искра нечаковска Archives - Република https://republika.mk/tema/iskra-nechakovska/ За подобро да се разбереме Tue, 08 Nov 2022 09:26:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png искра нечаковска Archives - Република https://republika.mk/tema/iskra-nechakovska/ 32 32 Искра нема да добие помош од државата која ќе ја претставува на Олимпијада во Колумбија, зошто нема 15 години https://republika.mk/zivot/kariera/iskra-nema-da-dobie-pomosh-od-drzavata-koja-kje-ja-pretstavuva-na-olimpijada-vo-kolumbija-zoshto-nema-15-godini/ Tue, 08 Nov 2022 09:26:54 +0000 https://republika.mk/?p=571287

Четиринаесетгодишната Искра Нечаковска од Битола е дел од државниот тим на Македонија кој ќе учествува на 19. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки (IJSO 2022) што ќе се одржи во Богота, Колумбија од 2‐12 декември 2022 година.

Сепак, од Агенцијата за млади и спорт само неа не ѝ одобри делумно спонзорство за патот, престојот и режиските трошоци, зашто сѐ уште не наполнила 15 години.

Сите деца конкурираа во Агенцијата за млади и спорт за финансиска поддршка во програмата за млади и талентирани лица, ама само Искра ја одбија заради фактот што нема се уште наполнето 15 години, а според нивниот Правилник, категоријата на млади ги опфаќа само лицата од 15 до 29 години. Овој проблем со Агенцијата за млади и спорт се провлекува уште од првата година кога учествувал наш тим на Олимпијадата, но сепак еве и 6 години подоцна никој не се заинтересирал за да најде начин да се поддржат и деца кои се млади и талентирани, но не се доволно возрасни за да влезат во категоријата млади, иако несомено го исполнуваат критериумот на талентирани,  објаснува за „Апла“ Оливера Нечаковска, мајка на Искра.

Во меѓувреме, Искра заедно со останатите членови на тимот забрзано се подготуваат на ПМФ - секој петок и сабота менторите на тимот од катедрите по физика, хемија и биологија им држат предавања и практична настава од 9-16 часот на волонтерска основа, се со цел да го претстават македонското образование во најдобро можно светло.

За трошоците испратени се барања за спонзорство, на кои досега одговорила единствено Општина Битола.

Се работи за износ од околу 950.000 денари кој вклучува трошоци за котизација и за авионски билети, потебни за да отпатуваат во Богота и да се натпреваруваат и да ја претставуваат државата во најдобро светло. Македонија шеста година учествува на ова светско натпреварување и секогаш се враќа со успех.

The post Искра нема да добие помош од државата која ќе ја претставува на Олимпијада во Колумбија, зошто нема 15 години appeared first on Република.

]]>

Четиринаесетгодишната Искра Нечаковска од Битола е дел од државниот тим на Македонија кој ќе учествува на 19. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки (IJSO 2022) што ќе се одржи во Богота, Колумбија од 2‐12 декември 2022 година. Сепак, од Агенцијата за млади и спорт само неа не ѝ одобри делумно спонзорство за патот, престојот и режиските трошоци, зашто сѐ уште не наполнила 15 години.
Сите деца конкурираа во Агенцијата за млади и спорт за финансиска поддршка во програмата за млади и талентирани лица, ама само Искра ја одбија заради фактот што нема се уште наполнето 15 години, а според нивниот Правилник, категоријата на млади ги опфаќа само лицата од 15 до 29 години. Овој проблем со Агенцијата за млади и спорт се провлекува уште од првата година кога учествувал наш тим на Олимпијадата, но сепак еве и 6 години подоцна никој не се заинтересирал за да најде начин да се поддржат и деца кои се млади и талентирани, но не се доволно возрасни за да влезат во категоријата млади, иако несомено го исполнуваат критериумот на талентирани,  објаснува за „Апла“ Оливера Нечаковска, мајка на Искра.
Во меѓувреме, Искра заедно со останатите членови на тимот забрзано се подготуваат на ПМФ - секој петок и сабота менторите на тимот од катедрите по физика, хемија и биологија им држат предавања и практична настава од 9-16 часот на волонтерска основа, се со цел да го претстават македонското образование во најдобро можно светло. За трошоците испратени се барања за спонзорство, на кои досега одговорила единствено Општина Битола. Се работи за износ од околу 950.000 денари кој вклучува трошоци за котизација и за авионски билети, потебни за да отпатуваат во Богота и да се натпреваруваат и да ја претставуваат државата во најдобро светло. Македонија шеста година учествува на ова светско натпреварување и секогаш се враќа со успех.

The post Искра нема да добие помош од државата која ќе ја претставува на Олимпијада во Колумбија, зошто нема 15 години appeared first on Република.

]]>