исплатени награди Archives - Република https://republika.mk/tema/isplateni-nagradi/ За подобро да се разбереме Tue, 27 Aug 2024 06:40:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png исплатени награди Archives - Република https://republika.mk/tema/isplateni-nagradi/ 32 32 МОН: Исплатени се наградите на менторите и учениците-медалисти на научни олимпијади што чекале и по две години https://republika.mk/vesti/makedonija/mon-isplateni-se-nagradite-na-mentorite-i-uchenitsite-medalisti-na-nauchni-olimpijadi-shto-chekale-i-po-dve-godini/ Tue, 27 Aug 2024 06:40:54 +0000 https://republika.mk/?p=810416

Министерството за образование и наука ги менува негативните практики воспоставени од претходните раководни структури на институцијата, кога со месеци, па и години доцнеле одговорите на поднесени барања од страна на талентирани ученици и наставници ментори за поддршка на учеството на меѓународни натпревари и олимпијади. Исто така и доцнењето на исплатата на паричните надоместоци по основ на освоени високи места на престижни натпреварувања, повеќе нема да се случува, соопштија од МОН.

Со назначувањето на новото раководство во МОН во изминатите два месеца, исплатени се парични награди во износ од 1,4 милиони денари на 15 ментори на ученици кои освоиле медал на меѓународни научни олимпијади во 2022 година. Цели две години никој не се погрижил да им го надомести стекнатото право на наставниците, велат од МОН.

Минатата недела на сметките на 16 ученици, исплатени се 276 илјади денари по основ на освоени награди на меѓународни олимпијади, десетта и единаесетта месечна рата. Исто така, исплатен е заостанат долг од 430 илјади денари по основ на парични награди за ученици и наставници ментори кои освоиле прво место на државни натпревари во 2023 година.

Информираме дека позитивно се одговорени и пристигнатите барања за покривање на патните трошоци на учениците и наставниците ментори кои учествуваа на Европската јуниорска олимпијада по информатика на која освоија три бронзени медали, како и за учество на Јуниорската балканска математичка олимпијада, каде учениците освоија два бронзени медали. Родителите на учениците со право реагираат дека досега не добиле никаква поддршка од државата, иако дел од овие ученици редовно учествуваат и освојуваат награди на овие и слични натпревари, велат од МОН.

Министерството станува партнер на талентираните ученици. Наместо незаинтересираност, институцијата покажува проактивност за стимулација, финансиска и логистичка поддршка на младите кои учествуваат на меѓународни научни олимпијади и натпревари, за да постигнуваат уште подобри резултати. Во периодот пред нас, во соработка со здруженијата на ученици и на наставници ќе бидат креирани нови системски решенија со кои, тие повеќе нема да бидат оставени на милоста на институционалните раководства и собирањето донации за поддршка.

The post МОН: Исплатени се наградите на менторите и учениците-медалисти на научни олимпијади што чекале и по две години appeared first on Република.

]]>