источна Етиопија Archives - Република https://republika.mk/tema/istochna-etiopija/ За подобро да се разбереме Thu, 30 Nov 2023 15:15:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png источна Етиопија Archives - Република https://republika.mk/tema/istochna-etiopija/ 32 32 Најмалку 23 лица починаа од колера во источна Етиопија https://republika.mk/vesti/svet/najmalku-23-litsa-pochinaa-od-kolera-vo-istochna-etiopija/ Thu, 30 Nov 2023 15:15:59 +0000 https://republika.mk/?p=718075

Најмалку 23 лица починаа од колера за време на епидемијата што ги погоди поплавените области во источна Етиопија, соопшти денеска хуманитарната организација „Спасете ги децата“ (Save the Children), пренесува Би-Би-Си.

Во текот на изминатите две недели, во регионот Сомали, кој е најтешко погоден од неодамнешните поплави предизвикани од поројните дождови, потврдени се повеќе од 770 случаи на колера, информираа од организацијата.

Поројните дождови ја погодија областа каде живеат повеќе од 1,5 милиони луѓе, а се проценува дека повеќе од 600.000 луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови.

Повеќе од 90 области во Етиопија пријавиле случаи на колера, при што од хуманитарната организација предупредуваат дека ситуацијата може да се влоши бидејќи се очекуваат пообилни врнежи во најмалку три региони.

Дождовите што ја погодија Етиопија, како и соседните Сомалија и Кенија, беа предизвикани од временскиот феномен Ел Нињо.

 

The post Најмалку 23 лица починаа од колера во источна Етиопија appeared first on Република.

]]>

Најмалку 23 лица починаа од колера за време на епидемијата што ги погоди поплавените области во источна Етиопија, соопшти денеска хуманитарната организација „Спасете ги децата“ (Save the Children), пренесува Би-Би-Си. Во текот на изминатите две недели, во регионот Сомали, кој е најтешко погоден од неодамнешните поплави предизвикани од поројните дождови, потврдени се повеќе од 770 случаи на колера, информираа од организацијата. Поројните дождови ја погодија областа каде живеат повеќе од 1,5 милиони луѓе, а се проценува дека повеќе од 600.000 луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови. Повеќе од 90 области во Етиопија пријавиле случаи на колера, при што од хуманитарната организација предупредуваат дека ситуацијата може да се влоши бидејќи се очекуваат пообилни врнежи во најмалку три региони. Дождовите што ја погодија Етиопија, како и соседните Сомалија и Кенија, беа предизвикани од временскиот феномен Ел Нињо.  

The post Најмалку 23 лица починаа од колера во источна Етиопија appeared first on Република.

]]>