исчезнато дете Archives - Република https://republika.mk/tema/ischeznato-dete/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Nov 2024 15:12:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png исчезнато дете Archives - Република https://republika.mk/tema/ischeznato-dete/ 32 32 Исчезнатото дете кое не зборуваше вратено кај родителите, но денеска е изгубено и петгодишно девојче https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ischeznatoto-dete-koe-ne-zboruvashe-vrateno-kaj-roditelite-no-deneska-e-izgubeno-i-petgodishno-devojche/ Thu, 07 Nov 2024 15:12:28 +0000 https://republika.mk/?p=835235

Детето кое денеска беше пронајдено во Маџир маало е вратено кај родителите, соопшти претходно МВР.

Во 11.50 часот на ул.„Стефан Цветковиќ“ во Скопје, во близина на Народна банка, од граѓанин е пронајдено машко дете на возраст од четири години, кое било со тротинет и кое не зборувало. Околу 14.30 часот детето било пријавено за исчезнато во Полициската станица Чаир и набргу потоа во Полициската станица Центар е предадено на родителите, соопшти предмалку скопската полиција.

Оттаму додаваат дека исто така, денеска, во Бит Пазар од граѓани било пронајдено петгодишно девојче кое било однесено во градинката „Фидани“ од каде била земена од нејзината мајка.

The post Исчезнатото дете кое не зборуваше вратено кај родителите, но денеска е изгубено и петгодишно девојче appeared first on Република.

]]>

Пронајдено деветгодишното кумановче пријавено за исчезнато https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pronajdeno-devetgodishnoto-kumanovche-prijaveno-za-ischeznato/ Sun, 17 Mar 2024 16:05:58 +0000 https://republika.mk/?p=755618

Ноќва во 03.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го пронајдоа деветгодишното момче за кое вчера околу 23.30 часот неговиот татко Ч.С.( 46) од Куманово пријави дека се оддалечило од неговиот дом.

Веднаш по добиената пријава, полициски службеници преземаа мерки и активности за пронаоѓање на детето и во 03 часот тоа е пронајдено и предадено на родителот, соопшти МВР.

The post Пронајдено деветгодишното кумановче пријавено за исчезнато appeared first on Република.

]]>

Ноќва во 03.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го пронајдоа деветгодишното момче за кое вчера околу 23.30 часот неговиот татко Ч.С.( 46) од Куманово пријави дека се оддалечило од неговиот дом. Веднаш по добиената пријава, полициски службеници преземаа мерки и активности за пронаоѓање на детето и во 03 часот тоа е пронајдено и предадено на родителот, соопшти МВР.

The post Пронајдено деветгодишното кумановче пријавено за исчезнато appeared first on Република.

]]>
Алекс со родителите заминал на одмор во Шпанија и исчезнал, го нашле по шест години во Франција https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/aleks-so-roditelite-zaminal-na-odmor-vo-shpanija-i-ischeznal-go-nashle-po-shest-godini-vo-frantsija/ Sun, 17 Dec 2023 10:19:43 +0000 https://republika.mk/?p=723889

Алекс Бети од Олдам, Манчестер, кој исчезнал на семејно патување во Марбела на само 11 години, е пронајден во Франција. Поминале шест години од киднапирањето, а момчето од Англија било пронајдено живо и здраво.

Момчето отишло на патување со неговата мајка Мелани и дедото Дејвид во октомври 2017 година. Откако семејството не се вратило од Шпанија повеќе од две недели, полицијата почнала истрага.

Бабата и официјален старател на Алекс, Сузан Каруана, која тогаш имала 62 години, рекла дека воделе „алтернативен начин на живот“ на друго место и додала дека „не сакале Алекс да оди во редовно училиште“.

По исчезнувањето на момчето, полицијата се сомневала дека Алекс во придружба на двајца возрасни заминал во Мароко, преку пристаништето Малага. Обвинителот, кој имал информации дека Алекс се појавил во Франција, се посомневал дека момчето дошло сам во Ревела, во близина на Тулуз.

Иако не покажа никаков официјален документ на полицијата кога беше приведен, ова 17-годишно момче го даде сопствениот идентитет. Неговото лице и приказна се совпаѓаат со случајот на киднапирано британско момче од 2017 година. Потоа, денеска , обвинител во Тулуз го потврди тоа во случајот со Алекс Бати“, објави весникот, пренесува „Мирор“.

Истражителите веруваат дека Алекс избегал од руралната заедница во подножјето на Пиринеите. По неколкудневно планинарење, го земал камионџија, кому му изгледал сомнително, па повикал полиција. Потоа го испрашале и тој ја открил својата приказна.

Неговата приказна е потврдена и се чини дека одговара на реалноста. По ова рочиште, тинејџерот беше доверен на социјалните служби, додека чекаше да се јават неговите роднини. Раните истраги на судската полиција во соработка со обвинителите сугерираат дека Алекс живеел во „духовна заедница“ со мајка му, и дека претежно престојувал во камп приколки и шатори“, пишуваат медиумите.

Полицијата на Манчестер издала соопштение за случајот и соопштила дека полицајците во Олдам се во контакт со француските власти за да се утврди автентичноста на извештајот.

Ова е сложена и долга истрага и треба да спроведеме дополнителни истраги, како и да поставиме соодветни заштитни мерки. Алекс, кој е од Олдам, Манчестер и имал 11 години во времето на неговото исчезнување, го напушти Обединетото Кралство на 30 септември 2017 година на однапред договорен семеен одмор во Шпанија“, се вели во полициското соопштение.

The post Алекс со родителите заминал на одмор во Шпанија и исчезнал, го нашле по шест години во Франција appeared first on Република.

]]>

Алекс Бети од Олдам, Манчестер, кој исчезнал на семејно патување во Марбела на само 11 години, е пронајден во Франција. Поминале шест години од киднапирањето, а момчето од Англија било пронајдено живо и здраво. Момчето отишло на патување со неговата мајка Мелани и дедото Дејвид во октомври 2017 година. Откако семејството не се вратило од Шпанија повеќе од две недели, полицијата почнала истрага. Бабата и официјален старател на Алекс, Сузан Каруана, која тогаш имала 62 години, рекла дека воделе „алтернативен начин на живот“ на друго место и додала дека „не сакале Алекс да оди во редовно училиште“. По исчезнувањето на момчето, полицијата се сомневала дека Алекс во придружба на двајца возрасни заминал во Мароко, преку пристаништето Малага. Обвинителот, кој имал информации дека Алекс се појавил во Франција, се посомневал дека момчето дошло сам во Ревела, во близина на Тулуз.
Иако не покажа никаков официјален документ на полицијата кога беше приведен, ова 17-годишно момче го даде сопствениот идентитет. Неговото лице и приказна се совпаѓаат со случајот на киднапирано британско момче од 2017 година. Потоа, денеска , обвинител во Тулуз го потврди тоа во случајот со Алекс Бати“, објави весникот, пренесува „Мирор“.
Истражителите веруваат дека Алекс избегал од руралната заедница во подножјето на Пиринеите. По неколкудневно планинарење, го земал камионџија, кому му изгледал сомнително, па повикал полиција. Потоа го испрашале и тој ја открил својата приказна.
Неговата приказна е потврдена и се чини дека одговара на реалноста. По ова рочиште, тинејџерот беше доверен на социјалните служби, додека чекаше да се јават неговите роднини. Раните истраги на судската полиција во соработка со обвинителите сугерираат дека Алекс живеел во „духовна заедница“ со мајка му, и дека претежно престојувал во камп приколки и шатори“, пишуваат медиумите.
Полицијата на Манчестер издала соопштение за случајот и соопштила дека полицајците во Олдам се во контакт со француските власти за да се утврди автентичноста на извештајот.
Ова е сложена и долга истрага и треба да спроведеме дополнителни истраги, како и да поставиме соодветни заштитни мерки. Алекс, кој е од Олдам, Манчестер и имал 11 години во времето на неговото исчезнување, го напушти Обединетото Кралство на 30 септември 2017 година на однапред договорен семеен одмор во Шпанија“, се вели во полициското соопштение.

The post Алекс со родителите заминал на одмор во Шпанија и исчезнал, го нашле по шест години во Франција appeared first on Република.

]]>
Во Србија кога ќе исчезне дете се прекинува ТВ програмата: Треба ли вакво нешто и кај нас? https://republika.mk/vesti/balkan/vo-srbija-koga-ke-ischezne-dete-se-prekinuva-tv-programata-treba-li-vakvo-neshto-i-kaj-nas/ Tue, 28 Nov 2023 15:51:53 +0000 https://republika.mk/?p=717245

Соседните земји се многу понапред кога станува збор за алармирањето на исчезнати луѓе, посебно деца. Па така, во Србија функционира ситемот „Пронајди ме“, верзија на американскиот „Amber alert“ за предупредување

Со овој систем, покрај во медиумите, известувањата за исчезнати деца со граѓаните се споделуваат и преку СМС пораки, како и на аеродромот.

Известувањата се видливи и на сите автобуски и железнички станици кои имаат техничка можност да емитуваат такви пораки.

Медиумите се должни веднаш штом ќе ја добијат информацијата за исчезнато дете да ја прекинат програмата и известувањето да го емитуваат веднаш,

Ова кај нас стана актуелно по исчезнувањето на Вања Ѓорчевска на која и се губи трагата и за која се крена македонската јавност.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ima-protezi-bemka-na-desnata-strana-od-litseto-nosi-tsrna-jakna-mvr-objavi-detali-za-vana/

The post Во Србија кога ќе исчезне дете се прекинува ТВ програмата: Треба ли вакво нешто и кај нас? appeared first on Република.

]]>

Соседните земји се многу понапред кога станува збор за алармирањето на исчезнати луѓе, посебно деца. Па така, во Србија функционира ситемот „Пронајди ме“, верзија на американскиот „Amber alert“ за предупредување Со овој систем, покрај во медиумите, известувањата за исчезнати деца со граѓаните се споделуваат и преку СМС пораки, како и на аеродромот. Известувањата се видливи и на сите автобуски и железнички станици кои имаат техничка можност да емитуваат такви пораки. Медиумите се должни веднаш штом ќе ја добијат информацијата за исчезнато дете да ја прекинат програмата и известувањето да го емитуваат веднаш, Ова кај нас стана актуелно по исчезнувањето на Вања Ѓорчевска на која и се губи трагата и за која се крена македонската јавност. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ima-protezi-bemka-na-desnata-strana-od-litseto-nosi-tsrna-jakna-mvr-objavi-detali-za-vana/  

The post Во Србија кога ќе исчезне дете се прекинува ТВ програмата: Треба ли вакво нешто и кај нас? appeared first on Република.

]]>
Со месеци го лажела партнерот дека е породена: ОЈО отвори постапка против 23-годишната скопјанка што лажно пријави дека ѝ го нема бебето https://republika.mk/vesti/makedonija/so-mesetsi-go-lazhela-partnerot-deka-e-porodena-ojo-otvori-postapka-protiv-23-godishnata-skopjanka-shto-lazhno-prijavi-deka-go-nema-bebeto/ Sat, 25 Nov 2023 16:42:42 +0000 https://republika.mk/?p=716212

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 23-годишна жена осомничена за лажно пријавување кривично дело.

Како што информира Јавното обвинителство, јавниот обвинител, ценејќи ги сите околности, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост. Тоа се забрана за напуштање на живеалиште, обврска на осомничената да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган и привремено одземање на патната исправа или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за издавање нова.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ischeznatoto-bebe-ne-ni-postoelo-majkata-lazhela-deka-e-trudna-i-e-privedena/

Осомничената, како што се наведува, вчера лажно пријавила друг дека сторил кривично дело за кое гонењето се презема по службена должност. Таа пријавила дека на 11 јули се породила со машко дете на Гинеколошко-акушерска клиника (ГАК) – Скопје. Детето било хоспитализирано во Клиниката и задржано за понатамошно лекување, а таа во повеќе наврати била сама и го посетувала на клиниката.

На 23 ноември, на иницијатива на нејзиниот невенчан сопруг, отишле најпрвин на Клиниката за детски болести, каде наводно било хоспитализирано детето во тој момент. Таткото побарал да го види бебето, но биле известени дека такво бебе не било примено и донесено на лекување на клиниката. Потоа отишле на ГАК, каде по направените проверки во системите биле известени дека во текот на 2023 година осомничената воопшто не била примена ниту породена на таа клиника.

Со преземените дејствија по наредба на јавен обвинител беше утврдено дека осомничената го довела во заблуда нејзиниот партнер и лажно пријавила дека нејзиното новородено дете исчезнало, односно било одземено од непознати лица, иако знаела дека тие не се сторители на кривично дело, со што постои основано сомнение дека осомничената е сторител на лажно пријавување на кривично дело, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

The post Со месеци го лажела партнерот дека е породена: ОЈО отвори постапка против 23-годишната скопјанка што лажно пријави дека ѝ го нема бебето appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 23-годишна жена осомничена за лажно пријавување кривично дело. Како што информира Јавното обвинителство, јавниот обвинител, ценејќи ги сите околности, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост. Тоа се забрана за напуштање на живеалиште, обврска на осомничената да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган и привремено одземање на патната исправа или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за издавање нова. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ischeznatoto-bebe-ne-ni-postoelo-majkata-lazhela-deka-e-trudna-i-e-privedena/ Осомничената, како што се наведува, вчера лажно пријавила друг дека сторил кривично дело за кое гонењето се презема по службена должност. Таа пријавила дека на 11 јули се породила со машко дете на Гинеколошко-акушерска клиника (ГАК) – Скопје. Детето било хоспитализирано во Клиниката и задржано за понатамошно лекување, а таа во повеќе наврати била сама и го посетувала на клиниката. На 23 ноември, на иницијатива на нејзиниот невенчан сопруг, отишле најпрвин на Клиниката за детски болести, каде наводно било хоспитализирано детето во тој момент. Таткото побарал да го види бебето, но биле известени дека такво бебе не било примено и донесено на лекување на клиниката. Потоа отишле на ГАК, каде по направените проверки во системите биле известени дека во текот на 2023 година осомничената воопшто не била примена ниту породена на таа клиника.
Со преземените дејствија по наредба на јавен обвинител беше утврдено дека осомничената го довела во заблуда нејзиниот партнер и лажно пријавила дека нејзиното новородено дете исчезнало, односно било одземено од непознати лица, иако знаела дека тие не се сторители на кривично дело, со што постои основано сомнение дека осомничената е сторител на лажно пријавување на кривично дело, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

The post Со месеци го лажела партнерот дека е породена: ОЈО отвори постапка против 23-годишната скопјанка што лажно пријави дека ѝ го нема бебето appeared first on Република.

]]>
„Исчезнатото“ бебе не ни постоело, мајката лажела дека е трудна и е приведена https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ischeznatoto-bebe-ne-ni-postoelo-majkata-lazhela-deka-e-trudna-i-e-privedena/ Sat, 25 Nov 2023 07:40:28 +0000 https://republika.mk/?p=716075

Лажна е пријавата за наводно исчезнато дете во Клинички центар, за која вчера се крена паника. Од Министерството за внатрешни работи ја известуваат јавноста дека во координација со ОЈО Скопје го расчисти случајот со наводно исчезнато дете на Клинички центар и утврдено е дека станува збор за лажна пријава од страна на Л.А. и дека пријавителката е лишена од слобода.

Веднаш по добиената пријава, од страна на Единицата за насилен криминал при СВР-Скопје, а во консултација со ОЈО Скопје преземени се соодветни мерки и активности. Направени се детални проверки во системот на Гинеколошко акушерска клиника Скопје за примени пациенти, и притоа констатирано е дека Л А. последен пат е хоспитализирана во 2019 година. Исто така направени се проверки во системот на Детска клиника и притоа не е забележано новородено дете како што пријави Л.А.. Направени се проверки во ординацијата на матичниот лекар на Л.А. и притоа констатирано е дека таа била на преглед на 08.03.2023 година каде што од страна на докторот е констатирано дека Л.А. не е трудна. Извршен е разговор со докторот и од прибраните докази е констатирано дека пријавата на Л.А. е лажна, велат од МВР.

Во консултација со дежурен јавен обвинител Л.А. е лишена од слобода и задржана во полициска станица за понатамошно постапување.

Вчера наводниот татко и мајка се обидоа да алармираат преку медиуми дека изчезнато е нивното петмесечно бебе, кое се лекувало на Гинеколошко-акушерската клиника, но оттаму веднаш информираа дека нема таков случај.

The post „Исчезнатото“ бебе не ни постоело, мајката лажела дека е трудна и е приведена appeared first on Република.

]]>

Лажна е пријавата за наводно исчезнато дете во Клинички центар, за која вчера се крена паника. Од Министерството за внатрешни работи ја известуваат јавноста дека во координација со ОЈО Скопје го расчисти случајот со наводно исчезнато дете на Клинички центар и утврдено е дека станува збор за лажна пријава од страна на Л.А. и дека пријавителката е лишена од слобода.
Веднаш по добиената пријава, од страна на Единицата за насилен криминал при СВР-Скопје, а во консултација со ОЈО Скопје преземени се соодветни мерки и активности. Направени се детални проверки во системот на Гинеколошко акушерска клиника Скопје за примени пациенти, и притоа констатирано е дека Л А. последен пат е хоспитализирана во 2019 година. Исто така направени се проверки во системот на Детска клиника и притоа не е забележано новородено дете како што пријави Л.А.. Направени се проверки во ординацијата на матичниот лекар на Л.А. и притоа констатирано е дека таа била на преглед на 08.03.2023 година каде што од страна на докторот е констатирано дека Л.А. не е трудна. Извршен е разговор со докторот и од прибраните докази е констатирано дека пријавата на Л.А. е лажна, велат од МВР.
Во консултација со дежурен јавен обвинител Л.А. е лишена од слобода и задржана во полициска станица за понатамошно постапување. Вчера наводниот татко и мајка се обидоа да алармираат преку медиуми дека изчезнато е нивното петмесечно бебе, кое се лекувало на Гинеколошко-акушерската клиника, но оттаму веднаш информираа дека нема таков случај.

The post „Исчезнатото“ бебе не ни постоело, мајката лажела дека е трудна и е приведена appeared first on Република.

]]>
Исчезна малолетник од Штип https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ischezna-maloletnik-od-shtip/ Sun, 05 Feb 2023 16:22:01 +0000 https://republika.mk/?p=605049

Вчеравечер во 20.00 часот во Полициската станица Штип, К.М.Е.(40) од Штип пријавила дека од дома се оддалечил нејзиниот син А.М.(17).

Од МВР велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

The post Исчезна малолетник од Штип appeared first on Република.

]]>

Вчеравечер во 20.00 часот во Полициската станица Штип, К.М.Е.(40) од Штип пријавила дека од дома се оддалечил нејзиниот син А.М.(17). Од МВР велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

The post Исчезна малолетник од Штип appeared first on Република.

]]>
Во Кичево потрага по 13-годишно дете што вчера заминало од дома https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-kichevo-potraga-po-13-godishno-dete-shto-vchera-zaminalo-od-doma/ Tue, 04 Oct 2022 12:45:10 +0000 https://republika.mk/?p=557248

Вчера во ОВР Кичево е пријавено дека Е.Б.(13) од Кичево се оддалечил од својот дом, информира СВР Охрид.

Од таму посочуваат дека во соработка со Центарот за социјални работи се преземаат мерки за негово пронаоѓање.

The post Во Кичево потрага по 13-годишно дете што вчера заминало од дома appeared first on Република.

]]>

Вчера во ОВР Кичево е пријавено дека Е.Б.(13) од Кичево се оддалечил од својот дом, информира СВР Охрид. Од таму посочуваат дека во соработка со Центарот за социјални работи се преземаат мерки за негово пронаоѓање.

The post Во Кичево потрага по 13-годишно дете што вчера заминало од дома appeared first on Република.

]]>
Добра вест: Пронајдено исчезнатото момче во Битола https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dobra-vest-pronajdeno-ischeznatoto-momche-vo-bitola/ Sun, 21 Aug 2022 19:55:31 +0000 https://republika.mk/?p=542679

ВР-Битола доцна вечерва соопшти дека малолетникот кој беше пријавен за исчезнат, е пронајден. 

СВР Битола почна акција за пронаоѓање на 15-годишниот малолетник А.И. кој, како што пријавила неговата мајка А.И. (33 г.), се оддалечил од својот дом. Исчезнувањето е пријавено синоќа во 22:10 часот.

– По преземените акции, исчезнатото дете е пронајдено и вратено кај родителите, потврдија од СВР-Битола

The post Добра вест: Пронајдено исчезнатото момче во Битола appeared first on Република.

]]>

ВР-Битола доцна вечерва соопшти дека малолетникот кој беше пријавен за исчезнат, е пронајден.  СВР Битола почна акција за пронаоѓање на 15-годишниот малолетник А.И. кој, како што пријавила неговата мајка А.И. (33 г.), се оддалечил од својот дом. Исчезнувањето е пријавено синоќа во 22:10 часот. – По преземените акции, исчезнатото дете е пронајдено и вратено кај родителите, потврдија од СВР-Битола

The post Добра вест: Пронајдено исчезнатото момче во Битола appeared first on Република.

]]>
Tри дена го нема 12-годишниот Ислаил Алији од Гостивар https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tri-dena-go-nema-12-godishniot-islail-aliji-od-gostivar/ Thu, 26 May 2022 18:03:36 +0000 https://republika.mk/?p=507372

Исчезнат е Ислаил Алији од Гостивар, има 12 години, јавува Сител. Исчезнат е веќе 3 дена, на себе носи сина маица, црни тренерки и црни патики.

Се молат сите кои имаат било каква информација во врска со детето да се јават на следниот број 077 840 992.

The post Tри дена го нема 12-годишниот Ислаил Алији од Гостивар appeared first on Република.

]]>

Исчезнат е Ислаил Алији од Гостивар, има 12 години, јавува Сител. Исчезнат е веќе 3 дена, на себе носи сина маица, црни тренерки и црни патики. Се молат сите кои имаат било каква информација во врска со детето да се јават на следниот број 077 840 992.

The post Tри дена го нема 12-годишниот Ислаил Алији од Гостивар appeared first on Република.

]]>
„Само некако тажно ја погледна мајка ми, а потоа не знам, како да замина некаде“ – сослушани братот и родителите на малиот Петар https://republika.mk/vesti/crna-hronika/samo-nekako-tazno-ja-pogledna-majka-mi-a-potoa-ne-znam-kako-da-zamina-nekade-soslushani-bratot-i-roditelite-na-maliot-petar/ Mon, 28 Feb 2022 14:22:03 +0000 https://republika.mk/?p=465376

Трет ден се трага по исчезнатиот 10-годишен Петар. Нему му се загуби секаква трага во петок попладнето од селото Врбско во Мариово. Не даде резултат и досегашната полициска потрага, потрагата од доброволци, од спасувачката служба, на пожарникари, со хеликоптер. И денеска потрагата продолжува, информираат од СВР Битола. Вклучени се 100-тина полицајци со хеликоптерска поддршка.

Во меѓувреме, прилепското основно јавно обвинителство отвори предмет за исчезнатото дете. Како што информираа, доцна во текот на вчерашното попладне, сослушани се родителите и повозрасниот брат на Петар, 19-годишниот Димитар.

Во разговорот со таткото на исчезнатото дете, Стојан Џобоски, тој објаснува дека последно го видел во петок откако го испратил со братчињата да наполнат вода од кладенец. Тој работел на селската куќа, а сопругата подоцна му кажала дека го нема нивниот син.

Работев на покривот од куќата. Дојде Петар, малку тажен, не го зеле братчињата кои тргнаа да наполнат вода од кладенец кај селото. Го пратив да појде. Работев, но подоцна сопругата дојде и ми кажа дека го нема. Се упативме да бараме во околината, појдов по патеката, па да не заминал во погрешен правец, но никаде не го најдов. Почна да се стемнува, тогаш побарав помош. Бараа и од полицијата, ловџии, доброволци од селото Витолиште. Не може да го најдеме. нема трага, ниту од алиштата, ниту од него, вели Стојан Џобоски.

И братот на Петар, 19-годишниот Димитар вели дека не знае ниту може да претпостави каде е.

Го видов со шишето за полнење вода, се вративме, тој беше таму. Само некако тажно ја погледна мајка ми, а потоа не знам, како да замина некаде, вели Димитар.

Џобоски вели дека вчера бил сослушуван од полицијата и од Обвинителството.

Ми рекоа се да раскажам, им кажав што правев, што работев, кога последно го видов. Ме прашуваа, како да не ми веруваат. Ми рекоа да не си го удрил, па паднал, се онесвестил, па ме фатило паника и некаде сум го однел. Им реков не е така. Го нема и затоа ги побарав да ми помогнат. Не знам што се случило, дали е во поблиската околина или е подалеку, треба да се трага. Луѓе не видов во околината, ама да не имало дивеч, вели Стојан Џобоски.

Полицијата ја продолжува потрагата, по исчезнатиот Петар. Доброволци се јавуваат да помогнат, а отворен е бројот на дежурната служба во Витолоште. Бројот на дежурната служба во Витолиште е 071 268-594. Инаку, таткото на 10-годишниот Петар денеска побара адвокат.

The post „Само некако тажно ја погледна мајка ми, а потоа не знам, како да замина некаде“ – сослушани братот и родителите на малиот Петар appeared first on Република.

]]>

Трет ден се трага по исчезнатиот 10-годишен Петар. Нему му се загуби секаква трага во петок попладнето од селото Врбско во Мариово. Не даде резултат и досегашната полициска потрага, потрагата од доброволци, од спасувачката служба, на пожарникари, со хеликоптер. И денеска потрагата продолжува, информираат од СВР Битола. Вклучени се 100-тина полицајци со хеликоптерска поддршка. Во меѓувреме, прилепското основно јавно обвинителство отвори предмет за исчезнатото дете. Како што информираа, доцна во текот на вчерашното попладне, сослушани се родителите и повозрасниот брат на Петар, 19-годишниот Димитар. Во разговорот со таткото на исчезнатото дете, Стојан Џобоски, тој објаснува дека последно го видел во петок откако го испратил со братчињата да наполнат вода од кладенец. Тој работел на селската куќа, а сопругата подоцна му кажала дека го нема нивниот син.
Работев на покривот од куќата. Дојде Петар, малку тажен, не го зеле братчињата кои тргнаа да наполнат вода од кладенец кај селото. Го пратив да појде. Работев, но подоцна сопругата дојде и ми кажа дека го нема. Се упативме да бараме во околината, појдов по патеката, па да не заминал во погрешен правец, но никаде не го најдов. Почна да се стемнува, тогаш побарав помош. Бараа и од полицијата, ловџии, доброволци од селото Витолиште. Не може да го најдеме. нема трага, ниту од алиштата, ниту од него, вели Стојан Џобоски.
И братот на Петар, 19-годишниот Димитар вели дека не знае ниту може да претпостави каде е.
Го видов со шишето за полнење вода, се вративме, тој беше таму. Само некако тажно ја погледна мајка ми, а потоа не знам, како да замина некаде, вели Димитар.
Џобоски вели дека вчера бил сослушуван од полицијата и од Обвинителството.
Ми рекоа се да раскажам, им кажав што правев, што работев, кога последно го видов. Ме прашуваа, како да не ми веруваат. Ми рекоа да не си го удрил, па паднал, се онесвестил, па ме фатило паника и некаде сум го однел. Им реков не е така. Го нема и затоа ги побарав да ми помогнат. Не знам што се случило, дали е во поблиската околина или е подалеку, треба да се трага. Луѓе не видов во околината, ама да не имало дивеч, вели Стојан Џобоски.
Полицијата ја продолжува потрагата, по исчезнатиот Петар. Доброволци се јавуваат да помогнат, а отворен е бројот на дежурната служба во Витолоште. Бројот на дежурната служба во Витолиште е 071 268-594. Инаку, таткото на 10-годишниот Петар денеска побара адвокат.

The post „Само некако тажно ја погледна мајка ми, а потоа не знам, како да замина некаде“ – сослушани братот и родителите на малиот Петар appeared first on Република.

]]>
Трет ден Македонија во потрага по Петар Џобоски https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tret-den-makedonija-vo-potraga-po-petar-dzoboski/ Mon, 28 Feb 2022 09:52:06 +0000 https://republika.mk/?p=465099

Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивната потрага по детето Петар Џобоски, за кое неговиот родител пријави во петокот (25.02) вечерта дека се оддалечило од домот во с. Врбско, општина Прилеп.

Како што информираа од МВР вчера, во потрагата се ангажирани 102 полициски службеници, хеликоптер, службени кучиња и дрон. Во потрагата се вклучени и членови на Територијалната противпожарна единица Прилеп, членови на спасителната служба „Златоврв“, ловното друштво „Мукос“-Прилеп, жители на околните села, како и граѓани доброволци од неколку градови.

Интензивната потрага продолжува се до пронаоѓање на детето.

Од МВР уште еднаш апелираат и до сите граѓани доколку имаат било каква информација која би помогнала за пронаоѓање на детето, да ја споделат веднаш со полицијата и да помогнат во потрагата.

По социјалните мрежи исто така се споделува апел за било каква информација.

The post Трет ден Македонија во потрага по Петар Џобоски appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивната потрага по детето Петар Џобоски, за кое неговиот родител пријави во петокот (25.02) вечерта дека се оддалечило од домот во с. Врбско, општина Прилеп. Како што информираа од МВР вчера, во потрагата се ангажирани 102 полициски службеници, хеликоптер, службени кучиња и дрон. Во потрагата се вклучени и членови на Територијалната противпожарна единица Прилеп, членови на спасителната служба „Златоврв“, ловното друштво „Мукос“-Прилеп, жители на околните села, како и граѓани доброволци од неколку градови. Интензивната потрага продолжува се до пронаоѓање на детето. Од МВР уште еднаш апелираат и до сите граѓани доколку имаат било каква информација која би помогнала за пронаоѓање на детето, да ја споделат веднаш со полицијата и да помогнат во потрагата. По социјалните мрежи исто така се споделува апел за било каква информација.

The post Трет ден Македонија во потрага по Петар Џобоски appeared first on Република.

]]>
Сѐ уште не е најдено исчезнатото дете во Мариово, снегот ја отежнува потрагата https://republika.mk/vesti/makedonija/s-ushte-ne-e-najdeno-ischeznatoto-dete-vo-mariovo-snegot-ja-oteznuva-potragata/ Sun, 27 Feb 2022 13:13:09 +0000 https://republika.mk/?p=464690

И по два дена, сѐ уште нема ниту трага ниту глас од 10-годишниот Петар кој во петокот попладнето исчезна од селото Врбско во Мариово.

Според информациите од СВР Битола потрагата продолжува, но засега нема никакви резултати. Временските услови, врнежите од снег и студеното време, ја отежнуваат потрагата.

Пределот се пребаруваше до доцна синоќа со екипи на полицијата, од граничната и од прилепската станица, со доброволци, ловџии, од спасувачката служба од Прилеп и противпожарната единица. Вчера беше вклучен и хелихоптер на МВР.

На 10-годишниот Петар трагата му се губи во петокот по 16 часот. Родителите на Петар, со своите три деца од Прилеп, каде живеат, неколку дена биле во селото за да ги проверат пчелите. Петар е дете со посебни потреби кое тешко комуницира. Кога исчезнал бил во лесна облека.

The post Сѐ уште не е најдено исчезнатото дете во Мариово, снегот ја отежнува потрагата appeared first on Република.

]]>

И по два дена, сѐ уште нема ниту трага ниту глас од 10-годишниот Петар кој во петокот попладнето исчезна од селото Врбско во Мариово.

Според информациите од СВР Битола потрагата продолжува, но засега нема никакви резултати. Временските услови, врнежите од снег и студеното време, ја отежнуваат потрагата. Пределот се пребаруваше до доцна синоќа со екипи на полицијата, од граничната и од прилепската станица, со доброволци, ловџии, од спасувачката служба од Прилеп и противпожарната единица. Вчера беше вклучен и хелихоптер на МВР. На 10-годишниот Петар трагата му се губи во петокот по 16 часот. Родителите на Петар, со своите три деца од Прилеп, каде живеат, неколку дена биле во селото за да ги проверат пчелите. Петар е дете со посебни потреби кое тешко комуницира. Кога исчезнал бил во лесна облека.

The post Сѐ уште не е најдено исчезнатото дете во Мариово, снегот ја отежнува потрагата appeared first on Република.

]]>