искрешна Archives - Република https://republika.mk/tema/iskreshna/ За подобро да се разбереме Thu, 22 Aug 2024 10:42:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png искрешна Archives - Република https://republika.mk/tema/iskreshna/ 32 32 Кај Карпалак поставена нова спомен-плоча во чест на македонските бранители која претходно беше скршена https://republika.mk/vesti/makedonija/kaj-karpalak-postavena-nova-spomen-plocha-vo-chest-na-makedonskite-braniteli-koja-prethodno-beshe-skrshena/ Thu, 22 Aug 2024 10:42:17 +0000 https://republika.mk/?p=809022

Повторно министерството за одбрана ја постави спомен-плочата со имињата на 10-те загинати бранители во месноста Карпалак на автопатот Скопје-Тетово.

Истата беше искршена на 9 август, еден ден после одбележувањето на 23-годишнината од трагедијата за време на воениот конфликт од 2001, кога конвој од бранителите беше нападнат од терористите од т. н. ОНА. Во нападот во кој биле користени ракетни фрлачи и тешки митралези, загинаа бранители, сите од Прилеп, кои со камиони биле упатени кон касарната во Тетово.

Откако е поставена оваа спомен-плоча на ова место седум пати е кршена, но досега ниту еден сторител не е откриен од надлежните служби.

При секое одбележување, од Здруженијата на бранителите се бара на ова место да се изгради достојно спомен-обележје кое ќе потсетува на големата жртва која ја дадоа бранителите на Македонија, а не вака, венци и цвеќе да се положуваат на банкината на автопатот, но досега ништо не е направено, се даваа само ветувања од досегашните Влади.

 

The post Кај Карпалак поставена нова спомен-плоча во чест на македонските бранители која претходно беше скршена appeared first on Република.

]]>

Повторно министерството за одбрана ја постави спомен-плочата со имињата на 10-те загинати бранители во месноста Карпалак на автопатот Скопје-Тетово. Истата беше искршена на 9 август, еден ден после одбележувањето на 23-годишнината од трагедијата за време на воениот конфликт од 2001, кога конвој од бранителите беше нападнат од терористите од т. н. ОНА. Во нападот во кој биле користени ракетни фрлачи и тешки митралези, загинаа бранители, сите од Прилеп, кои со камиони биле упатени кон касарната во Тетово. Откако е поставена оваа спомен-плоча на ова место седум пати е кршена, но досега ниту еден сторител не е откриен од надлежните служби. При секое одбележување, од Здруженијата на бранителите се бара на ова место да се изгради достојно спомен-обележје кое ќе потсетува на големата жртва која ја дадоа бранителите на Македонија, а не вака, венци и цвеќе да се положуваат на банкината на автопатот, но досега ништо не е направено, се даваа само ветувања од досегашните Влади.  

The post Кај Карпалак поставена нова спомен-плоча во чест на македонските бранители која претходно беше скршена appeared first on Република.

]]>