Иван Илчев Archives - Република https://republika.mk/tema/ivan-ilchev/ За подобро да се разбереме Tue, 06 Sep 2022 13:27:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Иван Илчев Archives - Република https://republika.mk/tema/ivan-ilchev/ 32 32 „Ти ми даваш на мене, јас на тебе“: Македонската историската комисија на преговорите со Бугарија се однесувала како на пазар https://republika.mk/vesti/balkan/ti-mi-davash-na-mene-jas-na-tebe-makedonskata-istoriskata-komisija-na-pregovorite-so-bugarija-se-odnesuvala-kako-na-pazar/ Tue, 06 Sep 2022 14:11:34 +0000 https://republika.mk/?p=548012

Препораките од страна на  Македонија за бугарските учебници во голема мера се бесмислени и можеме да ги прифатиме без никаков проблем. Едноставно, колегите се обидуваа нешто да претстават против нашите барања, независно од тоа за што се работи.

Ова во текст за 24 часа го пишува, меѓу другото, членот на бугарскиот дел од заедничката истприска комисија Иван Илчев.

-За нивна жал, меѓутоа, за антиката и за средновековието тие нема што да претстават. И според мене, вистинските спорови ќе дојдат кога ќе стигнеме до 19-20 век. Работите пред тоа се 99,99 отсто јасни, вели Илчев.

Тој потсетува дека кога ги започнале разговорите негувал надеж дека членовите на заедничката комисија ќе влезат во научни дискусии.

-Но, се покажа нешто сосма друго-македонските колеги, меѓу кои има и некои признати историчари, на разговорите гледаа како на трговија на пазар-„ти ми даваш на мене, јас на тебе“. Бараа некаков баланс. И од барањето таков баланс се родија и нивните пет препораки, кои всушност не засегаат ништо суштествено во бугарските учебници по историја, пишува Илчев.

The post „Ти ми даваш на мене, јас на тебе“: Македонската историската комисија на преговорите со Бугарија се однесувала како на пазар appeared first on Република.

]]>

Препораките од страна на  Македонија за бугарските учебници во голема мера се бесмислени и можеме да ги прифатиме без никаков проблем. Едноставно, колегите се обидуваа нешто да претстават против нашите барања, независно од тоа за што се работи. Ова во текст за 24 часа го пишува, меѓу другото, членот на бугарскиот дел од заедничката истприска комисија Иван Илчев.