исчезнвање Archives - Република https://republika.mk/tema/ischeznvanje/ За подобро да се разбереме Mon, 03 Jan 2022 09:42:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png исчезнвање Archives - Република https://republika.mk/tema/ischeznvanje/ 32 32 Четврти ден од потрагата по исчезнатиот млад Хрват во Белград, татко му тврди дека нема шанса да се удавил https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/chetvrti-den-od-potragata-po-ischeznatiot-mlad-hrvat-vo-belgrad-tatko-mu-tvrdi-deka-nema-shansa-da-se-udavil/ Mon, 03 Jan 2022 09:42:29 +0000 https://republika.mk/?p=439913

Четврти ден трае потрагата по исчезнатиот млад сплиќанец Матеј Периш (27) во Белград. Трагата му се губи ноќта меѓу 30 и 31 декември кога Матеј станал од масата во клубот Готик, каде седел со пријателите и се упатил кон тоалетот. Од тој момент никој повеќе не го видел.

Од моментот кога неговите пријатели забележале дека Матеј го нема, извесно време започнала интензивна потрага по исчезнатиот млад човек. Сепак, засега малку е всушност познато и целиот случај е обвиен со мистерија.

Вчера МВР соопшти за исчезнувањето на Матеј Периш, а речната полиција интензивно ја пребарува Сава.

Припадници на МВР интензивно трагаат по М.П. (27) чие исчезнување на 31.12.2021 година во 18.00 часот го пријавил негов пријател. Полициските службеници од моментот на пријавување на исчезнувањето ги преземаат сите мерки и дејствија согласно законот за пронаоѓање на исчезнатиот млад човек, се наведува во соопштението на полицијата.

Набргу по објавувањето на соопштението на МВР, таткото на младиот човек, Ненад Периш, итно дошол во Белград поради исчезнувањето на неговиот син за да и помогне на српската полиција во потрагата.

Стигнав пред еден час. Се запознав со друштвото кое било во оваа кафеана со Матеј. Ќе одам во полиција што е можно поскоро, ако не денес, утре наутро. Тоа е се што можам да кажам. Ги молам граѓаните на Србија да пријават се што знаат, во име на моето семејство им благодарам на сите“, изјави вчера попладне видно вознемирен Ненад Периш, таткото на исчезнатиот млад човек.

Таткото ја отфрлил можноста неговиот син да се удавил.

Матеј тренираше ватерполо, беше исклучително силен тип, спортист, непушач... Мислам дека апсолутно согласно неговата состојба и кондиција, познавање на пливање и вештини, не доаѓа предвид да паднал во река и дека тоа би била таа околност што може да доведе до трагичен случај, изјави Периш.

The post Четврти ден од потрагата по исчезнатиот млад Хрват во Белград, татко му тврди дека нема шанса да се удавил appeared first on Република.

]]>

Четврти ден трае потрагата по исчезнатиот млад сплиќанец Матеј Периш (27) во Белград. Трагата му се губи ноќта меѓу 30 и 31 декември кога Матеј станал од масата во клубот Готик, каде седел со пријателите и се упатил кон тоалетот. Од тој момент никој повеќе не го видел. Од моментот кога неговите пријатели забележале дека Матеј го нема, извесно време започнала интензивна потрага по исчезнатиот млад човек. Сепак, засега малку е всушност познато и целиот случај е обвиен со мистерија. Вчера МВР соопшти за исчезнувањето на Матеј Периш, а речната полиција интензивно ја пребарува Сава.