Србија полека оди кон македонско сценарио. Падна договор меѓу претседателот на Парламентот Ана Брнабиќ и српската опозиција за изборни реформи. Конкретно, ќе прави ревизија и прочистување на Избрирачкиот список.
Опозицијата смета дека има многу гласачи кои го промениле местото на живеење поради гласање на изборите во Белград.
Се усвои и барањето Јавниот сервис РТС да известува избалансирано и да објавува прилози за опозицијата.
Ова многу наликува на случувањата во Македонија во време кога СДСМ беше опозиција кое резултираше со Договорот од Пржино.
The post Србија полека оди кон македонско сценарио: Ќе се прочистува Избирачкиот систем и Јавниот сервис ќе мора да известува и за опозицијата appeared first on Република.
]]>The post Србија полека оди кон македонско сценарио: Ќе се прочистува Избирачкиот систем и Јавниот сервис ќе мора да известува и за опозицијата appeared first on Република.
]]>На полноќ истекува рокот за увид во Избирачкиот список како и за пријавување на гласачите во дијаспората. Граѓаните уште денеска можат да се проверат и доколку е потребно да побараат промена, запишување или бришење на своите податоци од Избирачкиот список за претстојните претседателски и парламентарни избори.
Од Државната изборна комисија ДИК) апелираат граѓаните да извршат проверка и доколку има потреба да побараат промена.
Проверете тука
Според податоците на ДИК, заклучно со 14 март во подрачните одделенија и канцеларии на Комисијата, увид во своите податоци во Избирачкиот список направиле 4859 лица. Седум лица поднеле барање за промена на своите податоци, 19 лица поднеле барање за запишување на своите податоци и пет лица поднеле барање за бришење на податоци во Избирачкиот список.
Преку електронски пат заклучно со 14.03.2024, се провериле вкупно 22122 граѓани. Поднесени се 25 барања за промена на податоци, шест барања за бришење на податоци и 10 барања за запишување на податоци во Избирачкиот список.
По однос на пристигнати барања за регистрација на гласачи во дијаспората, синоќа до 20 часот се пристигнати 2049 пријави од кои 1430 се прифатени, 165 се одбиени, а не се обработени 434.
Гласање во дијаспората за претседателските избори ќе се организира, со оглед дека претседател на државата се избира според мнозинскиот систем на целата територија на државата, како и на сите континенти каде што живеат нашите државјани, но за да се организира гласање за парламентарните избори потребно е да се пријават најмалку 5 355 гласачи во сите 52 конзуларни претставништва или дипломатски канцеларии во странство.
За да биде отворено едно гласачко место ДПК или Конзуларна канцеларија на нашата држава во странство треба да бидат пријавени најмалку десет гласачи.
Сите кои се запишани во избирачкиот список ќе можат да гласаат и на претседателските и на парламентарните избори, а правото на глас ќе може да го остварат и граѓаните со истечени лични документи и патни исправи во последните девет месеци пред изборите.
Со последните измени и дополнувања на Изборниот законик предвидено е во Избирачкиот список да бидат запишани сите граѓани со наполнети 18 години заклучно со денот на изборите, согласно со актот за распишување на изборите кои имаат живеалиште на територијата на државата.
Според портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска, тоа би значело дека во изводите од Избирачкиот список за парламентарните избори на 8 мај ќе бидат запишани сите граѓани коишто се стекнале, односно ќе се стекнат со полнолетство и ќе наполнат 18 години заклучно со 8 мај 2024 година како ден определен за парламентарните избори. Додека за претседателските избори во изводите од Избирачкиот список ќе бидат запишани граѓаните кои се стекнале, односно ќе се стекнат со полнолетство заклучно со 24 април како датум на одржување на претседателските избори.
Оние што ќе наполнат 18 години во меѓу периодот од две недели помеѓу претседателските и парламентарните избори ќе бидат запишани во изводите од Избирачкиот список само за парламентарните избори.
Согласно последните измени во Изборниот законик, за изборите што ќе се одржат оваа година избирачите ќе можат да гласаат со лична карта или со патна исправа чија што важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите.
Доколку ја земеме временската рамка, ова би значело дека на претседателските избори на 24 април граѓаните, односно гласачите би можеле да се идентификуваат секако со важечки лични документи, меѓутоа и со лични документи, лична карта или пасош чија што важност истекла почнувајќи од 24 јули 2023 година за претседателските избори, додека за парламентарните избори ќе може да се идентификуваат гласачите со важечки лични документи, или лични документи – лична карта или патна исправа која по кој било основ истекла во периодот од 8 август 2023 година заклучно со 8 мај 2024 година, појасни Гугучевска минатата недела на прес-конференција во ДИК.
The post На полноќ истекува рокот за увид во Избирачкиот список и за пријавување на гласачите во дијаспората appeared first on Република.
]]>Доколку ја земеме временската рамка, ова би значело дека на претседателските избори на 24 април граѓаните, односно гласачите би можеле да се идентификуваат секако со важечки лични документи, меѓутоа и со лични документи, лична карта или пасош чија што важност истекла почнувајќи од 24 јули 2023 година за претседателските избори, додека за парламентарните избори ќе може да се идентификуваат гласачите со важечки лични документи, или лични документи – лична карта или патна исправа која по кој било основ истекла во периодот од 8 август 2023 година заклучно со 8 мај 2024 година, појасни Гугучевска минатата недела на прес-конференција во ДИК.
The post На полноќ истекува рокот за увид во Избирачкиот список и за пријавување на гласачите во дијаспората appeared first on Република.
]]>Портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска изјави дека тоа би значело дека во изводите од Избирачкиот список за парламентарните избори на 8 мај ќе бидат запишани сите граѓани коишто се стекнале, односно ќе се стекнат со полнолетство и ќе наполнат 18 години заклучно со 8 мај 2024 година како ден определен за парламентарните избори. Додека за претседателските избори во изводите од Избирачкиот список ќе бидат запишани граѓаните кои се стекнале, односно ќе се стекнат со полнолетство заклучно со 24 април како датум на одржување на претседателските избори.
-Истите изводи од Избирачкиот список за претседателски избори ќе важат и за вториот круг на гласање за претседателски избори што би се одржал на 8 мај оваа година, истакна Гугучевска.
Во однос на идентификацијата на гласачите, како што нагласува таа, сите што ќе бидат запишани во Избирачкиот список ќе треба на гласачкото место да можат да се идентификуваат со некаков документ пред избирачките одбори.
-Согласно последните измени во Изборниот законик, се предвидува дека за изборите што ќе се одржат оваа година избирачите ќе можат да гласаат со лична карта или со патна исправа чија што важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите. Доколку ја земеме временската рамка, ова би значело дека на претседателските избори на 24 април граѓаните, односно гласачите би можеле да се идентификуваат секако со важечки лични документи, меѓутоа и со лични документи, лична карта или пасош чија што важност истекла почнувајќи од 24 јули 2023 година за претседателските избори, додека за парламентарните избори ќе може да се идентификуваат гласачите со важечки лични документи, или лични документи – лична карта или патна исправа која по кој било основ истекла во периодот од 8 август 2023 година заклучно со 8 мај 2024 година, нагласува Гугучевска.
Портпаролката на ДИК објаснува оти со оглед дека како ден на изборите се смета денот согласно актот за распишување на изборите, за претседателските избори изборен ден, на којшто се одржуваат изборите е 24 април, тоа би значело дека оние лица коишто се запишани во изводите за 24 април, ќе бидат запишани и во изводите од Избирачкиот список за вториот круг за 8 мај.
– Оние што ќе наполнат 18 години во меѓу периодот од две недели помеѓу претседателските и парламентарните избори тие ќе бидат запишани во изводите од Избирачкиот список само за парламентарните избори, вели Гугучевска.
За да се оствари правото, гласачот ќе мора да се идентификува со некаков документ, вели таа.
– Веќе спомнав дека мора гласачот да се идентификува или со важечка лична карта или патна исправа или, пак, лична карта или патна исправа чија што важност истекла во периодот од девет месеци пред одржувањето на изборите. Тие опции се во моментов законски она како што Изборниот законик предвидува, потенцира Гугучевска.
На 18 март истекува рокот за проверка на гласачите во Избирачкиот список како и за пријавување на гласачите во дијаспората. Според податоците на ДИК, заклучно со 14 март во подрачните одделенија и канцеларии на Комисијата, увид во своите податоци во Избирачкиот список направиле 4859 лица. седум лица поднеле барање за промена на своите податоци, 19 лица поднеле барање за запишување на своите податоци и пет лица поднеле барање за бришење на податоци во Избирачкиот список.
Преку електронски пат заклучно со 14.03.2024, се провериле вкупно 22122 граѓани. Поднесени се 25 барања за промена на податоци, шест барања за бришење на податоци и 10 барања за запишување на податоци во Избирачкиот список.
Од ДИК апелираат, граѓаните да се проверат во Избирачкиот список односно доколку е потребно да побараат промена, запишување или бришење на своите податоци од Избирачкиот список за претстојните претседателски и парламентарни избори да го сторат тоа до дадениот рок.
По однос на пристигнати барања за регистрација на гласачи во дијаспората, досега се пристигнати вкупно 1451 пријави од кои 1101 се прифатени, 159 се одбиени и 191 необработени пријави.
Портпаролката на ДИК Гугучевска објаснува дека без разлика колку прифатени пријави има за гласање во дијаспората, гласање за претседателските избори ќе се организира, но за да се организира за гласање парламентарните избори потребно е да се пријават најмалку 5.355 гласачи во сите 52 конзуларни претставништва или дипломатски канцеларии во странство.
-Претседателски избори во дијаспората со оглед дека претседател на државата се избира според мнозинскиот систем на целата територија на државата, како и на сите континенти каде што живеат нашите државјани се сметаат како една изборна единица ќе бидат организирани во секој случај. За да биде отворено едно гласачко место ДПК или Конзуларна канцеларија на нашата држава во странство треба да бидат пријавени најмалку десет гласачи, изјави портпаролката Гугучевска..
Во однос на парламентарните избори, објаснува таа, пратениците се избираат и во изборната единица во странство според пропорционалниот модел, односно тука има уште еден услов како своевиден цензус. За да биде избран пратеник од Изборната единица 7 треба да освои најмалку онолкав број на гласови колку што освоил пратеник со најмал број на гласови на територијата на државата на последните парламентарни избори.
– За овие избори овој број е 5.355. Значи, најмалку 5.355 гласачи треба да има вкупно регистрирани во сите 52 конзуларни претставништва или дипломатски канцеларии во странство за да може да бидат, пред се, организирани вакви избори. А најмалку, исто така 5.355 гласачи би требало да гласаат за еден кандидат за тој да биде избран, рече Гугучевска.
The post Во Избирачкиот список ќе бидат запишани сите граѓани со наполнети 18 години appeared first on Република.
]]>The post Во Избирачкиот список ќе бидат запишани сите граѓани со наполнети 18 години appeared first on Република.
]]>Државната изборна комисија (ДИК) информира дека заклучно со 13 март, во нивните подрачни одделенија и канцеларии, увид на своите податоци во Избирачкиот список направиле 4 527 лица.
Седум лица поднеле барање за промена на своите податоци, 13 лица поднеле барање за запишување на своите податоци и петмина поднеле барање за бришење на податоци во Избирачкиот список.
Од ДИК соопштија дека преку електронски пат, заклучно со 13 март, се провериле вкупно 13056 граѓани. Поднесени се 24 барања за промена на податоци, пет барања за бришење на податоци и девет барања за запишување на податоци во Избирачкиот список.
-По однос на пристигнати барања за регистрација на гласачи во дијаспората, ве информираме дека досега се пристигнати вкупно 1288 пријави од кои 887 се прифатени, 137 се одбиени и 264 необработени пријави. Напоменуваме дека овие податоци се јавно достапни на веб страната
www.dijaspora.sec.mk, се вели во соопштението на ДИК.
Оттаму потсетуваат дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци од страна на граѓаните ќе може да се направи најдоцна до 18 март 2024 година, 24 часот.
-Апелираме, граѓаните да се проверат во избирачкиот список односно доколку е потребно да побараат промена, запишување или бришење на своите податоци од Избирачкиот список за претстојните претседателски и парламентарни избори да го сторат тоа до дадениот рок, потенцираат од ДИК.
The post Вкупно 4527 лица направиле увид во Избирачкиот список во канцелариите на ДИК, а 13056 по електронски пат appeared first on Република.
]]>The post Вкупно 4527 лица направиле увид во Избирачкиот список во канцелариите на ДИК, а 13056 по електронски пат appeared first on Република.
]]>Подготовките за претседателските, но и за парламентарните избори се интензивни од страна на учесниците на изборите, но и од страна на Државната изборна комисија (ДИК). На 18 март завршува увидот во Избирачкиот список и за претседателските и за парламентарните избори, а тогаш завршува и рокот за гласање во дијаспората. Листите на кандидати за претседател на Република Македонија, овластените претставници на предлагачите ги доставуваат до ДИК најдоцна на 19 март, до 24:00 часот.
За МИА од ДИК информираат дека дека заклучно со 11 март, вкупно 3 994 лица направиле проверка во Избирачкиот список во подрачните единици и канцеларии, шест лица барале промена на податоците, девет лица барале запишување на своите податоци во Избирачкиот список, а пет бришење.
Проверката граѓаните ја прават и електронски преку веб страната на ДИК и исто така можат да поднесат и барања. Па, така до 11 март 21 лице поднело барање за промена на податоци по електронски пат, од кои три лица побарале бришење на податоците, а седум за запишување во Избирачкиот список.
Според информациите од Апликација на Државната изборна комсија за регистрација на гласачи од дијаспора (sec.mk) утрово таа бројка изнесува 1010 пријавени, од кои прифатени се 617, необработени 278 и одбиени 115.
Потребните потписи за претседател ги собраа актуелниот претседател Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Бујар Османи од ДУИ, Арбен Таравари од албанската опозициска коалиција Вреди, кандидатот на ГРОМ Стевчо Јакимовски, Максим Димитриевски лидерот на ЗНАМ-За наша Македонија и Билјана Ванковска Цветковска од Левица.
The post Околу 4000 граѓани направиле увид во Избирачкиот список, рокот истекува на 18 март appeared first on Република.
]]>The post Околу 4000 граѓани направиле увид во Избирачкиот список, рокот истекува на 18 март appeared first on Република.
]]>Јавниот повик за проверка на податоците во Избирачкиот список за избор на претседател на 24 април и за избор на пратеници во Собранието на 8 мај започнува денеска и ќе трае до 18 март 2024 година до полноќ.
Сите заинтересирани граѓани на Република Македонија, кои сакаат да извршат увид во своите податоци во избирачкиот список, тоа да го направат по електронски пат на официјалната веб страна на Државната изборна комисија (ДИК), http://www.sec.mk или на следната адреса: https://izbirackispisok.gov.mk или лично во подрачните одделенија и канцеларии на Комисијата.
Барањето за запишување, дополнување или бришење на податоците во Избирачкиот список се поднесува писмено во подрачното одделение или канцеларијата на ДИК на подрачјето на живеење, или по електронска пошта на ДИК на следната адреса: [email protected].
Подрачните одделенија и канцелариите на ДИК за време на траењето на јавниот увид, ќе работат секој ден во периодот 08:00 до 20:00 часот, вклучително во деновите сабота и недела, како и за време на празници, а на 18 март 2024 година до 24:00 часот.
The post Започнува увидот: Проверете дали ве има во Избирачкиот список appeared first on Република.
]]>The post Започнува увидот: Проверете дали ве има во Избирачкиот список appeared first on Република.
]]>Методологијата и условите за ажурирање на податоците во Избирачкиот список и евиденцијата на уставно загарантираното избирачко право е различна и нема никаква поврзаност со методологијата за попис на населението, што значи дека Избирачкиот список и пописот на населението се две различни категории регулирани според посебни законски критериуми, реагира денеска Државната изборна комисија, по како што пишува, информациите во одредени медиуми, а по официјалното објавување на резултатите од Пописот 2021 година.
Избирачкото право, нагласуваат од ДИК, е уставна категорија и е уставно загарантирано право. Согласно Уставот, секој граѓанин со наполнети 18 години живот стекнува избирачко право.
Согласно уставната дефиниција за избирачкото право Изборниот законик предвидува дека право да избира има секој државјанин на Република Македонија кој наполнил 18 години живот и има деловна способност и е со постојано живеалиште во РСМ, оти избирачкиот список е јавна исправа во која се запишани граѓаните со избирачко право кој се води според Регистарот на државјаните, а во него се запишуваат сите граѓани со наполнети 18 години живот заклучно со денот на гласањето, кои имаат живеалиште на територијата на РСМ, а кои имаат важечка лична карта или патна исправа, појаснуваат од Државната изборна комисија.
Од ДИК додаваат дека во Избирачкиот список се запишуваат и сите државјани на Македонија кои се на привремена работа или престој во странство, со живеалиште на територијата на Македонија и со важечка патна исправа. Овие лица се запишуваат според нивното последно живеалиште во земјава.
Податоците за евиденција во Избирачкиот список, согласно Член 43 од Изборниот законик, Државната изборна комисија ги добива од Министерството за внатрешни работи.
The post ДИК: Избирачкиот список и пописот се две различни категории appeared first on Република.
]]>Согласно уставната дефиниција за избирачкото право Изборниот законик предвидува дека право да избира има секој државјанин на Република Македонија кој наполнил 18 години живот и има деловна способност и е со постојано живеалиште во РСМ, оти избирачкиот список е јавна исправа во која се запишани граѓаните со избирачко право кој се води според Регистарот на државјаните, а во него се запишуваат сите граѓани со наполнети 18 години живот заклучно со денот на гласањето, кои имаат живеалиште на територијата на РСМ, а кои имаат важечка лична карта или патна исправа, појаснуваат од Државната изборна комисија.Од ДИК додаваат дека во Избирачкиот список се запишуваат и сите државјани на Македонија кои се на привремена работа или престој во странство, со живеалиште на територијата на Македонија и со важечка патна исправа. Овие лица се запишуваат според нивното последно живеалиште во земјава. Податоците за евиденција во Избирачкиот список, согласно Член 43 од Изборниот законик, Државната изборна комисија ги добива од Министерството за внатрешни работи.
The post ДИК: Избирачкиот список и пописот се две различни категории appeared first on Република.
]]>