истражители Archives - Република https://republika.mk/tema/istraziteli/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Mar 2024 21:38:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png истражители Archives - Република https://republika.mk/tema/istraziteli/ 32 32 Руските истражители отпатувале во Таџикистан, ги испрашуваат семејствата на осомничените за терористичкиот напад во Москва https://republika.mk/vesti/svet/ruskite-istrazhiteli-otpatuvale-vo-tadhikistan-gi-isprashuvaat-semejstvata-na-osomnichenite-za-teroristichkiot-napad-vo-moskva/ Tue, 26 Mar 2024 08:39:37 +0000 https://republika.mk/?p=758763

Руските истражители во Таџикистан ги испрашуваат семејствата на осомничените за нападот во концертната сала Крокус Сити Хол во близина на Москва, во кој загинаа 139 лица, изјавија за Ројтерс три таџикистански безбедносни извори.

Изворите, кои не беа овластени да зборуваат јавно, рекоа дека таџикистанските безбедносни службеници ги донеле семејствата на осомничените во Душанбе од различни делови на централноазиската земја.

На четворицата осомничени за нападот во Москва – Далерјон Мирзоев, Саидакрами Рачабализода, Шамсудин Фаридуни и Мухамедсобир Фаизов – рускиот суд им одреди притвор до 22 мај.

Руските медиуми претходно објавија дека сите четворица се државјани на Таџикистан.

The post Руските истражители отпатувале во Таџикистан, ги испрашуваат семејствата на осомничените за терористичкиот напад во Москва appeared first on Република.

]]>

Руските истражители во Таџикистан ги испрашуваат семејствата на осомничените за нападот во концертната сала Крокус Сити Хол во близина на Москва, во кој загинаа 139 лица, изјавија за Ројтерс три таџикистански безбедносни извори. Изворите, кои не беа овластени да зборуваат јавно, рекоа дека таџикистанските безбедносни службеници ги донеле семејствата на осомничените во Душанбе од различни делови на централноазиската земја. На четворицата осомничени за нападот во Москва – Далерјон Мирзоев, Саидакрами Рачабализода, Шамсудин Фаридуни и Мухамедсобир Фаизов – рускиот суд им одреди притвор до 22 мај. Руските медиуми претходно објавија дека сите четворица се државјани на Таџикистан.

The post Руските истражители отпатувале во Таџикистан, ги испрашуваат семејствата на осомничените за терористичкиот напад во Москва appeared first on Република.

]]>
Истражителите кои работеа на случаите за давањето пасоши на криминалци и на автобусот на „Беса транс“ тргнати од Обвинителството https://republika.mk/vesti/makedonija/istrazhitelite-koi-rabotea-na-sluchaite-za-davaneto-pasoshi-na-kriminaltsi-i-na-avtobusot-na-besa-trans-trgnati-od-obvinitelstvoto/ Sat, 18 Feb 2023 19:55:29 +0000 https://republika.mk/?p=610590

Истражителите кои работеа на предистрагата против станицата за технички преглед на компанијата „ВИА КОМЕРЦ Џемаљ“, во која бил регистриран автобусот на „Беса транс”, но и по пријавата против министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со непотпишување на забраната за работа на „Беса транс“, се тргнати од Истражниот центар на Обвинителството за организиран криминал, дознава „СДК.мк“.

Од Истражниот центар е тргната и вратена назад во МВР и истражителката која успешно работела на случајот со издавањето на македонски пасоши на светски барани криминалци, странски државјани, за кој има пресуда.

На нивно место се ангажирани нови истражители.

Повеќе на СДК.мк

The post Истражителите кои работеа на случаите за давањето пасоши на криминалци и на автобусот на „Беса транс“ тргнати од Обвинителството appeared first on Република.

]]>

Истражителите кои работеа на предистрагата против станицата за технички преглед на компанијата „ВИА КОМЕРЦ Џемаљ“, во која бил регистриран автобусот на „Беса транс”, но и по пријавата против министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со непотпишување на забраната за работа на „Беса транс“, се тргнати од Истражниот центар на Обвинителството за организиран криминал, дознава „СДК.мк“. Од Истражниот центар е тргната и вратена назад во МВР и истражителката која успешно работела на случајот со издавањето на македонски пасоши на светски барани криминалци, странски државјани, за кој има пресуда. На нивно место се ангажирани нови истражители. Повеќе на СДК.мк

The post Истражителите кои работеа на случаите за давањето пасоши на криминалци и на автобусот на „Беса транс“ тргнати од Обвинителството appeared first on Република.

]]>
Ковачевски контра Османи: Владата ниту го повикала тимот од САД во нашата земја, ниту пак јас имав средба со истражителите https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-kontra-osmani-vladata-nitu-go-povikala-timot-od-sad-vo-nashata-zemja-nitu-pak-jas-imav-sredba-so-istrazitelite/ Thu, 15 Dec 2022 14:06:07 +0000 https://republika.mk/?p=586016

Владата не ги повикала истражителите на САД во земјата, потврди премиерот Димитар Ковачевски, наведувајќи дека тој немал средба со нив и дека се работи за активности на Американската амбасада во земјава.

Прво, Владата немала никогаш донесено одлука ниту пак имало потреба за тоа да повикува истражители. Значи не постои таква одлука, рече Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање дали Владата ги повикала истражителите на САД, како што кажа министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Ковачевски рече дека немал средба со тимот истражители којшто беше најавен од страна на Амбасадата на САД, така што не може да каже никакви детали во однос на нивната работа.

Посочи дека доколку се погледне Стратегијата на САД за борба против корупцијата од 2021 таму многу јасно се наведени опасностите по економијата и по начинот на живот и начините како оваа држава се справува со корупцијата во својата држава, но и кај држави кои ги смета за свои стратешки партнери. Во рамки на тоа, како што вели Ковачевски, е и одговорот на министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Односно дека ние имаме стратешки дијалог со САД во рамките на кој добиваме помош години наназад преку финансиска, материјална, кадровска помош во знаење во унапредувањето на нашите институции. Овие активности се дел од активностите на Амбасадата и, како што кажа и вицепремиерката, не се работело за некакво барање туку дека тоа е дел од работата на САД во справувањето со корупцијата, унапредувањето на владеењето на правото, во земјите за кои ги сметаат за стратешки партнери - рече Ковачевски.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со неговиот телефонски разговор со Дерек Шоле, советник на државниот секретар на САД Ентони Блинкен, рече дека станало збор за самитот ЕУ – Западен Балкан којшто се одржа во Тирана за што тој сакал да ги слушне неговите видувања на заклучоците од самитот. Потоа, се разговарало за регионалната ситуација во однос на земјите од Западен Балкан, за идното наше претседавање со ОБСЕ, како и за справувањето со енергетската криза и тоа на конкретни и детални теми во делот на производство на електрична енергија во Македонија, на расположивост на капацитети и како функционираат постојните капацитети што се изградени уште во времето на Југославија.

Потоа разговаравме за енергетската диверзификација и транзиција, односно за конкретните проекти што Владата ги има, а тука, пред се, разговаравме за новиот гасоводен интерконектор Грција – Македонија за што донесовме уште две одлуки, како и за проширувањето на капацитетот на постојниот интерконектор преку Бугарија во којшто секако помош имавме и од нашиот стратешки партнер за да се случи тоа. Разговаравме и во делот на финансирањето на буџетот за идната година со оглед на тоа дека буџетот на  Македонија има предвиден дефицит така како што е веќе помината и амандманската расправа и имаме одредени од минатото задолжувања коишто треба да се рефинансира така што тоа беше предмет на разговорот, рече Ковачевски.

Дел од разговорот бил и за владеењето на правото и борбата против корупцијата, а тие разговарале за скрининг процесот што се одвива во ЕУ, Поглавјето 23 – владеењето на право.

Разговаравме во однос на заклучоците, односно на наодите коишто ќе бидат најдени во тој скрининг да бидат високо на агендата на Владата во делот на унапредувањето на владеењето на правото и штом ќе дојдат резултатите од скринингот тогаш ќе можеме да направиме и акциски план и секако да добиеме поддршка и од нашите стратешки партнери, а сигурно такви се и САД - рече Ковачевски на прес-конференција во Владата.

The post Ковачевски контра Османи: Владата ниту го повикала тимот од САД во нашата земја, ниту пак јас имав средба со истражителите appeared first on Република.

]]>

Владата не ги повикала истражителите на САД во земјата, потврди премиерот Димитар Ковачевски, наведувајќи дека тој немал средба со нив и дека се работи за активности на Американската амбасада во земјава.
Прво, Владата немала никогаш донесено одлука ниту пак имало потреба за тоа да повикува истражители. Значи не постои таква одлука, рече Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање дали Владата ги повикала истражителите на САД, како што кажа министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Ковачевски рече дека немал средба со тимот истражители којшто беше најавен од страна на Амбасадата на САД, така што не може да каже никакви детали во однос на нивната работа. Посочи дека доколку се погледне Стратегијата на САД за борба против корупцијата од 2021 таму многу јасно се наведени опасностите по економијата и по начинот на живот и начините како оваа држава се справува со корупцијата во својата држава, но и кај држави кои ги смета за свои стратешки партнери. Во рамки на тоа, како што вели Ковачевски, е и одговорот на министерот за надворешни работи Бујар Османи.