искачување Archives - Република https://republika.mk/tema/iskachuvanje/ За подобро да се разбереме Thu, 23 May 2024 10:05:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png искачување Archives - Република https://republika.mk/tema/iskachuvanje/ 32 32 В недела е традиционалното искачување на Титов врв https://republika.mk/zivot/patuvanja/v-nedela-e-traditsionalnoto-iskachuvane-na-titov-vrv/ Thu, 23 May 2024 10:05:36 +0000 https://republika.mk/?p=781096

Викендов ќе се одржи дводневната манифестација по повод традиционалното мајско искачување на Титов врв што секоја година го организира планинарскиот клуб Љуботен од Тетово. Во недела 26 мај е искачувањето до највисоката точка на Шар Планина на 2747 метри надморска височина додека ден претходно ќе се одржат пригодни активности.

Во недела од 06:30 часот е предвидено тргнување на колоната од платото пред хотел „Попова Шапка“ кон Титов Врв по „Вакуфска Патека“. Предвидено е околу 11 часот пристигнување на колоната на Титов Врв, а на пладне враќање назад кон Попова Шапка. Во 16:00 часот е очекуваното пристигнување на Попова Шапка, информираше на денешната прес-конференција, Христина Коруновска, член на извршниот одбор на ПК Љуботен.

Од клубот напомнуваат дека поради големата количина на снег, која не е забележана во изминативе 38 години, потребно е сите коишто ќе се пријават и учествуваат на овогодишното искачување, да ја почитуваат програмата на организаторот и да ги почитуваат обврските кои ги имаат како учесници на овој настан.

– До искачувањето има уште три дена, во овој период се прогнозираат променливи метеоролошки услови. Но во текот на утрешниот ден и петок, членови на клубот ќе бидат на терен и ќе имаме најточни информации за состојбата со снегот. Во зависност од метеоролошките услови, а пред сè поради безбедност на учесниците, клубот има право да ја промени патеката на искачување до врвот, за што сите благовремено ќе бидат известени. Организаторот има право да донесе одлука и за прекинување на искачувањето, која одлука треба да се почитува од сите учесници на настанот, истакна претседателот на ПК Љуботен, Јован Божиноски.

Во сабота, вообичаено се предвидени и пригодни активности за афирмација на планинарството и заштитата на животната средина. Покрај пречекот на планинарите на Попова Шапка, во хотелот Славија ќе бидат организирани неколку активности, како што базар, проекции на филмови, детска забава и свеченото отворање како и координација на планинарските групи.

Во координација со ЈУ Национален Парк Шар Планина, ќе се изврши чистење на патеката од Титов Врв до Попова Шапка. Вработените од паркот, пред самото тргнување ќе поделат ракавици и вреќи на дел од учесниците кои на симнување од врвот ќе го соберат сиот отпад кој е на патеката. Благодариме на НП Шар Планина во поддршката на овој настан, посочи Божиноски.

Организацијата на оваа планинарска манифестација почнува во 1980 година кога се организира првото тогаш меморијално искачување. По ова прво меморијално искачување одлучено е настанот да влезе во календарот на сите планинарски друштва во тогашна Југославија. Организацијата и масовноста на овој настан е знак на препознавање на П.К. Љуботен. Во текот на изминатите 41 искачувања на Титов Врв евидентирале бројка од 26705 искачени планинари.

The post В недела е традиционалното искачување на Титов врв appeared first on Република.

]]>

Општина Охрид и клубот „Mountain Madness“ по трет пат организираат искачување на Магаро на 19 јуни https://republika.mk/zivot/patuvanja/opshtina-ohrid-i-klubot-mountain-madness-po-tret-pat-organiziraat-iskachuvanje-na-magaro-na-19-juni/ Mon, 04 Apr 2022 08:21:21 +0000 https://republika.mk/?p=483156

Авантуристичкиот клуб Mountain Madness, поддржан од Општина Охрид по трет пат организира планинарење, велосипедизам, логорување, забава и уживање. Авантурата започнува во сабота на 18 јуни(сабота) со велосипедска тура и логорување во месноста Корита. Главниот настан, искачување до врвот Магаро ке биде на 19 јуни(недела) од 08 часот. Акцијата започнува со стартна точка од месноста Липова Ливада на 1 600мнв. Патеката е во должина од 9км и во време траење од 5часа во двата правци. После завршувањето ке се организира забава на една од охридските плажи.
Галичица е планина сместена помеѓу двете најголеми езера во Републиката, Охридското и Преспанското Езеро. Врвовите на Галичица нудат неверојатен поглед кон двете езера и околните планини. Не пропуштајте ја единствената можност во исти ден да бидете на врвот на планината и да се капете во Охридското Езеро.

За време на акцијата за сите учесници влезот во Н.П Галичица ке биде слободен. Испочитувани се сите здравствени протоколи кои се на сила и преземени се сите мерки за заштита на здравјето на учесниците. Секој учесник треба да поседува планинарска опрема, храна од ранец и 1,5 литар вода. Секој учесник оди на своја одговорност.
За подетални информации може да не контактирате на 070771193 Танески Мишко и 075607608 Голабоски Жанко, велат организаторите.

The post Општина Охрид и клубот „Mountain Madness“ по трет пат организираат искачување на Магаро на 19 јуни appeared first on Република.

]]>

Авантуристичкиот клуб Mountain Madness, поддржан од Општина Охрид по трет пат организира планинарење, велосипедизам, логорување, забава и уживање. Авантурата започнува во сабота на 18 јуни(сабота) со велосипедска тура и логорување во месноста Корита. Главниот настан, искачување до врвот Магаро ке биде на 19 јуни(недела) од 08 часот. Акцијата започнува со стартна точка од месноста Липова Ливада на 1 600мнв. Патеката е во должина од 9км и во време траење од 5часа во двата правци. После завршувањето ке се организира забава на една од охридските плажи. Галичица е планина сместена помеѓу двете најголеми езера во Републиката, Охридското и Преспанското Езеро. Врвовите на Галичица нудат неверојатен поглед кон двете езера и околните планини. Не пропуштајте ја единствената можност во исти ден да бидете на врвот на планината и да се капете во Охридското Езеро.
За време на акцијата за сите учесници влезот во Н.П Галичица ке биде слободен. Испочитувани се сите здравствени протоколи кои се на сила и преземени се сите мерки за заштита на здравјето на учесниците. Секој учесник треба да поседува планинарска опрема, храна од ранец и 1,5 литар вода. Секој учесник оди на своја одговорност. За подетални информации може да не контактирате на 070771193 Танески Мишко и 075607608 Голабоски Жанко, велат организаторите.

The post Општина Охрид и клубот „Mountain Madness“ по трет пат организираат искачување на Магаро на 19 јуни appeared first on Република.

]]>
Традиционално искачување на Клепа во чест на трагично загинатите планинари Калина и Александар https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/tradicionalno-iskachuvanje-na-klepa-vo-chest-na-tragichno-zaginatite-planinari-kalina-i-aleksandar/ Sun, 13 Feb 2022 21:53:26 +0000 https://republika.mk/?p=458101

Во организација на СПЕД „Клепа“ од Росоман во соработка со велешките „Грин Пауер“ и „Азот“ денеска се одржи 5-то јубилејно традиционално зимско планинарско искачување на врвот Клепа на 1150 метри надморска височина, на кое учествуваа околу 600 планинари од целата земја, како и планинари од соседна Србија. Походот во вкупна должина од околу 20 километри учесниците-планинари го изодеа за седум часа при поволни временски услови без ветер и иако облачно, сепак во релативно топло време за овој период од годината, информира за МИА, Веле Коцев од СПЕД „Клепа“ од Росоман.

Со овој планинарски настан бројните учесници – планинари, денеска се потсетија и им оддатоа почит и сеќавање на трагично загинатите свои пријатели Калина и Александар кои пред четири години загинаа на планината Ниџе при искачување на врвот Кајмакчалан во соседна Грција.

Како и во изминатите години стартот беше рано изутрината во 7 часот во селото Сирково каде се собраа сите планинари – учесници од повеќе градови, а домаќините за добредојде и среќен пат ги нагостија со домашен леб, алва и чај.

Планинарите учесници на пат кон Подлес поминаа во Шумата на Калина и Александар каде се наоѓа и дрвцето-аризонски чемпрес кое во февруари 2018 го засади планинарката Калина, а во која шума организаторите во изминатите три дена засадија уште 2000 садници дрвца-багрем и аризонски чемпрес, донација од ЈП „Македонски шуми“ и други спонзори.

По пристигнување во селото Подлес планинарите се упатија кон врвот Клепа каде го развиорија македонското знаме, а потоа се спуштија во манастирот „Св Архангел Михаил“ блиску до селото Долно Чичево. Таму сите се собраа, другаруваа и евоцираа спомени од настанот на заеднички ручек по традиција војничко гравче што и годинава за сите учесниците го подготвија во војничката менза на гарнизонт на Армијата во Велес.

Планинарското искачување на Клепа го подржаа општините Градско и Росоман, како и неколку винарии.

Инаку, Калина Велевска и Александар Миновски од Скопје беа учесници на првото искачување на врвот Клепа на почетокот на февруари 2018, а тогаш свое дрвца во шумата засади и Калина-аризонски чемпрес, кое сега ја краси шумата на Калина и Александар.

За жал една недела по походот на Клепа, Калина и Александар, трагично загинаа на 10 февруари 2018 година на планината Ниџе во соседна Грција при искачување на врвот Кајмакчалан

The post Традиционално искачување на Клепа во чест на трагично загинатите планинари Калина и Александар appeared first on Република.

]]>

Во организација на СПЕД „Клепа“ од Росоман во соработка со велешките „Грин Пауер“ и „Азот“ денеска се одржи 5-то јубилејно традиционално зимско планинарско искачување на врвот Клепа на 1150 метри надморска височина, на кое учествуваа околу 600 планинари од целата земја, како и планинари од соседна Србија. Походот во вкупна должина од околу 20 километри учесниците-планинари го изодеа за седум часа при поволни временски услови без ветер и иако облачно, сепак во релативно топло време за овој период од годината, информира за МИА, Веле Коцев од СПЕД „Клепа“ од Росоман. Со овој планинарски настан бројните учесници – планинари, денеска се потсетија и им оддатоа почит и сеќавање на трагично загинатите свои пријатели Калина и Александар кои пред четири години загинаа на планината Ниџе при искачување на врвот Кајмакчалан во соседна Грција. Како и во изминатите години стартот беше рано изутрината во 7 часот во селото Сирково каде се собраа сите планинари – учесници од повеќе градови, а домаќините за добредојде и среќен пат ги нагостија со домашен леб, алва и чај. Планинарите учесници на пат кон Подлес поминаа во Шумата на Калина и Александар каде се наоѓа и дрвцето-аризонски чемпрес кое во февруари 2018 го засади планинарката Калина, а во која шума организаторите во изминатите три дена засадија уште 2000 садници дрвца-багрем и аризонски чемпрес, донација од ЈП „Македонски шуми“ и други спонзори. По пристигнување во селото Подлес планинарите се упатија кон врвот Клепа каде го развиорија македонското знаме, а потоа се спуштија во манастирот „Св Архангел Михаил“ блиску до селото Долно Чичево. Таму сите се собраа, другаруваа и евоцираа спомени од настанот на заеднички ручек по традиција војничко гравче што и годинава за сите учесниците го подготвија во војничката менза на гарнизонт на Армијата во Велес. Планинарското искачување на Клепа го подржаа општините Градско и Росоман, како и неколку винарии. Инаку, Калина Велевска и Александар Миновски од Скопје беа учесници на првото искачување на врвот Клепа на почетокот на февруари 2018, а тогаш свое дрвца во шумата засади и Калина-аризонски чемпрес, кое сега ја краси шумата на Калина и Александар. За жал една недела по походот на Клепа, Калина и Александар, трагично загинаа на 10 февруари 2018 година на планината Ниџе во соседна Грција при искачување на врвот Кајмакчалан

The post Традиционално искачување на Клепа во чест на трагично загинатите планинари Калина и Александар appeared first on Република.

]]>