ипа Archives - Република https://republika.mk/tema/ipa/ За подобро да се разбереме Sat, 10 Aug 2024 11:25:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ипа Archives - Република https://republika.mk/tema/ipa/ 32 32 Ревизорката на ИПА фондовите, Афрона Веризволи, ќе биде разрешена од функцијата https://republika.mk/vesti/makedonija/revizorkata-na-ipa-fondovite-afrona-verizvoli-ke-bide-razreshena-od-funktsijata/ Sat, 10 Aug 2024 11:25:30 +0000 https://republika.mk/?p=805172

Назначената на местото ревизор на ИПА фондовите, Афрона Веризволи, во текот на утрешниот ден ќе биде разрешена од функцијата, брифитаат од Влада.

Посочуваме дека е потребно и вниманието да се насочи кон отворените злоупотреби на парите од ЕУ и фондовите ставени на располагање кои беа присутни во изминатиов период, а за кој постои и пишан траг и нотификација од Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) кои поради таквото работење побаруваат од државата исплата на неколку милиони евра, се вели во информацијата.

Од Влада велат дека пренасочувањето на вниманието кон други теми го толкуваат како бегство од одговорност за ваквите злоупотреби.

Одговорност ќе има, порачуваат од Влада.

The post Ревизорката на ИПА фондовите, Афрона Веризволи, ќе биде разрешена од функцијата appeared first on Република.

]]>

Маричиќ во Ниш потпиша финансиска спогодба ИПА програма на ЕУ за прекугранична соработка со Србија https://republika.mk/vesti/makedonija/marichik-vo-nish-potpisha-finansiska-spogodba-ipa-programa-na-eu-za-prekugranichna-sorabotka-so-srbija/ Mon, 26 Jun 2023 11:08:31 +0000 https://republika.mk/?p=655307

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска во Ниш со српската министерката за европски интеграции Тања Мишчевиќ и евроамбасадорот во Србија Емануел Жиофре, потпишаа трилатералната финансиска спогодба за прекугранична соработка меѓу Македонија и Србија и Европска Унија, јави дописникот на МИА од Белград.

ИПА Програмата за прекугранична соработка, која беше усвоена од Европската комисија на 3 јуни 2022 година, има вкупен буџет од 9,7 милиони евра, од кои 8,4 милиони евра се неповратни средства од ЕУ.

Маричиќ, заедно со неговата српска колешка Тања Мишчевиќ, ја потпишаа првата алокација од новата прекугранична соработка за 2021 и 2022 година, во вредност од 3,6 милиони евра.

Со потпишувањето на оваа финансиска спогодба за прекугранична соработка на ИПА програмата од ЕУ практично отвараме можност за 850.000 граѓани од пограничниот регион, и од Македонија и од Србија, за општините, за градовите и за граѓаните да искористат средства кои што би значеле конкретни проекти во неколку клучни области- вработување на младите, здравствена политика, социјална и културна вклученост и развој на туризмот што е многу важна гранка во нашиот регион. Ако ова го надополниме на проектите и иницијативата Отворен Балкан се дава една поцелосна слика на сите можности што ги нуди евроинтеграцијата и регионалните иницијативи, конкретно за граѓаните. Ние не сакаме процесот на евроинтеграција да се перцепира како некој комплициран бирократски процес во Брисел или само во Владата или Собранието, туку преку оваа можност за прекугранична соработка да ја приближиме ЕУ кон граѓаните и општините за да донесеме европски квалитет на живот, изјави Маричиќ по потпишувањето на ИПА Програмата за прекугранична соработка со Србија.

Средствата предвидени за реализација на прекуграничната соработка ќе опфатат два тематски приоритети и тоа социо-економски развој и развој на туризмот, во прекуграничниот регион во кој влегуваат областите Јабланица и Пчиња во Србија и Североисточниот регион и дел од Скопскиот регион во Македонија.

Ме радува потпишувањето на договорот на ИПА Програмата за прекугранична соработка со Македонија и му благодарам на вицепремиерот Маричиќ што се препозна заедничкиот интерес граѓаните да го осетат ЕУ процесот, дека тој се случува во локалните самоуправи и е врзано за секој еден поединец, изјави српската министерка за европски интеграции Тања Мишчевиќ.

На потпишувањето на договорот министрите порачаа дека и покрај долгото чекање за почеток на преговорите и долгиот маратон на Србија на преговори со ЕУ, двете држави не се откажуваат од целта и од макотрпната работа на реформската агенда, за повеќе европски можности и унапредување на квалитетот на животот на граѓаните.

The post Маричиќ во Ниш потпиша финансиска спогодба ИПА програма на ЕУ за прекугранична соработка со Србија appeared first on Република.

]]>

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска во Ниш со српската министерката за европски интеграции Тања Мишчевиќ и евроамбасадорот во Србија Емануел Жиофре, потпишаа трилатералната финансиска спогодба за прекугранична соработка меѓу Македонија и Србија и Европска Унија, јави дописникот на МИА од Белград. ИПА Програмата за прекугранична соработка, која беше усвоена од Европската комисија на 3 јуни 2022 година, има вкупен буџет од 9,7 милиони евра, од кои 8,4 милиони евра се неповратни средства од ЕУ. Маричиќ, заедно со неговата српска колешка Тања Мишчевиќ, ја потпишаа првата алокација од новата прекугранична соработка за 2021 и 2022 година, во вредност од 3,6 милиони евра.