ископ на јаглен Archives - Република https://republika.mk/tema/iskop-na-jaglen/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Feb 2024 07:11:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ископ на јаглен Archives - Република https://republika.mk/tema/iskop-na-jaglen/ 32 32 Тендерот за фирмата на белорускиот конзул Марковски говори за наводната прозападна ориентација на СДСМ и ДУИ https://republika.mk/vesti/makedonija/tenderot-za-firmata-na-beloruskiot-konzul-markovski-govori-za-navodnata-prozapadna-orientatsija-na-sdsm-i-dui/ Fri, 23 Feb 2024 07:11:24 +0000 https://republika.mk/?p=747219

Во РЕК Битола доделен е тендер за ископ на јаглен во рекорден износ од 46 милиони евра. Овој тендер е врв на криминалот во ЕСМ, бидејќи го добива омилената фирма на власта, Марковски компани, која притоа не ја дава најниската понуда. Фирмата на белорускиот конзул Марковски ( што говори за наводната прозападна ориентација на СДС и ДУИ) имала за 30% повисока понуда и истата мистериозно го добила тендерот.

 

 

Оваа разлика очигледно е голема и постои основан сомнеж дали истата била искористена да се подмачкаат комисии, директори, а можеби и членови на влада, објаснува ВМРО-ДПМНЕ.

Постои и основано сомнение дека е прекршен законот за заштита на конкуренција со тоа што комисијата за овој тендер поставила такви услови со кои се фаворизирал операторот Марковски. Дали намерно или ненамерно направиле превид дека фаворизираниот економски оператор Марковски компани со истата механизација веќе учествува на два други тендери што е спротивно на закон. Како е возможно иста машина да е ангажирана три пати, како денот да има 72 часа?! Освен овој 46 милионски тендер, истата механизација и истите капацитети на Марковски се веќе ангажирани токму во РЕК во два други тендери. Со  договор од 17.11.2023 за ангажирање на помошна механизација за потребите на рударската оператива од 03.10.2023 година за ископ на јаловина со градежна оператива ја понудил истата работна сила и рударско-градежна механизација.

Дополнително зошто критериумите за тендерот ги следат пропорционално условите кои ги исполнил операторот Марковски, односно на претходниот тендер (кој исто така го добил Марковски) се барало да има има ископано 5 милиони кубици јаловина, а сега се бара 8 милиони, што одговара со разликата која ја направил во минатиот тендер.
За три години во РЕК Битола оваа компанија, Марковски има добиено 58 тендери со вкупна вредност од неверојатни 163 милиони евра. Тоа е повеќе од половина од средствата кои се потребни за изградбата на Когенеративната централа во Скопје, која државата планира да им ја даде на грчки Митилинеос под оправдание дека нема пари. Епа ќе нема пари затоа што парите заминуваат на матните тендери каков што е овој последниот од 46 милиони евра со омилената фирма на СДС и ДУИ за работа во РЕК Битола, Марковски.

The post Тендерот за фирмата на белорускиот конзул Марковски говори за наводната прозападна ориентација на СДСМ и ДУИ appeared first on Република.

]]>

Во РЕК Битола доделен е тендер за ископ на јаглен во рекорден износ од 46 милиони евра. Овој тендер е врв на криминалот во ЕСМ, бидејќи го добива омилената фирма на власта, Марковски компани, која притоа не ја дава најниската понуда. Фирмата на белорускиот конзул Марковски ( што говори за наводната прозападна ориентација на СДС и ДУИ) имала за 30% повисока понуда и истата мистериозно го добила тендерот.     Оваа разлика очигледно е голема и постои основан сомнеж дали истата била искористена да се подмачкаат комисии, директори, а можеби и членови на влада, објаснува ВМРО-ДПМНЕ. Постои и основано сомнение дека е прекршен законот за заштита на конкуренција со тоа што комисијата за овој тендер поставила такви услови со кои се фаворизирал операторот Марковски. Дали намерно или ненамерно направиле превид дека фаворизираниот економски оператор Марковски компани со истата механизација веќе учествува на два други тендери што е спротивно на закон. Како е возможно иста машина да е ангажирана три пати, како денот да има 72 часа?! Освен овој 46 милионски тендер, истата механизација и истите капацитети на Марковски се веќе ангажирани токму во РЕК во два други тендери. Со  договор од 17.11.2023 за ангажирање на помошна механизација за потребите на рударската оператива од 03.10.2023 година за ископ на јаловина со градежна оператива ја понудил истата работна сила и рударско-градежна механизација.
Дополнително зошто критериумите за тендерот ги следат пропорционално условите кои ги исполнил операторот Марковски, односно на претходниот тендер (кој исто така го добил Марковски) се барало да има има ископано 5 милиони кубици јаловина, а сега се бара 8 милиони, што одговара со разликата која ја направил во минатиот тендер. За три години во РЕК Битола оваа компанија, Марковски има добиено 58 тендери со вкупна вредност од неверојатни 163 милиони евра. Тоа е повеќе од половина од средствата кои се потребни за изградбата на Когенеративната централа во Скопје, која државата планира да им ја даде на грчки Митилинеос под оправдание дека нема пари. Епа ќе нема пари затоа што парите заминуваат на матните тендери каков што е овој последниот од 46 милиони евра со омилената фирма на СДС и ДУИ за работа во РЕК Битола, Марковски.

The post Тендерот за фирмата на белорускиот конзул Марковски говори за наводната прозападна ориентација на СДСМ и ДУИ appeared first on Република.

]]>
Нов мега скандал во режија на власта: Почесниот конзул во Белорусија, Борче Марковски доби 46 милиони евра тендер за ископ на јаглен во РЕК Битола https://republika.mk/vesti/makedonija/nov-mega-skandal-vo-rezhija-na-vlasta-pochesniot-konzul-vo-belorusija-borche-markovski-dobi-46-milioni-evra-tender-za-iskop-na-jaglen-vo-rek-bitola/ Thu, 22 Feb 2024 07:44:26 +0000 https://republika.mk/?p=746773

На само два месеци пред избори, владата на СДС и ДУИ преку сомнителниот тендер на ископ на јаглен во РЕК Битола се обидува да укради дополнителни 46 милиони евра на омилената фирма Марковски компани.На само два месеци пред избори пред очите на јавноста се случува мега криминал, а ЈО се уште молчи, oбвини денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Почесниот конзул во Белорусија, Борче Марковски добива фрапантни 46 милиони евра тендер за ископ на јаглен во РЕК Битола преку Електрани на Македонија, иако понудата била највисока од останатите понуди за дури 30 проценти.

За ВМРО-ДПМНЕ спорен момент е што додека Марковски компани добива тендер за ископ на јаглен во висина од 46 милиони евра, истата механизација веќе работи по претходно добиен тендер, односни три паралелни тендери со иста механизација. И тоа ангажирање на помошна механизација за потребите на рударската оператива за ископ на јаловина со градежна оператива ја понудил истата работна сила и рударско-градежна механизација, како и на новиот тендер од 46 милиони евра.

Како е возможно една иста механизација на Марковски компани во исто време да биде на три различни локации и да ги врши работите на сите три тендери?

ЈО мора да испита и зошто Марковски компани иако дал највисока понуда го добил тендерот од 46 милиони евра?

Дополнително што треба да се одговори е кои се причините и мотивот што лицата Пеце Матевски, Златко Алексовски, Драги Крстев, Владо Котевски, Димитар Петковски и Васко Јосифовски кои претходно одбивале да се потпишат на тендерот за ископ на јаглен од 46 милиони евра, подоцна ја прифатиле понудата и се потпишале.

ЈО мора веднаш да истражи дали има финансиски интерес за ваквата промена на ставовите на горе споменатите лица?-бара ВМРО-ДПМНЕ.

И покрај тоа што постојат сериозни индиции за криминал ЈО се уште молчи и не отвора истрага по допрен глас за тендерот во вредност од 46 милиони евра народни пари.

Со овие пари можеа да се изградат неколку средни училишта, градинки, да се реконструираат улици и патишта. Но, владата на СДС и ДУИ пред заминување врши уште еден грабеж на парите на граѓаните.

Со СДС и ДУИ никогаш не било полошо, како за државата така и за граѓаните.

За овој мега криминал мора и ќе има одговорност.

Важно е да ги поразиме.

The post Нов мега скандал во режија на власта: Почесниот конзул во Белорусија, Борче Марковски доби 46 милиони евра тендер за ископ на јаглен во РЕК Битола appeared first on Република.

]]>

На само два месеци пред избори, владата на СДС и ДУИ преку сомнителниот тендер на ископ на јаглен во РЕК Битола се обидува да укради дополнителни 46 милиони евра на омилената фирма Марковски компани.На само два месеци пред избори пред очите на јавноста се случува мега криминал, а ЈО се уште молчи, oбвини денеска ВМРО-ДПМНЕ.
Почесниот конзул во Белорусија, Борче Марковски добива фрапантни 46 милиони евра тендер за ископ на јаглен во РЕК Битола преку Електрани на Македонија, иако понудата била највисока од останатите понуди за дури 30 проценти.
За ВМРО-ДПМНЕ спорен момент е што додека Марковски компани добива тендер за ископ на јаглен во висина од 46 милиони евра, истата механизација веќе работи по претходно добиен тендер, односни три паралелни тендери со иста механизација. И тоа ангажирање на помошна механизација за потребите на рударската оператива за ископ на јаловина со градежна оператива ја понудил истата работна сила и рударско-градежна механизација, како и на новиот тендер од 46 милиони евра.
Како е возможно една иста механизација на Марковски компани во исто време да биде на три различни локации и да ги врши работите на сите три тендери?
ЈО мора да испита и зошто Марковски компани иако дал највисока понуда го добил тендерот од 46 милиони евра? Дополнително што треба да се одговори е кои се причините и мотивот што лицата Пеце Матевски, Златко Алексовски, Драги Крстев, Владо Котевски, Димитар Петковски и Васко Јосифовски кои претходно одбивале да се потпишат на тендерот за ископ на јаглен од 46 милиони евра, подоцна ја прифатиле понудата и се потпишале.
ЈО мора веднаш да истражи дали има финансиски интерес за ваквата промена на ставовите на горе споменатите лица?-бара ВМРО-ДПМНЕ.
И покрај тоа што постојат сериозни индиции за криминал ЈО се уште молчи и не отвора истрага по допрен глас за тендерот во вредност од 46 милиони евра народни пари. Со овие пари можеа да се изградат неколку средни училишта, градинки, да се реконструираат улици и патишта. Но, владата на СДС и ДУИ пред заминување врши уште еден грабеж на парите на граѓаните. Со СДС и ДУИ никогаш не било полошо, како за државата така и за граѓаните. За овој мега криминал мора и ќе има одговорност. Важно е да ги поразиме.

The post Нов мега скандал во режија на власта: Почесниот конзул во Белорусија, Борче Марковски доби 46 милиони евра тендер за ископ на јаглен во РЕК Битола appeared first on Република.

]]>
Николоски објаснува како е местен тендерот во РЕК Битола: Со парите што ќе отидат во џебот на фамилија Марковски може да се изградат половина од средните училишта https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-objasnuva-kako-e-mesten-tenderot-vo-rek-bitola-so-parite-shto-ke-otidat-vo-dhebot-na-familija-markovski-mozhe-da-se-izgradat-polovina-od-srednite-uchilishta/ Wed, 21 Feb 2024 11:19:43 +0000 https://republika.mk/?p=746500

Би сакале да го прашаме менаџерскиот тим на Електрани на Македонија и особено шесте лица потпишани на договорот за јавна набавка кој што сакам повторно да ги прочитам, Пеце Матевски, Златко Алексовски, Драги Крстев, Владо Котевски, Димитар Петковски и Васко Јосифовски кој е нивниот мотив или да бидам попрецизен кој е нивниот финансиски интерес со цел да спроведат и да потпишат ваков тендер, прашува Александар Николоски.

Дали разликата од 30% помеѓу избраната понуда и најниска понуда е можеби мотивот за овие шест лица, директори во РЕК Битола да потпишат ваков криминален тендер, а претходно да постават критериуми кој што одговараат само на една компанија. Дали во криминалната постапка извршиле намерно зголемување на критериумите за учество на јавната набавка со цел како што кажав само една компанија да ги исполнува, што е директно прекршување на Законот за заштита на конкуренција? Дали намерно или ненамерно направиле превид дека фаворизираниот економски оператор Марковски компани со истата механизација веќе учествува на два други тендери што е спротивно на закон. Повторувам, со истата механизација веќе работи по два претходно добиени тендери, значи истите машини РЕК Битола ги ангажира за три активни тендери. Дали ова значи дека истата машина ќе биде платена трипати за иста дневна работа и дали ова значи дека денот во РЕК Битола нема 24, нема 48, туку има 72 часа.

Повторувам, истата машина ќе биде ангажирана три пати.

Ова значи дека Марковски компани ќе работи на три паралелни тендери со иста механизација, затоа што претходно со договор од 17.11.2023 за ангажирање на помошна механизација за потребите на рударската оператива од 03.10.2023 година за ископ на јаловина со градежна оператива ја понудил истата работна сила и рударско-градежна механизација како и на новиот тендер од 46 милиони евра.

Исто така раководството на Електрани на Македонија свесно и намерно дозволиле во условите на тендерската документација да нема забрана и злоупотреба односно да може да се користи истата опрема и истиот кадар.

Понатаму еден од критериумите за утврдување на техничката способност со кој се барало идниот економски оператор да има извршено ископ од најмалку еден милион тони јаглен или 8 милиони тони јаловински маси кумулативно во последните три години.

Во претходната постапка која исто така ја добил Марковски компани се барало да има само ископ на јаловина од пет милиони кубици, значи повторувам во оваа тендерска постапка се бара да има ископано 8 милиони тони кубици јаловина, а во претходната да има ископано 5 милиони кубици јаловина, а разликата од 3 милиони кубици јаловина е толку колку што има Марковски ископано помеѓу двата тендери. Значи практично расте критериумот како што растат тендерите на Марковски комапни со цел дискриминирање на останатите, а фаворизирање на еден економски оператор со цел никој друг да не може да учествува.
Ова и бројни други факти говорат за сериозниот криминал кој се случува во РЕК Битола во корист на само една компанија за што најдобар доказ се јавните набавки кои Марковски компани ги има добиено во РЕК Битола.

https://www.youtube.com/watch?v=D27BmXUMhSI

Само во периодот од јануари 2021 година до февруари 2024 година, односно за 3 години Марковски компани има добиено 58 тендери во РЕК Битола во вкупна вредност од 163 милиони евра. Повторувам има добиено за 3 години 58 тендери во вкупна вредност од 163 милиони евра. Само со последниот тендер можат да се изградат половина од сите средни училишта во Македонија. Само со последниот тендер од 46 милиони евра македонските средношколци можат да добијат нови училишта, практично секое второ средно училиште да биде ново само со последниот тендер на Марковски компани, а со вкупниот број на тендери можат да се изградат сите средни училишта во Македонија и да останат пари и за спортски сали и за базени и да имаме комплетна преродба на македонското образование.

Но, власта не го прави тоа туку решава да работи за своите криминални потреби.
Повикувам надлежните органи, јавното обвинителство пред се сите тендери кои ги има добиено Марковски компани и да каже како е возможно за само 3 години да добиле тендери во вредност од 163 милиони евра, 58 на број, а исто така повикувам ЈО да испита зошто шесте директори на РЕК Битола прво не сакале, а потоа решиле да ја потпишат спорната јавна набавка за ископ на јаглен и јаловина во вредност од 46 милиони евра.

Доколку тоа не го стори сега ЈО ќе го стори ослободеното ЈО по претседателските и парламентарните избори на 8 мај, по кои и точка и запирка ќе биде прегледана и сите кои прават криминал ќе одговараат.

The post Николоски објаснува како е местен тендерот во РЕК Битола: Со парите што ќе отидат во џебот на фамилија Марковски може да се изградат половина од средните училишта appeared first on Република.

]]>

Би сакале да го прашаме менаџерскиот тим на Електрани на Македонија и особено шесте лица потпишани на договорот за јавна набавка кој што сакам повторно да ги прочитам, Пеце Матевски, Златко Алексовски, Драги Крстев, Владо Котевски, Димитар Петковски и Васко Јосифовски кој е нивниот мотив или да бидам попрецизен кој е нивниот финансиски интерес со цел да спроведат и да потпишат ваков тендер, прашува Александар Николоски.
Дали разликата од 30% помеѓу избраната понуда и најниска понуда е можеби мотивот за овие шест лица, директори во РЕК Битола да потпишат ваков криминален тендер, а претходно да постават критериуми кој што одговараат само на една компанија. Дали во криминалната постапка извршиле намерно зголемување на критериумите за учество на јавната набавка со цел како што кажав само една компанија да ги исполнува, што е директно прекршување на Законот за заштита на конкуренција? Дали намерно или ненамерно направиле превид дека фаворизираниот економски оператор Марковски компани со истата механизација веќе учествува на два други тендери што е спротивно на закон. Повторувам, со истата механизација веќе работи по два претходно добиени тендери, значи истите машини РЕК Битола ги ангажира за три активни тендери. Дали ова значи дека истата машина ќе биде платена трипати за иста дневна работа и дали ова значи дека денот во РЕК Битола нема 24, нема 48, туку има 72 часа.
Повторувам, истата машина ќе биде ангажирана три пати. Ова значи дека Марковски компани ќе работи на три паралелни тендери со иста механизација, затоа што претходно со договор од 17.11.2023 за ангажирање на помошна механизација за потребите на рударската оператива од 03.10.2023 година за ископ на јаловина со градежна оператива ја понудил истата работна сила и рударско-градежна механизација како и на новиот тендер од 46 милиони евра. Исто така раководството на Електрани на Македонија свесно и намерно дозволиле во условите на тендерската документација да нема забрана и злоупотреба односно да може да се користи истата опрема и истиот кадар. Понатаму еден од критериумите за утврдување на техничката способност со кој се барало идниот економски оператор да има извршено ископ од најмалку еден милион тони јаглен или 8 милиони тони јаловински маси кумулативно во последните три години.
Во претходната постапка која исто така ја добил Марковски компани се барало да има само ископ на јаловина од пет милиони кубици, значи повторувам во оваа тендерска постапка се бара да има ископано 8 милиони тони кубици јаловина, а во претходната да има ископано 5 милиони кубици јаловина, а разликата од 3 милиони кубици јаловина е толку колку што има Марковски ископано помеѓу двата тендери. Значи практично расте критериумот како што растат тендерите на Марковски комапни со цел дискриминирање на останатите, а фаворизирање на еден економски оператор со цел никој друг да не може да учествува. Ова и бројни други факти говорат за сериозниот криминал кој се случува во РЕК Битола во корист на само една компанија за што најдобар доказ се јавните набавки кои Марковски компани ги има добиено во РЕК Битола.
https://www.youtube.com/watch?v=D27BmXUMhSI
Само во периодот од јануари 2021 година до февруари 2024 година, односно за 3 години Марковски компани има добиено 58 тендери во РЕК Битола во вкупна вредност од 163 милиони евра. Повторувам има добиено за 3 години 58 тендери во вкупна вредност од 163 милиони евра. Само со последниот тендер можат да се изградат половина од сите средни училишта во Македонија. Само со последниот тендер од 46 милиони евра македонските средношколци можат да добијат нови училишта, практично секое второ средно училиште да биде ново само со последниот тендер на Марковски компани, а со вкупниот број на тендери можат да се изградат сите средни училишта во Македонија и да останат пари и за спортски сали и за базени и да имаме комплетна преродба на македонското образование.
Но, власта не го прави тоа туку решава да работи за своите криминални потреби. Повикувам надлежните органи, јавното обвинителство пред се сите тендери кои ги има добиено Марковски компани и да каже како е возможно за само 3 години да добиле тендери во вредност од 163 милиони евра, 58 на број, а исто така повикувам ЈО да испита зошто шесте директори на РЕК Битола прво не сакале, а потоа решиле да ја потпишат спорната јавна набавка за ископ на јаглен и јаловина во вредност од 46 милиони евра. Доколку тоа не го стори сега ЈО ќе го стори ослободеното ЈО по претседателските и парламентарните избори на 8 мај, по кои и точка и запирка ќе биде прегледана и сите кои прават криминал ќе одговараат.

The post Николоски објаснува како е местен тендерот во РЕК Битола: Со парите што ќе отидат во џебот на фамилија Марковски може да се изградат половина од средните училишта appeared first on Република.

]]>
Каде завршуваат 30% од тендерите во РЕК, за да крадат на ископ СДСM и ДУИ ја поништија набавката на механизација на Мицкоски од 2017 година https://republika.mk/vesti/ekonomija/kade-zavrshuvaat-30-od-tenderite-vo-rek-za-da-kradat-na-iskop-sdsm-i-dui-ja-ponishtija-nabavkata-na-mehanizatsija-na-mitskoski-od-2017-godina/ Tue, 20 Feb 2024 11:34:47 +0000 https://republika.mk/?p=746074

Каде завршуваат 30% од тендерите во РЕК? На ова прашање треба да одговорат власта на СДС и ДУИ, а по избори треба да знаат дека ќе има одговорност сите инволвирани во тендерот од 46 милиони евра за ископ на јаглен кој на неколку дена пред избори го зема фирмата на белорускиот конзул во Македонија, прашува Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

https://www.youtube.com/watch?v=S8sBnwU_ASw&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

30% е разликата во цена за ископ на еден кило џул јаглен кој го понудила Марковски компани на белорускиот конзул и на другите фирми на тендерот. Иако Марковски компани имала повисока понуда, таа го добива тендерот. Имено, РЕК Битола ја избира Марковски компани со понудена цена за ископ од 129.7 денари по гига џул, а истовремено ја игнорира понудата од 100 денари по гига џул.

Власта мора да каже зошто е изберена поскапата понуда и дали во џебовите на луѓе од власта завршуваат овие 30% од тендерот?

Ова не е единствен тендер на истава компанија, која е рекордер во тендери, од над 80 милиони евра во изнинативе години токму во РЕК, за ископи вредни милиони правеле и други фирми блиски до власта.

Колкава е штетата која на овој начин е предизвикана 7 години и дали ова беше план на власта за грабеж на државата? Дали за да го реализираат овој грабеж со самото доаѓање на власт ја поништија набавката на рударска опрема за ископ на јаглен во вредност од 34 милиони евра, распишана од претседателот Мицкоски тогаш како директор на ЕЛЕМ?
Почитувани,

Набавката предвидуваше набавка на багери, камиони, булдoжери за копање на јaглен во РЕК Битола, и доколку се реализираше истата ќе беше сосема непотребно да се ангажираат надворешни фирми за ископ, па така во РЕК ќе се заштедеа десетици милиони евра секоја година.

СДС и ДУИ ја стопираа набавката, затоа што знаеа дека ако РЕК има сопствена механизација, ќе нема како да распишуваат милионски тендери и како да ги крадат парите на народот преку вакви тендери.
Коренот на проблемот е грабежот на државата преку РЕК Битола тежок стотина милиона евра од 2017 до денес, кој немаше да се случи доколку власта не ја поништеше набавката на механизација спроведена од претседателот Мицкоски.
СДС и ДУИ систематски ја ограбуваа Македонија изминативе 7 години и за тоа одговорност ќе има.

 

The post Каде завршуваат 30% од тендерите во РЕК, за да крадат на ископ СДСM и ДУИ ја поништија набавката на механизација на Мицкоски од 2017 година appeared first on Република.

]]>

Каде завршуваат 30% од тендерите во РЕК? На ова прашање треба да одговорат власта на СДС и ДУИ, а по избори треба да знаат дека ќе има одговорност сите инволвирани во тендерот од 46 милиони евра за ископ на јаглен кој на неколку дена пред избори го зема фирмата на белорускиот конзул во Македонија, прашува Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ. https://www.youtube.com/watch?v=S8sBnwU_ASw&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title
30% е разликата во цена за ископ на еден кило џул јаглен кој го понудила Марковски компани на белорускиот конзул и на другите фирми на тендерот. Иако Марковски компани имала повисока понуда, таа го добива тендерот. Имено, РЕК Битола ја избира Марковски компани со понудена цена за ископ од 129.7 денари по гига џул, а истовремено ја игнорира понудата од 100 денари по гига џул.
Власта мора да каже зошто е изберена поскапата понуда и дали во џебовите на луѓе од власта завршуваат овие 30% од тендерот?
Ова не е единствен тендер на истава компанија, која е рекордер во тендери, од над 80 милиони евра во изнинативе години токму во РЕК, за ископи вредни милиони правеле и други фирми блиски до власта.
Колкава е штетата која на овој начин е предизвикана 7 години и дали ова беше план на власта за грабеж на државата? Дали за да го реализираат овој грабеж со самото доаѓање на власт ја поништија набавката на рударска опрема за ископ на јаглен во вредност од 34 милиони евра, распишана од претседателот Мицкоски тогаш како директор на ЕЛЕМ? Почитувани, Набавката предвидуваше набавка на багери, камиони, булдoжери за копање на јaглен во РЕК Битола, и доколку се реализираше истата ќе беше сосема непотребно да се ангажираат надворешни фирми за ископ, па така во РЕК ќе се заштедеа десетици милиони евра секоја година.
СДС и ДУИ ја стопираа набавката, затоа што знаеа дека ако РЕК има сопствена механизација, ќе нема како да распишуваат милионски тендери и како да ги крадат парите на народот преку вакви тендери. Коренот на проблемот е грабежот на државата преку РЕК Битола тежок стотина милиона евра од 2017 до денес, кој немаше да се случи доколку власта не ја поништеше набавката на механизација спроведена од претседателот Мицкоски. СДС и ДУИ систематски ја ограбуваа Македонија изминативе 7 години и за тоа одговорност ќе има.
 

The post Каде завршуваат 30% од тендерите во РЕК, за да крадат на ископ СДСM и ДУИ ја поништија набавката на механизација на Мицкоски од 2017 година appeared first on Република.

]]>
Николоски: Власта на заминување прави епска пљачка од 46 милиони евра за ископ на јаглен https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-vlasta-na-zaminuvane-pravi-epska-plachka-od-46-milioni-evra-za-iskop-na-jaglen/ Tue, 20 Feb 2024 09:40:57 +0000 https://republika.mk/?p=746002

За ваквите објави на скандали најголем ефект ќе има кај истражните обвинителски и судски органи по промена на власта на 8 мај, бидејќи ќе има сериозна одговорност бидејќи станува збор за огромна злоупотреба на државни средства, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во утринската емисија „Еспресо со Златев и Боцевски“ што се емитува на радио „Лидер“.

„Тоа што цената на струјата е многу висока, виновно е крадењето, а зошто, затоа што најголем дел од струјата која се троши кај малите корисници е произведена во Македонија и на неа не влијае ниту една било која светска, регионална криза затоа што таа се произведува во неколку хидроелектрани, РЕК Осломеј Кичево и во РЕК Битола. Таму се произведува и ако се работи домаќински, овие поскапувања кои одат дупло од претходно или ако некој плаќа две илјади денари, а сега одат до 4 и пет илјади денари и тоа е епско крадење, нема да бидат случај“, рече Николоски.

Николоски се осврна на тендерот од вчерашната прес конференција.

„Овој тендер  оди на една компанија, тоа е омилената компанија на власта за крадење наречена Марковски компани, не е таа со некоја 200 годишна традиција, туку е човек фирма. Она што го презентирав вчера е тендер од фантастични 46 милиони евра само за ископ на јаглен. Ако едно средно училиште и негова градба во просек чини околу милион до милион и половина илјади евра зависи од големината, ова е некаде 40 средни училишта или од вкупно деведесетина или скоро половина може да се изградат“, кажа Николоски.

Николсоки се осврна на фактот дека  оваа компанија е на Борче Марковски кој е почесен конзул во Белорусија, информирајќи дека понудата е за 30 проценти повисока од следната понуда или понудата која била пониска.

 „Цената на Марковски компани оди 129,7 денари а следната најниска 100 денари. Оваа одлука е донесена три дена пред Нова година,“ вели Николоски кој додава како е возможно по Нова година Владата да ја укинува одлуката.

Оттука тој праша, дали е ова дел од дилот помеѓу СДСМ и ДУИ каде во братската пљачка СДСМ ќе краде од РЕК Битола, а ДУИ ќе краде од увозот на јаглен.

Николоски укажа дека ова е една од ретките негови прес конференции по која никој не се огласи, немаше ниту демант од Влада, Електрани, РЕК, СДСМ, ниту од било кое споменат.

„Имаше само громогласна тишина и што знам е дека претставници на власта се јавувале кај ваши колеги уредници и сопственици на медиуми мојата прес конференција да не се емитува или да се емитува во подолниот дел“, изјави Николоски додавајќи дека очигледно не им е по ќеиф информацијата.

Николоски посочи дека на договорот на овој тендер има 5 потписи од страна на РЕК Битола директорот, Пеце Матевски, и оти се потпишани 5 имиња Златко Алексовски, Драги Крстев, Владо Котевски, Димитар Петковски и Васко Јосифовски. Претседателот праша и зошто овие 6 луѓе прво се противеле, а потоа минатиот петок решиле да го потпишат, која е причина зошто навечер биле разрешени и сабајле пак именувани, претседателот Христијан Мицкоски од Кавадарци рече дека ќе има ваква работа и дека ќе има одговорност.

Николоски посочи дека причината зошто Македонија нема средства за инвестиции е бруталниот криминал.

The post Николоски: Власта на заминување прави епска пљачка од 46 милиони евра за ископ на јаглен appeared first on Република.

]]>

За ваквите објави на скандали најголем ефект ќе има кај истражните обвинителски и судски органи по промена на власта на 8 мај, бидејќи ќе има сериозна одговорност бидејќи станува збор за огромна злоупотреба на државни средства, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во утринската емисија „Еспресо со Златев и Боцевски“ што се емитува на радио „Лидер“.
„Тоа што цената на струјата е многу висока, виновно е крадењето, а зошто, затоа што најголем дел од струјата која се троши кај малите корисници е произведена во Македонија и на неа не влијае ниту една било која светска, регионална криза затоа што таа се произведува во неколку хидроелектрани, РЕК Осломеј Кичево и во РЕК Битола. Таму се произведува и ако се работи домаќински, овие поскапувања кои одат дупло од претходно или ако некој плаќа две илјади денари, а сега одат до 4 и пет илјади денари и тоа е епско крадење, нема да бидат случај“, рече Николоски.
Николоски се осврна на тендерот од вчерашната прес конференција.
„Овој тендер  оди на една компанија, тоа е омилената компанија на власта за крадење наречена Марковски компани, не е таа со некоја 200 годишна традиција, туку е човек фирма. Она што го презентирав вчера е тендер од фантастични 46 милиони евра само за ископ на јаглен. Ако едно средно училиште и негова градба во просек чини околу милион до милион и половина илјади евра зависи од големината, ова е некаде 40 средни училишта или од вкупно деведесетина или скоро половина може да се изградат“, кажа Николоски.
Николсоки се осврна на фактот дека  оваа компанија е на Борче Марковски кој е почесен конзул во Белорусија, информирајќи дека понудата е за 30 проценти повисока од следната понуда или понудата која била пониска.
 „Цената на Марковски компани оди 129,7 денари а следната најниска 100 денари. Оваа одлука е донесена три дена пред Нова година,“ вели Николоски кој додава како е возможно по Нова година Владата да ја укинува одлуката.
Оттука тој праша, дали е ова дел од дилот помеѓу СДСМ и ДУИ каде во братската пљачка СДСМ ќе краде од РЕК Битола, а ДУИ ќе краде од увозот на јаглен. Николоски укажа дека ова е една од ретките негови прес конференции по која никој не се огласи, немаше ниту демант од Влада, Електрани, РЕК, СДСМ, ниту од било кое споменат.
„Имаше само громогласна тишина и што знам е дека претставници на власта се јавувале кај ваши колеги уредници и сопственици на медиуми мојата прес конференција да не се емитува или да се емитува во подолниот дел“, изјави Николоски додавајќи дека очигледно не им е по ќеиф информацијата.
Николоски посочи дека на договорот на овој тендер има 5 потписи од страна на РЕК Битола директорот, Пеце Матевски, и оти се потпишани 5 имиња Златко Алексовски, Драги Крстев, Владо Котевски, Димитар Петковски и Васко Јосифовски. Претседателот праша и зошто овие 6 луѓе прво се противеле, а потоа минатиот петок решиле да го потпишат, која е причина зошто навечер биле разрешени и сабајле пак именувани, претседателот Христијан Мицкоски од Кавадарци рече дека ќе има ваква работа и дека ќе има одговорност. Николоски посочи дека причината зошто Македонија нема средства за инвестиции е бруталниот криминал.

The post Николоски: Власта на заминување прави епска пљачка од 46 милиони евра за ископ на јаглен appeared first on Република.

]]>
Jaвното обвинителство да отвори истрага за тоа како 46 милиони евра за ископ на јаглен во РЕК одат во омилената фирма на власта Марковски https://republika.mk/vesti/makedonija/javnoto-obvinitelstvo-da-otvori-istraga-za-toa-kako-46-milioni-evra-za-iskop-na-jaglen-vo-rek-odat-vo-omilenata-firma-na-vlasta-markovski/ Tue, 20 Feb 2024 07:51:06 +0000 https://republika.mk/?p=745938

46 милиони евра одат во џебот на фирмата Марковски за ископ на јаглен во РЕК Битола, која важи за блиска до владата на СДС и ДУИ.Тендер од 46 милиони евра власта му дава на Борче Марковски, сопственик на фирмата Марковски која е позната во јавноста како рекорден по добиени тендери, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Тендерот во вредност од 46 милиони евра е за ископ на јаглен во РЕК Битола, помеѓу Електростопанство на Македонија односно Електрани на Македонија, подружница РЕК Битола и фирмата Марковски.Власта во заминување во очај, страв и паника од изборниот пораз на 2 месеца пред избори ги краде парите на граѓаните.

https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-otri-nova-afera-vo-esm-izbrana-e-poskapata-ponuda-na-omilenata-firma-markovski-za-iskop-na-jaglen-vo-vkupen-iznos-od-46-milioni-evra/

Според партијата,спорно е тоа што наместо да биде одбрана најевтината понуда која била од 100 денари по гига џул, тендерот го зела компанијата Марковски со највисока понуда од 129.7 денари по гига џул или за дури 30 проценти повеќе од најниската понуда.

Овде има сериозни индиции за огромен криминал. И токму затоа го повикуваме ЈО веднаш да постапи по допрен глас, да отвори истрага и да испита каде ќе завршат овие пари?
Дополнително ЈО треба да се испита и одговори како 6те лица Пеце Матевски, директор на подружницата РЕК Битола, Златко Алексовски, Драги Крстев, Владо Котевски, Димитар Петковски и Васко Јосифовски кои првично биле против против овој тендер, потоа дале согласност?

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДС и ДУИ се удавени до гуша во криминал.

Владата на СДС и ДУИ тотално ја криминализираа и уништија државата.
Доколку ЈО не се одважи да го испита овој криминал, им порачуваме дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го испита целиот случај и сите вмешани соодветно ќе одговараат.
Нема ден да помине со владата на СДС и ДУИ без да се случи некој скандал, афера или криминал.
Со СДС и ДУИ никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме.

The post Jaвното обвинителство да отвори истрага за тоа како 46 милиони евра за ископ на јаглен во РЕК одат во омилената фирма на власта Марковски appeared first on Република.

]]>

46 милиони евра одат во џебот на фирмата Марковски за ископ на јаглен во РЕК Битола, која важи за блиска до владата на СДС и ДУИ.Тендер од 46 милиони евра власта му дава на Борче Марковски, сопственик на фирмата Марковски која е позната во јавноста како рекорден по добиени тендери, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.
Тендерот во вредност од 46 милиони евра е за ископ на јаглен во РЕК Битола, помеѓу Електростопанство на Македонија односно Електрани на Македонија, подружница РЕК Битола и фирмата Марковски.Власта во заминување во очај, страв и паника од изборниот пораз на 2 месеца пред избори ги краде парите на граѓаните.
https://republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-otri-nova-afera-vo-esm-izbrana-e-poskapata-ponuda-na-omilenata-firma-markovski-za-iskop-na-jaglen-vo-vkupen-iznos-od-46-milioni-evra/ Според партијата,спорно е тоа што наместо да биде одбрана најевтината понуда која била од 100 денари по гига џул, тендерот го зела компанијата Марковски со највисока понуда од 129.7 денари по гига џул или за дури 30 проценти повеќе од најниската понуда. Овде има сериозни индиции за огромен криминал. И токму затоа го повикуваме ЈО веднаш да постапи по допрен глас, да отвори истрага и да испита каде ќе завршат овие пари? Дополнително ЈО треба да се испита и одговори како 6те лица Пеце Матевски, директор на подружницата РЕК Битола, Златко Алексовски, Драги Крстев, Владо Котевски, Димитар Петковски и Васко Јосифовски кои првично биле против против овој тендер, потоа дале согласност? Според ВМРО-ДПМНЕ, СДС и ДУИ се удавени до гуша во криминал.
Владата на СДС и ДУИ тотално ја криминализираа и уништија државата. Доколку ЈО не се одважи да го испита овој криминал, им порачуваме дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го испита целиот случај и сите вмешани соодветно ќе одговараат. Нема ден да помине со владата на СДС и ДУИ без да се случи некој скандал, афера или криминал. Со СДС и ДУИ никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме.

The post Jaвното обвинителство да отвори истрага за тоа како 46 милиони евра за ископ на јаглен во РЕК одат во омилената фирма на власта Марковски appeared first on Република.

]]>
Дали Македонија ќе може да се откаже од јагленот? https://republika.mk/vesti/ekonomija/dali-severna-makedonija-ke-mozhe-da-se-otkazhe-od-jaglenot/ Sat, 09 Dec 2023 18:00:05 +0000 https://republika.mk/?p=721318

Македонија има околу 280 сончеви денови во текот на годината, со што идејата за постепеното исфрлање на јагленот од употреба наликува на лесна задача, но како последица на енергетската криза во моментов се случуваат спротивни тенденции - старите електрани на јаглен ослободуваат огромни количества на токсични емисии во воздухот, а дури се отвораат нови рудници за лигнит, наведува „Еуроњуз“ во текст посветен на транзицијата кон зелена енергија во земјава.

Авторот на написот посочува дека и покрај ветувањата дека ќе стане првата „држава без јаглен“ на Западниот Балкан, земјава во неколку наврати го одлага рокот за затворање на електраните на јаглен.

Според „Еуроњуз“, дури 47 отсто од електричната енергија во земјата се произведува од лигнит, при што активни се две термоцентрали „РЕК Битола“ и „РЕК Осломеј“.

Директор на „РЕК Битола“, Пеце Матевски за „Еурактив“ вели дека покрај постојните ископи за јаглен во близина на електраната, се очекува отворање на уште еден рудник.

-Наскоро ќе го отвориме „Живојно“. Во следните 30 години ќе имаме доволно јаглен за работа и функционирање на електраната, додава Матевски.

Во текстот се посочува дека првично земјава планираше целосно исфрлање на јагленот од употреба до 2027 година, но енергетската криза ги промени плановите и сега рокот за остварување на оваа цел е продолжен до 2030 година.

Активистката за енергетска трансформација во невладината организација „ЦЕЕ Бенквоч“, Невена Смилевска оценува дека натамошното одлагање на оваа транзиција би може да има влијание врз пристапувањето на земјата во Европската Унија.

-Датумот за затворање треба да остане 2030 година. Малку е веројатно дека ќе ни биде дозволено да го игнорираме Европскиот зелен договор, вели Смилевска за „Еуроњуз“.

Според неа, земјата ќе мора да ги затвори електраните на јаглен пред зачленувањето во ЕУ.

-Нема логика да добиете грант за „Праведна транзиција“ за ослободување од јагленот и да отворате нов рудник за јаглен. Ова е неприфатливо и целосно ќе ја уништи стратегијата за откажување на јагленот, смета Смилевска.

Според „Еуроњуз“, резервите на лигнит на земјата се при крај, па таа ќе мора да увезува јаглен од соседните земји.

-Силното потпирање на фосилните горива не го подобрува квалитетот на воздухот. Во 2022 година, електраната на јаглен во Битола имаше најголеми емисии на сулфур диоксид и прашина во регионот на Западниот Балкан. Ослободени се 111.000 тони сулфур диоксид - 17 пати повеќе од дозволеното, се наведува во текстот.

Авторот на написот посочува дека земјава со просек од 280 сончеви денови во годината има идеални услови за производство на сончева енергија, па така во најстарата електрана на јаглен „РЕК Осломеј“, што се наоѓа на 120 километри од Скопје, начинот на производство на струја треба да се промени со изградбата на соларната централа над отворениот коп за лигнит. Сепак, фотоволтаичната централа чека година и половина за да почне да ја напојува мрежата со електрична енергија.

-Се уште чекаме некои дозволи од надлежните, вели директорот на фотоволтаичната централа Чедомир Арсовски за „Еуроњуз“.

Во текстот натаму се наведува дека договорот постигнат на Самитот за климата - КОП28 во Дубаи, сепак би можел да ја забрза енергетската транзиција на Македонија, во услови кога меѓународните кредитори најавија дека ќе финансираат план од три милијарди евра за целосно затворање на електраните на јаглен во земјата до 2030 година и нивна замена со соларни, хидро, ветерни и гасни централи.

-Целта е да се обезбеди „Праведна транзиција“, со производство на 1,7 гигавати обновлива енергија и со мултиплицирање на капацитетите за складирање енергија, додека се надградуваат мрежните врски. Дали овој пат ќе се постигне зелената амбиција на Македонија? Ако земјата успее да се ослободи од јагленот до 2030 година, тоа би можело да биде пример за целиот регион на Западниот Балкан, но и за некои членки на ЕУ, се заклучува во текстот.

The post Дали Македонија ќе може да се откаже од јагленот? appeared first on Република.

]]>

Македонија има околу 280 сончеви денови во текот на годината, со што идејата за постепеното исфрлање на јагленот од употреба наликува на лесна задача, но како последица на енергетската криза во моментов се случуваат спротивни тенденции - старите електрани на јаглен ослободуваат огромни количества на токсични емисии во воздухот, а дури се отвораат нови рудници за лигнит, наведува „Еуроњуз“ во текст посветен на транзицијата кон зелена енергија во земјава. Авторот на написот посочува дека и покрај ветувањата дека ќе стане првата „држава без јаглен“ на Западниот Балкан, земјава во неколку наврати го одлага рокот за затворање на електраните на јаглен. Според „Еуроњуз“, дури 47 отсто од електричната енергија во земјата се произведува од лигнит, при што активни се две термоцентрали „РЕК Битола“ и „РЕК Осломеј“. Директор на „РЕК Битола“, Пеце Матевски за „Еурактив“ вели дека покрај постојните ископи за јаглен во близина на електраната, се очекува отворање на уште еден рудник.
-Наскоро ќе го отвориме „Живојно“. Во следните 30 години ќе имаме доволно јаглен за работа и функционирање на електраната, додава Матевски.
Во текстот се посочува дека првично земјава планираше целосно исфрлање на јагленот од употреба до 2027 година, но енергетската криза ги промени плановите и сега рокот за остварување на оваа цел е продолжен до 2030 година. Активистката за енергетска трансформација во невладината организација „ЦЕЕ Бенквоч“, Невена Смилевска оценува дека натамошното одлагање на оваа транзиција би може да има влијание врз пристапувањето на земјата во Европската Унија.
-Датумот за затворање треба да остане 2030 година. Малку е веројатно дека ќе ни биде дозволено да го игнорираме Европскиот зелен договор, вели Смилевска за „Еуроњуз“.
Според неа, земјата ќе мора да ги затвори електраните на јаглен пред зачленувањето во ЕУ.
-Нема логика да добиете грант за „Праведна транзиција“ за ослободување од јагленот и да отворате нов рудник за јаглен. Ова е неприфатливо и целосно ќе ја уништи стратегијата за откажување на јагленот, смета Смилевска.
Според „Еуроњуз“, резервите на лигнит на земјата се при крај, па таа ќе мора да увезува јаглен од соседните земји.
-Силното потпирање на фосилните горива не го подобрува квалитетот на воздухот. Во 2022 година, електраната на јаглен во Битола имаше најголеми емисии на сулфур диоксид и прашина во регионот на Западниот Балкан. Ослободени се 111.000 тони сулфур диоксид - 17 пати повеќе од дозволеното, се наведува во текстот.
Авторот на написот посочува дека земјава со просек од 280 сончеви денови во годината има идеални услови за производство на сончева енергија, па така во најстарата електрана на јаглен „РЕК Осломеј“, што се наоѓа на 120 километри од Скопје, начинот на производство на струја треба да се промени со изградбата на соларната централа над отворениот коп за лигнит. Сепак, фотоволтаичната централа чека година и половина за да почне да ја напојува мрежата со електрична енергија.
-Се уште чекаме некои дозволи од надлежните, вели директорот на фотоволтаичната централа Чедомир Арсовски за „Еуроњуз“.
Во текстот натаму се наведува дека договорот постигнат на Самитот за климата - КОП28 во Дубаи, сепак би можел да ја забрза енергетската транзиција на Македонија, во услови кога меѓународните кредитори најавија дека ќе финансираат план од три милијарди евра за целосно затворање на електраните на јаглен во земјата до 2030 година и нивна замена со соларни, хидро, ветерни и гасни централи.
-Целта е да се обезбеди „Праведна транзиција“, со производство на 1,7 гигавати обновлива енергија и со мултиплицирање на капацитетите за складирање енергија, додека се надградуваат мрежните врски. Дали овој пат ќе се постигне зелената амбиција на Македонија? Ако земјата успее да се ослободи од јагленот до 2030 година, тоа би можело да биде пример за целиот регион на Западниот Балкан, но и за некои членки на ЕУ, се заклучува во текстот.

The post Дали Македонија ќе може да се откаже од јагленот? appeared first on Република.

]]>
На ист газда се две од трите фирми кои увезуваат јаглен за РЕК Битола https://republika.mk/vesti/ekonomija/na-ist-gazda-se-dve-od-trite-firmi-koi-uvezuvaat-jaglen-za-rek-bitola/ Mon, 15 Aug 2022 11:16:22 +0000 https://republika.mk/?p=540487

Две од трите фирми со кои државната компанија Електрани на Македонија (ЕСМ) склучила договори за набавка на јаглен имаат ист човек во сопственичката структура, 45-годишниот тетовец Аљибер Ибраими, oткрива „Призма“.

Според податоците на медиумот добиени од Централниот регистар, првата фирма, со име Куантум Солушнс, му е регистрирана на денот кога ЕСМ го распишала јавниот повик за набавка на јаглен, на 31 март годинава. Тој, до минатата недела, беше нејзин единствен сопственик и управител, кога во сопствеништвото на фирмата влегол Лазар Кимов.

Втората, пак, Енергија Икс ја поседува заедно со бизнис-партнерка од Скопје, 44-годишната Ана Христовска, а почнала со работа на 5 мај, кога повикот веќе течел. И двете се микро-компании и се регистрирани за трговија на големо со цврсти, течни и гасовити горива.

Целото истражување на „Призма

The post На ист газда се две од трите фирми кои увезуваат јаглен за РЕК Битола appeared first on Република.

]]>

Две од трите фирми со кои државната компанија Електрани на Македонија (ЕСМ) склучила договори за набавка на јаглен имаат ист човек во сопственичката структура, 45-годишниот тетовец Аљибер Ибраими, oткрива „Призма“. Според податоците на медиумот добиени од Централниот регистар, првата фирма, со име Куантум Солушнс, му е регистрирана на денот кога ЕСМ го распишала јавниот повик за набавка на јаглен, на 31 март годинава. Тој, до минатата недела, беше нејзин единствен сопственик и управител, кога во сопствеништвото на фирмата влегол Лазар Кимов. Втората, пак, Енергија Икс ја поседува заедно со бизнис-партнерка од Скопје, 44-годишната Ана Христовска, а почнала со работа на 5 мај, кога повикот веќе течел. И двете се микро-компании и се регистрирани за трговија на големо со цврсти, течни и гасовити горива. Целото истражување на „Призма

The post На ист газда се две од трите фирми кои увезуваат јаглен за РЕК Битола appeared first on Република.

]]>