ирски писател Archives - Република https://republika.mk/tema/irski-pisatel/ За подобро да се разбереме Mon, 26 Dec 2022 07:35:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ирски писател Archives - Република https://republika.mk/tema/irski-pisatel/ 32 32 Објавена збирката раскази „Далеку од Ирска“ од прославениот ирски писател Вилијам Тревор https://republika.mk/vesti/kultura/objavena-zbirkata-raskazi-daleku-od-irska-od-proslaveniot-irski-pisatel-vilijam-trevor/ Mon, 26 Dec 2022 07:35:06 +0000 https://republika.mk/?p=589864

Предновогодишно, „Или-Или“ во едицијата ПРОаЗА ја објави збирката раскази „Далеку од Ирска“ од прославениот ирски писател, Вилијам Тревор. Преводот од англиски на македонски е на Ацо Пероски а книгата е дел од проектот „Европска литература: зачувување на солидарноста во заканувачки контексти“ од Програмата „Креативна Европа“ на ЕУ.

„Далеку од Ирска“ е избор од расказите на Вилијам Тревор кои ги обединува тоа што дејството е сместено надвор од родната земја на авторот но во кои Тревор го истражува познатиот терен: малите таги и радости што што го сочинуваат нашето секојдневие. Во расказите во оваа книга можеме да го засведочиме елегантниот и луциден стил на овој автор.

Магазинот „Паблишерс викли“ за авторот напиша: „Тревор е мајстор на кратката фикција. Неговата внимателно напишана, лирска проза, истовремено иронична и елегична, е невозможно да ја испуштите од раката. Неговите приказни се длабоки, емотивни и незаборавни.“

Вилијам Тревор (1928-2016) е класик на ирската книжевност. Пишувал романи, драми, есеи, книги за деца, но најзначаен е како автор на раскази. Во жанрот на кратката проза Тревор е добитник на некои до најзначајните награди од англиското говорно подрачје.

Некои од неговите позначајни романи се „Два живота“, „Патувањето на Фелиција“, „Смрт во лето“, „Приказната за Луси Галут“, „Љубов и лето“. Расказите на Тревор се објавувани во повеќе од дваесет збирки, публикувани во период од пет децении.

The post Објавена збирката раскази „Далеку од Ирска“ од прославениот ирски писател Вилијам Тревор appeared first on Република.

]]>

Предновогодишно, „Или-Или“ во едицијата ПРОаЗА ја објави збирката раскази „Далеку од Ирска“ од прославениот ирски писател, Вилијам Тревор. Преводот од англиски на македонски е на Ацо Пероски а книгата е дел од проектот „Европска литература: зачувување на солидарноста во заканувачки контексти“ од Програмата „Креативна Европа“ на ЕУ. „Далеку од Ирска“ е избор од расказите на Вилијам Тревор кои ги обединува тоа што дејството е сместено надвор од родната земја на авторот но во кои Тревор го истражува познатиот терен: малите таги и радости што што го сочинуваат нашето секојдневие. Во расказите во оваа книга можеме да го засведочиме елегантниот и луциден стил на овој автор. Магазинот „Паблишерс викли“ за авторот напиша: „Тревор е мајстор на кратката фикција. Неговата внимателно напишана, лирска проза, истовремено иронична и елегична, е невозможно да ја испуштите од раката. Неговите приказни се длабоки, емотивни и незаборавни.“ Вилијам Тревор (1928-2016) е класик на ирската книжевност. Пишувал романи, драми, есеи, книги за деца, но најзначаен е како автор на раскази. Во жанрот на кратката проза Тревор е добитник на некои до најзначајните награди од англиското говорно подрачје. Некои од неговите позначајни романи се „Два живота“, „Патувањето на Фелиција“, „Смрт во лето“, „Приказната за Луси Галут“, „Љубов и лето“. Расказите на Тревор се објавувани во повеќе од дваесет збирки, публикувани во период од пет децении.

The post Објавена збирката раскази „Далеку од Ирска“ од прославениот ирски писател Вилијам Тревор appeared first on Република.

]]>