Иван Кондов Archives - Република https://republika.mk/tema/ivan-kondov/ За подобро да се разбереме Fri, 27 Sep 2024 16:53:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Иван Кондов Archives - Република https://republika.mk/tema/ivan-kondov/ 32 32 Бугарите му рекоа НЕ на Орбан: Не им требале посредници https://republika.mk/vesti/balkan/bugarite-mu-rekoa-ne-na-orban-ne-im-trebale-posrednitsi/ Fri, 27 Sep 2024 16:58:36 +0000 https://republika.mk/?p=820376

Европскиот договор со Република Македонија е јасен. На Бугарија не и требаат посредници во овој процес. Ова го изјавил министерот за надворешни работи во техничката влада на Бугарија Иван Кондов за БГНЕС, коментирајќи го понуденото посредништво на унгарскиот премиер Виктор Орбан за надминување на проблемите меѓу Софија и Скопје.

Орбан денеска по средбата со македонскиот премиер Христијан Мицкоски во Охрид изјави дека Унгарија е подготвена да го искористи Претседателството со ЕУ и да посредува во прашањето со Бугарија.

Дали страните се подготвени да ја прифатат Унгарија како посредник, ќе видиме. Тоа е нивна работа, но ние сме подготвени и сакаме да работиме на тоа да се најде решение, такво какво што одговара и на Македонија и на Бугарија. Но, тоа е работа на страните кои се во конфликт, ние сме тука да им помогнеме - изјави Орбан.

Во однос на одвојувањето од Албанија на патот кон ЕУ, Орбан рече дека тоа е голема грешка и порача дека земјава до крајот на годината мора да ги започне преговорите за зачленување во ЕУ.

Тешко е да се разбере од една нација постојано да се залажува со започнување на преговорите за членство, а потоа сите оние држави со кои заедно тргнаа во овој процес напредуваат, а нив ги држат во позадина, кажа унгарскиот премиер, кој е во дводневна официјална посета на Република  Македонија.

The post Бугарите му рекоа НЕ на Орбан: Не им требале посредници appeared first on Република.

]]>

Европскиот договор со Република Македонија е јасен. На Бугарија не и требаат посредници во овој процес. Ова го изјавил министерот за надворешни работи во техничката влада на Бугарија Иван Кондов за БГНЕС, коментирајќи го понуденото посредништво на унгарскиот премиер Виктор Орбан за надминување на проблемите меѓу Софија и Скопје. Орбан денеска по средбата со македонскиот премиер Христијан Мицкоски во Охрид изјави дека Унгарија е подготвена да го искористи Претседателството со ЕУ и да посредува во прашањето со Бугарија.
Дали страните се подготвени да ја прифатат Унгарија како посредник, ќе видиме. Тоа е нивна работа, но ние сме подготвени и сакаме да работиме на тоа да се најде решение, такво какво што одговара и на Македонија и на Бугарија. Но, тоа е работа на страните кои се во конфликт, ние сме тука да им помогнеме - изјави Орбан.
Во однос на одвојувањето од Албанија на патот кон ЕУ, Орбан рече дека тоа е голема грешка и порача дека земјава до крајот на годината мора да ги започне преговорите за зачленување во ЕУ. Тешко е да се разбере од една нација постојано да се залажува со започнување на преговорите за членство, а потоа сите оние држави со кои заедно тргнаа во овој процес напредуваат, а нив ги држат во позадина, кажа унгарскиот премиер, кој е во дводневна официјална посета на Република  Македонија.

The post Бугарите му рекоа НЕ на Орбан: Не им требале посредници appeared first on Република.

]]>