исус христос Archives - Република https://republika.mk/tema/isus-hristos/ За подобро да се разбереме Mon, 30 Sep 2024 08:51:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png исус христос Archives - Република https://republika.mk/tema/isus-hristos/ 32 32 Уништена иконата на Исус на крстот во Драчево, до неа оставен Куран https://republika.mk/vesti/skopje/unishtena-ikonata-na-isus-na-krstot-vo-drachevo-do-nea-ostaven-kuran/ Mon, 30 Sep 2024 08:51:37 +0000 https://republika.mk/?p=820929

Вандали ја оштетиле иконата на Исус која е поставена на големиот крст во паркот во Драчево. До неа оставен е Куран.

Верниците реагираат бурно и бараат сторителите да бидат пронајдени.

Големиот крст во Драчево беше осветен пролетва, на православниот празник Цветници:

https://republika.mk/vesti/makedonija/od-denes-pogledot-kon-neboto-nema-da-e-ist-na-tsvetnitsi-osveteni-dva-novi-krsta-megu-koi-vtoriot-najgolem-vo-makedonija/

The post Уништена иконата на Исус на крстот во Драчево, до неа оставен Куран appeared first on Република.

]]>

Вандали ја оштетиле иконата на Исус која е поставена на големиот крст во паркот во Драчево. До неа оставен е Куран. Верниците реагираат бурно и бараат сторителите да бидат пронајдени. Големиот крст во Драчево беше осветен пролетва, на православниот празник Цветници: https://republika.mk/vesti/makedonija/od-denes-pogledot-kon-neboto-nema-da-e-ist-na-tsvetnitsi-osveteni-dva-novi-krsta-megu-koi-vtoriot-najgolem-vo-makedonija/

The post Уништена иконата на Исус на крстот во Драчево, до неа оставен Куран appeared first on Република.

]]>
Што најдоа грчките научници во гробот на Исус Христос? https://republika.mk/zivot/psihologija/shto-najdoa-grchkite-nauchnitsi-vo-grobot-na-isus-hristos/ Thu, 01 Aug 2024 13:44:42 +0000 https://republika.mk/?p=802155

Со децении, гробот на Исус Христос во црквата на Светиот гроб во Ерусалим е заштитен од распаѓање со метална конструкција, која ги држи мермерните блокови нагризани од временските услови и влијанието на аџиите и туристите. Беше целосно запечатен повеќе од два века, а првпат го отворија грчки  научници пред неколку години.

Христијанските заедници во Светата Земја пред неколку месеци започнаа со обновување на тешко оштетеното вечно место на Исус.

Мермерната плоча што го покрива гробот беше отстранета три дена за реставрација и археолошка анализа. Тоа беше првпат да се премести барем од 1810 година, кога беа извршени последните работи поради пожар во базиликата, а можеби и порано, рече  отец Самуел Агојан од Ерменската црква.

 

Грчки експерти беа задолжени за реконструкцијата, а целиот процес го сними National Geography за потребите на документарецот. Ликот на Исус може да се види во тесен дел од просторот, под скриен панел. Пронајдени се бројни материјали кои се проследени на понатамошна детална анализа.

Отворањето на гробот на експертите ќе им даде единствена можност да го испитаат првобитниот темел на најсветото место на христијанството – истакнаа археолозите во тогашните медиуми, а видеото го објави „National Geographic“ во 2016 година.

– Морам да признаам дека колената ми се свиткаа кога плочата беше поместена – изјави Фред Хиберт.

 

The post Што најдоа грчките научници во гробот на Исус Христос? appeared first on Република.

]]>

Со децении, гробот на Исус Христос во црквата на Светиот гроб во Ерусалим е заштитен од распаѓање со метална конструкција, која ги држи мермерните блокови нагризани од временските услови и влијанието на аџиите и туристите. Беше целосно запечатен повеќе од два века, а првпат го отворија грчки  научници пред неколку години. Христијанските заедници во Светата Земја пред неколку месеци започнаа со обновување на тешко оштетеното вечно место на Исус.
Мермерната плоча што го покрива гробот беше отстранета три дена за реставрација и археолошка анализа. Тоа беше првпат да се премести барем од 1810 година, кога беа извршени последните работи поради пожар во базиликата, а можеби и порано, рече  отец Самуел Агојан од Ерменската црква.
  Грчки експерти беа задолжени за реконструкцијата, а целиот процес го сними National Geography за потребите на документарецот. Ликот на Исус може да се види во тесен дел од просторот, под скриен панел. Пронајдени се бројни материјали кои се проследени на понатамошна детална анализа. Отворањето на гробот на експертите ќе им даде единствена можност да го испитаат првобитниот темел на најсветото место на христијанството – истакнаа археолозите во тогашните медиуми, а видеото го објави „National Geographic“ во 2016 година.
– Морам да признаам дека колената ми се свиткаа кога плочата беше поместена – изјави Фред Хиберт.
 

The post Што најдоа грчките научници во гробот на Исус Христос? appeared first on Република.

]]>
Денеска настанала првата икона на Исус ненаправена од човечка рака https://republika.mk/zivot/servisi/deneska-nastanala-prvata-ikona-na-isus-nenapravena-od-chovechka-raka/ Tue, 29 Aug 2023 06:48:55 +0000 https://republika.mk/?p=676755

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 август, Неракотворен образ на Исус Христос.

Црковното предание за прва икона во Христијанската црква ја смета Неракотворната икона или Неракотворниот лик на Господ Исус Христос. Неракотворна икона значи икона што не е направена со човечка рака. Еве како таа настанала.

Во почетокот на нашата ера, односно во времето на Господ Исус Христос во градот Едеса на Еуфрат живеел царот Авгар. Тој се разболел, така што не можеле да го излекуваат сите царски лекари. Тогаш тој слушнал да чудата што ги правел Исус, за воскреснувањето мртви, за лекувањето болни, за истерувањето демони итн. Посакал Исус да дојде кај него и да го лекува. Затоа му испратил писмо по својот слуга Ананиј кој бил и сликар. Во случај Исус да не може да дојде слугата имал задача да го наслика неговиот лик и да му ја донесе сликата.

Исус го добил писмото но поради своите обврски не можел да појде во Едеса. Од друга страна, сликарот Ананиј никако не можел да го наслика Божествениот лик на Исус Христос. Исус, пак, знаејќи за тоа го измил лицето со вода и побарал крпа за да го избрише. Кога го избришал лицето на крпата останал насликан неговиот лик. Таа крпа му ја дал на Ананиј да му ја однесе на царот Авгар. Кога Авгар ја добил крпата го целивал ликот на Исус и веднаш оздравел. Царот Авгар ја ставил крпата со ликот на Исус на градската капија, за да знаат сите дека царот верува во божественоста на Исус Христос. Притоа наредил сите што тука минуваат да се поклонат на ликот на Исус Христос.

Во 944 година императорот Константин Багренороден (Порфирогенит) ја купил крпата со ликот на Исус, ја пренесол во Цариград и ја поставил во црквата „Света Софија“. Тоа пренесување се празнува на 29/16 август.

The post Денеска настанала првата икона на Исус ненаправена од човечка рака appeared first on Република.

]]>

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 август, Неракотворен образ на Исус Христос. Црковното предание за прва икона во Христијанската црква ја смета Неракотворната икона или Неракотворниот лик на Господ Исус Христос. Неракотворна икона значи икона што не е направена со човечка рака. Еве како таа настанала. Во почетокот на нашата ера, односно во времето на Господ Исус Христос во градот Едеса на Еуфрат живеел царот Авгар. Тој се разболел, така што не можеле да го излекуваат сите царски лекари. Тогаш тој слушнал да чудата што ги правел Исус, за воскреснувањето мртви, за лекувањето болни, за истерувањето демони итн. Посакал Исус да дојде кај него и да го лекува. Затоа му испратил писмо по својот слуга Ананиј кој бил и сликар. Во случај Исус да не може да дојде слугата имал задача да го наслика неговиот лик и да му ја донесе сликата. Исус го добил писмото но поради своите обврски не можел да појде во Едеса. Од друга страна, сликарот Ананиј никако не можел да го наслика Божествениот лик на Исус Христос. Исус, пак, знаејќи за тоа го измил лицето со вода и побарал крпа за да го избрише. Кога го избришал лицето на крпата останал насликан неговиот лик. Таа крпа му ја дал на Ананиј да му ја однесе на царот Авгар. Кога Авгар ја добил крпата го целивал ликот на Исус и веднаш оздравел. Царот Авгар ја ставил крпата со ликот на Исус на градската капија, за да знаат сите дека царот верува во божественоста на Исус Христос. Притоа наредил сите што тука минуваат да се поклонат на ликот на Исус Христос. Во 944 година императорот Константин Багренороден (Порфирогенит) ја купил крпата со ликот на Исус, ја пренесол во Цариград и ја поставил во црквата „Света Софија“. Тоа пренесување се празнува на 29/16 август.

The post Денеска настанала првата икона на Исус ненаправена од човечка рака appeared first on Република.

]]>
Ќе Му ставиш име Исус, што значи Спасител, бидејќи Он ќе го спаси народот https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/ke-mu-stavish-ime-isus-shto-znachi-spasitel-bidejki-on-ke-go-spasi-narodot/ Sat, 07 Jan 2023 08:22:33 +0000 https://republika.mk/?p=594332

Денеска е Божик за христијаните кои се придржуваат на Јулијанскиот календар, а тоа се припадниците на МПЦ-ОА, Српската, Руската, Грузиската, Вселенската, Ерусалимската, Антиохиската и Александриската патријаршија. Божик е ден кога христијаните го одбележуваат раѓањето на Спасителот – синот Божји Исус Христос.

Овој датум првпат се споменува како празник во 336 година, во еден римски календар. До 16 век сите христијани Божик го славеле истиот ден, а по 1582 година со прифаќањето на Грегоријанскиот календар од страна на Ватикан, се појавиле разлики. Првите векови во православните и протестантските земји се држеле според стариот календар, кој подоцна постапно се менувал.

На Божик, православните Македонци се поздравуваат со зборовите „Христос се роди“, на што одговараат со „Вистина се роди“.

Кого и што славиме на Божик?

На Божик се сеќаваме на Христовото раѓање. Го славиме Господа Исуса Христа. Го славиме Неговиот роденден.

Бог постанал човек. Бог дошол на земјава. Христос е Син Божји Којшто е роден како човек од Дева Марија. Он е во сè еднаков со нас луѓето, освен во гревот – нема грев, безгрешен е.

Каде се родил Исус и зошто?

Една ноќ, во градот Витлеем – во пештера, се родил Господ Исус Христос.
Он е Спасител.  Дошол за да нè спаси. Дошол за да можеме ние да бидеме како Него во своите животи. Да бидеме добри, како што е добар Бог – добри секогаш, со секого и секаде.

Раѓањето на Господ Исус Христос

Богородица живеела со Јосиф во Назарет. Таа година, дошла наредба од римскиот цар Август да се изврши попис на населението. Според законот за пописот, требало секој да отиде во родното место на неговите родители и дедовци, од каде што потекнувал, и таму да се попише. Потеклото на Јосиф и Марија било од Витлеем, од родното место на царот Давид, бидејќи и тие биле од неговиот род.

Уште во Назарет Јосиф знаел дека Марија ќе постане мајка. Нему му се јавил ангел Господов и му кажал дека зачнатото во неа е од Светиот Дух. Му го кажал и тоа дека таа ќе роди Син и му рекол: – Ќе Му ставиш име Исус, што значи Спасител, бидејќи Он ќе го спаси народот.

Сето тоа било предвидено и претскажано со векови порано. Во Библијата било запишано тоа што го рекол пророкот Исаија и се исполнило. А тој рекол: И ете, девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди Син, и ќе Го наречат Емануил – што значи: со нас е Бог!

Тие тргнале кон Витлеем. Патот бил долг и тежок. Многуброен народ одел кон царскиот град – кон градот Давидов. Кога стигнале таму, веќе немало место каде да ноќеваат. Затоа се сместиле во една пештера, близу до градот. Таму пастирите, во невреме, ги засолнувале своите стада.

Во таа ноќ се случил најзначајниот настан во животот на човештвото. Таа света ноќ, пресветата Дева Марија Го роди Богочовекот, Спасителот на светот, Го роди Христа Господа. Таму, в пештера, Го роди Богомладенецот. Самата Го пови и Го стави во јаслите, како во лулка. А таму се става храната – слама или сено, за да се нахранат кравата, магаренцето, јагнето. Синот Божји не се роди во царска палата, туку во пештера.

Кој прв ја дозна веста за раѓањето?

Пораката до пастирите ја открива важноста на Христовото раѓање за сите луѓе

Ноќта таму, на падините крај пештерата, пастирите ги чувале своите стада. Наеднаш, ги осветлила силна небесна светлина и ангел Божји им рекол: Ви соопштувам голема радост, која ќе биде за сите луѓе; зашто денеска ви се роди во градот Давидов Спасител, Кој е Христос Господ.

Потоа, веднаш, на небеската бесконечност се појавиле безброј ангели и сите, гласно, како најдобар хор запеале:

Слава на Бога во висините,
а на земјата мир
и меѓу луѓето добра волја!

Во овие три пораки е содржана целата порака за спасение на луѓето:

  1. Слава на Бога во висините, значи: Бог не е од овој свет и не Го барајте Бога меѓу созданијата. Ништо одовде и никого не обожувајте (а до доаѓањето на Христа, луѓето сметале дека се богови некои природни појави, па имале „богови“ животни од сите видови и „богови“ луѓе). Бог е дух и во духовните сфери, во висините. Тој Бог прославувајте Го, а не лажните богови. Имајте вистинска вера во вистинскиот Бог, за да се спасите!
  2. А на земјата мир градете со сите и со сè. Прво, бидете во мир со себеси, внатре имајте мир, бидете смирени, а не вознемирени; а потоа, ширете го тој мир, па бидете во мир и со природата и не се однесувајте како злосторници кон неа, оти од неа живееме; и трето, бидете во мир со луѓето, за да бидете измирени и со Бога и да има мир на земјава.
  3. И тогаш, меѓу луѓето ќе има постојано добра волја – секој секому ќе му прави добро. Тоа е почеток на рајот на земјава. Такво е спасението. Само толку е потребно!

Пастирите – први очевидци и први гости кај Господа

Пастирите, не чекале многу. Светлината ја виделе и гласот го чуле. Разбрале сè. Сè им било јасно. Во нивната пештера се случило најважното чудо Божјо – Бог станал Човек. Бог дошол на земјава, меѓу нас луѓето, за да биде со нас, та и ние да бидеме со Бога.

Пастирите први отишле кај Господа. Отрчале во пештерата и таму Го нашле Спасителот.  Му се поклониле. Тие биле први посетители – првите Негови гости.

Гледате, за Христа не дознале први големите и силните од овој свет, туку безначајните пастири. Зошто? Затоа што тие биле луѓе смирени и кротки, луѓе со добра душа и со чисто срце. Таквите ќе Го видат Бога!

Потоа, тие кажувале на секого и секаде, за тоа што го виделе и чуле.

Истрајноста на мудреците да Го најдат новородениот Спасител.

Но, не биле само пастирите што посакале да Го видат Господа. И други луѓе, од далечни земји, добиле знак за раѓањето на Спасителот на светот, и веднаш тргнале да Го видат Бога.  Од далечниот Исток, пристигнале тројца мудреци коишто на небото забележале нова и многу сјајна ѕвезда. Тие биле многу учени луѓе – мудреци, важни научници и проучувачи на пројавите на земајава и на небото. Луѓе што ги проучувале и ѕвездите на небото. На тој начин дознаеле дека една необична ѕвезда го најавила раѓањето на Спасителот. И не чекале, туку тргнале по ѕвездата, од нивната далечна земја – од Персија и дошле да Му се поклонат на Богомладенецот. Ѕвездата ги водела до таму: таа светела и дење и ноќе и ги довела до пештерата. Тројцата мудреци Му подариле на Господа три дара: злато – како на Цар; ливан (темјан) – како Бог и смирна – како човек, Којшто ќе пострада и ќе умре на крст, заради нас и заради нашето спесение.

Ѕвездата значи дека Христос е светлина на светот. Светлина којашто никогаш нема да престане.

Радост заради Божјата близина

Како што тогаш се радувале пастирите, мудреците и сите луѓе, затоа што се родил Спасителот на светот, така и ние се радуваме секој Бадник и Божик, прославувајќи го Христовото раѓање. Тоа е празник на целото христијанско семејство. На Бадник сите заедно вечераме, а утредента – на Божик, одиме в црква. Најмногу се радуваат децата, со најискрена радост за новороденото Дете – Богомладенецот Христос. И Бог најмногу ги сака децата, бидејќи се најчисти и безгрешни. Затоа рекол дека треба да станеме како деца, за да влеземе во царството небесно, а децата се: добри, незлобиви, радосни, чесни, чисти и полни со љубов. Тоа ја прави голема Божикната радост во семејствата.

Честит Божик и од Бога благословено Новото Лето Господово.

Христос се роди! Вистина се роди!

The post Ќе Му ставиш име Исус, што значи Спасител, бидејќи Он ќе го спаси народот appeared first on Република.

]]>

Денеска е Божик за христијаните кои се придржуваат на Јулијанскиот календар, а тоа се припадниците на МПЦ-ОА, Српската, Руската, Грузиската, Вселенската, Ерусалимската, Антиохиската и Александриската патријаршија. Божик е ден кога христијаните го одбележуваат раѓањето на Спасителот – синот Божји Исус Христос. Овој датум првпат се споменува како празник во 336 година, во еден римски календар. До 16 век сите христијани Божик го славеле истиот ден, а по 1582 година со прифаќањето на Грегоријанскиот календар од страна на Ватикан, се појавиле разлики. Првите векови во православните и протестантските земји се држеле според стариот календар, кој подоцна постапно се менувал. На Божик, православните Македонци се поздравуваат со зборовите „Христос се роди“, на што одговараат со „Вистина се роди“. Кого и што славиме на Божик? На Божик се сеќаваме на Христовото раѓање. Го славиме Господа Исуса Христа. Го славиме Неговиот роденден. Бог постанал човек. Бог дошол на земјава. Христос е Син Божји Којшто е роден како човек од Дева Марија. Он е во сè еднаков со нас луѓето, освен во гревот – нема грев, безгрешен е. Каде се родил Исус и зошто? Една ноќ, во градот Витлеем – во пештера, се родил Господ Исус Христос. Он е Спасител.  Дошол за да нè спаси. Дошол за да можеме ние да бидеме како Него во своите животи. Да бидеме добри, како што е добар Бог – добри секогаш, со секого и секаде.

Раѓањето на Господ Исус Христос

Богородица живеела со Јосиф во Назарет. Таа година, дошла наредба од римскиот цар Август да се изврши попис на населението. Според законот за пописот, требало секој да отиде во родното место на неговите родители и дедовци, од каде што потекнувал, и таму да се попише. Потеклото на Јосиф и Марија било од Витлеем, од родното место на царот Давид, бидејќи и тие биле од неговиот род. Уште во Назарет Јосиф знаел дека Марија ќе постане мајка. Нему му се јавил ангел Господов и му кажал дека зачнатото во неа е од Светиот Дух. Му го кажал и тоа дека таа ќе роди Син и му рекол: – Ќе Му ставиш име Исус, што значи Спасител, бидејќи Он ќе го спаси народот. Сето тоа било предвидено и претскажано со векови порано. Во Библијата било запишано тоа што го рекол пророкот Исаија и се исполнило. А тој рекол: И ете, девица ќе зачне во утробата своја и ќе роди Син, и ќе Го наречат Емануил – што значи: со нас е Бог! Тие тргнале кон Витлеем. Патот бил долг и тежок. Многуброен народ одел кон царскиот град – кон градот Давидов. Кога стигнале таму, веќе немало место каде да ноќеваат. Затоа се сместиле во една пештера, близу до градот. Таму пастирите, во невреме, ги засолнувале своите стада. Во таа ноќ се случил најзначајниот настан во животот на човештвото. Таа света ноќ, пресветата Дева Марија Го роди Богочовекот, Спасителот на светот, Го роди Христа Господа. Таму, в пештера, Го роди Богомладенецот. Самата Го пови и Го стави во јаслите, како во лулка. А таму се става храната – слама или сено, за да се нахранат кравата, магаренцето, јагнето. Синот Божји не се роди во царска палата, туку во пештера. Кој прв ја дозна веста за раѓањето? Пораката до пастирите ја открива важноста на Христовото раѓање за сите луѓе Ноќта таму, на падините крај пештерата, пастирите ги чувале своите стада. Наеднаш, ги осветлила силна небесна светлина и ангел Божји им рекол: Ви соопштувам голема радост, која ќе биде за сите луѓе; зашто денеска ви се роди во градот Давидов Спасител, Кој е Христос Господ. Потоа, веднаш, на небеската бесконечност се појавиле безброј ангели и сите, гласно, како најдобар хор запеале: Слава на Бога во висините, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја! Во овие три пораки е содржана целата порака за спасение на луѓето:
  1. Слава на Бога во висините, значи: Бог не е од овој свет и не Го барајте Бога меѓу созданијата. Ништо одовде и никого не обожувајте (а до доаѓањето на Христа, луѓето сметале дека се богови некои природни појави, па имале „богови“ животни од сите видови и „богови“ луѓе). Бог е дух и во духовните сфери, во висините. Тој Бог прославувајте Го, а не лажните богови. Имајте вистинска вера во вистинскиот Бог, за да се спасите!
  2. А на земјата мир градете со сите и со сè. Прво, бидете во мир со себеси, внатре имајте мир, бидете смирени, а не вознемирени; а потоа, ширете го тој мир, па бидете во мир и со природата и не се однесувајте како злосторници кон неа, оти од неа живееме; и трето, бидете во мир со луѓето, за да бидете измирени и со Бога и да има мир на земјава.
  3. И тогаш, меѓу луѓето ќе има постојано добра волја – секој секому ќе му прави добро. Тоа е почеток на рајот на земјава. Такво е спасението. Само толку е потребно!

Пастирите – први очевидци и први гости кај Господа

Пастирите, не чекале многу. Светлината ја виделе и гласот го чуле. Разбрале сè. Сè им било јасно. Во нивната пештера се случило најважното чудо Божјо – Бог станал Човек. Бог дошол на земјава, меѓу нас луѓето, за да биде со нас, та и ние да бидеме со Бога. Пастирите први отишле кај Господа. Отрчале во пештерата и таму Го нашле Спасителот.  Му се поклониле. Тие биле први посетители – првите Негови гости. Гледате, за Христа не дознале први големите и силните од овој свет, туку безначајните пастири. Зошто? Затоа што тие биле луѓе смирени и кротки, луѓе со добра душа и со чисто срце. Таквите ќе Го видат Бога! Потоа, тие кажувале на секого и секаде, за тоа што го виделе и чуле. Истрајноста на мудреците да Го најдат новородениот Спасител. Но, не биле само пастирите што посакале да Го видат Господа. И други луѓе, од далечни земји, добиле знак за раѓањето на Спасителот на светот, и веднаш тргнале да Го видат Бога.  Од далечниот Исток, пристигнале тројца мудреци коишто на небото забележале нова и многу сјајна ѕвезда. Тие биле многу учени луѓе – мудреци, важни научници и проучувачи на пројавите на земајава и на небото. Луѓе што ги проучувале и ѕвездите на небото. На тој начин дознаеле дека една необична ѕвезда го најавила раѓањето на Спасителот. И не чекале, туку тргнале по ѕвездата, од нивната далечна земја – од Персија и дошле да Му се поклонат на Богомладенецот. Ѕвездата ги водела до таму: таа светела и дење и ноќе и ги довела до пештерата. Тројцата мудреци Му подариле на Господа три дара: злато – како на Цар; ливан (темјан) – како Бог и смирна – како човек, Којшто ќе пострада и ќе умре на крст, заради нас и заради нашето спесение. Ѕвездата значи дека Христос е светлина на светот. Светлина којашто никогаш нема да престане.

Радост заради Божјата близина

Како што тогаш се радувале пастирите, мудреците и сите луѓе, затоа што се родил Спасителот на светот, така и ние се радуваме секој Бадник и Божик, прославувајќи го Христовото раѓање. Тоа е празник на целото христијанско семејство. На Бадник сите заедно вечераме, а утредента – на Божик, одиме в црква. Најмногу се радуваат децата, со најискрена радост за новороденото Дете – Богомладенецот Христос. И Бог најмногу ги сака децата, бидејќи се најчисти и безгрешни. Затоа рекол дека треба да станеме како деца, за да влеземе во царството небесно, а децата се: добри, незлобиви, радосни, чесни, чисти и полни со љубов. Тоа ја прави голема Божикната радост во семејствата. Честит Божик и од Бога благословено Новото Лето Господово. Христос се роди! Вистина се роди!

The post Ќе Му ставиш име Исус, што значи Спасител, бидејќи Он ќе го спаси народот appeared first on Република.

]]>
Исус Христос бил Албанец и носел кече! https://republika.mk/vesti/balkan/isus-hristos-bil-albanec-i-nosel-keche/ Tue, 10 May 2022 10:44:34 +0000 https://republika.mk/?p=500382

Познатиот албански истражувач Сазан Гури многу изненади со својата најнова хипотеза, со која тврди дека Исус Христос по потекло бил од Албанија.

Со фотографија објавена на Фејсбук, Гури тврди дека Христос пред да се вознесе на небото носел кече на главата, што е исклучиво симбол на Албанија и Албанците.

-Христос со кече, случајност или…? многу народи имаат заеднички симболи, знамиња, џубле… но кече се знае дека го носи еден народ и само еден голем народ, било да се тоа Дарданите, било да се Илирите, било да се оние од Епир, Арбареши или Албанци. Зарем оваа фотографија не ви го покажува токму ова, наведува тој во објава на Фејсбук.

Сазан Гури (66) е албански истражувач, аналитичар, екологист, нафтен геолог и инженер. Неговите научни степени се вонреден професор по геонауки и доктор на науки по геологија. Тој деновиве најави дека ќе се кандидира за нов претседател на Албанија.

The post Исус Христос бил Албанец и носел кече! appeared first on Република.

]]>

Познатиот албански истражувач Сазан Гури многу изненади со својата најнова хипотеза, со која тврди дека Исус Христос по потекло бил од Албанија. Со фотографија објавена на Фејсбук, Гури тврди дека Христос пред да се вознесе на небото носел кече на главата, што е исклучиво симбол на Албанија и Албанците. -Христос со кече, случајност или…? многу народи имаат заеднички симболи, знамиња, џубле… но кече се знае дека го носи еден народ и само еден голем народ, било да се тоа Дарданите, било да се Илирите, било да се оние од Епир, Арбареши или Албанци. Зарем оваа фотографија не ви го покажува токму ова, наведува тој во објава на Фејсбук. Сазан Гури (66) е албански истражувач, аналитичар, екологист, нафтен геолог и инженер. Неговите научни степени се вонреден професор по геонауки и доктор на науки по геологија. Тој деновиве најави дека ќе се кандидира за нов претседател на Албанија.

The post Исус Христос бил Албанец и носел кече! appeared first on Република.

]]>