италијански јазик Archives - Република https://republika.mk/tema/italijanski-jazik/ За подобро да се разбереме Thu, 10 Feb 2022 14:29:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png италијански јазик Archives - Република https://republika.mk/tema/italijanski-jazik/ 32 32 Герасимовски: Добрата соработка која ја имаме со Амбасадата на Република Италија продолжува со воведувањето на италијанскиот јазик во училиштата https://republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-dobrata-sorabotka-koja-ja-imame-so-ambasadata-na-republika-italija-prodolzuva-so-voveduvanjeto-na-italijanskiot-jazik-vo-uchilishtata/ Thu, 10 Feb 2022 14:29:26 +0000 https://republika.mk/?p=456836

Книги, учебна литература, професори и други видови на поддршка на денешната средба договорија градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и аташето за култура во Амбасадата на Република Италија, Марко Пешетели, информираат од Општина Центар.

На средбата, која се одржа брзо по состанокот на градоначалникот на Општина Центар со амбасадорот на Италија, Н.Е. Андреа Силвестри, покрај Герасимовски и Пешетели, присуствуваа и директорките на осумте општински училишта и надлежните општински служби.

Денешната средба со господинот Пешетели е одлична можност за директорките на нашите основни училишта директно да се запознаат со планот за изучување на италијанскиот јазик од шесто до деветто одделение во училиштата и да ги договориме наредните чекори. Добрата соработка која ја имаме со Амбасадата на Република Италија продолжува со воведувањето на италијанскиот јазик во училиштата, но и со дргуги заеднички проекти и активности“, изјави по средбата градоначалникот Герасимовски.

Активностите за промоција на изучувањето на италијанскиот јазик во основните училишта започнуваат во март, за веќе во мај да се почне и реализацијата на овој проект во училиштата во Општина Центар.

Италијанската амбасада освен поддршката за процесот на изучување на јазикот, има одвоено средства и за стипендии на најдобрите ученици кои ќе го изберат италијанскиот јазик.

The post Герасимовски: Добрата соработка која ја имаме со Амбасадата на Република Италија продолжува со воведувањето на италијанскиот јазик во училиштата appeared first on Република.

]]>

Книги, учебна литература, професори и други видови на поддршка на денешната средба договорија градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и аташето за култура во Амбасадата на Република Италија, Марко Пешетели, информираат од Општина Центар. На средбата, која се одржа брзо по состанокот на градоначалникот на Општина Центар со амбасадорот на Италија, Н.Е. Андреа Силвестри, покрај Герасимовски и Пешетели, присуствуваа и директорките на осумте општински училишта и надлежните општински служби.
Денешната средба со господинот Пешетели е одлична можност за директорките на нашите основни училишта директно да се запознаат со планот за изучување на италијанскиот јазик од шесто до деветто одделение во училиштата и да ги договориме наредните чекори. Добрата соработка која ја имаме со Амбасадата на Република Италија продолжува со воведувањето на италијанскиот јазик во училиштата, но и со дргуги заеднички проекти и активности“, изјави по средбата градоначалникот Герасимовски.
Активностите за промоција на изучувањето на италијанскиот јазик во основните училишта започнуваат во март, за веќе во мај да се почне и реализацијата на овој проект во училиштата во Општина Центар. Италијанската амбасада освен поддршката за процесот на изучување на јазикот, има одвоено средства и за стипендии на најдобрите ученици кои ќе го изберат италијанскиот јазик.

The post Герасимовски: Добрата соработка која ја имаме со Амбасадата на Република Италија продолжува со воведувањето на италијанскиот јазик во училиштата appeared first on Република.

]]>
Герасимовски – Силвестри: Италијанскиот да се изучува во училиштата во Центар https://republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-silvestri-italijanskiot-da-se-izuchuva-vo-uchilishtata-vo-centar/ Thu, 20 Jan 2022 12:28:52 +0000 https://republika.mk/?p=447116

Соработката со Град Скопје и локалните општински прашања и основното образование, беа дел од темите на денешната средба на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, со амбасадорот на Италија, Н.Е. Андреа Силвестри.

Градоначалникот Герасимовски и амбасадорот Силвестри разговараа и за поделбата на надлежностите на извршната и локалната власт и за начинот на финансирање на локалната самоуправа.

Герасимовски на Силвестри му ги претстави неговите три програмски определби за подобрување на животот во општината, како јавната хигиена, паркинзите и урбанистичкото планирање, а стана збор и за основното образование и можноста за изучување на Италијанскиот јазик во основните училишта во Општина Центар.

Согласно Законот за основно образование, постои можност за воведување на италијанскиот јазик како втор странски јазик за изучување во основните училишта. Со амбасадорот Силвестри дискутиравме за можноста Италијанската амбасада во Скопје да обезбеди професори и материјали за запознавање на учениците во 5-то одделение, за веќе во 6-то одделение тие да можат да изберат да го изучуваат Италијанскиот јазик како втор јазик. Во оваа насока, на мое големо задоволство, се договоривме во иднина да имаме уште неколку средби и да ја интензивираме традиционално добрата соработка помеѓу амбасадата и Општина Центар, изјави градоначалникот Герасимовски по завршувањето на средбата.

По завршувањето на денешната средба, прва помеѓу градоначалникот и амбасадорот, соговорниците со заеднички заклучок дека таа е цврста основа за понатамошни заеднички проекти и активности кои ќе се спроведуваат во Општина Центар.

The post Герасимовски – Силвестри: Италијанскиот да се изучува во училиштата во Центар appeared first on Република.

]]>

Соработката со Град Скопје и локалните општински прашања и основното образование, беа дел од темите на денешната средба на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, со амбасадорот на Италија, Н.Е. Андреа Силвестри. Градоначалникот Герасимовски и амбасадорот Силвестри разговараа и за поделбата на надлежностите на извршната и локалната власт и за начинот на финансирање на локалната самоуправа. Герасимовски на Силвестри му ги претстави неговите три програмски определби за подобрување на животот во општината, како јавната хигиена, паркинзите и урбанистичкото планирање, а стана збор и за основното образование и можноста за изучување на Италијанскиот јазик во основните училишта во Општина Центар.