исклучување Archives - Република https://republika.mk/tema/iskluchuvanje/ За подобро да се разбереме Tue, 09 Aug 2022 07:30:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png исклучување Archives - Република https://republika.mk/tema/iskluchuvanje/ 32 32 Одбиено барањето за исклучување на Шредер од СПД https://republika.mk/vesti/svet/odbieno-baranjeto-za-iskluchuvanje-na-shreder-od-spd/ Mon, 08 Aug 2022 18:47:37 +0000 https://republika.mk/?p=538106

Социјалдемократската партија на Германија (СПД) одби да го исклучи  поранешниот канцелар Герхард Шредер од партијата, поради блиски врски со рускиот енергетски сектор и претседателот Владимир Путин.

Арбитражниот одбор на огранокот на СПД во Хановер разгледуваше 17 барања од членови на партијата за покренување постапка против Шредер.

Тој има долгогодишни врски со рускиот енергетски сектор и одби целосно да се дистанцира од Путин, откако Русија изврши инвазија на Украина. Меѓутоа, одборот на СПД утврди дека неговите постапки не претставуваат кршење на правилата на партијата.

Можноста Шредер да биде исклучен од партијата на канцеларот Олаф Шолц не беше голема затоа што во Германија исклучување на член од политички партии е сложен, напорен и често долг процес, а неретко по него нема исклучување.

Но, можна е жалба на денешната одлука.

Шредер беше канцелар на Германија од 1998 до 2005, а лидер на СПД од 1999 до 2004 година

The post Одбиено барањето за исклучување на Шредер од СПД appeared first on Република.

]]>

Социјалдемократската партија на Германија (СПД) одби да го исклучи  поранешниот канцелар Герхард Шредер од партијата, поради блиски врски со рускиот енергетски сектор и претседателот Владимир Путин. Арбитражниот одбор на огранокот на СПД во Хановер разгледуваше 17 барања од членови на партијата за покренување постапка против Шредер. Тој има долгогодишни врски со рускиот енергетски сектор и одби целосно да се дистанцира од Путин, откако Русија изврши инвазија на Украина. Меѓутоа, одборот на СПД утврди дека неговите постапки не претставуваат кршење на правилата на партијата. Можноста Шредер да биде исклучен од партијата на канцеларот Олаф Шолц не беше голема затоа што во Германија исклучување на член од политички партии е сложен, напорен и често долг процес, а неретко по него нема исклучување. Но, можна е жалба на денешната одлука. Шредер беше канцелар на Германија од 1998 до 2005, а лидер на СПД од 1999 до 2004 година

The post Одбиено барањето за исклучување на Шредер од СПД appeared first on Република.

]]>