источна македонија Archives - Република https://republika.mk/tema/istochna-makedonija/ За подобро да се разбереме Mon, 22 Aug 2022 16:29:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png источна македонија Archives - Република https://republika.mk/tema/istochna-makedonija/ 32 32 Одрони и уништен мост на патот за Берово, во Пехчево уште се чисти хаосот од вчерашното силно невреме https://republika.mk/vesti/makedonija/odroni-i-unishten-most-na-patot-za-berovo-vo-pehchevo-ushte-se-chisti-haosot-od-vcherashnoto-silno-nevreme/ Mon, 22 Aug 2022 16:29:09 +0000 https://republika.mk/?p=542925

Територијата на Општина Виница попладнево беше погодена со обилни  врнежи од дожд и притоа регистрирани се одрони на патот Берово – Виница, заради што надлежните апелираа на внимателно возење долж овој патен правец. Претходно Центарот за управување со кризи соопшти дека како поплавени во Виница се пријавени 30 до 40 објекти.

https://republika.mk/vesti/vinica-pod-voda-prijaveni-okolu-40-poplaveni-objekti-po-nevremeto/

На терен интервенираат од ЈКП „Солидарност“ Виница со една пумпа и двајца вработени, ТППЕ Виница со две пумпи и четворица пожарникари и од ТППЕ Кочани со три пумпи и шест пожарникари.

 

Во моментов нема потреба од дополнителна помош и опрема, информираа од ЦУК.

Во Малешевијата, пак, се санираат штетите по вчерашното невреме. Во Пехчево екипи на Јавното комунално претпријатие работеa на расчистување на остатоците од невремето на патот до туристичката населба Равна Река, каде најмногу од обилните врнежи и надојдената вода настрада патната мрежа која води до оваа населба.

Со механизација успеавме да исчистиме дел од наносите на патот, но сепак има доста штета која во моментот не може да биде саниранa. Имаме прекинати цевки од водоводната мрежа, искинати кабли и друга штета која дополнително ќе биде утврдена, велат од пехчевското комунално претпријатие.

 

Во Берово во поплавите најмногу штета беше предизвикана од надоаѓањето на Клепалска Река.

Кај оваа месност настрада патната мрежа, поради што неколку часови патниот сообраќај беше во прекин. Имаме штета и на мостови, меѓу кои најоштетен е мостот кај м.в Абланица, информираа од Општината.

Наведуваат дека се работи на делумна санација на штетите на оние места каде тоа е можно.

The post Одрони и уништен мост на патот за Берово, во Пехчево уште се чисти хаосот од вчерашното силно невреме appeared first on Република.

]]>

Територијата на Општина Виница попладнево беше погодена со обилни  врнежи од дожд и притоа регистрирани се одрони на патот Берово – Виница, заради што надлежните апелираа на внимателно возење долж овој патен правец. Претходно Центарот за управување со кризи соопшти дека како поплавени во Виница се пријавени 30 до 40 објекти. https://republika.mk/vesti/vinica-pod-voda-prijaveni-okolu-40-poplaveni-objekti-po-nevremeto/ На терен интервенираат од ЈКП „Солидарност“ Виница со една пумпа и двајца вработени, ТППЕ Виница со две пумпи и четворица пожарникари и од ТППЕ Кочани со три пумпи и шест пожарникари.  
Во моментов нема потреба од дополнителна помош и опрема, информираа од ЦУК.
Во Малешевијата, пак, се санираат штетите по вчерашното невреме. Во Пехчево екипи на Јавното комунално претпријатие работеa на расчистување на остатоците од невремето на патот до туристичката населба Равна Река, каде најмногу од обилните врнежи и надојдената вода настрада патната мрежа која води до оваа населба.
Со механизација успеавме да исчистиме дел од наносите на патот, но сепак има доста штета која во моментот не може да биде саниранa. Имаме прекинати цевки од водоводната мрежа, искинати кабли и друга штета која дополнително ќе биде утврдена, велат од пехчевското комунално претпријатие.
  Во Берово во поплавите најмногу штета беше предизвикана од надоаѓањето на Клепалска Река.
Кај оваа месност настрада патната мрежа, поради што неколку часови патниот сообраќај беше во прекин. Имаме штета и на мостови, меѓу кои најоштетен е мостот кај м.в Абланица, информираа од Општината.
Наведуваат дека се работи на делумна санација на штетите на оние места каде тоа е можно.

The post Одрони и уништен мост на патот за Берово, во Пехчево уште се чисти хаосот од вчерашното силно невреме appeared first on Република.

]]>
Поздрав од Источна Македонија, им се обрати Еди Рама на европските лидери кога се поздравуваше во Брисел https://republika.mk/vesti/makedonija/pozdrav-od-istochna-makedonija-im-se-obrati-edi-rama-na-evropskite-lideri-koga-se-pozdravuvashe-vo-brisel/ Thu, 23 Jun 2022 13:42:21 +0000 https://republika.mk/?p=518983

„Поздрав од Источна Македонија“, им се обрати албанскиот премиер Еди Рама на европските лидери во Брисел. Видеото го објави албанскиот медиум РТК.

Тој повторно упати саркастична порака за однесувањето на Европската Унија кон македонско-бугарскиот проблем. На бината, каде што лидерите на земјите од Западен Балкан се фотографираат заедно со челниците на Унијата, Еди Рама, пристапувајќи им на специфичен начин, им се обрати на лидерите на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и на претседателот на Франција, Емануел Макрон.

Во написот од РТК се вели дека другите лидери на земјите од регионот само протоколарно се поздравиле со шефовите на ЕУ.

Неговата шега доаѓа непосредно по Самитот во Солун, кога тој пред грчкиот премиер Мицотакис и германскиот канцелар Олаф Шолц ја нарече Македонија, „Западна Бугарија“.

 

The post Поздрав од Источна Македонија, им се обрати Еди Рама на европските лидери кога се поздравуваше во Брисел appeared first on Република.

]]>

„Поздрав од Источна Македонија“, им се обрати албанскиот премиер Еди Рама на европските лидери во Брисел. Видеото го објави албанскиот медиум РТК. Тој повторно упати саркастична порака за однесувањето на Европската Унија кон македонско-бугарскиот проблем. На бината, каде што лидерите на земјите од Западен Балкан се фотографираат заедно со челниците на Унијата, Еди Рама, пристапувајќи им на специфичен начин, им се обрати на лидерите на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и на претседателот на Франција, Емануел Макрон. Во написот од РТК се вели дека другите лидери на земјите од регионот само протоколарно се поздравиле со шефовите на ЕУ. Неговата шега доаѓа непосредно по Самитот во Солун, кога тој пред грчкиот премиер Мицотакис и германскиот канцелар Олаф Шолц ја нарече Македонија, „Западна Бугарија“.  

The post Поздрав од Источна Македонија, им се обрати Еди Рама на европските лидери кога се поздравуваше во Брисел appeared first on Република.

]]>