Итно копче Archives - Република https://republika.mk/tema/itno-kopche/ За подобро да се разбереме Sun, 08 May 2022 12:12:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Итно копче Archives - Република https://republika.mk/tema/itno-kopche/ 32 32 Град Скопје и Црвениот крст го промовираа проектот ,,Итно Копче“ за помош на лицата над 65 години https://republika.mk/vesti/skopje/grad-skopje-i-crveniot-krst-go-promoviraa-proektot-itno-kopche-za-pomosh-na-licata-nad-65-godini/ Sun, 08 May 2022 12:12:49 +0000 https://republika.mk/?p=499458

Денеска се промовираше „Итно Копче” програмата на Црвениот крст на Град Скопје, наменета за обезбедување сигурност на постарите лица над 65 години. Оваа новина на Црвениот крст се промовира на Светскиот ден на организацијата и се спроведува во соработка со град Скопје.

Станува збор за услуга која е нова во регионот, но во дел од европските земји се спроведува со години, затоа го постои искуство од меѓународен тим кој ги обучува тимовите на Црвениот Крст на Град Скопје, кои понатаму ќе работат на терен. Целта е да се обезбеди сигурност на постарите лица над 65 години, со тоа што секогаш кога ќе се најдат во состојба на итност да можат да се јават на тимот на Црвениот крст Скопје, каде обучени лица ќе доаѓаат на терен и прават проценка што треба да се направи, изјави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска на денешната промоција на услугата.

Сузана Тунева Пауновска, секретар на Црвениот крст на Град Скопје појасни дека оваа услуга може да ја користат лицата над 65 години. Предност ќе имаат лицата кои живеат сами. Во оваа фаза ќе бидат вклучени лица над 65 години, кои се веќе постоечки корисници на услугата „помош и нега во домот“ во рамките на Црвениот крст.

Лицата ќе имаат Итно копче, уред, аларм, кој секогаш ќе го носат со себе и доколку се најдат во ситуација во која имаат потреба од итност со притискање на копчето алармираат посебен тим кој веднаш ќе излезе на терен и ќе дојде на помош. Во тимот заедно ќе работат бројни волонтери меѓу кои возачи, животоспасувачи, телефонски оператори, психолози, социјални работници, истакна Сузана Тунева Пауновска, секретар на Црвениот крст на Град Скопје.

The post Град Скопје и Црвениот крст го промовираа проектот ,,Итно Копче“ за помош на лицата над 65 години appeared first on Република.

]]>