исти Archives - Република https://republika.mk/tema/isti/ За подобро да се разбереме Wed, 12 Oct 2022 09:44:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png исти Archives - Република https://republika.mk/tema/isti/ 32 32 Грција воведува „кошница за домаќинствата“, цените на артиклите ќе останат исти https://republika.mk/vesti/balkan/grcija-voveduva-koshnica-za-domakjinstvata-cenite-na-artiklite-kje-ostanat-isti/ Wed, 12 Oct 2022 09:44:38 +0000 https://republika.mk/?p=560040

Основни прехранбени продукти, производи за лична хигиена, средства за чистење, производи за бебиња и домашни миленици, според грчките медиуми, се дел од категориите вклучени во таканаречената „кошница за домаќинствата“ што ќе ја воведат супермаркетите во Грција и за конкретните производи ќе треба цените или да останат непроменети или да има минимално покачување, јави дописничката на МИА од Атина.

Поради инфлацијата, конкретната иницијатива на Министерството за развој и инвестиции на Грција беше договорена на минатонеделната средба на надлежниот министер со претставниците на големите супермаркети.

Не станува збор за замрзнување на цените, туку обид на супермаркетите, цените на производите неопходни за домаќинствата, да се задржат на што е можно пониско ниво и евентуалните зголемувања да бидат минимални.

Според грчките медиуми, „кошницата за домаќинствата“ содржи 31 категорија со 50 производи меѓу кои и: ориз, леб, макарони, свинско и пилешко месо, риба, млеко, јогурт, сирење и кашкавал, зејтин, шеќер, кафе, чај, какао, вода, сокови, средства за чистење, детергенти, тоалетна хартија, паста за заби, влошки, сапун, антисептик, пелени, храна за кучиња и мачки итн.

Во кошницата ќе бидат вклучени само конкретните производи и од конкретни категории и марки, кои дополнително, секој од супермаркетите ќе ги одреди.

Министерот за развој и инвестиции на Грција Адонис Георгиадис рече дека листата со производи ќе биде испратена до супермаркетите, а во следните две седмици кошницата ќе биде достапна за потрошувачите.

„Кошницата за домаќинствата“ ќе има 50 категории на производи, ќе видиме како ќе функционира и тука сме, доколку е потребно, да направиме било каква корекција. Сигурен сум дека ова што го правиме ќе функционира и ќе биде модел и за другите земји во Европа, рече Георгиадис во интервјуто за грчката телевизија „Скај“.

The post Грција воведува „кошница за домаќинствата“, цените на артиклите ќе останат исти appeared first on Република.

]]>

Основни прехранбени продукти, производи за лична хигиена, средства за чистење, производи за бебиња и домашни миленици, според грчките медиуми, се дел од категориите вклучени во таканаречената „кошница за домаќинствата“ што ќе ја воведат супермаркетите во Грција и за конкретните производи ќе треба цените или да останат непроменети или да има минимално покачување, јави дописничката на МИА од Атина. Поради инфлацијата, конкретната иницијатива на Министерството за развој и инвестиции на Грција беше договорена на минатонеделната средба на надлежниот министер со претставниците на големите супермаркети. Не станува збор за замрзнување на цените, туку обид на супермаркетите, цените на производите неопходни за домаќинствата, да се задржат на што е можно пониско ниво и евентуалните зголемувања да бидат минимални. Според грчките медиуми, „кошницата за домаќинствата“ содржи 31 категорија со 50 производи меѓу кои и: ориз, леб, макарони, свинско и пилешко месо, риба, млеко, јогурт, сирење и кашкавал, зејтин, шеќер, кафе, чај, какао, вода, сокови, средства за чистење, детергенти, тоалетна хартија, паста за заби, влошки, сапун, антисептик, пелени, храна за кучиња и мачки итн. Во кошницата ќе бидат вклучени само конкретните производи и од конкретни категории и марки, кои дополнително, секој од супермаркетите ќе ги одреди. Министерот за развој и инвестиции на Грција Адонис Георгиадис рече дека листата со производи ќе биде испратена до супермаркетите, а во следните две седмици кошницата ќе биде достапна за потрошувачите.
„Кошницата за домаќинствата“ ќе има 50 категории на производи, ќе видиме како ќе функционира и тука сме, доколку е потребно, да направиме било каква корекција. Сигурен сум дека ова што го правиме ќе функционира и ќе биде модел и за другите земји во Европа, рече Георгиадис во интервјуто за грчката телевизија „Скај“.

The post Грција воведува „кошница за домаќинствата“, цените на артиклите ќе останат исти appeared first on Република.

]]>
РКЕ одлучи: Цените на горивата остануваат исти https://republika.mk/vesti/ekonomija/rke-odluchi-cenite-na-gorivata-ostanuvaat-isti/ Wed, 22 Jun 2022 12:50:47 +0000 https://republika.mk/?p=518471

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,51% во однос на одлуката од 20.06.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,447 ден/кг и сега ќе изнесува 55,291 ден/кг.

Од 23.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 110,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 112,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 110,00 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 107,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 55,291 (денари/килограм)

 

The post РКЕ одлучи: Цените на горивата остануваат исти appeared first on Република.

]]>

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,51% во однос на одлуката од 20.06.2022 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,447 ден/кг и сега ќе изнесува 55,291 ден/кг. Од 23.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 110,00 (денари/литар) – Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 112,00 (денари/литар) – Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 110,00 (денари/литар) – Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 107,00 (денари/литар) – Мазут М-1 НС – 55,291 (денари/килограм)  

The post РКЕ одлучи: Цените на горивата остануваат исти appeared first on Република.

]]>