrix“, „Lord of the Rings“, „Titanic“ и „Harry Potter“, па сè до неодамнешните „Black Panther“ и „Damsel“, од цртани и анимирани филмови до акциони и научна фантастика, со потсетување на култни филмски сцени проектирани на филмското платно без сомнеж скоро секој од присутните беше допрен од емоцијата која омилениот филм неминовно ја буди.

Доживувањето на гостите беше збогатено и со настапот на нашата извонредна Калина Велковска, во улогата на Satine од „Moulin Rouge“ и фантастичната Дана Сиљан со двеминутен настап со меч во улогата на Зоро од „Mask of Zorro“.

Беа реализирани 32 дизајни кои градираа од прва па се до четврта година како и четири од професорите Изет Цури, Доминик Брунет, Благој Мицевски и Никола Ефтимов.

Уметноста на модата ја чинат креативноста, иновациите, храбрата и смела визија, занаетчиството, вниманието на деталите. Тоа е она што ја дефинира модата и кое секој студент по моден дизајн би треба да го апсолвира. Токму тоа беше она кое со своите дела го испорачаа студентите на љубопитната и бројна публика на спектаклот „Модата и филмот“ која уживаше во посебното доживување.

Завршетокот на учебната година се заокружи со изложбата на истите дизајни поставени во галерискиот простор на Кинотеката на Македонија која траеше од 27 до 29 јуни во соработка со универзитетот за филмски уметности „Еуропа Прима“ и Кинотеката на Македонија.

 

The post Традиционалната годишна ревија на Меѓународниот институт за мода „Изет Цури“ се фокусираше на блиската нераскинлива интеракција помеѓу филмот и модата appeared first on Република.

]]>

Дека една студенска ревија не мора секогаш да го носи предзнакот на само „покажи и кажи“, туку е заедничко образовно искуство кое ги прикажува талентот за дизајн и продукција на настан, покажа традиционалната годишна ревија на Меѓународниот институт за мода „Изет Цури“ која се одржа на 26 јуни во амбиентот на киното „Милениум“. Пригодно избраниот простор на одржување на ревијата беше во склад на зададената овогодишна тема која гласеше „Модата и филмот“ (фр. „La Mode au Cinéma“) и се фокусираше на блиската нераскинлива интеракција помеѓу филмот и модата. Беше тоа несекојдневна, необична и посебна презентација на линијата помеѓу модна ревија и своевиден перформанс. Моден спектал кој ги надминува рамките на стандардна студенска ревија, онаков на какви се сеќаваме од златните времиња на модата во Македонија. Студентите добија задача со своите дизајни да реферираат, од идеја до комплетна изведба, по еден изглед од одреден филм по нивен избор. Различните избори резултираа со разнолики решенија од кои, некои се движеа во рамките на костимографијата, додека други се одлучија за сопствен имагинативен превод со помалку или повеќе видлива референца на филмското остварување. Од „Breakfast at Tiffany’s“ и „Cleopatra“, преку „Matrix“, „Lord of the Rings“, „Titanic“ и „Harry Potter“, па сè до неодамнешните „Black Panther“ и „Damsel“, од цртани и анимирани филмови до акциони и научна фантастика, со потсетување на култни филмски сцени проектирани на филмското платно без сомнеж скоро секој од присутните беше допрен од емоцијата која омилениот филм неминовно ја буди. Доживувањето на гостите беше збогатено и со настапот на нашата извонредна Калина Велковска, во улогата на Satine од „Moulin Rouge“ и фантастичната Дана Сиљан со двеминутен настап со меч во улогата на Зоро од „Mask of Zorro“. Беа реализирани 32 дизајни кои градираа од прва па се до четврта година како и четири од професорите Изет Цури, Доминик Брунет, Благој Мицевски и Никола Ефтимов. Уметноста на модата ја чинат креативноста, иновациите, храбрата и смела визија, занаетчиството, вниманието на деталите. Тоа е она што ја дефинира модата и кое секој студент по моден дизајн би треба да го апсолвира. Токму тоа беше она кое со своите дела го испорачаа студентите на љубопитната и бројна публика на спектаклот „Модата и филмот“ која уживаше во посебното доживување. Завршетокот на учебната година се заокружи со изложбата на истите дизајни поставени во галерискиот простор на Кинотеката на Македонија која траеше од 27 до 29 јуни во соработка со универзитетот за филмски уметности „Еуропа Прима“ и Кинотеката на Македонија.  

The post Традиционалната годишна ревија на Меѓународниот институт за мода „Изет Цури“ се фокусираше на блиската нераскинлива интеракција помеѓу филмот и модата appeared first on Република.

]]>
„Ангелот на ексцентричноста – Омаж на Тјери Муглер“, модна ревија на Институтот за мода „Изет Цури“ https://republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/angelot-na-ekstsentrichnosta-omazh-na-tjeri-mugler-modna-revija-na-institutot-za-moda-izet-tsuri/ Mon, 10 Jul 2023 10:39:10 +0000 https://republika.mk/?p=659673

Нешто повеќе од очекувано вообичаена модна ревија на студенти по моден дизајн беше годишната презентација на завршните трудови на идните модни дизајнери на институтот „Изет Цури“.

На гламурозната модна ревија која се одржа на 30-ти јуни во просторот на НОБ беа прикажани четириесет креации, како од студентите од сите студенски години така и од веќе етаблирани завршени студенти и од самите професори.

Темата која оваа година им беше зададена, која преку својата сопствена имагинација требаше да ја искомуницираат и претворат во идентитетски дизајн, беше и интригантна и поттикнувачка, но и мошне изискувачка - Омаж на Тјери Муглер.

Муглер, кој по Скјапарели во 20-тите години ќе се запише во аналите на светската мода како најголемиот аванградист, ги направи најдобрите костими, го создаде најпродаваниот парфем и го режираше најмодниот музички спот на 20-тиот век. И токму како такво наследство, вредно за изучување и богато за поттикнување, Изет Цури, кој има работено со него повеќе од една декада, ќе го избере како менторска тема под која студентите во неговиот институт ќе создадат свои модели за завршната студентска изложба во 2023 година.

Никој не може да остане имун на Муглер, а најмалку оние кои творат во модата. Па беше интригантно како младите креативни умови го преточија неговото наследство во своја сопствена уникатна естетика. Се најдоа тука препознатливите форми од 80-те, карактеристичните корсетни облици, но и футуристички изгледи па сè до венчални фустани. Општиот впечаток е дека секој од дизајните си искористил своја сопствена референца од естетиката на Муглер, па можеше да се види тука и реинтерпретација на легендарната морска школка која Карди Би ја носеше на доделувањето на наградите Греми, костумот кој наликува на гума, водениот фустан кој Ким Кардашиан од килимот на Мет Гала, преку корсетното палто кое се поистоветува со Бела Хадид и страничниот корсетен фустан кој нè потсетува на Ирина Шајик, па сè до драматичните дизајни на најмладите дизајнери од посебната група на деца инспирирани од аутфитите на Кајли Џенер и Џери Хол.

Ревијата започна токму со дизајните на децата, сите на возраст од 9 до 13 години, млади таленти кај кои поривот и пасијата за мода е рано препознаена, па професорот Изет Цури им дава можност да ја развијат од најрана возраст. Колку се навистина талетирани се докажа со довербата токму тие да ја отворат ревијата.  Но тоа не е единствената посебност по која оваа едукативна установа се разликува од останатите.

Друга, и можеби најзабележлива карактеристика по која студентите од оваа образовна институција се издвојуваат е инсистирањето на совладување на вештината на конструкцијата - дел на кој тука се посветува особено внимание, што беше повеќе од очигледно и видливо на пистата во секој од индивидуалните изгледи, од навидум едноставните па сè до беспрекорно изработените корсети, чиј процес на изработка е будно следен од маестрото за корсети, визитинг професорката Доминик Брунет.

Посебен шмек на овој повеќе перформанс одколку класична модна ревија беше секвенцата со кошулите со логото на институтот (реферирање на една од ревиите на Муглер од 80-те), кореографија во која настапија нашите познати актерки Катерина Шехтанска и Елизабета Клинчаревска Младеновска, како и специјалното појавување на музичарот и режисер на спотови Александар Ристовски Принц, како асоцијација на спотот на Џорџ Мајкл кој го има режирано самиот Муглер.

 

Интернационалниот институт за мода „ Изет Цури“ како институција има основна цел да создаде нови креативни генерации во областа на модата во Македонија, со агенда која од година во година го надградува својот перфекционизам. Од самото отворање на институтот во 2014 година до денес дејствува посветено и сериозно во едукацијата на младите талентирани луѓе за кои модата е пасија и потенцијална идна кариера. За само неполни 10 години работа резултатите гордо говорат дека таа посветеност резултира со успешни и веќе препознаени млади дизајнери, со загарантирано вработување и исклучително професионално изработени модни колекции, под директно менторство на професорот Изет Цури, ценето име на париската модна сцена со долгогодишна успешна кариера на глобално ниво. Важно е да се нагласи дека ова е единствено место каде се добива едукација за начинот на кој се изработува Висока мода во Париз и моделирање на самата конструкција, знаење кое професорот Цури несебично го пренесува на своите студенти, а кое тие потоа го пренесуваат во своите изработки во атељеата на Алаја, Диор, Шанел во Париз...

Како и секоја година така и оваа по повод крајот на учебната година беа доделени и специјални награди за најуспешните, а аспектите по кои беа избрани беа засебно за моделизам и стилизам: Арсиме Бајрами, студентка од трета година, покажа дека моделизмот е ставка која силно се развива кај студентите на овој институт, а Софија Петрова, студентка од прва година, го оправда стилското визионерство на најновите студенти.

Подржувачи на настанот беа: Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“, Француската Амбасада во Македонија, Францускиот институт во Скопје и Oпштина Чаир.

 

 

The post „Ангелот на ексцентричноста – Омаж на Тјери Муглер“, модна ревија на Институтот за мода „Изет Цури“ appeared first on Република.

]]>

Нешто повеќе од очекувано вообичаена модна ревија на студенти по моден дизајн беше годишната презентација на завршните трудови на идните модни дизајнери на институтот „Изет Цури“. На гламурозната модна ревија која се одржа на 30-ти јуни во просторот на НОБ беа прикажани четириесет креации, како од студентите од сите студенски години така и од веќе етаблирани завршени студенти и од самите професори. Темата која оваа година им беше зададена, која преку својата сопствена имагинација требаше да ја искомуницираат и претворат во идентитетски дизајн, беше и интригантна и поттикнувачка, но и мошне изискувачка - Омаж на Тјери Муглер. Муглер, кој по Скјапарели во 20-тите години ќе се запише во аналите на светската мода како најголемиот аванградист, ги направи најдобрите костими, го создаде најпродаваниот парфем и го режираше најмодниот музички спот на 20-тиот век. И токму како такво наследство, вредно за изучување и богато за поттикнување, Изет Цури, кој има работено со него повеќе од една декада, ќе го избере како менторска тема под која студентите во неговиот институт ќе создадат свои модели за завршната студентска изложба во 2023 година. Никој не може да остане имун на Муглер, а најмалку оние кои творат во модата. Па беше интригантно како младите креативни умови го преточија неговото наследство во своја сопствена уникатна естетика. Се најдоа тука препознатливите форми од 80-те, карактеристичните корсетни облици, но и футуристички изгледи па сè до венчални фустани. Општиот впечаток е дека секој од дизајните си искористил своја сопствена референца од естетиката на Муглер, па можеше да се види тука и реинтерпретација на легендарната морска школка која Карди Би ја носеше на доделувањето на наградите Греми, костумот кој наликува на гума, водениот фустан кој Ким Кардашиан од килимот на Мет Гала, преку корсетното палто кое се поистоветува со Бела Хадид и страничниот корсетен фустан кој нè потсетува на Ирина Шајик, па сè до драматичните дизајни на најмладите дизајнери од посебната група на деца инспирирани од аутфитите на Кајли Џенер и Џери Хол. Ревијата започна токму со дизајните на децата, сите на возраст од 9 до 13 години, млади таленти кај кои поривот и пасијата за мода е рано препознаена, па професорот Изет Цури им дава можност да ја развијат од најрана возраст. Колку се навистина талетирани се докажа со довербата токму тие да ја отворат ревијата.  Но тоа не е единствената посебност по која оваа едукативна установа се разликува од останатите. Друга, и можеби најзабележлива карактеристика по која студентите од оваа образовна институција се издвојуваат е инсистирањето на совладување на вештината на конструкцијата - дел на кој тука се посветува особено внимание, што беше повеќе од очигледно и видливо на пистата во секој од индивидуалните изгледи, од навидум едноставните па сè до беспрекорно изработените корсети, чиј процес на изработка е будно следен од маестрото за корсети, визитинг професорката Доминик Брунет. Посебен шмек на овој повеќе перформанс одколку класична модна ревија беше секвенцата со кошулите со логото на институтот (реферирање на една од ревиите на Муглер од 80-те), кореографија во која настапија нашите познати актерки Катерина Шехтанска и Елизабета Клинчаревска Младеновска, како и специјалното појавување на музичарот и режисер на спотови Александар Ристовски Принц, како асоцијација на спотот на Џорџ Мајкл кој го има режирано самиот Муглер.   Интернационалниот институт за мода „ Изет Цури“ како институција има основна цел да создаде нови креативни генерации во областа на модата во Македонија, со агенда која од година во година го надградува својот перфекционизам. Од самото отворање на институтот во 2014 година до денес дејствува посветено и сериозно во едукацијата на младите талентирани луѓе за кои модата е пасија и потенцијална идна кариера. За само неполни 10 години работа резултатите гордо говорат дека таа посветеност резултира со успешни и веќе препознаени млади дизајнери, со загарантирано вработување и исклучително професионално изработени модни колекции, под директно менторство на професорот Изет Цури, ценето име на париската модна сцена со долгогодишна успешна кариера на глобално ниво. Важно е да се нагласи дека ова е единствено место каде се добива едукација за начинот на кој се изработува Висока мода во Париз и моделирање на самата конструкција, знаење кое професорот Цури несебично го пренесува на своите студенти, а кое тие потоа го пренесуваат во своите изработки во атељеата на Алаја, Диор, Шанел во Париз... Како и секоја година така и оваа по повод крајот на учебната година беа доделени и специјални награди за најуспешните, а аспектите по кои беа избрани беа засебно за моделизам и стилизам: Арсиме Бајрами, студентка од трета година, покажа дека моделизмот е ставка која силно се развива кај студентите на овој институт, а Софија Петрова, студентка од прва година, го оправда стилското визионерство на најновите студенти. Подржувачи на настанот беа: Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“, Француската Амбасада во Македонија, Францускиот институт во Скопје и Oпштина Чаир.    

The post „Ангелот на ексцентричноста – Омаж на Тјери Муглер“, модна ревија на Институтот за мода „Изет Цури“ appeared first on Република.

]]>