испад Archives - Република https://republika.mk/tema/ispad/ За подобро да се разбереме Wed, 21 Aug 2024 12:37:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png испад Archives - Република https://republika.mk/tema/ispad/ 32 32 Нов испад на Блок 1 на РЕК Битола заради проблеми во системот на МЕПСО https://republika.mk/vesti/ekonomija/nov-ispad-na-blok-1-na-rek-bitola-zaradi-problemi-vo-sistemot-na-mepso/ Wed, 21 Aug 2024 12:37:45 +0000 https://republika.mk/?p=808687

Блок 1 на РЕК Битола околу 12 часот прекина со работа заради испад на 110 киловолтен далновод на АД МЕПСО. Редовното и нормално функционирање на Блок 1 беше прекинато бидејќи во критичниот момент, постројката не можеше да ја испорача произведената електрична енергија кон македонскиот електроенергетски систем, по што согласно сигурносните протоколи блокот беше исклучен, соопшти АД ЕСМ.

Прекинот во снабдувањето со електрична енергија во неколку населби во Битола во истиот период кога без напон остана и Блок 1 на РЕК Битола се должи на истиот проблем, предизвикан од далеководот на МЕПСО и нема никаква поврзаност со работата на комбинатот.

Паралелно, без проблеми се одвива производството на електрична енергија од Блок 2 на РЕК Битола бидејќи постројката е поврзана со електропреносниот систем на АД МЕПСО преку друг, 400 киловолтен далновод. На Блок 3 во тек се ремонтни активности.

Денешниот испад на Блок 1 на РЕК Битола заради проблеми во преносната мрежа на АД МЕПСО е трет во период од 40тина дена. Стручни лица од РЕК Битола работат на надминување на состојбата и повторно ставање во функција на Блок 1, стои во соопштението од АД ЕСМ.

 

The post Нов испад на Блок 1 на РЕК Битола заради проблеми во системот на МЕПСО appeared first on Република.

]]>

Блок 1 на РЕК Битола околу 12 часот прекина со работа заради испад на 110 киловолтен далновод на АД МЕПСО. Редовното и нормално функционирање на Блок 1 беше прекинато бидејќи во критичниот момент, постројката не можеше да ја испорача произведената електрична енергија кон македонскиот електроенергетски систем, по што согласно сигурносните протоколи блокот беше исклучен, соопшти АД ЕСМ. Прекинот во снабдувањето со електрична енергија во неколку населби во Битола во истиот период кога без напон остана и Блок 1 на РЕК Битола се должи на истиот проблем, предизвикан од далеководот на МЕПСО и нема никаква поврзаност со работата на комбинатот. Паралелно, без проблеми се одвива производството на електрична енергија од Блок 2 на РЕК Битола бидејќи постројката е поврзана со електропреносниот систем на АД МЕПСО преку друг, 400 киловолтен далновод. На Блок 3 во тек се ремонтни активности. Денешниот испад на Блок 1 на РЕК Битола заради проблеми во преносната мрежа на АД МЕПСО е трет во период од 40тина дена. Стручни лица од РЕК Битола работат на надминување на состојбата и повторно ставање во функција на Блок 1, стои во соопштението од АД ЕСМ.  

The post Нов испад на Блок 1 на РЕК Битола заради проблеми во системот на МЕПСО appeared first on Република.

]]>
Работна група ќе ги утврдува причините за испадот во ТС „Скопје 4“ во Пинтија што го остави Скопје без струја https://republika.mk/vesti/ekonomija/rabotna-grupa-kje-gi-utvrduva-prichinite-za-ispadot-vo-ts-skopje-4-vo-pintija-shto-go-ostavi-skopje-bez-struja/ Wed, 16 Feb 2022 15:08:39 +0000 https://republika.mk/?p=459459

Формирана е работна група составена од стручни лица вработени во компанијата со единствена задача да ги лоцира причините за прекинот во снабдувањето со електрична енергија по испадот во напонската мрежа што се случи во неделата на 13 февруари во 17:20 часот во ТС „Скопје 4“ во Пинтија поради кој неколку општини во Скопје, делови од Велес и овчеполието, 40-тина минути беа без напојување, информира АД МЕПСО.

Како што информиравме и во неделата, до прекин со напојување на поголем дел од градот Скопје, дојде како резултат на исклучување на двата енергетски трансформатори во трансформаторската станица „Скопје 4“, како последица на дефект кој се појави на изолаторска верига на 110 киловолтниот далекувод кој ја напојува трафостаницата „Бунарџик” преку трансформаторската станица „Скопје 4“. Во оваа прилика појаснуваме дека во нормални услови кога настанува дефект на далекувод, за изолирање на настанатата грешка, заштитата и прекинувачот го исклучуваат далекуводот на кој се појавува дефектот, со што без напојување остануваат само потрошувачите кои се врзани на трафостаницата напојувана од конкретниот далекувод, велат од АД МЕПСО.

Во неделата, додаваат, во моментот на дефектот, поради грешка во секундарните кругови за напојување на опремата во ТС „Скопје 4“, се случи неселективност и за само 0,9 секунди проработија системските заштити во околните трафостаници на 110 киловолтно напонско ниво, а за 2,5 секунди се активираа заштитите на 400/110 киловолтните трансформатори во ТС „Скопје 4“.

На овој начин се дава налог до прекинувачите да ги исклучат двата енергетски 400/110 киловолтни трансформатори, преку кои се напојува најголем дел од Скопје и околината. Во согласност со процедурата при дефект, дежурните екипи од АД МЕПСО веднаш извршија проверки и прегледи во ТС „Скопје 4“, и во координација со Националниот диспечерски центар при АД МЕПСО, започнаа постапка за вклучување на елементите од мрежата. Со напорна работа тие успеаја за еден час да воспостават напонска состојба и да се нормализира напојувањето на градот и околинита, појаснуваат од компанијата.

Паралелно со активностите кои се вршеа во ТС „Скопје 4“, прецизираат, далекуводните екипи на АД МЕПСО до доцните ноќни часови работеа на отстранување на дефектот на далекуводот 145/1 ТС Скопје 4-ТС Бунарџик, со цел жителите на Бунарџик, како и индустриската зона, да добијат напојување со електрична енергија.

Во 03:35 часот, далекуводот 145/1 од ТС Скопје 4 до ТС Бунарџик беше поправен и вклучен под напон, со што се нормализираше напојувањето и на ТС Бунарџик. Она што и во оваа прилика сакаме да го потенцираме е дека технички проблеми на електромрежата од секаков тип можат да се случат секаде и во секој дел од денот и најважно во таквите моменти е што побрзо да се стабилизира системот, а граѓаните и стопанството да бидат снабдени со електрична енергија. Работната група работи интензивно на терен и веднаш по добивањето на прелиминарните сознанија ќе ги споделиме со јавноста, посочуваат од АД МЕПСО

The post Работна група ќе ги утврдува причините за испадот во ТС „Скопје 4“ во Пинтија што го остави Скопје без струја appeared first on Република.

]]>

Формирана е работна група составена од стручни лица вработени во компанијата со единствена задача да ги лоцира причините за прекинот во снабдувањето со електрична енергија по испадот во напонската мрежа што се случи во неделата на 13 февруари во 17:20 часот во ТС „Скопје 4“ во Пинтија поради кој неколку општини во Скопје, делови од Велес и овчеполието, 40-тина минути беа без напојување, информира АД МЕПСО. Како што информиравме и во неделата, до прекин со напојување на поголем дел од градот Скопје, дојде како резултат на исклучување на двата енергетски трансформатори во трансформаторската станица „Скопје 4“, како последица на дефект кој се појави на изолаторска верига на 110 киловолтниот далекувод кој ја напојува трафостаницата „Бунарџик” преку трансформаторската станица „Скопје 4“. Во оваа прилика појаснуваме дека во нормални услови кога настанува дефект на далекувод, за изолирање на настанатата грешка, заштитата и прекинувачот го исклучуваат далекуводот на кој се појавува дефектот, со што без напојување остануваат само потрошувачите кои се врзани на трафостаницата напојувана од конкретниот далекувод, велат од АД МЕПСО. Во неделата, додаваат, во моментот на дефектот, поради грешка во секундарните кругови за напојување на опремата во ТС „Скопје 4“, се случи неселективност и за само 0,9 секунди проработија системските заштити во околните трафостаници на 110 киловолтно напонско ниво, а за 2,5 секунди се активираа заштитите на 400/110 киловолтните трансформатори во ТС „Скопје 4“. На овој начин се дава налог до прекинувачите да ги исклучат двата енергетски 400/110 киловолтни трансформатори, преку кои се напојува најголем дел од Скопје и околината. Во согласност со процедурата при дефект, дежурните екипи од АД МЕПСО веднаш извршија проверки и прегледи во ТС „Скопје 4“, и во координација со Националниот диспечерски центар при АД МЕПСО, започнаа постапка за вклучување на елементите од мрежата. Со напорна работа тие успеаја за еден час да воспостават напонска состојба и да се нормализира напојувањето на градот и околинита, појаснуваат од компанијата. Паралелно со активностите кои се вршеа во ТС „Скопје 4“, прецизираат, далекуводните екипи на АД МЕПСО до доцните ноќни часови работеа на отстранување на дефектот на далекуводот 145/1 ТС Скопје 4-ТС Бунарџик, со цел жителите на Бунарџик, како и индустриската зона, да добијат напојување со електрична енергија. Во 03:35 часот, далекуводот 145/1 од ТС Скопје 4 до ТС Бунарџик беше поправен и вклучен под напон, со што се нормализираше напојувањето и на ТС Бунарџик. Она што и во оваа прилика сакаме да го потенцираме е дека технички проблеми на електромрежата од секаков тип можат да се случат секаде и во секој дел од денот и најважно во таквите моменти е што побрзо да се стабилизира системот, а граѓаните и стопанството да бидат снабдени со електрична енергија. Работната група работи интензивно на терен и веднаш по добивањето на прелиминарните сознанија ќе ги споделиме со јавноста, посочуваат од АД МЕПСО

The post Работна група ќе ги утврдува причините за испадот во ТС „Скопје 4“ во Пинтија што го остави Скопје без струја appeared first on Република.

]]>