иран Archives - Република https://republika.mk/tema/iran/ За подобро да се разбереме Sat, 09 Nov 2024 16:38:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png иран Archives - Република https://republika.mk/tema/iran/ 32 32 Иран го повика Трамп да ја преиспита политиката на „максимален притисок“ кон Техеран https://republika.mk/vesti/svet/iran-go-povika-tramp-da-ja-preispita-politikata-na-maksimalen-pritisok-kon-teheran/ Sat, 09 Nov 2024 16:38:09 +0000 https://republika.mk/?p=835915

Иран го повика новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да ја преиспита политиката на „максимален притисок“ што ја спроведуваше против Техеран за време на неговиот прв мандат, изјави денеска иранскиот потпретседател за стратешки прашања Мохамед Џавад Зариф.

- Мора да сфати дека политиката на максимален притисок што тој ја иницира доведе до збогатувањето ураниум за нуклеарна бомба на Иран да достигне 60 отсто од 3,5 отсто, рече тој.

Зариф истакна дека Трамп треба да ги погледне и предностите и недостатоците на оваа политика, како и дали сака „да ја продолжи или промени оваа штетна политика“.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багај, во четвртокот изјави дека се надева дека враќањето на новоизбраниот претседател во Белата куќа ќе му овозможи на Вашингтон да ги „ревидира погрешните пристапи од минатото“.

Претходно денеска Багај изјави и дека тврдењата дека Иран планирал да го убие новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп се неосновани, наведувајќи дека тоа е заговор чија цел е да ги усложни прашањата меѓу Техеран и Вашингтон.

За време на неговиот прв мандат, Трамп ги повлече САД од нуклеарниот договор на Вашингтон и Техеран од 2015 година и нареди убиство на командантот на Иранската револуционерна гарда Касем Сулејмани во Багдад во јануари 2020 година.

The post Иран го повика Трамп да ја преиспита политиката на „максимален притисок“ кон Техеран appeared first on Република.

]]>

Иран го повика новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да ја преиспита политиката на „максимален притисок“ што ја спроведуваше против Техеран за време на неговиот прв мандат, изјави денеска иранскиот потпретседател за стратешки прашања Мохамед Џавад Зариф.
- Мора да сфати дека политиката на максимален притисок што тој ја иницира доведе до збогатувањето ураниум за нуклеарна бомба на Иран да достигне 60 отсто од 3,5 отсто, рече тој.
Зариф истакна дека Трамп треба да ги погледне и предностите и недостатоците на оваа политика, како и дали сака „да ја продолжи или промени оваа штетна политика“. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багај, во четвртокот изјави дека се надева дека враќањето на новоизбраниот претседател во Белата куќа ќе му овозможи на Вашингтон да ги „ревидира погрешните пристапи од минатото“. Претходно денеска Багај изјави и дека тврдењата дека Иран планирал да го убие новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп се неосновани, наведувајќи дека тоа е заговор чија цел е да ги усложни прашањата меѓу Техеран и Вашингтон. За време на неговиот прв мандат, Трамп ги повлече САД од нуклеарниот договор на Вашингтон и Техеран од 2015 година и нареди убиство на командантот на Иранската револуционерна гарда Касем Сулејмани во Багдад во јануари 2020 година.

The post Иран го повика Трамп да ја преиспита политиката на „максимален притисок“ кон Техеран appeared first on Република.

]]>
Ајатолахот Хамнеи наложил Иран воено да одговори на израелскиот напад на иранска територија https://republika.mk/vesti/svet/ajatolahot-hamnei-nalozhil-iran-voeno-da-odgovori-na-izraelskiot-napad-na-iranska-teritorija/ Fri, 01 Nov 2024 20:17:44 +0000 https://republika.mk/?p=833266

Тројца ирански претставници, запознаени со военото планирање на земјата, изјавиле дека иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, му наложил на Врховниот совет за национална безбедност да се подготви за напад врз Израел.

Како што објави „Њујорк тајмс“, Хамнеи, наводно рекол дека штетата и жртвите од израелскиот напад се премногу големи за да се игнорираат и дека недостатокот на одговор ќе се толкува како признавање на поразот.

Иран ќе одговори против Израел на начин што е незамислив. Израелците не го заборавија ракетниот напад на 1 октомври, но веруваат дека неколку лансирања на ракети ќе го променат текот на историјата. Направија грешка и ќе бидат казнети за тоа“, изјавил командант на Иранската револуционерна гарда.

Исто така, објавено е дека високи ирански воени функционери веќе подготвиле список со десетици воени цели што треба да бидат нападнати во Израел.

Сепак, нападот најверојатно ќе дојде по изборите во САД, бидејќи Иран стравува дека таков напад пред изборите може да ги подобри шансите на Трамп за победа.

Истовремено, израелски извори тврдат дека Иран планира да изврши напад врз Израел од ирачка територија во наредните денови. Според нив, нападот ќе биде изведен со употреба на стотици дронови и балистички ракети.

Според нивни извори, Иран сака да изврши напад преку проирански милиции во Ирак за да не предизвика нов израелски напад на иранска територија.

The post Ајатолахот Хамнеи наложил Иран воено да одговори на израелскиот напад на иранска територија appeared first on Република.

]]>

Тројца ирански претставници, запознаени со военото планирање на земјата, изјавиле дека иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, му наложил на Врховниот совет за национална безбедност да се подготви за напад врз Израел. Како што објави „Њујорк тајмс“, Хамнеи, наводно рекол дека штетата и жртвите од израелскиот напад се премногу големи за да се игнорираат и дека недостатокот на одговор ќе се толкува како признавање на поразот.
Иран ќе одговори против Израел на начин што е незамислив. Израелците не го заборавија ракетниот напад на 1 октомври, но веруваат дека неколку лансирања на ракети ќе го променат текот на историјата. Направија грешка и ќе бидат казнети за тоа“, изјавил командант на Иранската револуционерна гарда.
Исто така, објавено е дека високи ирански воени функционери веќе подготвиле список со десетици воени цели што треба да бидат нападнати во Израел. Сепак, нападот најверојатно ќе дојде по изборите во САД, бидејќи Иран стравува дека таков напад пред изборите може да ги подобри шансите на Трамп за победа. Истовремено, израелски извори тврдат дека Иран планира да изврши напад врз Израел од ирачка територија во наредните денови. Според нив, нападот ќе биде изведен со употреба на стотици дронови и балистички ракети. Според нивни извори, Иран сака да изврши напад преку проирански милиции во Ирак за да не предизвика нов израелски напад на иранска територија.

The post Ајатолахот Хамнеи наложил Иран воено да одговори на израелскиот напад на иранска територија appeared first on Република.

]]>
Сателитски снимки: Еве што погоди Израел во Иран https://republika.mk/vesti/svet/satelitski-snimki-eve-shto-pogodi-izrael-vo-iran/ Tue, 29 Oct 2024 07:25:21 +0000 https://republika.mk/?p=831894

Објавени се сателитски снимки кои наводно покажуваат што погодил Израел за време на неговиот напад врз Иран.

Израелскиот воздушен напад во саботата погодил зграда која била дел од непостоечката програма за развој на нуклеарно оружје на Иран, а биле погодени и објекти што се користат за мешање на цврсто гориво за проектили.

Израел го погоди и Коџир, голем капацитет за производство на ракети во близина на Техеран.

 

The post Сателитски снимки: Еве што погоди Израел во Иран appeared first on Република.

]]>

Објавени се сателитски снимки кои наводно покажуваат што погодил Израел за време на неговиот напад врз Иран. Израелскиот воздушен напад во саботата погодил зграда која била дел од непостоечката програма за развој на нуклеарно оружје на Иран, а биле погодени и објекти што се користат за мешање на цврсто гориво за проектили. Израел го погоди и Коџир, голем капацитет за производство на ракети во близина на Техеран.  

The post Сателитски снимки: Еве што погоди Израел во Иран appeared first on Република.

]]>
Иран побара итна седница на Советот за безбедност на ОН поради нападот на Израел https://republika.mk/vesti/svet/iran-pobara-itna-sednitsa-na-sovetot-za-bezbednost-na-on-poradi-napadot-na-izrael/ Sun, 27 Oct 2024 08:09:17 +0000 https://republika.mk/?p=831342

Техеран синоќа побара итна седница на Советот за безбедност на ОН поради завчерашниот напад на Израел врз Иран, соопшти иранската мисија во Обединетите нации.

„Исламската Република Иран бара од претседателот на Советот за безбедност да свика итен состанок за да разговара за ова сериозно прекршување и незаконски дејствија и да го изведе овој криминален режим пред лицето на правдата“, се вели во писмото на постојаниот претставник на Иран во ОН, Амир Саид Иравани.

Тој го упати писмото до актуелниот претседател на Советот за безбедност на ОН, швајцарскиот претставник Паскал Кристин Берсвил и генералниот секретар Антонио Гутереш.

За време на израелскиот напад врз Иран, кој траеше пет часа, гаѓани биле 20 цели во таа земја, а загинаа четворица војници.

Серија експлозии се слушнале во околината на Техеран веднаш откако израелската војска објави дека се водат напади врз воени цели во Иран како одмазда за нападот на Иран врз Израел на 1 октомври.

The post Иран побара итна седница на Советот за безбедност на ОН поради нападот на Израел appeared first on Република.

]]>

Техеран синоќа побара итна седница на Советот за безбедност на ОН поради завчерашниот напад на Израел врз Иран, соопшти иранската мисија во Обединетите нации.
„Исламската Република Иран бара од претседателот на Советот за безбедност да свика итен состанок за да разговара за ова сериозно прекршување и незаконски дејствија и да го изведе овој криминален режим пред лицето на правдата“, се вели во писмото на постојаниот претставник на Иран во ОН, Амир Саид Иравани.
Тој го упати писмото до актуелниот претседател на Советот за безбедност на ОН, швајцарскиот претставник Паскал Кристин Берсвил и генералниот секретар Антонио Гутереш. За време на израелскиот напад врз Иран, кој траеше пет часа, гаѓани биле 20 цели во таа земја, а загинаа четворица војници. Серија експлозии се слушнале во околината на Техеран веднаш откако израелската војска објави дека се водат напади врз воени цели во Иран како одмазда за нападот на Иран врз Израел на 1 октомври.

The post Иран побара итна седница на Советот за безбедност на ОН поради нападот на Израел appeared first on Република.

]]>
ЕУ повика на „најголема воздржаност“ по нападот на Израел врз Иран https://republika.mk/vesti/svet/eu-povika-na-najgolema-vozdrzhanost-po-napadot-na-izrael-vrz-iran/ Sat, 26 Oct 2024 16:47:42 +0000 https://republika.mk/?p=831301

Европската унија денеска ги повика сите инволвирани страни да покажат „најголема воздржаност“ за да се избегне „неконтролирана ескалација“ на конфликтот на Блискиот Исток, откако Израел гаѓаше цели во Иран.

„Опасната спирала на напади и одмазда создава ризик да предизвика ново продолжување на регионалниот конфликт. Признавајќи го правото на Израел на самоодбрана, ЕУ ги повикува сите инволвирани страни да покажат најголема можна воздржаност со цел да се избегне ескалација надвор од контрола која не е во ничиј интерес, соопшти Европската унија.

Иран предупреди дека ќе се брани по последните израелски напади, чии цели, според Израел, биле ракетни фабрики и воени објекти во неколку ирански региони. Иран објави дека загинале двајца војници.

Израел предупреди дека Иран ќе плати „тешка цена“ доколку одговори на тие напади, кои пак беа одговор на нападите на Иран врз Израел на 1 октомври.

The post ЕУ повика на „најголема воздржаност“ по нападот на Израел врз Иран appeared first on Република.

]]>

Европската унија денеска ги повика сите инволвирани страни да покажат „најголема воздржаност“ за да се избегне „неконтролирана ескалација“ на конфликтот на Блискиот Исток, откако Израел гаѓаше цели во Иран.
„Опасната спирала на напади и одмазда создава ризик да предизвика ново продолжување на регионалниот конфликт. Признавајќи го правото на Израел на самоодбрана, ЕУ ги повикува сите инволвирани страни да покажат најголема можна воздржаност со цел да се избегне ескалација надвор од контрола која не е во ничиј интерес, соопшти Европската унија.
Иран предупреди дека ќе се брани по последните израелски напади, чии цели, според Израел, биле ракетни фабрики и воени објекти во неколку ирански региони. Иран објави дека загинале двајца војници. Израел предупреди дека Иран ќе плати „тешка цена“ доколку одговори на тие напади, кои пак беа одговор на нападите на Иран врз Израел на 1 октомври.

The post ЕУ повика на „најголема воздржаност“ по нападот на Израел врз Иран appeared first on Република.

]]>
Русија изрази длабока загриженост поради ескалацијата на тензиите меѓу Израел и Иран https://republika.mk/vesti/svet/rusija-izrazi-dlaboka-zagrizhenost-poradi-eskalatsijata-na-tenziite-megu-izrael-i-iran/ Sat, 26 Oct 2024 15:02:04 +0000 https://republika.mk/?p=831284

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека е длабоко загрижено поради ескалацијата на тензиите меѓу Израел и Иран и повика на нормализирање на ситуацијата на Блискиот Исток, откако Израел изврши воздушни напади врз воени објекти во Иран.

Ги повикуваме страните да покажат воздржаност, да престанат со насилството и да избегнат катастрофално сценарио“, изјави портпаролката на министерството, Марија Захарова.

Во исто време, коментирајќи ги воздушните напади на Израел во Либан, како резултат на кои беа убиени претставници на медиумите, таа ги обвини израелските вооружени сили дека се обидуваат да ги попречат различните гледишта за настаните во регионот.

„Сосема е очигледно дека телевизискиот канал „Ал Мајадин“ и неговите вработени се цел на напади. Ова е уште еден јасен пример за желбата на израелската војска по секоја цена, без згрозување на какви било средства и методи, да ги искорени сите извори на алтернативна гледна точка за настаните што се случуваат во регионот“, рече Захарова.

The post Русија изрази длабока загриженост поради ескалацијата на тензиите меѓу Израел и Иран appeared first on Република.

]]>

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека е длабоко загрижено поради ескалацијата на тензиите меѓу Израел и Иран и повика на нормализирање на ситуацијата на Блискиот Исток, откако Израел изврши воздушни напади врз воени објекти во Иран.
Ги повикуваме страните да покажат воздржаност, да престанат со насилството и да избегнат катастрофално сценарио“, изјави портпаролката на министерството, Марија Захарова.
Во исто време, коментирајќи ги воздушните напади на Израел во Либан, како резултат на кои беа убиени претставници на медиумите, таа ги обвини израелските вооружени сили дека се обидуваат да ги попречат различните гледишта за настаните во регионот.
„Сосема е очигледно дека телевизискиот канал „Ал Мајадин“ и неговите вработени се цел на напади. Ова е уште еден јасен пример за желбата на израелската војска по секоја цена, без згрозување на какви било средства и методи, да ги искорени сите извори на алтернативна гледна точка за настаните што се случуваат во регионот“, рече Захарова.

The post Русија изрази длабока загриженост поради ескалацијата на тензиите меѓу Израел и Иран appeared first on Република.

]]>
Иран тврди дека има право и должност да се брани по израелските напади https://republika.mk/vesti/svet/iran-tvrdi-deka-ima-pravo-i-dolzhnost-da-se-brani-po-izraelskite-napadi/ Sat, 26 Oct 2024 12:15:47 +0000 https://republika.mk/?p=831247

Иран има право и должност да се брани по израелските напади во кои беа погодени ирански воени цели и загинаа двајца војници, соопшти денеска иранското Министерство за надворешни работи.

Иранското министерство се повикува на член 51 од Повелбата на Обединетите нации врз основа на кој, како што наведува, Иран има право и должност да се брани, објави Тајмс оф Израел.

Претходно, Скај Њуз Арабија, повикувајќи се на неименувани извори, јави дека Иран преку странски посредник го известил Израел дека нема да одговори на последните израелски напади.

Израелската армија ноќеска го нападна Иран, а за време на нападите, кои траеја пет часа, мета биле 20 цели во земјата.

Серија експлозии се слушнале и во околината на Техеран веднаш откако израелската војска соопшти дека врши напади врз воени цели во Иран како одмазда за иранскиот напад врз Израел на 1 октомври.

The post Иран тврди дека има право и должност да се брани по израелските напади appeared first on Република.

]]>

Иран има право и должност да се брани по израелските напади во кои беа погодени ирански воени цели и загинаа двајца војници, соопшти денеска иранското Министерство за надворешни работи. Иранското министерство се повикува на член 51 од Повелбата на Обединетите нации врз основа на кој, како што наведува, Иран има право и должност да се брани, објави Тајмс оф Израел. Претходно, Скај Њуз Арабија, повикувајќи се на неименувани извори, јави дека Иран преку странски посредник го известил Израел дека нема да одговори на последните израелски напади. Израелската армија ноќеска го нападна Иран, а за време на нападите, кои траеја пет часа, мета биле 20 цели во земјата. Серија експлозии се слушнале и во околината на Техеран веднаш откако израелската војска соопшти дека врши напади врз воени цели во Иран како одмазда за иранскиот напад врз Израел на 1 октомври.

The post Иран тврди дека има право и должност да се брани по израелските напади appeared first on Република.

]]>
Израел го нападна Иран, експлозии и во главниот град Техеран https://republika.mk/vesti/svet/izrael-go-napadna-iran-eksplozii-i-vo-glavniot-grad-teheran/ Sat, 26 Oct 2024 08:26:22 +0000 https://republika.mk/?p=831197

Израел започна воздушни напади врз Иран, а во главниот град Техеран се слушаат експлозии, јавува Би-Би-Си. Израелската војска соопшти дека цел на нападите биле ирански воени цели и дека сите авиони кои учествувале во нападот се вратиле безбедно. Според иранската новинска агенција блиска до Револуционерната гарда, цел биле воените бази на запад и југозапад од иранската престолнина, но иранските државни медиуми засега негираат дека има вистинска штета.

Израелските одбранбени сили велат дека нападите се одговор на континуираните напади од Иран и по налетот ирански проектили што го погодија Израел на почетокот октомври, израелската војска соопшти дека погодила воени цели во Иран.

„Одмаздничките цели на Израел во Иран не вклучуваат енергетска инфраструктура“, изјави израелски воен извор за Си-Ен-Ен. Израел ја отфрли и можноста за напади врз нуклеарни и нафтени постројки во Иран.

Официјалните ирански медиуми соопштија дека биле погодени делови од воени локации во три провинции Техеран, Илам и Кузестан, но рекоа дека неговата противвоздушна одбрана била успешна и штетата е ограничена.

Одлуката на Израел да нападне ирански воени цели дојде по неколкунеделни размислувања во неговиот безбедносен кабинет за природата и обемот на таквиот напад, информираа израелските власти.

Пентагон денеска соопшти дека САД претходно биле информирани за нападите, но немале никакво учество во операцијата.

The post Израел го нападна Иран, експлозии и во главниот град Техеран appeared first on Република.

]]>

Израел започна воздушни напади врз Иран, а во главниот град Техеран се слушаат експлозии, јавува Би-Би-Си. Израелската војска соопшти дека цел на нападите биле ирански воени цели и дека сите авиони кои учествувале во нападот се вратиле безбедно. Според иранската новинска агенција блиска до Револуционерната гарда, цел биле воените бази на запад и југозапад од иранската престолнина, но иранските државни медиуми засега негираат дека има вистинска штета. Израелските одбранбени сили велат дека нападите се одговор на континуираните напади од Иран и по налетот ирански проектили што го погодија Израел на почетокот октомври, израелската војска соопшти дека погодила воени цели во Иран. „Одмаздничките цели на Израел во Иран не вклучуваат енергетска инфраструктура“, изјави израелски воен извор за Си-Ен-Ен. Израел ја отфрли и можноста за напади врз нуклеарни и нафтени постројки во Иран. Официјалните ирански медиуми соопштија дека биле погодени делови од воени локации во три провинции Техеран, Илам и Кузестан, но рекоа дека неговата противвоздушна одбрана била успешна и штетата е ограничена. Одлуката на Израел да нападне ирански воени цели дојде по неколкунеделни размислувања во неговиот безбедносен кабинет за природата и обемот на таквиот напад, информираа израелските власти. Пентагон денеска соопшти дека САД претходно биле информирани за нападите, но немале никакво учество во операцијата.

The post Израел го нападна Иран, експлозии и во главниот град Техеран appeared first on Република.

]]>
Американка со иранско потекло вработена во Пентагон е осомничена дека ги обелоденила израелските планови за напад врз Иран https://republika.mk/vesti/svet/amerikanka-so-iransko-poteklo-vrabotena-vo-pentagon-e-osomnichena-deka-gi-obelodenila-izraelskite-planovi-za-napad-vrz-iran/ Wed, 23 Oct 2024 19:17:00 +0000 https://republika.mk/?p=830316

Американката со иранско потекло, Аријана Табатабаи, е осомничена дека била личноста која ги обелоденила високо класифицираните американски документи во врска со плановите на Израел за воени напади врз Иран.

Табатабаи ја има позицијата началник на штабот на помошникот секретар за одбрана за специјални операции и офицер во поморското разузнавање на САД во Пентагон.

https://republika.mk/vesti/svet/kirbi-bajden-e-zagrizhen-poradi-objavuvaneto-na-tajnite-dokumenti-za-potentsijalniot-napad-na-izrael-vrz-iran/

The post Американка со иранско потекло вработена во Пентагон е осомничена дека ги обелоденила израелските планови за напад врз Иран appeared first on Република.

]]>

Американката со иранско потекло, Аријана Табатабаи, е осомничена дека била личноста која ги обелоденила високо класифицираните американски документи во врска со плановите на Израел за воени напади врз Иран. Табатабаи ја има позицијата началник на штабот на помошникот секретар за одбрана за специјални операции и офицер во поморското разузнавање на САД во Пентагон. https://republika.mk/vesti/svet/kirbi-bajden-e-zagrizhen-poradi-objavuvaneto-na-tajnite-dokumenti-za-potentsijalniot-napad-na-izrael-vrz-iran/

The post Американка со иранско потекло вработена во Пентагон е осомничена дека ги обелоденила израелските планови за напад врз Иран appeared first on Република.

]]>
САД го истражуваат протекувањето на строго тајни документи со детали за израелските планови за напад на Иран https://republika.mk/vesti/svet/sad-go-istrazhuvaat-protekuvaneto-na-strogo-tajni-dokumenti-so-detali-za-izraelskite-planovi-za-napad-na-iran/ Sun, 20 Oct 2024 17:03:27 +0000 https://republika.mk/?p=829215

Соединетите Држави го истражуваат протекувањето на два високо доверливи разузнавачки документи во кои се опишани израелските подготовки за одмазднички напади против Иран, изјави денеска претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон.

Документите, за кои се верува дека се подготвени од Националната агенција за геопросторно разузнавање, ги опишуваат американските толкувања на планираните дејствија на израелските воздухопловни сили и морнарицата врз основа на сателитски снимки направени на 15 и 16 октомври. Документите почнаа да циркулираат на апликацијата за пораки Телеграм минатата недела.

Израел планира одговор на иранскиот балистички ракетен напад на 1 октомври, кој беше втор директен напад врз земјата во последните шест месеци.

Запрашан за протекувањето на документите во интервју за американската телевизија Си-Ен-Ен, Џонсон рече „во тек е истрага и ќе дадам информации во рок од два часа“. „Внимателно го следиме (случајот)“, додаде тој.

„Њујорк тајмс“ објави дека официјални лица признале дека документите се автентични, но дека тие веројатно претставуваат само дел од информациите што САД ги имале за плановите на нивниот близок сојузник.

Првиот документ ги опишува подготовките на израелските воздухопловни сили за напад против Иран и втората вежба која вклучува употреба на големи вооружени сили. Вториот ги опиша подготовките за можни напади со беспилотни летала против Иран.

Американскиот претседател Џо Бајден, одговарајќи на прашања од новинарите минатата недела, рече дека има добра идеја кога и како Израел ќе го нападне Иран. Но, тој исто така рече дека гледа можност да ги прекине одмаздничките напади на двете непријателски земји.

 

The post САД го истражуваат протекувањето на строго тајни документи со детали за израелските планови за напад на Иран appeared first on Република.

]]>

Соединетите Држави го истражуваат протекувањето на два високо доверливи разузнавачки документи во кои се опишани израелските подготовки за одмазднички напади против Иран, изјави денеска претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон. Документите, за кои се верува дека се подготвени од Националната агенција за геопросторно разузнавање, ги опишуваат американските толкувања на планираните дејствија на израелските воздухопловни сили и морнарицата врз основа на сателитски снимки направени на 15 и 16 октомври. Документите почнаа да циркулираат на апликацијата за пораки Телеграм минатата недела. Израел планира одговор на иранскиот балистички ракетен напад на 1 октомври, кој беше втор директен напад врз земјата во последните шест месеци. Запрашан за протекувањето на документите во интервју за американската телевизија Си-Ен-Ен, Џонсон рече „во тек е истрага и ќе дадам информации во рок од два часа“. „Внимателно го следиме (случајот)“, додаде тој. „Њујорк тајмс“ објави дека официјални лица признале дека документите се автентични, но дека тие веројатно претставуваат само дел од информациите што САД ги имале за плановите на нивниот близок сојузник. Првиот документ ги опишува подготовките на израелските воздухопловни сили за напад против Иран и втората вежба која вклучува употреба на големи вооружени сили. Вториот ги опиша подготовките за можни напади со беспилотни летала против Иран. Американскиот претседател Џо Бајден, одговарајќи на прашања од новинарите минатата недела, рече дека има добра идеја кога и како Израел ќе го нападне Иран. Но, тој исто така рече дека гледа можност да ги прекине одмаздничките напади на двете непријателски земји.  

The post САД го истражуваат протекувањето на строго тајни документи со детали за израелските планови за напад на Иран appeared first on Република.

]]>
Г7: Иран да престане да ги поддржува Хамас, Хезболах и Хутите https://republika.mk/vesti/svet/g7-iran-da-prestane-da-gi-poddrzhuva-hamas-hezbolah-i-hutite/ Sat, 19 Oct 2024 18:31:35 +0000 https://republika.mk/?p=828918

Министрите за одбрана на Групата седум индустриски најразвиени земји (Г7) денеска упатија апел до Иран да престане да ја поддржува палестинската група Хамас, но и нејзините сојузници – Хезболах во Либан и Хутите во Јемен, кои се ангажирани на фронтовите против Израел.

Г7 апелира Иран да се воздржи од давање поддршка на Хамас, Хезболах, Хутите и другите недржавни актери, како и од преземање какви било дополнителни мерки кои би можеле да го дестабилизираат регионот и да иницираат процес на „неконтролирана“ ескалација, се наведува во заедничката изјава по состанокот во Неапол.

Министрите повикаа и на „значително и одржливо зголемување“ на хуманитарната помош за Појасот Газа.

Земјите од Г7 се обединети во нивната поддршка за потребата од итен прекин на огнот во Газа, ослободување на сите заложници, значително и одржливо зголемување на протокот на хуманитарна помош низ Појасот Газа и пат кон решение со две држави, се наведува во заедничка изјава.

Министрите ја потврдија својата „непоколеблива“ поддршка за Украина, вклучително и воена поддршка.

Ја потврдуваме нашата непоколеблива поддршка за слободата, суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина, сè додека е потребно. Ја нагласуваме нашата намера да продолжиме да обезбедуваме помош за Украина, вклучително и воена, на краток и долг рок, се додава во заедничката изјава.

Земји-членки на Г7 се САД, Франција, Германија, Италија, Канада, Велика Британија и Јапонија.

The post Г7: Иран да престане да ги поддржува Хамас, Хезболах и Хутите appeared first on Република.

]]>

Министрите за одбрана на Групата седум индустриски најразвиени земји (Г7) денеска упатија апел до Иран да престане да ја поддржува палестинската група Хамас, но и нејзините сојузници – Хезболах во Либан и Хутите во Јемен, кои се ангажирани на фронтовите против Израел. Г7 апелира Иран да се воздржи од давање поддршка на Хамас, Хезболах, Хутите и другите недржавни актери, како и од преземање какви било дополнителни мерки кои би можеле да го дестабилизираат регионот и да иницираат процес на „неконтролирана“ ескалација, се наведува во заедничката изјава по состанокот во Неапол. Министрите повикаа и на „значително и одржливо зголемување“ на хуманитарната помош за Појасот Газа. Земјите од Г7 се обединети во нивната поддршка за потребата од итен прекин на огнот во Газа, ослободување на сите заложници, значително и одржливо зголемување на протокот на хуманитарна помош низ Појасот Газа и пат кон решение со две држави, се наведува во заедничка изјава. Министрите ја потврдија својата „непоколеблива“ поддршка за Украина, вклучително и воена поддршка. Ја потврдуваме нашата непоколеблива поддршка за слободата, суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина, сè додека е потребно. Ја нагласуваме нашата намера да продолжиме да обезбедуваме помош за Украина, вклучително и воена, на краток и долг рок, се додава во заедничката изјава. Земји-членки на Г7 се САД, Франција, Германија, Италија, Канада, Велика Британија и Јапонија.

The post Г7: Иран да престане да ги поддржува Хамас, Хезболах и Хутите appeared first on Република.

]]>
Врховниот ирански командант беше „умрен“ па се појави како плаче на погреб https://republika.mk/vesti/svet/vrhovniot-iranski-komandant-beshe-umren-pa-se-pojavi-kako-plache-na-pogreb/ Tue, 15 Oct 2024 07:55:58 +0000 https://republika.mk/?p=826895

Есмаил Кани, врховниот командант на иранските сили Кудс, се уште е жив.Иронично, Кани беше снимен на погреб како седи во публика и плаче иако тој беше оној за кој се тврдеше дека е мртов во последните месеци.

Тој, наводно, се појавил на комеморацијата за висок командант на Револуционерната гарда убиен во Либан.

 

The post Врховниот ирански командант беше „умрен“ па се појави како плаче на погреб appeared first on Република.

]]>

Есмаил Кани, врховниот командант на иранските сили Кудс, се уште е жив.Иронично, Кани беше снимен на погреб како седи во публика и плаче иако тој беше оној за кој се тврдеше дека е мртов во последните месеци. Тој, наводно, се појавил на комеморацијата за висок командант на Револуционерната гарда убиен во Либан.
 

The post Врховниот ирански командант беше „умрен“ па се појави како плаче на погреб appeared first on Република.

]]>
Земјите од Заливот бараат од САД да го спречи Израел да ги нападне иранските нафтени постројки https://republika.mk/vesti/svet/zemjite-od-zalivot-baraat-od-sad-da-go-sprechi-izrael-da-gi-napadne-iranskite-nafteni-postrojki/ Fri, 11 Oct 2024 18:46:31 +0000 https://republika.mk/?p=825458

Земјите од Персискиот залив вршат притисок врз Вашингтон да го спречи Израел да изврши разорни напади врз иранските нафтени постројки.

Како што пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на извори, заливските земји се загрижени дека нивната сопствена нафтена инфраструктура би можела да стане цел на напади од ирански полномошници доколку конфликтот во регионот ескалира.

Во обид да избегнат вкрстен оган, земјите од Персискиот залив, вклучувајќи ги Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Катар, исто така одбиваат да му дозволат на Израел да го користи нивниот воздушен простор за каков било напад врз Иран, и го известиле Вашингтон за тоа, велат за „Ројтерс“ три извори блиски до владините кругови на заливските земји.

The post Земјите од Заливот бараат од САД да го спречи Израел да ги нападне иранските нафтени постројки appeared first on Република.

]]>

Земјите од Персискиот залив вршат притисок врз Вашингтон да го спречи Израел да изврши разорни напади врз иранските нафтени постројки. Како што пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на извори, заливските земји се загрижени дека нивната сопствена нафтена инфраструктура би можела да стане цел на напади од ирански полномошници доколку конфликтот во регионот ескалира. Во обид да избегнат вкрстен оган, земјите од Персискиот залив, вклучувајќи ги Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Катар, исто така одбиваат да му дозволат на Израел да го користи нивниот воздушен простор за каков било напад врз Иран, и го известиле Вашингтон за тоа, велат за „Ројтерс“ три извори блиски до владините кругови на заливските земји.

The post Земјите од Заливот бараат од САД да го спречи Израел да ги нападне иранските нафтени постројки appeared first on Република.

]]>
Каква ракета е „Јерихон 3“ со која Израел планира да го гаѓа Иран https://republika.mk/vesti/svet/kakva-raketa-e-jehrion-3-so-koja-izrael-planira-da-go-gaga-iran/ Tue, 08 Oct 2024 19:16:05 +0000 https://republika.mk/?p=823862

Израел планира балистички и хиперсоничен ракетен напад врз Иран. Според најавите,списокот на цели ги вклучува иранските нафтени и нуклеарни постројки, каде Израел би можел да користи електромагнетни боеви глави способни да уништуваат центрифуги за збогатување ураниум. Прва ракета е „ Jerihon 3“.

Ова оружје активира електромагнетен генератор на височина од 300 метри и ја оневозможува целата електронска опрема во радиус од 3,5 километри.

The post Каква ракета е „Јерихон 3“ со која Израел планира да го гаѓа Иран appeared first on Република.

]]>

Израел планира балистички и хиперсоничен ракетен напад врз Иран. Според најавите,списокот на цели ги вклучува иранските нафтени и нуклеарни постројки, каде Израел би можел да користи електромагнетни боеви глави способни да уништуваат центрифуги за збогатување ураниум. Прва ракета е „ Jerihon 3“. Ова оружје активира електромагнетен генератор на височина од 300 метри и ја оневозможува целата електронска опрема во радиус од 3,5 километри.

The post Каква ракета е „Јерихон 3“ со која Израел планира да го гаѓа Иран appeared first on Република.

]]>
Не ја тестирајте нашата волја, му порача Иран на Израел https://republika.mk/vesti/svet/ne-ja-testirajte-nashata-volja-mu-poracha-iran-na-izrael/ Tue, 08 Oct 2024 09:11:37 +0000 https://republika.mk/?p=824087

Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, го предупреди Израел да не ја „тестира“ волјата на Техеран за можни воени напади како форма на одмазда за ракетниот напад што Иран го изврши против Израел минатата недела.

Нашите ракети можат да ги исполнат сите свои цели. Ќе одговориме на секој напад врз нашите институции или инфраструктура, рече Арагчи на конференцијата на која се разговараше за влијанието на нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, пренесе Ал Џезира.

Тој посочи дека Иран ќе продолжи да го поддржува ставот дека Палестинците треба да имаат своја држава.

The post Не ја тестирајте нашата волја, му порача Иран на Израел appeared first on Република.

]]>

Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, го предупреди Израел да не ја „тестира“ волјата на Техеран за можни воени напади како форма на одмазда за ракетниот напад што Иран го изврши против Израел минатата недела. Нашите ракети можат да ги исполнат сите свои цели. Ќе одговориме на секој напад врз нашите институции или инфраструктура, рече Арагчи на конференцијата на која се разговараше за влијанието на нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, пренесе Ал Џезира. Тој посочи дека Иран ќе продолжи да го поддржува ставот дека Палестинците треба да имаат своја држава.

The post Не ја тестирајте нашата волја, му порача Иран на Израел appeared first on Република.

]]>
Нешто се подготвува: Откажани летовите над Иран https://republika.mk/vesti/svet/neshto-se-podgotvuva-otkazhani-letovite-nad-iran/ Sun, 06 Oct 2024 18:10:23 +0000 https://republika.mk/?p=823594

Портпаролот на Иранската организација за цивилно воздухопловство потврди дека летовите на неколку аеродроми во земјата ќе бидат суспендирани од 21:00 часот вечерва до 5:00 часот утре наутро.

Портпаролот изјави дека се работи за „оперативни ограничувања“ без да наведе повеќе детали.

Во исто време, и тунелите Тохид и Ресалат во Техеран ќе бидат затворени.

Оваа одлука е донесена откако Израел најави напад врз Иран како одговор на лансирањето балистички ракети кон израелските воени бази од страна на Иран.

Претходно денеска, иранскиот министер за нафта Мохсен Пакнеџад ги посети најголемите нафтени постројки во земјата и се состана со највисокиот воен командант на Корпусот на гардата на Исламската револуција во областа за да разговара за безбедноста на локацијат

The post Нешто се подготвува: Откажани летовите над Иран appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на Иранската организација за цивилно воздухопловство потврди дека летовите на неколку аеродроми во земјата ќе бидат суспендирани од 21:00 часот вечерва до 5:00 часот утре наутро. Портпаролот изјави дека се работи за „оперативни ограничувања“ без да наведе повеќе детали. Во исто време, и тунелите Тохид и Ресалат во Техеран ќе бидат затворени. Оваа одлука е донесена откако Израел најави напад врз Иран како одговор на лансирањето балистички ракети кон израелските воени бази од страна на Иран. Претходно денеска, иранскиот министер за нафта Мохсен Пакнеџад ги посети најголемите нафтени постројки во земјата и се состана со највисокиот воен командант на Корпусот на гардата на Исламската револуција во областа за да разговара за безбедноста на локацијат

The post Нешто се подготвува: Откажани летовите над Иран appeared first on Република.

]]>
Израелската војска се закани дека одговорот на иранскиот напад ќе биде „сериозен и значаен“ https://republika.mk/vesti/svet/izraelskata-vojska-se-zakani-deka-odgovorot-na-iranskiot-napad-ke-bide-seriozen-i-znachaen/ Sat, 05 Oct 2024 19:38:52 +0000 https://republika.mk/?p=823272

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека планираат да одговорат на иранскиот балистички ракетен напад врз Израел во вторникот и предупредија дека одговорот ќе биде „сериозен и значаен“.

ИДФ наведува дека иранскиот напад со над 180 балистички ракети врз Израел „ќе има последици“.

„Тајмс оф Израел“ пренесе дека нападот предизвикал штети низ Израел, вклучително и врз израелски воздухопловни бази, иако војската соопшти дека не биле погодени авиони или критична инфраструктура.

Истовремено, израелската армија посочува дека копнената операција во јужен Либан е „ограничена и локализирана“ и дека во рамките на неа се извршуваат наменски напади за уништување на инфраструктурата на либанската група Хезболах во пограничната област, особено во села во близина на израелската граница со цел да им се овозможи на жителите на север од Израел да се вратат дома.

Но, ИДФ додава дека операциите во јужен Либан ќе се прошират на поголема област доколку се покаже за потребно и покрај тоа што има намера да ги прекине операциите што е можно поскоро.

Иран во вторникот лансираше повеќе од 180 ракети кон Израел, како одговор на убиствата на лидерите на Хезболах и Хамас, како и за израелската агресија во Газа и Либан.

Во својата првична реакција, уште во вторникот вечерта, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека Иран ќе „плати“ за нападот.

The post Израелската војска се закани дека одговорот на иранскиот напад ќе биде „сериозен и значаен“ appeared first on Република.

]]>

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека планираат да одговорат на иранскиот балистички ракетен напад врз Израел во вторникот и предупредија дека одговорот ќе биде „сериозен и значаен“. ИДФ наведува дека иранскиот напад со над 180 балистички ракети врз Израел „ќе има последици“. „Тајмс оф Израел“ пренесе дека нападот предизвикал штети низ Израел, вклучително и врз израелски воздухопловни бази, иако војската соопшти дека не биле погодени авиони или критична инфраструктура. Истовремено, израелската армија посочува дека копнената операција во јужен Либан е „ограничена и локализирана“ и дека во рамките на неа се извршуваат наменски напади за уништување на инфраструктурата на либанската група Хезболах во пограничната област, особено во села во близина на израелската граница со цел да им се овозможи на жителите на север од Израел да се вратат дома. Но, ИДФ додава дека операциите во јужен Либан ќе се прошират на поголема област доколку се покаже за потребно и покрај тоа што има намера да ги прекине операциите што е можно поскоро. Иран во вторникот лансираше повеќе од 180 ракети кон Израел, како одговор на убиствата на лидерите на Хезболах и Хамас, како и за израелската агресија во Газа и Либан. Во својата првична реакција, уште во вторникот вечерта, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека Иран ќе „плати“ за нападот.

The post Израелската војска се закани дека одговорот на иранскиот напад ќе биде „сериозен и значаен“ appeared first on Република.

]]>
Вашингтон пост: Над 20 ирански проектили погодија две воени бази во Израел https://republika.mk/vesti/svet/vashington-post-nad-20-iranski-proektili-pogodija-dve-voeni-bazi-vo-izrael/ Fri, 04 Oct 2024 18:56:10 +0000 https://republika.mk/?p=822868

Повеќе од 20 од речиси 180 проектили што Иран ги истрела кон Израел во вторникот ја пробиле противвоздушната одбрана и паднале во близина на најмалку три воени и една разузнавачка локација, пишува Вашингтон пост.

Весникот ја потврди видео снимката на која се гледа како 20 ракети ја погодуваат воздушната база Неватим во јужен Израел и три во базата Тел Ноф во централниот дел на земјата.

На други видеа може да се види дека најмалку две ракети паднале во близина на седиштето на израелската разузнавачка агенција Мосад во Глилот, јавуваат израелските медиуми.

Израелската војска во средата потврди дека некои воздушни бази биле погодени од голем ирански балистички ракетен напад претходната ноќ, но нагласи дека нема штета во функционирањето на израелските воздухопловни сили.

 

The post Вашингтон пост: Над 20 ирански проектили погодија две воени бази во Израел appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 20 од речиси 180 проектили што Иран ги истрела кон Израел во вторникот ја пробиле противвоздушната одбрана и паднале во близина на најмалку три воени и една разузнавачка локација, пишува Вашингтон пост. Весникот ја потврди видео снимката на која се гледа како 20 ракети ја погодуваат воздушната база Неватим во јужен Израел и три во базата Тел Ноф во централниот дел на земјата. На други видеа може да се види дека најмалку две ракети паднале во близина на седиштето на израелската разузнавачка агенција Мосад во Глилот, јавуваат израелските медиуми. Израелската војска во средата потврди дека некои воздушни бази биле погодени од голем ирански балистички ракетен напад претходната ноќ, но нагласи дека нема штета во функционирањето на израелските воздухопловни сили.  

The post Вашингтон пост: Над 20 ирански проектили погодија две воени бази во Израел appeared first on Република.

]]>
Одговорот овојпат ќе биде пожесток: Иран не сака војна, но е принуден да реагира, вели иранскиот претседател https://republika.mk/vesti/svet/odgovorot-ovojpat-ke-bide-pozhestok-iran-ne-saka-vojna-no-e-prinuden-da-reagira-veli-iranskiot-pretsedatel/ Thu, 03 Oct 2024 09:08:17 +0000 https://republika.mk/?p=822120

Иран „не бара војна“, но Израел го принудува да реагира, рече иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.

Говорејќи на прес-конференција во Доха, Катар, тој предупреди дека Иран „ќе даде пожесток одговор“ доколку Израел возврати на вчерашните напади.

Тој рече дека целта на Израел е да шири насилство во регионот и го обвини Израел дека не сака мир, додека, според него, Иран сака да го спречи и запре насилството.

Извори од израелската влада најавија дека Тел Авив размислува за силна одмазда, вклучително и со напад врз нафтените постројки на Иран. Аналитичарите сметаат дека САД ќе пробаат да го разубедат Израел во големината на операцијата.

Емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани денеска изјави дека кризата на Блискиот Исток е „колективен геноцид“ и дека неговата земја секогаш предупредувала за „неказнувањето“ на Израел.

Стана кристално јасно дека она што се случува е геноцид, заедно со претворање на Појасот Газа во област непогодна за човечки живот, како подготовка за раселување – рече тој за време на самитот на Азискиот дијалог за соработка во Доха.

Либанскиот амбасадор во Велика Британија за Би-Би-Си изјави дека „Израел го избра патот на ескалација во многу нестабилен и опасен регион. Ја отвори Пандорината кутија“. Рами Мортада вели дека „Либан сака дипломатско решение“, но дека „жешките глави во Израел избрале поинаков пат“.

Израел главно ги концентрираше своите воздушни напади на југот и на истокот на Либан, како и на јужните предградија на Бејрут, каде што се главните упоришта на Хезболах.

Најмалку 6 луѓе загинаа во денешниот израелски воздушен напад врз центарот на главниот град на Либан, Бејрут. Израелската армија (ИДФ) соопшти дека извршила прецизен воздушен напад врз зграда во квартот Бачура, кој е во близина на Парламентот.

Според „Гардијан“, израелската војска погодила медицински центар на Исламската здравствена организација поврзана со Хезболах, што е втор воздушен напад врз центарот на Бејрут оваа недела.

Околу 15 членови на Хезболах се убиени во напад во јужен Либан, соопшти израелската војска, додавајќи дека борците биле убиени во напад на општинската зграда во Бинт Џбеил. Се вели дека милитантна група оперирала и складирала големо количество оружје во зградата.

Сè повеќе земји се подготвуваат да ги евакуираат своите граѓани од Либан и ги повикуваат оние кои останале да ја напуштат земјата поради ескалацијата на ситуацијата.

 

The post Одговорот овојпат ќе биде пожесток: Иран не сака војна, но е принуден да реагира, вели иранскиот претседател appeared first on Република.

]]>

Иран „не бара војна“, но Израел го принудува да реагира, рече иранскиот претседател Масуд Пезешкијан. Говорејќи на прес-конференција во Доха, Катар, тој предупреди дека Иран „ќе даде пожесток одговор“ доколку Израел возврати на вчерашните напади. Тој рече дека целта на Израел е да шири насилство во регионот и го обвини Израел дека не сака мир, додека, според него, Иран сака да го спречи и запре насилството. Извори од израелската влада најавија дека Тел Авив размислува за силна одмазда, вклучително и со напад врз нафтените постројки на Иран. Аналитичарите сметаат дека САД ќе пробаат да го разубедат Израел во големината на операцијата. Емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани денеска изјави дека кризата на Блискиот Исток е „колективен геноцид“ и дека неговата земја секогаш предупредувала за „неказнувањето“ на Израел. Стана кристално јасно дека она што се случува е геноцид, заедно со претворање на Појасот Газа во област непогодна за човечки живот, како подготовка за раселување – рече тој за време на самитот на Азискиот дијалог за соработка во Доха. Либанскиот амбасадор во Велика Британија за Би-Би-Си изјави дека „Израел го избра патот на ескалација во многу нестабилен и опасен регион. Ја отвори Пандорината кутија“. Рами Мортада вели дека „Либан сака дипломатско решение“, но дека „жешките глави во Израел избрале поинаков пат“. Израел главно ги концентрираше своите воздушни напади на југот и на истокот на Либан, како и на јужните предградија на Бејрут, каде што се главните упоришта на Хезболах. Најмалку 6 луѓе загинаа во денешниот израелски воздушен напад врз центарот на главниот град на Либан, Бејрут. Израелската армија (ИДФ) соопшти дека извршила прецизен воздушен напад врз зграда во квартот Бачура, кој е во близина на Парламентот. Според „Гардијан“, израелската војска погодила медицински центар на Исламската здравствена организација поврзана со Хезболах, што е втор воздушен напад врз центарот на Бејрут оваа недела. Околу 15 членови на Хезболах се убиени во напад во јужен Либан, соопшти израелската војска, додавајќи дека борците биле убиени во напад на општинската зграда во Бинт Џбеил. Се вели дека милитантна група оперирала и складирала големо количество оружје во зградата. Сè повеќе земји се подготвуваат да ги евакуираат своите граѓани од Либан и ги повикуваат оние кои останале да ја напуштат земјата поради ескалацијата на ситуацијата.  

The post Одговорот овојпат ќе биде пожесток: Иран не сака војна, но е принуден да реагира, вели иранскиот претседател appeared first on Република.

]]>
Најава од Израел: Израелскиот одговор на иранскиот ракетен напад ќе има за цел да предизвика значителна финансиска штета https://republika.mk/vesti/svet/najava-od-izrael-izraelskiot-odgovor-na-iranskiot-raketen-napad-ke-ima-za-tsel-da-predizvika-znachitelna-finansiska-shteta/ Wed, 02 Oct 2024 21:12:33 +0000 https://republika.mk/?p=821972

На состанок на комитетот за безбедност на израелската влада е договорено Израел силно да одговори на вчерашниот ирански ракетен напад, јавуваат израелските медиуми.

Состанокот го свикал претседателот Бенјамин Нетанјаху, а на видеото објавено од неговиот кабинет се гледа дека присуствувале директорот на израелската безбедносна служба Шин Бет, Ронен Бар, потоа директорот на Мосад, Дејвид Барнеа, началникот на Генералштабот, Херци Халеви и министерот за одбрана Јоав Галант.

Одговорот на Израел на иранскиот ракетен напад ќе има за цел да предизвика „значителна финансиска штета“, објави „Тајмс оф Израел“.

The post Најава од Израел: Израелскиот одговор на иранскиот ракетен напад ќе има за цел да предизвика значителна финансиска штета appeared first on Република.

]]>

На состанок на комитетот за безбедност на израелската влада е договорено Израел силно да одговори на вчерашниот ирански ракетен напад, јавуваат израелските медиуми. Состанокот го свикал претседателот Бенјамин Нетанјаху, а на видеото објавено од неговиот кабинет се гледа дека присуствувале директорот на израелската безбедносна служба Шин Бет, Ронен Бар, потоа директорот на Мосад, Дејвид Барнеа, началникот на Генералштабот, Херци Халеви и министерот за одбрана Јоав Галант.
Одговорот на Израел на иранскиот ракетен напад ќе има за цел да предизвика „значителна финансиска штета“, објави „Тајмс оф Израел“.

The post Најава од Израел: Израелскиот одговор на иранскиот ракетен напад ќе има за цел да предизвика значителна финансиска штета appeared first on Република.

]]>