изборни единици Archives - Република https://republika.mk/tema/izborni-edinici/ За подобро да се разбереме Fri, 14 Jan 2022 09:56:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png изборни единици Archives - Република https://republika.mk/tema/izborni-edinici/ 32 32 Maлите партии пак побараа една изборна единица, но ќе си ја гласаат новата влада https://republika.mk/vesti/makedonija/malite-partii-pak-pobaraa-edna-izborna-edinica-no-kje-si-ja-glasaat-novata-vlada/ Fri, 14 Jan 2022 09:56:33 +0000 https://republika.mk/?p=444480

Ако во рок од три месеци не се донесат измени на Изборниот законик, пратеници од мнозинството најавуваат дека ќе ја откажат поддршката на Владата, што ќе предизвика предвремени избори.

Пратеници од пет помали партии во владејачката коалиција ја условуваат нивната натамошна поддршка на новата Влада со барање во рок од три месеци да се донесат измените на Изборниот законик. Тие на 12-ти јануари доставија барање до претседателот на Собранието, Талат Џафери, во најбрз рок да се закаже пленарна седница на која ќе се расправа за предлогот за измени на Изборниот законик, доставен пред 11 месеци.

„Повеќе пратеници на 5-ти март 2021 година, до Собранието на Република Македонија доставивме Предлог закон за изменување и дополнување на Изборниот закон. Истиот е ставен на дневен ред на седницата закажана за 18.5.2021 година, (точка 58), но не е започната расправата. Со оглед на важноста на законот, инсистираме во најбрз можен рок да се закаже пленарна седница и да се отвори расправа по Предлог-законот. Со промените се предлага Република Македонија да биде една изборна единица, со пропорционален изборен модел и без праг“, се вели во барањето потишано од пратениците Павле Трајанов (ДС), Маја Морачанин (ДОМ), Моника Зајкова и Боби Мојсоски (ЛДП), Љупчо Балкоски (ВМРО-НП) и Бејџан Иљас од ДПТ.

Ако во рок од три месеци не се донесат измените на Изборниот законик, најавуваат дека тоа ќе значи крај на нивната поддршка на Владата.

Барањето за измени на Изборниот законик беше дел од програмските приоритети на овие партии и инсистираа тие да бидат дел од владината програма, за што и разговарале на консултатативните средби со мандатарот Димитар Ковачевски. Откако дел од тие приоритети влегле во Програмата за работа на Владата 2022-2024, но дел не, петте партии усогласиле заеднички став: поддршката за новата влада да зависи од имплементацијата на програмските приоритети на овие партии.

„Поддршката за новата влада ќе биде условена. Инсистираме во рок од три месеци да се донесат измените на Изборниот законик. Ако во тој период не се донесат измените, тоа значи дека нашата поддршка нема да продолжи и со тоа ќе се предизвикаат предвремени парламентарни избори. Ова не е уцена, туку принципиелен став изграден поодамна, познат и промовиран во повеќе наврати“, вели претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов.

Потписниците на барањето, очекуваат расправата за измените на Изборниот законик да започне до крајот на јануари. Инсистираат на тие измени, бидејќи во нив гледаат единствена можност да се дефинираат основите за рамноправен политички натревар, со кои ќе се елиминираат системските предности за четирите големи партии. Досегашните обиди за измени на тој план останаа јалови. Иницијатива и дебата за промена на изборниот модел имаше и во 2019 година. И покрај ставовите дека со такви измени „највисоко рангираните партии ќе изгубат најмногу, но ќе добие демократијата“, сепак ништо не се измени, и парламентарните избори во 2020 година се спроведоа „по старо“.

The post Maлите партии пак побараа една изборна единица, но ќе си ја гласаат новата влада appeared first on Република.

]]>

Ако во рок од три месеци не се донесат измени на Изборниот законик, пратеници од мнозинството најавуваат дека ќе ја откажат поддршката на Владата, што ќе предизвика предвремени избори. Пратеници од пет помали партии во владејачката коалиција ја условуваат нивната натамошна поддршка на новата Влада со барање во рок од три месеци да се донесат измените на Изборниот законик. Тие на 12-ти јануари доставија барање до претседателот на Собранието, Талат Џафери, во најбрз рок да се закаже пленарна седница на која ќе се расправа за предлогот за измени на Изборниот законик, доставен пред 11 месеци. „Повеќе пратеници на 5-ти март 2021 година, до Собранието на Република Македонија доставивме Предлог закон за изменување и дополнување на Изборниот закон. Истиот е ставен на дневен ред на седницата закажана за 18.5.2021 година, (точка 58), но не е започната расправата. Со оглед на важноста на законот, инсистираме во најбрз можен рок да се закаже пленарна седница и да се отвори расправа по Предлог-законот. Со промените се предлага Република Македонија да биде една изборна единица, со пропорционален изборен модел и без праг“, се вели во барањето потишано од пратениците Павле Трајанов (ДС), Маја Морачанин (ДОМ), Моника Зајкова и Боби Мојсоски (ЛДП), Љупчо Балкоски (ВМРО-НП) и Бејџан Иљас од ДПТ. Ако во рок од три месеци не се донесат измените на Изборниот законик, најавуваат дека тоа ќе значи крај на нивната поддршка на Владата. Барањето за измени на Изборниот законик беше дел од програмските приоритети на овие партии и инсистираа тие да бидат дел од владината програма, за што и разговарале на консултатативните средби со мандатарот Димитар Ковачевски. Откако дел од тие приоритети влегле во Програмата за работа на Владата 2022-2024, но дел не, петте партии усогласиле заеднички став: поддршката за новата влада да зависи од имплементацијата на програмските приоритети на овие партии.