иван џолев Archives - Република https://republika.mk/tema/ivan-dzolev/ За подобро да се разбереме Tue, 30 Apr 2024 17:41:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png иван џолев Archives - Република https://republika.mk/tema/ivan-dzolev/ 32 32 Иван Џолев нов претседател на Здружението на судиите https://republika.mk/vesti/makedonija/ivan-dholev-nov-pretsedatel-na-zdruzhenieto-na-sudiite/ Tue, 30 Apr 2024 19:32:04 +0000 https://republika.mk/?p=772754

Актуелниот претседател на Кривичниот суд во Скопје, судијата Иван Џолев, е избран за претседател на Здружението на судиите на Република Македонија.

На редовно изборно Собрание во присуство на делегати од судски подружници, Здружението на судиите го избра судијата Иван Џолев за нов претседател, соопштија од Здружението на судиите.

Џолев доаѓа на местото на досегашниот претседател на Здружението на судиите, судијата Џемали Саити.

Мандатот на претседателот на Здружението на судиите е четири години.

Како што е наведено во соопштението, на седницата биле избрани и членовите на новиот Управен и Надзорен одбор на Здружението на судиите.

The post Иван Џолев нов претседател на Здружението на судиите appeared first on Република.

]]>

Актуелниот претседател на Кривичниот суд во Скопје, судијата Иван Џолев, е избран за претседател на Здружението на судиите на Република Македонија.
На редовно изборно Собрание во присуство на делегати од судски подружници, Здружението на судиите го избра судијата Иван Џолев за нов претседател, соопштија од Здружението на судиите.
Џолев доаѓа на местото на досегашниот претседател на Здружението на судиите, судијата Џемали Саити. Мандатот на претседателот на Здружението на судиите е четири години. Како што е наведено во соопштението, на седницата биле избрани и членовите на новиот Управен и Надзорен одбор на Здружението на судиите.

The post Иван Џолев нов претседател на Здружението на судиите appeared first on Република.

]]>
Барањето Јанакиески да не оди во затвор испратено кај првиот човек на Кривичниот суд, Џолев https://republika.mk/vesti/makedonija/baraneto-janakieski-da-ne-odi-vo-zatvor-isprateno-kaj-prviot-chovek-na-krivichniot-sud-dholev/ Wed, 05 Jul 2023 06:48:31 +0000 https://republika.mk/?p=658203

Адвокатскиот тим на Миле Јанакиески го испрати барањето за спојување на сите притвори кои ги има издржано во период 4,8 години, за да му се засметаат во изречената казна од 3,6 години за случајот  „Титаник“. Ова се прави со цел тој да не оди на издржување на затворската казна.

Барањето е испратено до претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев. Во образложението, адвокатот на Јанакиески, Еленко Миланов наведува дека не во спротивност со Уставот и Кривичниот законик и дека против поранешниот министер за транспорт се покренати девет кривични предмети а само еден правосилно завршен познат во јавноста како „Насилство во Центар“. Останатите предмети пак  се во жалбена постапка.

Сметаме е неспорен факт дека постојат правосилни и извршени решенија за определување мерка притвор и куќен притвор кои се извршени во однос на обвинетиот кои се донесени од Основниот Кривичен суд-се наведува во барањето.

The post Барањето Јанакиески да не оди во затвор испратено кај првиот човек на Кривичниот суд, Џолев appeared first on Република.

]]>

Адвокатскиот тим на Миле Јанакиески го испрати барањето за спојување на сите притвори кои ги има издржано во период 4,8 години, за да му се засметаат во изречената казна од 3,6 години за случајот  „Титаник“. Ова се прави со цел тој да не оди на издржување на затворската казна. Барањето е испратено до претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев. Во образложението, адвокатот на Јанакиески, Еленко Миланов наведува дека не во спротивност со Уставот и Кривичниот законик и дека против поранешниот министер за транспорт се покренати девет кривични предмети а само еден правосилно завршен познат во јавноста како „Насилство во Центар“. Останатите предмети пак  се во жалбена постапка.
Сметаме е неспорен факт дека постојат правосилни и извршени решенија за определување мерка притвор и куќен притвор кои се извршени во однос на обвинетиот кои се донесени од Основниот Кривичен суд-се наведува во барањето.

The post Барањето Јанакиески да не оди во затвор испратено кај првиот човек на Кривичниот суд, Џолев appeared first on Република.

]]>
Џолев за децата и снаите на политичарите што стануваат судии: Сакам да верувам дека кандидатите се квалитетни https://republika.mk/vesti/makedonija/dholev-za-detsata-i-snaite-na-politicharite-shto-stanuvaat-sudii-sakam-da-veruvam-deka-kandidatite-se-kvalitetni/ Tue, 21 Feb 2023 15:32:00 +0000 https://republika.mk/?p=611591

Прво да се види кои од кандидатите што ја поминале обуката и го положиле завршниот испит на Академијата за судии и обвинители „Павел Шатев“ и каде ќе бидат распределени во судовите и во обвинителствата, да почнат да работат, па потоа да ги коментираме нивните професионални можности, интегритетот и слично, вели претседателот на Основниот кривичен суд Скопје Иван Џолев откога беа обелоденети имињата и семејните врски на дел од последната генерација што предизвика жестоки јавни критики.

Прво да видиме кои од нив ќе бидат избрани за судии и обвинители и на кои позиции, да видиме како ќе работат и потоа, евентуално, може да коментираме. Тие кандидати, сепак, поминале низ одредени филтри и сакам да верувам дека се квалитетни – изјави Џолев.

Меѓу кандидатите се најдоа роднини на судии, обвинители, поранешни претседатели на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители но и на луѓе на високи функции од законодавната и од извршната власт, што според бројни коментари, може да се толкува како резултат на форсирање на кадри на роднински, партиски и секаков друг основ, а во иднина може да резултира со разни роднински и партиски влијанија, конфликт на интереси и слично. Во самите судови, каде веќе се чувствува голем недостиг на судии, се кон овие коментари пристапуваат со големи резерви.

https://republika.mk/vesti/makedonija/sudovite-i-obvinitelstvata-polni-so-sinovi-i-kerki-na-funktsioneri/

The post Џолев за децата и снаите на политичарите што стануваат судии: Сакам да верувам дека кандидатите се квалитетни appeared first on Република.

]]>

Прво да се види кои од кандидатите што ја поминале обуката и го положиле завршниот испит на Академијата за судии и обвинители „Павел Шатев“ и каде ќе бидат распределени во судовите и во обвинителствата, да почнат да работат, па потоа да ги коментираме нивните професионални можности, интегритетот и слично, вели претседателот на Основниот кривичен суд Скопје Иван Џолев откога беа обелоденети имињата и семејните врски на дел од последната генерација што предизвика жестоки јавни критики.
Прво да видиме кои од нив ќе бидат избрани за судии и обвинители и на кои позиции, да видиме како ќе работат и потоа, евентуално, може да коментираме. Тие кандидати, сепак, поминале низ одредени филтри и сакам да верувам дека се квалитетни – изјави Џолев.
Меѓу кандидатите се најдоа роднини на судии, обвинители, поранешни претседатели на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители но и на луѓе на високи функции од законодавната и од извршната власт, што според бројни коментари, може да се толкува како резултат на форсирање на кадри на роднински, партиски и секаков друг основ, а во иднина може да резултира со разни роднински и партиски влијанија, конфликт на интереси и слично. Во самите судови, каде веќе се чувствува голем недостиг на судии, се кон овие коментари пристапуваат со големи резерви. https://republika.mk/vesti/makedonija/sudovite-i-obvinitelstvata-polni-so-sinovi-i-kerki-na-funktsioneri/

The post Џолев за децата и снаите на политичарите што стануваат судии: Сакам да верувам дека кандидатите се квалитетни appeared first on Република.

]]>
По наредба на Иван Џолев Кривичен суд врши „незапаметена тортура“ врз мене, се жали Боки 13 https://republika.mk/vesti/makedonija/po-naredba-na-ivan-dholev-krivichen-sud-vrshi-nezapametena-tortura-vrz-mene-se-zhali-boki-13/ Fri, 17 Feb 2023 10:32:08 +0000 https://republika.mk/?p=610105

Бојан Јовановски, познат во јавноста како Боки 13, кој е на издржување на казна затвор во затворот „Идризово“, во соопштение до медиумите реагира дека врз него се врши „незапаметена тортура од страна на Основниот кривичен суд Скопје“.

Правниот тим на Јовановски споделува и медициска документација со која, како што вели, се докажува дека во затворот „Идризово“, каде се наоѓа на издржување на казна затвор, е вратен со метаплазиран желудник, претканцерогена состојба и во лоша здравствена состојба

Ја информирам јавноста дека врз мене се врши незапаметена тортура од страна на Основниот кривичен суд Скопје, каде имав истакнато барање за прекин на издржување на казна затвор поради влошена здравствена состојба од животно загрозувачки карактер. Наместо законита одлука темелена на докази добив судско решение за кое изразувам основано сомневање дека е фалсификувано и антидатирано под директна наредба од страна на претседателот на Основниот кривичен суд Иван Џолев, се вели во соопштението од Јовановски.

Судското решение кое е со датум од 31.01.2023 не е потпишано од страна на починатиот судија Огнен Ставрев, дотолку повеќе што видно од решението се гледа потпис со апостроф кој не коинцидира со потписот на покојниот судија, а оттука се наметнува и прашањето заради кои причини судијата кој бил на работа до 03.02.2023 година пред да почине на 04.02.2023 година не го потпишал решението кое го донел и заради кои причини веднаш не го верифицирал истото во акмис системот согласно закон и судкиот деловник за работа, а важно за напомена е дека покојниот судија се до 03.02.2023 година беше во активна и секојдневна комуникација со мојот бранител мр.Владимир Туфеџиќ сето во врска со постапката и истиот примаше дополненија на барањето и нови докази се до 03.02.2023 за кој поседуме докази со приемен печат од судот, ова е надвор од здрава логика!

Во прилог на ова соопштение за јавноста ви ги доставувувам Решението ПК бр. 18/22 од Основниот кривичен суд Скопје, мојата Жалба кон Решението и медицинската документација која е дел од предметот. Во интерес на вистината и транспарентноста, особено поради високиот степен на јавниот интерес, дотолку повеќе што се работи за МОНСТРУОЗЕН И МОРБИДЕН ФАЛСИФИКАТ НА ДЕЦЕНИЈАТА, согласен сум да ги објавите сите документи во целост, со заштита на личните податоци (матичен број).

Јовановски, исто така, посочува дека за сето ова се известени со посебни барања и иницирани постапки, раководителот на ОЈО за ГОКК Ислам Абази, амбасадорката на САД, Судскиот совет, Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур и други меѓународни и домашни организации.

The post По наредба на Иван Џолев Кривичен суд врши „незапаметена тортура“ врз мене, се жали Боки 13 appeared first on Република.

]]>

Бојан Јовановски, познат во јавноста како Боки 13, кој е на издржување на казна затвор во затворот „Идризово“, во соопштение до медиумите реагира дека врз него се врши „незапаметена тортура од страна на Основниот кривичен суд Скопје“. Правниот тим на Јовановски споделува и медициска документација со која, како што вели, се докажува дека во затворот „Идризово“, каде се наоѓа на издржување на казна затвор, е вратен со метаплазиран желудник, претканцерогена состојба и во лоша здравствена состојба
Ја информирам јавноста дека врз мене се врши незапаметена тортура од страна на Основниот кривичен суд Скопје, каде имав истакнато барање за прекин на издржување на казна затвор поради влошена здравствена состојба од животно загрозувачки карактер. Наместо законита одлука темелена на докази добив судско решение за кое изразувам основано сомневање дека е фалсификувано и антидатирано под директна наредба од страна на претседателот на Основниот кривичен суд Иван Џолев, се вели во соопштението од Јовановски. Судското решение кое е со датум од 31.01.2023 не е потпишано од страна на починатиот судија Огнен Ставрев, дотолку повеќе што видно од решението се гледа потпис со апостроф кој не коинцидира со потписот на покојниот судија, а оттука се наметнува и прашањето заради кои причини судијата кој бил на работа до 03.02.2023 година пред да почине на 04.02.2023 година не го потпишал решението кое го донел и заради кои причини веднаш не го верифицирал истото во акмис системот согласно закон и судкиот деловник за работа, а важно за напомена е дека покојниот судија се до 03.02.2023 година беше во активна и секојдневна комуникација со мојот бранител мр.Владимир Туфеџиќ сето во врска со постапката и истиот примаше дополненија на барањето и нови докази се до 03.02.2023 за кој поседуме докази со приемен печат од судот, ова е надвор од здрава логика! Во прилог на ова соопштение за јавноста ви ги доставувувам Решението ПК бр. 18/22 од Основниот кривичен суд Скопје, мојата Жалба кон Решението и медицинската документација која е дел од предметот. Во интерес на вистината и транспарентноста, особено поради високиот степен на јавниот интерес, дотолку повеќе што се работи за МОНСТРУОЗЕН И МОРБИДЕН ФАЛСИФИКАТ НА ДЕЦЕНИЈАТА, согласен сум да ги објавите сите документи во целост, со заштита на личните податоци (матичен број).
Јовановски, исто така, посочува дека за сето ова се известени со посебни барања и иницирани постапки, раководителот на ОЈО за ГОКК Ислам Абази, амбасадорката на САД, Судскиот совет, Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур и други меѓународни и домашни организации.

The post По наредба на Иван Џолев Кривичен суд врши „незапаметена тортура“ врз мене, се жали Боки 13 appeared first on Република.

]]>
Иван Џолев доби втор мандат како претседател на Кривичен https://republika.mk/vesti/makedonija/ivan-dholev-dobi-vtor-mandat-kako-pretsedatel-na-krivichen/ Thu, 29 Dec 2022 10:56:40 +0000 https://republika.mk/?p=591432

Претседателот на Основен Кривичен суд Скопје, Иван Џолев, на денешната седница на Судскиот совет по изборот во 2017, беше одново избран за претседател. Тој беше и единствениот пријавен за оваа позиција, потврдуваат од Судскиот Совет за МИА.

По вторпат, исто така, беше избрана и Емел Кранли Али,за претседателка на Основниот суд во Ресен.

Освен во Скопје и Ресен, на денешната седница треба да се изберат претседатели на Основните судови во Тетово и Виница.

Судии на денешната седница треба да се бираат и за Апелациониот суд во Гостивар, како и Кривичните судови во Скопје и Штип.

Во моментов, седницата е прекината поради немање струја во просториите на Судскиот совет.

The post Иван Џолев доби втор мандат како претседател на Кривичен appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Основен Кривичен суд Скопје, Иван Џолев, на денешната седница на Судскиот совет по изборот во 2017, беше одново избран за претседател. Тој беше и единствениот пријавен за оваа позиција, потврдуваат од Судскиот Совет за МИА. По вторпат, исто така, беше избрана и Емел Кранли Али,за претседателка на Основниот суд во Ресен. Освен во Скопје и Ресен, на денешната седница треба да се изберат претседатели на Основните судови во Тетово и Виница. Судии на денешната седница треба да се бираат и за Апелациониот суд во Гостивар, како и Кривичните судови во Скопје и Штип. Во моментов, седницата е прекината поради немање струја во просториите на Судскиот совет.

The post Иван Џолев доби втор мандат како претседател на Кривичен appeared first on Република.

]]>