историчари Archives - Република https://republika.mk/tema/istorichari/ За подобро да се разбереме Tue, 16 Aug 2022 08:57:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png историчари Archives - Република https://republika.mk/tema/istorichari/ 32 32 Бугарски историчари прогласија победа: Цар Самоил и Кирил и Методиј се со бугарско потекло, Гоце Делчев и Миладиновци се следни за признавање https://republika.mk/vesti/balkan/bugarski-istorichari-proglasija-pobeda-car-samoil-i-kiril-i-metodij-se-so-bugarsko-poteklo-goce-delchev-i-miladinovci-se-sledni-za-priznavanje/ Tue, 16 Aug 2022 08:40:46 +0000 https://republika.mk/?p=540796

Двегодишната битка за одбрана на бугарската позиција во историските спорови со Македонија стигна до прва победа, соопшти бугарскиот Национален круг „За Македонија“, платформа во која членуваат бугарски професори - историчари и лингвисти, објавува Дојче веле.

Победа за бугарската историска наука! Двегодишната битка за одбрана на бугарската позиција во однос на историските спорови со  Македонија стигна до првата победа! Колегите во Скопје официјално го признаа очигледното, што и тие го знаеја всушност многу добро. Цар Самуил е бугарски цар, учениците на Кирил и Методиј на покана на кнезот-покрстител Борис-Михаил го шират нивниот збор низ Бугарското царство, Преслав и Охрид се бугарски книжевни центри. Сето тоа треба да биде запишано во учебниците на децата во РМ, се вели во изјавата на „Националниот круг за Македонија“ што ја пренесуваат бугарските медиуми.

Станува збор за групата бугарски научници кои го посетија Европскиот парламент во Стразбур „за да ја бранат бугарската позиција“ од „заканата на македонизмот“. Ставовите што ги презентираат овие професори се идентични со оние на бугарскиот претседател, Румен Радев.

Не треба да дозволуваме легитимација на македонизмот и на идеологии од поранешна Југославија и Коминтерната да си најдат место во ЕУ, велат тие и инсистираат дека „во РМ нема бугарско малцинство, туку бугарско мнозинство“.

Се надеваме дека и понатаму ќе продолжиме да ги браниме бугарските интереси во споровите за јазикот и за личности како браќата Миладиновци и Гоце Делчев, порачуваат од Националниот круг „За Македонија".

Министерствата за надворешни работи на  Македонија и на Бугарија вчера ги објавија усогласените препораки на заедничката Комисија за историски и образовни прашања. Како што е познато, станува збор за две групи препораки - за заедничко чествување на пет личности и пет препораки за учебниците по историја за петти клас во Бугарија и за шесто одделение во  Македонија.

The post Бугарски историчари прогласија победа: Цар Самоил и Кирил и Методиј се со бугарско потекло, Гоце Делчев и Миладиновци се следни за признавање appeared first on Република.

]]>

Двегодишната битка за одбрана на бугарската позиција во историските спорови со Македонија стигна до прва победа, соопшти бугарскиот Национален круг „За Македонија“, платформа во која членуваат бугарски професори - историчари и лингвисти, објавува Дојче веле. Победа за бугарската историска наука! Двегодишната битка за одбрана на бугарската позиција во однос на историските спорови со  Македонија стигна до првата победа! Колегите во Скопје официјално го признаа очигледното, што и тие го знаеја всушност многу добро. Цар Самуил е бугарски цар, учениците на Кирил и Методиј на покана на кнезот-покрстител Борис-Михаил го шират нивниот збор низ Бугарското царство, Преслав и Охрид се бугарски книжевни центри. Сето тоа треба да биде запишано во учебниците на децата во РМ, се вели во изјавата на „Националниот круг за Македонија“ што ја пренесуваат бугарските медиуми. Станува збор за групата бугарски научници кои го посетија Европскиот парламент во Стразбур „за да ја бранат бугарската позиција“ од „заканата на македонизмот“. Ставовите што ги презентираат овие професори се идентични со оние на бугарскиот претседател, Румен Радев. Не треба да дозволуваме легитимација на македонизмот и на идеологии од поранешна Југославија и Коминтерната да си најдат место во ЕУ, велат тие и инсистираат дека „во РМ нема бугарско малцинство, туку бугарско мнозинство“. Се надеваме дека и понатаму ќе продолжиме да ги браниме бугарските интереси во споровите за јазикот и за личности како браќата Миладиновци и Гоце Делчев, порачуваат од Националниот круг „За Македонија". Министерствата за надворешни работи на  Македонија и на Бугарија вчера ги објавија усогласените препораки на заедничката Комисија за историски и образовни прашања. Како што е познато, станува збор за две групи препораки - за заедничко чествување на пет личности и пет препораки за учебниците по историја за петти клас во Бугарија и за шесто одделение во  Македонија.

The post Бугарски историчари прогласија победа: Цар Самоил и Кирил и Методиј се со бугарско потекло, Гоце Делчев и Миладиновци се следни за признавање appeared first on Република.

]]>
Здружение на историчарите на Македонија: Заедничкото чествување на Делчев е фатален удар врз македонската самобитност https://republika.mk/vesti/makedonija/za-zdruzenieto-na-istoricharite-na-makedonija-zaednichkoto-chestvuvanje-na-delchev-e-fatalen-udar-vrz-makedonskata-samobitnost/ Fri, 04 Feb 2022 08:03:17 +0000 https://republika.mk/?p=453885

Изразуваме револт и загриженост по повод најавите дека Бугарија и Република Македонија подготвуваат заедничко чествување на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, велат од Здружението на историчарите на Република Македонија.

Доколку е навистина донесена ваква политичка одлука, таа би претставувала фатален удар врз македонската самобитност.

Гоце Делчев бил еден од главните идеолози на македонската револуционерна борба од крајот на 19 и почетокот на 20 век, којшто документирано се борел и стремел за создавање на независна македонска држава, и не постои ниту еден единствен документ дека некогаш се залагал зa обединување на Македонија кон Бугарија.

Тогаш се поставува прашањето на што се должи и како се оправдува потребата од заедничко чествување на Гоце Делчев?

Дали заедничкото чествување значи дека македонската страна ги прифаќа делумно или целосно бугарските тези дека Делчев бил Бугарин кој се борел за автономија на Македонија како етапа кон нејзино обединување со Бугарија?

Дали со политичка одлука за заедничко чествување на Гоце Делчев, македонската и бугарската страна се водат според некој нов договор за којшто јавноста сè уште не е известена?

Дали со политичкиот чин на заедничко чествување на великанот на македонската борба за независност и самостојност, македонската страна ја признава бугарската теза дека Македонците се вештачка коминтерновска творба и широко ја отвора вратата за идно прифаќање на останатите бугарски тези со кои се оспоруваат македонската историја, македонскиот идентитет и македонскиот јазик и самото постоење на македонскиот народ, се вели во реакцијата на Здружението на историчари на Република Македонија кое најавува серија научни трибини, тркалезни маси, предавања и пригодни настани, со кои ќе ја одбележи 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, како и јубилејот 70-годишнината од своето основање во 1952 година.

The post Здружение на историчарите на Македонија: Заедничкото чествување на Делчев е фатален удар врз македонската самобитност appeared first on Република.

]]>

Изразуваме револт и загриженост по повод најавите дека Бугарија и Република Македонија подготвуваат заедничко чествување на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, велат од Здружението на историчарите на Република Македонија.
Доколку е навистина донесена ваква политичка одлука, таа би претставувала фатален удар врз македонската самобитност.

Гоце Делчев бил еден од главните идеолози на македонската револуционерна борба од крајот на 19 и почетокот на 20 век, којшто документирано се борел и стремел за создавање на независна македонска држава, и не постои ниту еден единствен документ дека некогаш се залагал зa обединување на Македонија кон Бугарија.

Тогаш се поставува прашањето на што се должи и како се оправдува потребата од заедничко чествување на Гоце Делчев? Дали заедничкото чествување значи дека македонската страна ги прифаќа делумно или целосно бугарските тези дека Делчев бил Бугарин кој се борел за автономија на Македонија како етапа кон нејзино обединување со Бугарија? Дали со политичка одлука за заедничко чествување на Гоце Делчев, македонската и бугарската страна се водат според некој нов договор за којшто јавноста сè уште не е известена? Дали со политичкиот чин на заедничко чествување на великанот на македонската борба за независност и самостојност, македонската страна ја признава бугарската теза дека Македонците се вештачка коминтерновска творба и широко ја отвора вратата за идно прифаќање на останатите бугарски тези со кои се оспоруваат македонската историја, македонскиот идентитет и македонскиот јазик и самото постоење на македонскиот народ, се вели во реакцијата на Здружението на историчари на Република Македонија кое најавува серија научни трибини, тркалезни маси, предавања и пригодни настани, со кои ќе ја одбележи 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, како и јубилејот 70-годишнината од своето основање во 1952 година.

The post Здружение на историчарите на Македонија: Заедничкото чествување на Делчев е фатален удар врз македонската самобитност appeared first on Република.

]]>