ипард 3 Archives - Република https://republika.mk/tema/ipard-3/ За подобро да се разбереме Fri, 20 Sep 2024 16:49:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ипард 3 Archives - Република https://republika.mk/tema/ipard-3/ 32 32 Доделени договори од ИПАРД 3 програмата за 2021-2027 година https://republika.mk/vesti/ekonomija/dodeleni-dogovori-od-ipard-3-programata-za-2021-2027-godina/ Fri, 20 Sep 2024 16:49:00 +0000 https://republika.mk/?p=818279

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, денеска, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој, Илија Стоилев додели договори од ИПАРД 3 програмата за 2021-2027.

Договорите се однесуваат на мерката 1, Инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства  и мерката 7, Диверзификација на фарми и развој на бизниси. Финансиската поддршка се состои од 75 отсто средства од ЕУ буџетот и 25 проценти средства обезбедени од буџетот на државата. Вкупната финансиската поддршка за мерката 1 изнесува 18.893.333 евра, односно 1.171.764.533 денари, додека за мерката 7 е 11.400.000 евра или 707.028.000 денари.

Денеска се потпишаа 30 договори од вкупно 76 од мерката 1 за кои вкупно прифатливите трошоци по договор изнесуваат 214.737.900,00 денари односно 3.494.514 евра, додека кофинансираната сума изнесува 141.279.000,00 денари односно 2.299.000 евра. Од мерката 7 се пишуваат 6 договори за кои вкупно прифатливите трошоци по договор изнесуваат 90.379.675,00 денари, а додека кофинансираната сума изнесува 54.488.543,00 денари, односно 886.713,00 евра. Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство веруваат во потенцијалот на македонското земјоделство а со тоа и на земјоделците.  Континуирано се прават заложби за подеднаков развој на земјоделството на секој дел од државата, наведува МЗШВ.

The post Доделени договори од ИПАРД 3 програмата за 2021-2027 година appeared first on Република.

]]>

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, денеска, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој, Илија Стоилев додели договори од ИПАРД 3 програмата за 2021-2027. Договорите се однесуваат на мерката 1, Инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства  и мерката 7, Диверзификација на фарми и развој на бизниси. Финансиската поддршка се состои од 75 отсто средства од ЕУ буџетот и 25 проценти средства обезбедени од буџетот на државата. Вкупната финансиската поддршка за мерката 1 изнесува 18.893.333 евра, односно 1.171.764.533 денари, додека за мерката 7 е 11.400.000 евра или 707.028.000 денари.
Денеска се потпишаа 30 договори од вкупно 76 од мерката 1 за кои вкупно прифатливите трошоци по договор изнесуваат 214.737.900,00 денари односно 3.494.514 евра, додека кофинансираната сума изнесува 141.279.000,00 денари односно 2.299.000 евра. Од мерката 7 се пишуваат 6 договори за кои вкупно прифатливите трошоци по договор изнесуваат 90.379.675,00 денари, а додека кофинансираната сума изнесува 54.488.543,00 денари, односно 886.713,00 евра. Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство веруваат во потенцијалот на македонското земјоделство а со тоа и на земјоделците.  Континуирано се прават заложби за подеднаков развој на земјоделството на секој дел од државата, наведува МЗШВ.

The post Доделени договори од ИПАРД 3 програмата за 2021-2027 година appeared first on Република.

]]>
Доделени првите договори за мерките 1 и 7 од ИПАРД 3 https://republika.mk/vesti/ekonomija/dodeleni-prvite-dogovori-za-merkite-1-i-7-od-ipard-3/ Thu, 16 May 2024 14:40:20 +0000 https://republika.mk/?p=778909

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски денеска доделија 33 договори, први за мерките 1 и 7 од новата ИПАРД 3 програма.

На првиот јавен повик од ИПАРД 3, кој беше објавен од 1 септември до 30 октомври 2023 година со буџет од 30 милиони евра, пристигнале над 1.160 апликации со финансиски побарувања три пати поголеми од објавениот буџет, односно над 90 милиони евра.

Радува фактот што добивме апликации во вредност од неколку пати поголем износ од расположливиот буџет, што говори за интересот и подготвеноста и на земјоделците и на сите корисници на мерките од ИПАРД 3 програмата. Нас тоа особено ни значи и е потврда на успехот, кој е резултат на многу енергија, труд, работа и посветеност на платежната агенција, на телото за управување со ИПАРД и сите вклучени во процесот, рече Николовски.

Николовски нагласи дека Македонија е прва земја пред Турција, Србија, Црна Гора, Албанија и пред сите земји кориснички на ИПАРД, која склучува договори за ИПАРД 3 програмата.

Токму заради таа успешност во претходниот период Европската комисија за 62 проценти го зголеми буџетот за ИПАРД 3 програмата за Македонија и на располагање ни дава ококу 97 милиони евра. Но, ако на овие средства се додаде и националното кофинансирање и она што корисниците со потпишувањето и реализирањето на договорите го реалиизраат ќе дојдеме повторно до износ од над 200 милиони евра, кои ќе бидат инвестирани во македонското земјоделство следните неколку години, истакна Николовски.

Тој забележа дека тоа е резултат на макотрпната работа и присуство на сите структури на терен, организиран информативни денови и приближување на ИПАРД 3 програмата и мерките до корисниците, како и градење доверба меѓу институциите надлежни за ова и корисниците.

Она што сме лидери и најподготвени во делот на искористеност на ИПАРД 3 програмата ќе биде јасен сигнал и порака до Брисел, дека нас ни требаат многу повеќе средства заради тоа што сме единствената земја која покажа и докажа дека може во секторот земјоделство максимално да ги искористи овие средства, подвлече Николовски.

Директорот на АФПЗРР, Бачовски информира дека Агенцијата изготвила 44 договори чии прифатливи инвестиции се во вредност од шест милиони евра. Тие проекти по нивната реализација ќе бидат ко-финансирани од ИПАРД фондот со 3,7 милиони евра или 60 отсто од вкупната инвестиција.

Во периодот што следи продолжуваме со подготовка на останатите договори. Очекуваме дека околу 400 физички и правни лица ќе бидат поддржани во нивните инвестиции од страна на ИПАРД за што се определени 30 милиони евра како буџет обезбеден од Европската унија со учество од 75 отсто и 25 проценти поддршка од македонскиот буџет, појасни Бачовски.

Според него, ИПАРД е веќе широко препознаена програма, кај земјоделците, агро секторот и сите бизниси кои оперираат во руралните средини, која значително може да им помогне во делот на модернизација на земјоделската механизација, подигање на нови насади и модерни системи за наводнување, изградба на винарии, преработувачки капацитети, поддршка на бизнисте во руралните средини, рурален туризам, алтернативно земјоделство....

Проектите за кои се изготвени договори за мерките 1 и 7 од ИПАРД 3 програмата опфаќаат инвестиции во трактори, земјоделска механизација, изградба на центри за производство на посадочен материјал, објекти за производство на ПВЦ и алуминиум, домови за стари лица, ресторани и хотели во рурални средини.

The post Доделени првите договори за мерките 1 и 7 од ИПАРД 3 appeared first on Република.

]]>

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски денеска доделија 33 договори, први за мерките 1 и 7 од новата ИПАРД 3 програма. На првиот јавен повик од ИПАРД 3, кој беше објавен од 1 септември до 30 октомври 2023 година со буџет од 30 милиони евра, пристигнале над 1.160 апликации со финансиски побарувања три пати поголеми од објавениот буџет, односно над 90 милиони евра.
Радува фактот што добивме апликации во вредност од неколку пати поголем износ од расположливиот буџет, што говори за интересот и подготвеноста и на земјоделците и на сите корисници на мерките од ИПАРД 3 програмата. Нас тоа особено ни значи и е потврда на успехот, кој е резултат на многу енергија, труд, работа и посветеност на платежната агенција, на телото за управување со ИПАРД и сите вклучени во процесот, рече Николовски.
Николовски нагласи дека Македонија е прва земја пред Турција, Србија, Црна Гора, Албанија и пред сите земји кориснички на ИПАРД, која склучува договори за ИПАРД 3 програмата.
Токму заради таа успешност во претходниот период Европската комисија за 62 проценти го зголеми буџетот за ИПАРД 3 програмата за Македонија и на располагање ни дава ококу 97 милиони евра. Но, ако на овие средства се додаде и националното кофинансирање и она што корисниците со потпишувањето и реализирањето на договорите го реалиизраат ќе дојдеме повторно до износ од над 200 милиони евра, кои ќе бидат инвестирани во македонското земјоделство следните неколку години, истакна Николовски.
Тој забележа дека тоа е резултат на макотрпната работа и присуство на сите структури на терен, организиран информативни денови и приближување на ИПАРД 3 програмата и мерките до корисниците, како и градење доверба меѓу институциите надлежни за ова и корисниците.
Она што сме лидери и најподготвени во делот на искористеност на ИПАРД 3 програмата ќе биде јасен сигнал и порака до Брисел, дека нас ни требаат многу повеќе средства заради тоа што сме единствената земја која покажа и докажа дека може во секторот земјоделство максимално да ги искористи овие средства, подвлече Николовски.
Директорот на АФПЗРР, Бачовски информира дека Агенцијата изготвила 44 договори чии прифатливи инвестиции се во вредност од шест милиони евра. Тие проекти по нивната реализација ќе бидат ко-финансирани од ИПАРД фондот со 3,7 милиони евра или 60 отсто од вкупната инвестиција.
Во периодот што следи продолжуваме со подготовка на останатите договори. Очекуваме дека околу 400 физички и правни лица ќе бидат поддржани во нивните инвестиции од страна на ИПАРД за што се определени 30 милиони евра како буџет обезбеден од Европската унија со учество од 75 отсто и 25 проценти поддршка од македонскиот буџет, појасни Бачовски.
Според него, ИПАРД е веќе широко препознаена програма, кај земјоделците, агро секторот и сите бизниси кои оперираат во руралните средини, која значително може да им помогне во делот на модернизација на земјоделската механизација, подигање на нови насади и модерни системи за наводнување, изградба на винарии, преработувачки капацитети, поддршка на бизнисте во руралните средини, рурален туризам, алтернативно земјоделство.... Проектите за кои се изготвени договори за мерките 1 и 7 од ИПАРД 3 програмата опфаќаат инвестиции во трактори, земјоделска механизација, изградба на центри за производство на посадочен материјал, објекти за производство на ПВЦ и алуминиум, домови за стари лица, ресторани и хотели во рурални средини.

The post Доделени првите договори за мерките 1 и 7 од ИПАРД 3 appeared first on Република.

]]>
Николовски: Усвоена новата ИПАРД 3 Програма за Македонија со над 60% повисок буџет https://republika.mk/vesti/ekonomija/nikolovski-usvoena-novata-ipard-3-programa-za-makedonija-so-nad-60-povisok-budzet/ Sat, 12 Mar 2022 20:45:23 +0000 https://republika.mk/?p=471900

Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), Љупо Николовски, изјави дека Европската комисија ја усвоила новата ИПАРД 3 Програма за Македонија.

Николовски посочи дека Европската комисија ја препознава посветеноста на МЗШВ, телото за управување со ИПАРД и на Платежната агенција за успешна искористеност на мерките од претходната ИПАРД 2 програма и затоа буџетот за ИПАРД 3 се очекува да биде за над 60 отсто поголем од ИПАРД 2.

Преку максимална искористеност на ИПАРД Програмата, го развиваме и зајакнуваме македонското производство, со цел попрофитабилно и конкурентно земјоделство како основа за развој на македонската економија. Нашата држава е лидер во регионот по искористеност на ИПАРД. ИПАРД 2 ќе биде целосно искористен и досега се склучени 2.270 договори со вкупна вредност на инвестиции од 70 милиони евра. Она што очекуваме со ИПАРД 3 програмата во следните 7 години,заедно со кофинансирањето од самите апликанти е да 250 милиони се инвестираат во македонското земјоделството, агропреработувачката индустрија и руралниот развој.И тоа се рекордни средства кои ќе влезат во развојни проекти во инвестиции ви преработувачки капацитети - изјави министерот Николовски.

Николовски посочи дека се воведуваат повеќе нови при аплицирањето за ИПАРД 3 Програмата. Новина во ИПАРД 3 ќе биде предфинансирањето на инвестициите. Конкретно, секој корисник, кој ќе аплицира ќе има можност да добие 30 до 50 отсто веднаш по потпишувањето на договорот, а пред да започне со инвестиција. Исто така корисник на ИПАРД ќе може да се биде т.н. здружено-правно лице за колективни инвестиции во примарно производство или преработувачка индустрија, со што се отвора опцијата за мерките да конкурираат задруги, организација или група производители, правно лице формирано од повеќе индивидуални производители регистрирани во МЗШВ, како и правно лице формирано од здружение или асоцијација. Со новата ИПАРД 3 Програма, се планира да се зголеми и прагот на минимална инвестиција што досега беше на многу ниско ниво.

Во ИПАРД 3 ќе продолжат мерките за инвестиции во примарното земјоделско производство (мерка 1), преработка на земјоделски производи (мерка 3) и развој на различни деловни активности (мерка 7) во рурални средини како инвестиции за производство на прехранбени производи, текстил, преработка на дрво, дестилари, изградба на хотели, градинки, домови за стари лица и друго. За оваа намена, веќе во првиот повик од ИПАРД 3, обезбедени се над 35 милиони евра за потенцијалните корисници на ИПАРД 3, кој ќе се објави во последниот квартал од годинава.

ИПАРД 3 Програмата ќе стратува со четири нови мерки кои значат нови инвестиции за модернизација на македонското земјоделство. „Инвестиции во рурална јавна инфраструктура“ преку која општините ќе можат да користат финансиска поддршка за изградба на инфраструктурни објекти, изградба на локална патна инфраструктура, системи за водоснабдување, канализациони системи и слично. Со мерката „Агро-екологија-клима и органско производство“, се озвозможуваат инвестици во агро-еколошки мерки како што е затревување на овошни насади и ротација на култури во градинарството и финансирање на органското земјоделско производството, односно конверзијата од конвенционално во органско производство. Со оваа мерка ќе се стимулира еколошкото земјоделско производство, во согласност со тековните насоки и трендови во ЕУ.

 

Во новата ИПАРД 3 има мерка и за Локалните акциски групи со која ќе се финансира работата на Локалните Акциски Групи (ЛАГ-ови) кои постојат во земјата, како и проекти од помал обем на ЛАГ-овите кои се дел од нивните стратегии за локален економски развој. За уште поголема искористеност на европските фондови, во ИПАРД 3 има мерка за поддршка за „Советодавни услуги“. Со оваа мерка се овозможува финансиска поддршка за надградба и усовршување на советодавните услуги што ги нуди Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделството, особено во делот на помош на земјоделците за пополнување на барањата за ИПАРД, како и следење на реализацијата на финансираните инвестиции, совети за воведување на нови иновативни технологии, агро-еколошко производство и слично - изјави Николовски.

Тој ја посети компанијата „БАКО“ којашто е корисник на ИПАРД 2 програмата. Оваа
компанија со помош на европските фондови инвестирала во набавка на модерна опрема потребна за производството.

Инвестицијата е во вредност од 18,3 милиони евра, а поддршката од ИПАРД над 9 милиони денари. Сопственикот на команијата посочи дека веќе планираат да конкурираат и за новата ИПАРД 3 програма.

The post Николовски: Усвоена новата ИПАРД 3 Програма за Македонија со над 60% повисок буџет appeared first on Република.

]]>

Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), Љупо Николовски, изјави дека Европската комисија ја усвоила новата ИПАРД 3 Програма за Македонија. Николовски посочи дека Европската комисија ја препознава посветеноста на МЗШВ, телото за управување со ИПАРД и на Платежната агенција за успешна искористеност на мерките од претходната ИПАРД 2 програма и затоа буџетот за ИПАРД 3 се очекува да биде за над 60 отсто поголем од ИПАРД 2.
Преку максимална искористеност на ИПАРД Програмата, го развиваме и зајакнуваме македонското производство, со цел попрофитабилно и конкурентно земјоделство како основа за развој на македонската економија. Нашата држава е лидер во регионот по искористеност на ИПАРД. ИПАРД 2 ќе биде целосно искористен и досега се склучени 2.270 договори со вкупна вредност на инвестиции од 70 милиони евра. Она што очекуваме со ИПАРД 3 програмата во следните 7 години,заедно со кофинансирањето од самите апликанти е да 250 милиони се инвестираат во македонското земјоделството, агропреработувачката индустрија и руралниот развој.И тоа се рекордни средства кои ќе влезат во развојни проекти во инвестиции ви преработувачки капацитети - изјави министерот Николовски.
Николовски посочи дека се воведуваат повеќе нови при аплицирањето за ИПАРД 3 Програмата. Новина во ИПАРД 3 ќе биде предфинансирањето на инвестициите. Конкретно, секој корисник, кој ќе аплицира ќе има можност да добие 30 до 50 отсто веднаш по потпишувањето на договорот, а пред да започне со инвестиција. Исто така корисник на ИПАРД ќе може да се биде т.н. здружено-правно лице за колективни инвестиции во примарно производство или преработувачка индустрија, со што се отвора опцијата за мерките да конкурираат задруги, организација или група производители, правно лице формирано од повеќе индивидуални производители регистрирани во МЗШВ, како и правно лице формирано од здружение или асоцијација. Со новата ИПАРД 3 Програма, се планира да се зголеми и прагот на минимална инвестиција што досега беше на многу ниско ниво. Во ИПАРД 3 ќе продолжат мерките за инвестиции во примарното земјоделско производство (мерка 1), преработка на земјоделски производи (мерка 3) и развој на различни деловни активности (мерка 7) во рурални средини како инвестиции за производство на прехранбени производи, текстил, преработка на дрво, дестилари, изградба на хотели, градинки, домови за стари лица и друго. За оваа намена, веќе во првиот повик од ИПАРД 3, обезбедени се над 35 милиони евра за потенцијалните корисници на ИПАРД 3, кој ќе се објави во последниот квартал од годинава.
ИПАРД 3 Програмата ќе стратува со четири нови мерки кои значат нови инвестиции за модернизација на македонското земјоделство. „Инвестиции во рурална јавна инфраструктура“ преку која општините ќе можат да користат финансиска поддршка за изградба на инфраструктурни објекти, изградба на локална патна инфраструктура, системи за водоснабдување, канализациони системи и слично. Со мерката „Агро-екологија-клима и органско производство“, се озвозможуваат инвестици во агро-еколошки мерки како што е затревување на овошни насади и ротација на култури во градинарството и финансирање на органското земјоделско производството, односно конверзијата од конвенционално во органско производство. Со оваа мерка ќе се стимулира еколошкото земјоделско производство, во согласност со тековните насоки и трендови во ЕУ.   Во новата ИПАРД 3 има мерка и за Локалните акциски групи со која ќе се финансира работата на Локалните Акциски Групи (ЛАГ-ови) кои постојат во земјата, како и проекти од помал обем на ЛАГ-овите кои се дел од нивните стратегии за локален економски развој. За уште поголема искористеност на европските фондови, во ИПАРД 3 има мерка за поддршка за „Советодавни услуги“. Со оваа мерка се овозможува финансиска поддршка за надградба и усовршување на советодавните услуги што ги нуди Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделството, особено во делот на помош на земјоделците за пополнување на барањата за ИПАРД, како и следење на реализацијата на финансираните инвестиции, совети за воведување на нови иновативни технологии, агро-еколошко производство и слично - изјави Николовски.
Тој ја посети компанијата „БАКО“ којашто е корисник на ИПАРД 2 програмата. Оваа компанија со помош на европските фондови инвестирала во набавка на модерна опрема потребна за производството. Инвестицијата е во вредност од 18,3 милиони евра, а поддршката од ИПАРД над 9 милиони денари. Сопственикот на команијата посочи дека веќе планираат да конкурираат и за новата ИПАРД 3 програма.

The post Николовски: Усвоена новата ИПАРД 3 Програма за Македонија со над 60% повисок буџет appeared first on Република.

]]>