изборен предмет Archives - Република https://republika.mk/tema/izboren-predmet/ За подобро да се разбереме Thu, 06 Jun 2024 14:17:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png изборен предмет Archives - Република https://republika.mk/tema/izboren-predmet/ 32 32 Филозофија како слободен изборен предмет во четврто, петто или шесто одделение од наредната учебна година https://republika.mk/vesti/makedonija/filozofija-kako-sloboden-izboren-predmet-vo-chetvrto-petto-ili-shesto-oddelenie-od-narednata-uchebna-godina/ Thu, 06 Jun 2024 14:17:06 +0000 https://republika.mk/?p=785302

Учениците од четврто, петто или шесто одделение од наредната учебна година ќе имаат можност да изберат Филозофија како слободен изборен предмет. Како што информира Филозофското друштво на Македонија, за разлика од задолжителниот предмет Филозофија за четврта година средно образование, предметот Филозофија за основно образование нема да биде изучување на историјата на филозофијата или анализа на апстрактни филозофски идеи.

Низ конкретни примери претставени низ приказни, мисловни експерименти и друштвени игри, преку техники засновани на иновативниот пристап на Филозофија со деца, учениците ќе дискутираат за вечните филозофски прашања за праведноста, слободата, пријателството, вистината, убавината. Предметот Филозофија има цел да ги негува и развива детската вчудовиденост, љубопитноста, критичкото и творечко мислење и имагинацијата, врз база на принципот „не постои погрешен одговор“, без притоа детето да биде наведувано или да му бидат наметнувани гледишта и ставови кои самото ги нема промислено, се наведува во соопштението.

Филозофското друштво на Македонија посочува дека предметот Филозофија со деца е воведен во основните училишта во многу држави во светот (во Австрија од 1983 година, во Франција од 1996, во Канада од 2004, во Словенија од 2006 година), а неговото воведување во раното образование го препорачува и УНЕСКО со цел да се развие критичко и креативно размислување, да се прифатат демократските вредности и да се развијат вештини за мирен општествен дијалог.

-Во 2016 година, УНЕСКО отвори Катедра за практикување на Филозофија со деца, разбирајќи ја оваа дисциплина како основа за меѓукултурен дијалог и социјална трансформација. Оваа дисциплина се развива од 1970-тите години, почнувајќи од Метју Липман, кој покажа дека децата кои имале можност да учат филозофија од рана возраст напредуваат на два важни начина: тие се способни за јасно, прецизно, разумно и критичко размислување но, исто така, се отворени и за идеите и ставовите на другите, информира Друштвото.

Наставната програма, прирачникот за наставниците и оригиналните и иновативни дидактички материјали за предметот Филозофија, се изработени во рамките на Еразмус+ проектот „Филозофија со деца за поширока социјална инклузија – SOPHIE“. Носител на проектот е Филозофското друштво на Македонија, а партнери се Филозофскиот факултет во Скопје, Националниот и Каподистриски универзитет во Атина и Словенечкото филозофско друштво.

Во рамките на проектот било спроведено и пилотирање на програмата во три основни училишта во Македонија, две училишта во Грција и две во Словенија.

-Наставната програма и прирачникот за наставници се достапни на интернет-страницата на Бирото за развој на образованието. Заинтересираните училишта и наставници може да се пријават на [email protected] за да им бидат доставени и дополнителните дидактички материјали, кои се состојат од збирки приказни и работни тетратки, театарски сценарија со илустрации и забавни и поучни друштвени игри. Дидактичките материјали наскоро бесплатно ќе бидат достапни и на интернет- страницата на SOPHIE (www.projectsophie.eu), каде што може да се најдат подетални информации за проектот, соопшти Филозофското друштво на Македонија.

The post Филозофија како слободен изборен предмет во четврто, петто или шесто одделение од наредната учебна година appeared first on Република.

]]>

Учениците од четврто, петто или шесто одделение од наредната учебна година ќе имаат можност да изберат Филозофија како слободен изборен предмет. Како што информира Филозофското друштво на Македонија, за разлика од задолжителниот предмет Филозофија за четврта година средно образование, предметот Филозофија за основно образование нема да биде изучување на историјата на филозофијата или анализа на апстрактни филозофски идеи. Низ конкретни примери претставени низ приказни, мисловни експерименти и друштвени игри, преку техники засновани на иновативниот пристап на Филозофија со деца, учениците ќе дискутираат за вечните филозофски прашања за праведноста, слободата, пријателството, вистината, убавината. Предметот Филозофија има цел да ги негува и развива детската вчудовиденост, љубопитноста, критичкото и творечко мислење и имагинацијата, врз база на принципот „не постои погрешен одговор“, без притоа детето да биде наведувано или да му бидат наметнувани гледишта и ставови кои самото ги нема промислено, се наведува во соопштението. Филозофското друштво на Македонија посочува дека предметот Филозофија со деца е воведен во основните училишта во многу држави во светот (во Австрија од 1983 година, во Франција од 1996, во Канада од 2004, во Словенија од 2006 година), а неговото воведување во раното образование го препорачува и УНЕСКО со цел да се развие критичко и креативно размислување, да се прифатат демократските вредности и да се развијат вештини за мирен општествен дијалог. -Во 2016 година, УНЕСКО отвори Катедра за практикување на Филозофија со деца, разбирајќи ја оваа дисциплина како основа за меѓукултурен дијалог и социјална трансформација. Оваа дисциплина се развива од 1970-тите години, почнувајќи од Метју Липман, кој покажа дека децата кои имале можност да учат филозофија од рана возраст напредуваат на два важни начина: тие се способни за јасно, прецизно, разумно и критичко размислување но, исто така, се отворени и за идеите и ставовите на другите, информира Друштвото. Наставната програма, прирачникот за наставниците и оригиналните и иновативни дидактички материјали за предметот Филозофија, се изработени во рамките на Еразмус+ проектот „Филозофија со деца за поширока социјална инклузија – SOPHIE“. Носител на проектот е Филозофското друштво на Македонија, а партнери се Филозофскиот факултет во Скопје, Националниот и Каподистриски универзитет во Атина и Словенечкото филозофско друштво. Во рамките на проектот било спроведено и пилотирање на програмата во три основни училишта во Македонија, две училишта во Грција и две во Словенија. -Наставната програма и прирачникот за наставници се достапни на интернет-страницата на Бирото за развој на образованието. Заинтересираните училишта и наставници може да се пријават на [email protected] за да им бидат доставени и дополнителните дидактички материјали, кои се состојат од збирки приказни и работни тетратки, театарски сценарија со илустрации и забавни и поучни друштвени игри. Дидактичките материјали наскоро бесплатно ќе бидат достапни и на интернет- страницата на SOPHIE (www.projectsophie.eu), каде што може да се најдат подетални информации за проектот, соопшти Филозофското друштво на Македонија.

The post Филозофија како слободен изборен предмет во четврто, петто или шесто одделение од наредната учебна година appeared first on Република.

]]>
Шахот ќе биде изборен предмет во основните училишта од септември https://republika.mk/vesti/makedonija/shahot-kje-bide-izboren-predmet-vo-osnovnite-uchilishta-od-septemvri/ Thu, 11 Aug 2022 09:33:06 +0000 https://republika.mk/?p=538986

Подобрување на концентрацијата, меморијата, математичките вештини, читањето, логичкиот начин на размислување, креативноста и критичкото размислување. Ова се само дел од придобивките за едно дете со изучувањето на шахот, кој од септември ќе биде на листата изборни предмети во основните училишта за деца од прво и второ одделение.

Имавме состанок во Министерството за образование и наука и ни рекоа дека во претстојната училишна година шахот ќе може да се најде на листата на изборни предмети за децата од прво и од второ одделение. Доколку се формира група од 20-ина деца кои ќе покажат интерес, ќе се почне во тоа училиште - вели Александра Гакидова, секретар во управниот одбор на Шаховска федерација.

Со помош на македонски професионални шахисти кои се сертифицирани од Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ) ќе се обучуваат наставниците кои ќе ги држат шаховските предавања во основните училишта. Би се изучувале основите на шахот, како начинот на движење на фигурите, какви потези постојат и слично.

Наставникот мора да биде вработен, бидејќи предметот ќе се оценува, иако описно. Тие ќе бидат обучувани од наши шахисти со меѓународни сертификати. Во Полска почнале со луѓе што немале допир со шахот и за три викенди ги обучиле. Дури сега ни претстои работата. Треба да ги убедиме училиштата дека треба да го промовираат шахот, како и децата дека тоа е интересно да се учи. Од родителите имаме позитивен фидбек - додава Гакидова.

The post Шахот ќе биде изборен предмет во основните училишта од септември appeared first on Република.

]]>

Подобрување на концентрацијата, меморијата, математичките вештини, читањето, логичкиот начин на размислување, креативноста и критичкото размислување. Ова се само дел од придобивките за едно дете со изучувањето на шахот, кој од септември ќе биде на листата изборни предмети во основните училишта за деца од прво и второ одделение.
Имавме состанок во Министерството за образование и наука и ни рекоа дека во претстојната училишна година шахот ќе може да се најде на листата на изборни предмети за децата од прво и од второ одделение. Доколку се формира група од 20-ина деца кои ќе покажат интерес, ќе се почне во тоа училиште - вели Александра Гакидова, секретар во управниот одбор на Шаховска федерација.
Со помош на македонски професионални шахисти кои се сертифицирани од Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ) ќе се обучуваат наставниците кои ќе ги држат шаховските предавања во основните училишта. Би се изучувале основите на шахот, како начинот на движење на фигурите, какви потези постојат и слично.
Наставникот мора да биде вработен, бидејќи предметот ќе се оценува, иако описно. Тие ќе бидат обучувани од наши шахисти со меѓународни сертификати. Во Полска почнале со луѓе што немале допир со шахот и за три викенди ги обучиле. Дури сега ни претстои работата. Треба да ги убедиме училиштата дека треба да го промовираат шахот, како и децата дека тоа е интересно да се учи. Од родителите имаме позитивен фидбек - додава Гакидова.

The post Шахот ќе биде изборен предмет во основните училишта од септември appeared first on Република.

]]>
Матурантите денеска го полагаат изборниот екстерен испит https://republika.mk/vesti/makedonija/maturantite-deneska-go-polagaat-izborniot-eksteren-ispit/ Mon, 13 Jun 2022 09:32:23 +0000 https://republika.mk/?p=514410

Матурантите денеска ќе полагаат втор дел од државната матура со тестот од екстерниот испит што го избираат. Од вкупно 15.899 кандидати, 14.320 се пријавиле за англиски јазик.

Математика ќе полагаат 1.231, германски јазик 118, триесет кандидати има за тестот по француски јазик, 10 за руски јазик, 15 ќе полагаат филозофија и 100 кандидати се пријавени за естетика.

Првиот испит – мајчин јазик и литература (македонски, албански или турски), кој е задолжителен, го полагаа на 4 јуни.

Резултатите од двата екстерни испита треба да бидат објавени најдоцна за 30 дена. Тие што нема да ја положат државната матура или не во целост, ќе имаат втора можност во августовската сесија кога двата екстерни испита ќе се полагаат на 10 и 12 август.

Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), од вкупниот број 15.899 матуранти пријавени за државната матура, 7.135 се од гимназии, 8.504 од стручни и 260 од уметнички училишта.

The post Матурантите денеска го полагаат изборниот екстерен испит appeared first on Република.

]]>

Матурантите денеска ќе полагаат втор дел од државната матура со тестот од екстерниот испит што го избираат. Од вкупно 15.899 кандидати, 14.320 се пријавиле за англиски јазик. Математика ќе полагаат 1.231, германски јазик 118, триесет кандидати има за тестот по француски јазик, 10 за руски јазик, 15 ќе полагаат филозофија и 100 кандидати се пријавени за естетика. Првиот испит – мајчин јазик и литература (македонски, албански или турски), кој е задолжителен, го полагаа на 4 јуни. Резултатите од двата екстерни испита треба да бидат објавени најдоцна за 30 дена. Тие што нема да ја положат државната матура или не во целост, ќе имаат втора можност во августовската сесија кога двата екстерни испита ќе се полагаат на 10 и 12 август. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), од вкупниот број 15.899 матуранти пријавени за државната матура, 7.135 се од гимназии, 8.504 од стручни и 260 од уметнички училишта.

The post Матурантите денеска го полагаат изборниот екстерен испит appeared first on Република.

]]>