Иван Антоновски Archives - Република https://republika.mk/tema/ivan-antonovski/ За подобро да се разбереме Tue, 23 Jan 2024 09:51:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Иван Антоновски Archives - Република https://republika.mk/tema/ivan-antonovski/ 32 32 Иван Антоновски ја повлече кандидатурата за претседател на Собранието на ДПМ https://republika.mk/vesti/kultura/ivan-antonovski-ja-povleche-kandidaturata-za-pretsedatel-na-sobranieto-na-dpm/ Tue, 23 Jan 2024 09:50:09 +0000 https://republika.mk/?p=735808

Писателот Иван Антоновски денеска соопшти дека ја повлекува кандидатурата за претседател на Собранието на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ).

По јавно достапните информации дека според важечката регулатива, позицијата претседател на Собранието на ДПМ, правно, воопшто и не постои, искрено, бев во дилема дали е потребно повлекување на кандидатура за правно непостоечка позиција. Сепак, сметам дека имам морална обврска да се обратам до вас и да ве известам дека и формално го преземам овој чекор, затоа што ставовите и програмските определби од мојата кандидатура, всушност, беа одраз на тоа што голем дел од членството го чувствува и го изрази како потреба, се вели во соопштението на Антоновски.

Тој посочи дека со формалното повлекување на кандидатурата се надева оти ќе успее да спречи заедничките заложби за консолидација на ДПМ да бидат вовлечени во евентуални натамошни случувања што би немале правен легитимитет и дополнително би му наштетиле на Друштвото.

Верувам дека потребата од заложби за модернизација и транформација на македонската писателска асоцијација и натаму е силна, иако, по сето она што го посведочивме во овој период, јасно е дека патот ќе биде уште подолг и потежок. Заложбите беа и се за нов систем на вредности, а не за продлабочување на веќе постоечките проблеми. И покрај сè, сакам да верувам дека ДПМ може да излезе од ќорсокакот во кој се наоѓа, а дали тоа ќе се случи зависи од секој од нас – членовите на ДПМ!, додава Антоновски.

The post Иван Антоновски ја повлече кандидатурата за претседател на Собранието на ДПМ appeared first on Република.

]]>

Добитник на наградата „Живко Чинго“ за 2023 година е Иван Антоновски https://republika.mk/vesti/kultura/dobitnik-na-nagradata-zhivko-chingo-za-2023-godina-e-ivan-antonovski/ Wed, 09 Aug 2023 13:52:04 +0000 https://republika.mk/?p=670429

Иван Антоновски е писателот на расказот „Ние ја имаме судбината на Јозефа К.“ под шифра: „Обид на македонистот“, кој од страна на комисијата во состав: проф. д-р Димитар Пандев, претседател, м-р Перчо Божиновски, член и доц. д-р Мерсиха Исмајлоска, член, беше избран за најдобар на годинешниот конкурс „Живко Чинго“.

Иван Антоновски (1990) е писател, книжевен критичар, есеист и книжевен преведувач, асистент на Катедрата за македонска книжевност и култура на Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“ при УКИМ. Автор е на неколку книги со студии и есеи за современата македонска книжевност, поетски книги и книжевни преводи. Неодамна, во издание на книгоиздавателството „Матица македонска“ беше објавена неговата најнова книга „Просто и строго – Конески“. Соприредувач е на три антологии и на неколку други монографски публикации кои се однесуваат на современата македонска книжевност. Бил уредник и соработник на неколку списанија за книжевност и култура, меѓу кои и на е-неделникот „Репер“. Во моментов е уредник на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“. Добитник е на неколку книжевни награди и општествени признанија, меѓу кои се наградата „13 Ноември“ на Град Скопје и наградата „Франк Манинг“ на Ректоратот на УКИМ. Прогласен е за најдобар млад научник во хуманистичките науки за 2021 година и од претседателот на државата му беше доделено признанието „Успешни млади“. Член е на Друштвото на писателите на Македонија, на Сојузот на литературните преведувачи на Македонија и на Македонскиот славистички комитет.

Наградата за најдобар расказ ќе му биде доделена во рамки на манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ што ќе се одржи на 13 август во неговото родно место Велгошти.

The post Добитник на наградата „Живко Чинго“ за 2023 година е Иван Антоновски appeared first on Република.

]]>

Иван Антоновски е писателот на расказот „Ние ја имаме судбината на Јозефа К.“ под шифра: „Обид на македонистот“, кој од страна на комисијата во состав: проф. д-р Димитар Пандев, претседател, м-р Перчо Божиновски, член и доц. д-р Мерсиха Исмајлоска, член, беше избран за најдобар на годинешниот конкурс „Живко Чинго“. Иван Антоновски (1990) е писател, книжевен критичар, есеист и книжевен преведувач, асистент на Катедрата за македонска книжевност и култура на Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“ при УКИМ. Автор е на неколку книги со студии и есеи за современата македонска книжевност, поетски книги и книжевни преводи. Неодамна, во издание на книгоиздавателството „Матица македонска“ беше објавена неговата најнова книга „Просто и строго – Конески“. Соприредувач е на три антологии и на неколку други монографски публикации кои се однесуваат на современата македонска книжевност. Бил уредник и соработник на неколку списанија за книжевност и култура, меѓу кои и на е-неделникот „Репер“. Во моментов е уредник на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“. Добитник е на неколку книжевни награди и општествени признанија, меѓу кои се наградата „13 Ноември“ на Град Скопје и наградата „Франк Манинг“ на Ректоратот на УКИМ. Прогласен е за најдобар млад научник во хуманистичките науки за 2021 година и од претседателот на државата му беше доделено признанието „Успешни млади“. Член е на Друштвото на писателите на Македонија, на Сојузот на литературните преведувачи на Македонија и на Македонскиот славистички комитет.
Наградата за најдобар расказ ќе му биде доделена во рамки на манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ што ќе се одржи на 13 август во неговото родно место Велгошти.

The post Добитник на наградата „Живко Чинго“ за 2023 година е Иван Антоновски appeared first on Република.

]]>
Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија https://republika.mk/vesti/kultura/izbor-od-poetskoto-tvoreshtvo-na-ivan-antonovski-objaven-vo-srbija/ Sun, 04 Jun 2023 09:42:21 +0000 https://republika.mk/?p=647596

Издавачката куќа „Граматик“ од Белград објави избор од поетското творештво на Иван Антоновски, под наслов „Обиди за (пре)создавање песна“.

Песните од изборот, поделени во три циклуси кои претставуваат три фази во поезијата на Антоновски, од македонски на српски јазик ги препеал српскиот поет и прозаист, Рајко Лукач.

Звучи неверојатно дека Иван Антоновски уште како четиринаестгодишник напишал песни пред кои ми застанува здивот од чудење за длабоката емотивна промисла и за престорувањето на таа промисла во стихови (без патетика). Тие песни се пријатно меланхолични (пр. „Јаглика“, „Трепетлика“, „Кога те молев да пораснеш“), пленат со непосредната искреност и младешки занес („Ако ослепам, ќе ослепам од убавина“), напоменува Лукач, осврнувајќи се кон првиот циклус од изборот објавен во неговиот препев.

Тој се осврнува и на другите два циклуса од поезијата на Антоновски, при што за циклусот „Крикови од неископан гроб“ насловен според поетската книга од која се песните застапени во него, Лукач напоменува дека станува збор за поезија напишана од раката на младич, во која меланхолијата е поизразена, но е надополнета со фина иронија и со надреалистички зачини за да се ублажи горчината.

Објавувањето на овој поетски избор во препев на српски јазик било иницирано од Лукач, откако тој имал можност да се запознае со поезијата на Антоновски пред неколку години на Галичката книжевна колонија.

Претходно, во препев на српски јазик, уште во 2008 година беше објавена поетската книга која ја претставува раната фаза во поетското творештво на Антоновски – „Кога те молев да пораснеш“, со која Нишкиот културен центар ја започна едицијата „Вертер“. Голем број негови песни во препев се објавени и во повеќе српски книжевни списанија и досега има учествувано на поголем број книжевни манифестации во Србија. Во 2014 година, во Србија беше објавена и антологијата на македонската љубовна лирика „Од копнеж до ерос“, која ја приредија Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски, а за која во февруари 2015 година беше доделена и наградата „Светосавски печат“ за посебна книга како исклучителен авторски и издавачки потфат на 11. Светосавски саем на книгата во Ниш.

Во Белград треба да се одржи и книжевна вечер со Иван Антоновски, на која меѓу другото ќе биде претставен и изборот од неговото поетско творештво објавен од издавачката куќа „Граматик“.

The post Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија appeared first on Република.

]]>

Издавачката куќа „Граматик“ од Белград објави избор од поетското творештво на Иван Антоновски, под наслов „Обиди за (пре)создавање песна“. Песните од изборот, поделени во три циклуси кои претставуваат три фази во поезијата на Антоновски, од македонски на српски јазик ги препеал српскиот поет и прозаист, Рајко Лукач.
Звучи неверојатно дека Иван Антоновски уште како четиринаестгодишник напишал песни пред кои ми застанува здивот од чудење за длабоката емотивна промисла и за престорувањето на таа промисла во стихови (без патетика). Тие песни се пријатно меланхолични (пр. „Јаглика“, „Трепетлика“, „Кога те молев да пораснеш“), пленат со непосредната искреност и младешки занес („Ако ослепам, ќе ослепам од убавина“), напоменува Лукач, осврнувајќи се кон првиот циклус од изборот објавен во неговиот препев.
Тој се осврнува и на другите два циклуса од поезијата на Антоновски, при што за циклусот „Крикови од неископан гроб“ насловен според поетската книга од која се песните застапени во него, Лукач напоменува дека станува збор за поезија напишана од раката на младич, во која меланхолијата е поизразена, но е надополнета со фина иронија и со надреалистички зачини за да се ублажи горчината. Објавувањето на овој поетски избор во препев на српски јазик било иницирано од Лукач, откако тој имал можност да се запознае со поезијата на Антоновски пред неколку години на Галичката книжевна колонија. Претходно, во препев на српски јазик, уште во 2008 година беше објавена поетската книга која ја претставува раната фаза во поетското творештво на Антоновски – „Кога те молев да пораснеш“, со која Нишкиот културен центар ја започна едицијата „Вертер“. Голем број негови песни во препев се објавени и во повеќе српски книжевни списанија и досега има учествувано на поголем број книжевни манифестации во Србија. Во 2014 година, во Србија беше објавена и антологијата на македонската љубовна лирика „Од копнеж до ерос“, која ја приредија Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски, а за која во февруари 2015 година беше доделена и наградата „Светосавски печат“ за посебна книга како исклучителен авторски и издавачки потфат на 11. Светосавски саем на книгата во Ниш. Во Белград треба да се одржи и книжевна вечер со Иван Антоновски, на која меѓу другото ќе биде претставен и изборот од неговото поетско творештво објавен од издавачката куќа „Граматик“.

The post Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија appeared first on Република.

]]>
Објавен прв текст за корените на Горан Стефановски од Иван Антоновски https://republika.mk/vesti/kultura/objaven-prv-tekst-za-korenite-na-goran-stefanovski-od-ivan-antonovski/ Wed, 03 May 2023 08:52:15 +0000 https://republika.mk/?p=636352

Објавен е прв текст кој е резултат на истражување за семејните корени на култниот драмски автор и есеист Горан Стефановски. Автор на текстот е Иван Антоновски, асистент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје.

Во текстот се посочува дека корените на Стефановски се од селото Ербеле, на територијата на денешна Албанија, од каде неговите предци, во 1920 година емигрираат во скопското Дебар Маало. Тој содржи многу сведоштва и информации кои за првпат се претставуваат пред пошироката јавност и отвора многу прашања кои упатуваат кон нови интерпретативни рамништа во вреднувањето и анализирањето на драмите на Горан Стефановски.

[caption id="attachment_636355" align="alignnone" width="768"] Горан Стефановски со синот Игор
Фото: Иван Антоновски[/caption]

Минатата година, во издание на ИК „Полица“ беше објавена книгата на Антоновски, „Идентитетот е приказна“ – прва книга за есеистиката на Горан Стефановски.

The post Објавен прв текст за корените на Горан Стефановски од Иван Антоновски appeared first on Република.

]]>

Објавен е прв текст кој е резултат на истражување за семејните корени на култниот драмски автор и есеист Горан Стефановски. Автор на текстот е Иван Антоновски, асистент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје. Во текстот се посочува дека корените на Стефановски се од селото Ербеле, на територијата на денешна Албанија, од каде неговите предци, во 1920 година емигрираат во скопското Дебар Маало. Тој содржи многу сведоштва и информации кои за првпат се претставуваат пред пошироката јавност и отвора многу прашања кои упатуваат кон нови интерпретативни рамништа во вреднувањето и анализирањето на драмите на Горан Стефановски. [caption id="attachment_636355" align="alignnone" width="768"] Горан Стефановски со синот Игор
Фото: Иван Антоновски[/caption] Минатата година, во издание на ИК „Полица“ беше објавена книгата на Антоновски, „Идентитетот е приказна“ – прва книга за есеистиката на Горан Стефановски.

The post Објавен прв текст за корените на Горан Стефановски од Иван Антоновски appeared first on Република.

]]>
Промоција на книгата „Идентитетот е приказна“ од Иван Антоновски во Куманово https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-knigata-identitetot-e-prikazna-od-ivan-antonovski-vo-kumanovo-2/ Wed, 01 Feb 2023 10:13:42 +0000 https://republika.mk/?p=603281

Во малата сала на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово во вечерва, на први февраури, со почеток во 19 часот ќе се одржи промоција на книгата „Идентитетот е приказна“ од Иван Антоновски.

Промотор на настанот е Весна Мојсова Чепишевска, фрагменти ќе читаат актерките Кети Дончевска Илиќ и Анастасија Величковиќ.

Иван Антоновски е асистент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ и зад себе веќе има неколку публикации. Минатата година беше прогласен за најдобар млад научник во хуманистичките науки и од претседателот на државата му беше доделено признанието „Успешни млади“.

Во „Идентитетот е приказна“, покрај студијата на Антоновски е објавен и последниот, тестаментален есеј на Горан Стефановски – „Искрата што се измолкнува (наративи помеѓу чеканот и наковалната)“.

The post Промоција на книгата „Идентитетот е приказна“ од Иван Антоновски во Куманово appeared first on Република.

]]>

Во малата сала на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово во вечерва, на први февраури, со почеток во 19 часот ќе се одржи промоција на книгата „Идентитетот е приказна“ од Иван Антоновски. Промотор на настанот е Весна Мојсова Чепишевска, фрагменти ќе читаат актерките Кети Дончевска Илиќ и Анастасија Величковиќ. Иван Антоновски е асистент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ и зад себе веќе има неколку публикации. Минатата година беше прогласен за најдобар млад научник во хуманистичките науки и од претседателот на државата му беше доделено признанието „Успешни млади“. Во „Идентитетот е приказна“, покрај студијата на Антоновски е објавен и последниот, тестаментален есеј на Горан Стефановски – „Искрата што се измолкнува (наративи помеѓу чеканот и наковалната)“.

The post Промоција на книгата „Идентитетот е приказна“ од Иван Антоновски во Куманово appeared first on Република.

]]>
Промоција на книгата „Идентитетот е приказна“ од Иван Антоновски во Куманово https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-knigata-identitetot-e-prikazna-od-ivan-antonovski-vo-kumanovo/ Tue, 31 Jan 2023 08:31:14 +0000 https://republika.mk/?p=602861

Во малата сала на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово во среда со почеток во 19 часот ќе се одржи промоција на книгата „Идентитетот е приказна“ од Иван Антоновски.

Промотор на настанот е Весна Мојсова Чепишевска, фрагменти ќе читаат актерките Кети Дончевска Илиќ и Анастасија Величковиќ.

Иван Антоновски е асистент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ и зад себе веќе има неколку публикации. Минатата година беше прогласен за најдобар млад научник во хуманистичките науки и од претседателот на државата му беше доделено признанието „Успешни млади“.

Во „Идентитетот е приказна“, покрај студијата на Антоновски е објавен и последниот, тестаментален есеј на Горан Стефановски – „Искрата што се измолкнува (наративи помеѓу чеканот и наковалната)“.

The post Промоција на книгата „Идентитетот е приказна“ од Иван Антоновски во Куманово appeared first on Република.

]]>

Во малата сала на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово во среда со почеток во 19 часот ќе се одржи промоција на книгата „Идентитетот е приказна“ од Иван Антоновски. Промотор на настанот е Весна Мојсова Чепишевска, фрагменти ќе читаат актерките Кети Дончевска Илиќ и Анастасија Величковиќ. Иван Антоновски е асистент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ и зад себе веќе има неколку публикации. Минатата година беше прогласен за најдобар млад научник во хуманистичките науки и од претседателот на државата му беше доделено признанието „Успешни млади“. Во „Идентитетот е приказна“, покрај студијата на Антоновски е објавен и последниот, тестаментален есеј на Горан Стефановски – „Искрата што се измолкнува (наративи помеѓу чеканот и наковалната)“.

The post Промоција на книгата „Идентитетот е приказна“ од Иван Антоновски во Куманово appeared first on Република.

]]>