Ива Дамјановска Archives - Република https://republika.mk/tema/iva-damjanovska/ За подобро да се разбереме Tue, 11 Jun 2024 07:48:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Ива Дамјановска Archives - Република https://republika.mk/tema/iva-damjanovska/ 32 32 На поетски фестивал во Ротердам претставена поетесата Ива Дамјановски и монографии на македонските добитници на „Златен венец“, Матеја Матевски и Влада Урошевиќ https://republika.mk/vesti/kultura/na-poetski-festival-vo-roterdam-pretstavena-poetesata-iva-damjanovski-i-monografii-na-makedonskite-dobitnitsi-na-zlaten-venets-mateja-matevski-i-vlada-uroshevik/ Tue, 11 Jun 2024 07:47:18 +0000 https://republika.mk/?p=786449

Македонската поетеса Ива Дамјановски беше претставена на поетскиот фестивал Poetry International, кој се одржа од 6 до 9 јуни во Ротердам, Холандија.

Фестивалот кој е еден од најреномираните европски поетски фестивали, член на платформата Версополис, оваа година го имаше своето 54. издание со исклучително богата и разновидна програма. Ива Дамјановски настапи во главната програма, на поетското читање што се одржа во мултимедијалниот центар Зудплејн, каде што секој автор пред неговиот настап беше преставен со специјално создадено мултимедијално видео. Според традицијата, Фестивалот секоја година кани различен режисер што во зависност од темата на фестивалот, осмислува сценски амбиент во кој се одвиваат настапите на поетите. Оваа година, тоа беше режисерот Пук ван Дијк во соработка со Себастијан Сминк.

Ива Дамјановски исто така беше дел од интерактивната и мошне интересно осмислена „просторна“ поетска дебата, каде што поетите учесници ги изразуваа своите ставови и преку просторно позиционирање на сцената.
Главното претставување на Дамјановска се случи на 8 јуни во мултимедијалниот центар Лантаренвенстер, каде што имаше прилика во траење од половина час да прочита избор од нејзината поезија, а потоа да ги претстави нејзините поетички ставови во разговор со модератор. Нејзиниот настап наиде на исклучително добар прием кај публиката која ја исполни салата до последното место.

Инспирирани од поезијата на Ива Дамјановски, студентите од академијата Вилијам де Кенинг, дизајнираа специјален плакат во склоп на серијата плакати инспирани од поезијата на учесниците во главната програма на Фестивалот. Учеството на Ива Дамјановски беше овозможено од платформата Версополис, која почнувајќи од 2014 година ја зголемува мобилноста и афирмацијата на младите поети во подем.

Поетскиот фестивал „Струшки вечери на поезијата“ се дел од Версополис и директорот Тодорче Тасевски оствари повеќе средби со директорите на фестивали и поетски колективи. На средбите беа разменети искуства поврзани со организацијата на фестивали и беа договорени идни потенцијални соработки. Тодорче Тасевски, на директорката на Poetry International, Диана Чин-А-Фат ѝ врачи примероци од Монографиите на македонските добитници на „Златен венец“, Матеја Матевски и Влада Урошевиќ. Овие монографии, во кои значителен дел од поезијата е преведен на англиски јазик ќе бидат уште една можност за увид во творештвото на нашите двајца истакнати поети, но и можност за холандските издавачи да пројават интерес за изданија на холандски јазик.

The post На поетски фестивал во Ротердам претставена поетесата Ива Дамјановски и монографии на македонските добитници на „Златен венец“, Матеја Матевски и Влада Урошевиќ appeared first on Република.

]]>

Македонската поетеса Ива Дамјановски беше претставена на поетскиот фестивал Poetry International, кој се одржа од 6 до 9 јуни во Ротердам, Холандија. Фестивалот кој е еден од најреномираните европски поетски фестивали, член на платформата Версополис, оваа година го имаше своето 54. издание со исклучително богата и разновидна програма. Ива Дамјановски настапи во главната програма, на поетското читање што се одржа во мултимедијалниот центар Зудплејн, каде што секој автор пред неговиот настап беше преставен со специјално создадено мултимедијално видео. Според традицијата, Фестивалот секоја година кани различен режисер што во зависност од темата на фестивалот, осмислува сценски амбиент во кој се одвиваат настапите на поетите. Оваа година, тоа беше режисерот Пук ван Дијк во соработка со Себастијан Сминк. Ива Дамјановски исто така беше дел од интерактивната и мошне интересно осмислена „просторна“ поетска дебата, каде што поетите учесници ги изразуваа своите ставови и преку просторно позиционирање на сцената. Главното претставување на Дамјановска се случи на 8 јуни во мултимедијалниот центар Лантаренвенстер, каде што имаше прилика во траење од половина час да прочита избор од нејзината поезија, а потоа да ги претстави нејзините поетички ставови во разговор со модератор. Нејзиниот настап наиде на исклучително добар прием кај публиката која ја исполни салата до последното место. Инспирирани од поезијата на Ива Дамјановски, студентите од академијата Вилијам де Кенинг, дизајнираа специјален плакат во склоп на серијата плакати инспирани од поезијата на учесниците во главната програма на Фестивалот. Учеството на Ива Дамјановски беше овозможено од платформата Версополис, која почнувајќи од 2014 година ја зголемува мобилноста и афирмацијата на младите поети во подем. Поетскиот фестивал „Струшки вечери на поезијата“ се дел од Версополис и директорот Тодорче Тасевски оствари повеќе средби со директорите на фестивали и поетски колективи. На средбите беа разменети искуства поврзани со организацијата на фестивали и беа договорени идни потенцијални соработки. Тодорче Тасевски, на директорката на Poetry International, Диана Чин-А-Фат ѝ врачи примероци од Монографиите на македонските добитници на „Златен венец“, Матеја Матевски и Влада Урошевиќ. Овие монографии, во кои значителен дел од поезијата е преведен на англиски јазик ќе бидат уште една можност за увид во творештвото на нашите двајца истакнати поети, но и можност за холандските издавачи да пројават интерес за изданија на холандски јазик.

The post На поетски фестивал во Ротердам претставена поетесата Ива Дамјановски и монографии на македонските добитници на „Златен венец“, Матеја Матевски и Влада Урошевиќ appeared first on Република.

]]>
Концерт на Ива Дамјановски во салон 19-19 https://republika.mk/vesti/kultura/koncert-na-iva-damjanovski-vo-salon-19-19/ Wed, 23 Nov 2022 08:11:42 +0000 https://republika.mk/?p=577190

Културно-информативниот центар – Скопје го претставува концертот „Stalking Heads“ на Ива Дамјановски што ќе се одржи вечерва од 19:19 часот во Салон 19-19.

Како што информираат од КИЦ, „Stalking Heads“ е дело посветено на вревата и обид за спој на поезијата и музиката и претставува реобмисливање на македонскиот народен мелос во импресионистички стил.

Ива Дамјановски (1996) е дипломиран пијанист на Факултетот за музичка уметност при УКИМ.

Нејзината прва композиција за пијано, „Breath“ е објавена во компилацијата „Klavirsko Nebo 3“, во издаваштво на продукциската куќа „Pop Depresija“.

Во 2021 го реализира и својот солистички концертен проект „Аs we danced we gave substance to shadows“, на кој прв пат, покрај пијано програмата, настапува и со изведба на теремин.

Добитник е на наградата „Игор Исаковски“ за најдобар дебитантски поетски ракопис во 2017 година за стихозбирката „Тие“ (2017, Блесок). Во 2020 е издадена и нејзината втора стихозбирка „Двоумење“, за која ѝ е доделена наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата.

The post Концерт на Ива Дамјановски во салон 19-19 appeared first on Република.

]]>

Културно-информативниот центар – Скопје го претставува концертот „Stalking Heads“ на Ива Дамјановски што ќе се одржи вечерва од 19:19 часот во Салон 19-19. Како што информираат од КИЦ, „Stalking Heads“ е дело посветено на вревата и обид за спој на поезијата и музиката и претставува реобмисливање на македонскиот народен мелос во импресионистички стил. Ива Дамјановски (1996) е дипломиран пијанист на Факултетот за музичка уметност при УКИМ. Нејзината прва композиција за пијано, „Breath“ е објавена во компилацијата „Klavirsko Nebo 3“, во издаваштво на продукциската куќа „Pop Depresija“. Во 2021 го реализира и својот солистички концертен проект „Аs we danced we gave substance to shadows“, на кој прв пат, покрај пијано програмата, настапува и со изведба на теремин. Добитник е на наградата „Игор Исаковски“ за најдобар дебитантски поетски ракопис во 2017 година за стихозбирката „Тие“ (2017, Блесок). Во 2020 е издадена и нејзината втора стихозбирка „Двоумење“, за која ѝ е доделена наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата.

The post Концерт на Ива Дамјановски во салон 19-19 appeared first on Република.

]]>